Фала! Spoiler Кога ке ослабам ке ставам слика па да видете дека сум успеала Не не си играм мајтам,ама можете и така да си помислите.Јас се нервирам за сите проблеми,а вие викате дека сум луда,ама ај
Има еден куп диети човече, без разлика шо проблеми имаш при здрав разум да се изгладнеш до смрт сигурно не би ни помислила, ако сакаш стварно да ослабиш ќе внимаваш што јадеш и ќе вежбаш... Ако е за така сите немаше да јадиме по 1 месец, и сите на светов слаби ќе беа, абе аман...
Ти си психички нестабилна штом не можеш како човек да се соочиш со проблемите. Сигурно не се толку лоши за да се водиш себе си кон сигурна смрт.
Некој ќе те убие ако не ослабиш? Боже мој, кога се сака се се може, внимавај што јадеш, вежбај и 5-7 кила ќе ослабиш, ако не и 10
Да,нестабилна сум,ама сега не е битно тоа. Имам прашање и ако сте луѓе ке одговорите. Дали е лошо дневно да пиам 3 л вода?? Да не е многу?? Нема да ме убие,ама нема ни да ме сака
Се согласувам со Дузи во целост. Не сакам да држам лекции, ниту пак да те убедувам, ова е само мое мислење. Мисијава ти е невозможна, нереална и пред се не е здрава за организмот. Тврдам. Слабеење е возможно само со здрава и редовна исхрана и физичка активност во согласност со издржливоста на организмот. Размисли добро пред да почнеш. Ти посакувам здраво и успешно слабеење.
Ако твојата среќа зависи од другите луѓе, ти никогаш нема да бидеш среќна. Впрочем, ако не побараш помош ќе завршиш трагично. А, животот како што ни е нам познато еден е. Сите други проблеми имаат решение. Ама кога ќе си заминеш назад нема.
Драги мои феминки јас одлучив да се ставам на диета ,иако немам баш многу вишок на килограми, сепак би сакала малце да се затегнам. Инаку имам 15 год. па незнам дали е препорачливо да бидам на диета бидејќи да речеме дека сеуште се оформува моето тело. Всушност главната причина покрај затегнувањето на моето тело е тоа што сакам да ослабам во пределот на нозете (посебно бутовите) и од страна кај стомакот бидејќи јас имам рамен стомак а тоа од страна(мајка ми ги вика перничиња ) тие ми се така подебелки . Па што ми препорачувате да почнам со УН диетата ?
Не живеам за другите,ама знам дека ако нешто им смета ти треба да се промениш и да го прифатиш тоа како нешто позитивно,бар ова го имам науцено. Не ти треба Ун диета,нема да ослабеш слушај ме што ти викам
Лето е, јади повеќе овошје и зеленчук, избегнувај брза и тешка храна, намали со благите работи и вежбај. Има еден куп вежби за во домашни услови. Сигурна сум дека ќе успееш.
По твојот пост заклучив дека се работи за некој дечко шо немал да те сака ако не си ослабела, ама за еден месец, не само шо нема да ослабиш нема ни да те има меѓу живите, а не пак тој да те сака, а ти терај по твое, да видиме после два дена кога ќе ти свири стомакот за јадење и ќе си во таква состојба во болница да те носат, ќе се чукниш два пати пред да стресиш таква глупост и пак ќе дојде на нашето да држиш диета, само тие дена во гладување залудно ќе ги потрошиш од после ќе се напукаш се живо, наместо да ослабиш без да си го уништиш здравјето како нас вака со диета, ти ем ќе се здебелиш одпосле, ем ќе си го успориш метаболизмот, ем ќе закачиш некоја болест.
Да,така е.Он искрено ми кажа дека мн ке ме сака ако се сменам и ако му помогнам во некои работи.И јас сум верна пријателка и го сакам па кога он може да ме цека и јас го можам ова за него.
Оф мори мајко. Многу ЌЕ те сака? Сега не те сака заради вишокот килограми? Ма дај. Прво сакај се самата себе, за и другите да те сакаат.
Оф лелее...Абре дали за машко се прават овие глупости??Јас па кога сум на диета и кога конечно ќе речам се откажав од благото,тој ќе ми донеси едно чоколадо милка и ај после не јади (за еднаш )..Па ми вика,добро ако не сакаш јас ќе јадам немора ти .И да не прифатам да каснам,ќе ме скапи молење и на крај ќе ми рече „Ако ме сакаш ќе каснеш барем една коцка ’’ -И мора што ќе прајш Сега еден совет ќе ти дадам тој ако те сака ќе те сака каква и да си...Сите имаме недостатоци,па дури и тој...Тој мислиш совршен е? Ако му сметаат твоите недостатоци и мисли дека си е совршен,зошто не побара Совршена Девојка ? Ама нема,како што кажав секој си има мани