И јас сакам да ослабам,барем едно 5-6 кг... И само се лажам де Ун де Режимот на Ирена...Ун е стварно добра диета,кога прв пат ја држев за 15 дена ослабев 3.5 кг само неможам да држам знаете ние во Прилеп си одиме и на тутун И не се срамам да го кажам тоа,моментало му ја копаме тревата,и секое утро и поручек сме на нива.Затоа неможам на диета мачно ми е.Некако си правам своја диета,слична на режимот на Ирена,само што мислам целосно да го исфрлам благото од својата исхрана и ако ми се пријаде некогаш тоа да биде црно чоколадо.Да пијам повеќе вода и да скокам на јаже.Па ќе видам дали ќе има резултати... Тоа е се од мене,важно ќе се потрудам
Недостаток на волја или разочарување, не знам зошто, но никако да продолжам со УН диета. Симнав 3 килограми за 20 дена и сега кога ги сумирам резултатите, воопшто и не е лошо. Но се разочарав кога по два дена видов плус килограм или грам, што и да е, ме разочара. А се мерев по циклус и пол, и баш тогаш и не јадев количински многу . Се обидов да се вратам на диетата, ама не бива. И нема ни да биде! Јас и немам голем број на килограми за симнување па затоа и потешко оди. Стопати ја читам диетата и стопати ја игнорирам реченицата Мислам дека ова е проблемот. Реално и со -5 на себе ќе изгледам добро, а диетава не е наменета за лица со неколку вишок килограми. Првиот пат ослабев многу, ама првиот пат имав околу 15 килограми вишок. Сега немам. Ќе се обидам да ставам и слика, па да видете колкав вишок имам. Па затоа решив дека подобро би било да намалам со храната и да исфрлам некои работи. Денес појадував една банана, си купив од Виталија фитнес муслите со 30% помалку калории и нискомаслено млеко и една житарка иста како муслите. За вечера или ужина си купив овошен јогурт баланс. Ручекот денес ќе е ќебапчиња. Значи исхраната ќе ја сведам на житарици, овошје и јогурт. И ручек со салата, без леб. Дневно ќе се обидам да внесувам околу 1000 калории. Претежно лесна храна со оглед и на високите температури. Колку овој начин ќе вроди со резултати не знам, знам дека ќе ме удри по џебот, муслите се троа скапички .
Јас сум со планче вежбањето на Орбитрек да го накачам од 4 пати неделно на 6 , а можно е да трчам и рекреативно до Бабуна. Ме буни тоа што треба многу рано да станувам насабајле за да трчам, а и скании има по патот и брзо возат, оноа си трчаш и те прелетува некоја со тоа нивните свирки ТИУУУУУУУУУУУУУУ..... па си викам ај трај си дома на Орбитрек. Мала промена на планот, наместо месо денес ќе јадам риба. Ќе видам ова, и Цеце така ми менуваше, месо-риба наизменично... не сум голем љубител на мевце, порадо би туна... Зависи од расположење. Понеделник и петок овошни, вчера цел ден бев на езеро и издржав, пиев само вода, кога си дојдов изедов четвртина лубеница, 2-3 раци цреши, две праски. После вечерта јадев супа и салата. Сега - иц Орбитрек тајм!
Се немам исповедано одамна тука. Започни-прекини, студентски живот. Многу битно последниве месеци се хранам значително поздраво од претходно. Оваа недела како привршував со испитите така повеќе почнав да се стегам. Најбитно, метаболизмот си го забрзав, избегнувам да јадам сува храна ептен кога морам. Деновиве сум фатила една не многу добра рутина ама се спремам за селење и немам време за готвење. Појадокот ми е стандард кафе и мал кроасан/кифла или овесни снегулки. Ручек салата или Активија со мусли или овошје(има 300калории а ме полни и освежува). Вечера (доколку сум гладна) пуканки, зрнесто овошје лешници, бадеми, индиски оревчиња сурови и несолени~ околу 100грама. Пијам витамини и мноооогу вода. Немам вага ама се чувствувам поубаво, а тоа ми е најважно. Ги препорачувам овие овесни снегулки, мене многу ми се допаднаа ги има со малина, јагода, јаболко и цимет, лешници. Топ се кога немаш време
Јас ослабнав цели четири килограми и продолжувам уште некое да симнам на ден јадам само две рибанки леб,другото е овошје и кафе ,секако дека јадам и манџа,мегутоа без леб
Baјлд, чекаме слика да не онесвестиш сите по ред инаку јас јадев манџа зелка чинија, и вечер 2 јајца со шопска луѓе се измерив и ми вика 59.5 дали дека јадев повеќе за роденденот не знам, толку се изнервирав Aма не се откажувам, ако треба 3 месеца, 3 месеца ќе држам
Лудо, а претходно колку си имала? Ако си се измерила на полн стомак, нормално е да ти покаже повеќе. Насабајле мери се, претходно отидена во вц . И јас ќе почнам да ве дружам на темава, имам уште 3,4 кила за симнување, денеска јадев некоја лесна манџичка и гооолема чинија салата. За доручек 3,4 мали праски. Следниве 2 месеца овошје ми е на репертоар за доручек. Деновиве ќе купам и маслиново масло и него ќе го користам, читав нешто подобро било.
Mоже и до тоа е, па кило и некој грам помалце бев предходно Tешко ми оди ама гајле ми е, не се откажувам, па и 300гр месечно да слаебам
Тоа сакам да го слушам, упорноста, верувајте таа само ќе не однесе кон целта и посакуваното тело, истрајноста и упорноста. И да направам прекршок не се предавам и вагата да не ја покажува саканата цифра одам понатака и колку и да ми се плаче се насмевнувам и си продолжувам со диета и вежбање. Ама да не бев олку упорна немаше денес да го држам водениов ден. И уште малку и денов ќе заврши, а утре сабајле Лукс правец на мерење.
Лудото19 само немој да претеруваш појадокот обавезно низ цел ден овошје барем јас така ги симнав вода обавезно,а мојот матичен ми ја препорача водата јана и таква и пијам тадури и вечерам тогаш ми е едната рибанка,и ветувам дека ка продолжам после една недела пак ќе пишам,поздрав
Aбе јас спијам сабајле, а и да не спијам, не би можела да јадам овошје до ручек A за вода пијам доста, а и леб не јадам
Eпа значи да тераме со здравите навики, да бидеме упорни и да бидеме трпеливи и трпеливоста е многу важна, не смее да не напушти. Ако треба подолг период и тој ќе се издржи и вреди да се помачиш за нештото што го посакуваш, знам дека сите сакаме брзи резултати, ама мора да се соочиме со фактот дека вистинските резултати се долготрајни, но не недостижни. Можеме ние девојки, верувајте во себе.(ја вака си се теша поинаку нема друг начин)
Од одредени причини 2 месеци бев само со режим диетата од Ирена и не вежбав на орбитрекот, почнав пак ама повеќе од 15 минути неможам, мислам дека ќе колабирам. Ме интересира дали вртите постојано или по малку запирате. Со режимот на вага има резултати, во огледало малку помалку ама пак се гледа дека сум ослабната. Си купив вага нема веќе да одам по комшии да се мерам.
Вчера немав можност да вртам на орбитрекот, ама прееска вртев кај тета, дека немам јас Се немам качено на орбитрек којзнае од кога, и сабајлево кога се качив, со поминати 15 минути исто мислев ке колабирам. А и многу споро течело времето на орбитрек Имав план да вежбам пола саат. Затоа стегнав заби и си зацртав дека морам, така и издржав пола саат. Ana-banana, јас не правев паузи, т.е застанував само за да видам колку време поминало на мобилниот. Волку одлучна и упорна во врска со вежбање и пазење на исхрана не сум била никогаш Затоа и многу убаво се чувствувам.
Лудо драга моја, ти едно кило разлика, јас и по 2-3кг одам во разлика на јадено и нејадено, отидено во ВЦ и не отидено... Се нервирам што за роденденот се опуштив, џабе ги вртам сега режимиве, плус сигурно уште 2кг ќе отидев надоле ако не јадев торта. Сеќавам тежина, ми треба чистење подитно неделава. А едни кризи што ме маваат моментално, поим си немате колкави. Еве месец како ме немало мавната криза, а сега ми се пријадоа печурки. Мислам, зошто, зошто, зошто...
Aман ма дузи, печурките имаат 20 калории на 100гр, така да јади си не се секриај! е не знам зашто така бре, еднаш едно друг пат друго ми вика вагата? Mа јас си се ставив со јајцата, колку е здраво не ме интересира, сигурено лесковачката не е поздрава
Абе Дузи пробај да не мислиш на храната, на печурките, што е поубаво задоволството од сопственото тело кога ќе се погледнеш на огледало или едни печурки кои ти се јадат моментално и ќе те заситат, а исто две јаболка можат да те заситат, а помала штета. Иако не се многу калорични можеш и нив да ги јадеш. Размислувај за помало зло од двете, ако печурката е поздрава од плескавица тогаш ја јадеш првата опција, ако бираш измеѓу три јаболка и тањир со печурки пак поздрава опција е првата Јас денеска апсолутно ништо немам ставено в уста и немам воопшто апетит, само пијам.
Абе ги видов на воа листов, Цеца допишала тогаш печурки, и сега печурки мислам. Еве кајсии глодам, кога ќе ме фане после тоа чудото што ме фаќа, ќе се крстам во ВЦ. А кај и текнало, дури наредната сабота имам печурки за јадење. Ту мори Цецо мори, со каква сласт ќе јадам печурки и шопска тогаш. Лукс мене тоа воопшто не ми помага, само ако се заинатам може да помогне. Купиле животинкиве дома милка со вафли внатре, ама ме фана инатот, и не, и не, не зимам бе.
Mене тие на цеца диетите не ми се свиѓаат, јас ја држев 4 недели пред неколку месеци, капут, не ослабев