Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Гласам и јас за контролирана конзумација и физичка активност ццц
    Јас не сум од оние во природа што одат и искрено ич не ми е по кејф да трчам по Кејот. Пробано, ама некако ме демотивира таа убава природа имам поголема желба да седнам да ја гледам или просто бавно да си шеткам и да пуштам мозокот да ми ги пасе малите тревниците околу Вардара.
    Ама затоа си сакам одење на аеробик. Имам некоја потреба од војнички режим, некој да ме построи ццц и да ми кажува десна-лева, горе-доле, еден-два... „ајде задници мрдајте се“!
    И ова имам приметено задолжително треба да е машки глас. Дебел глас .
    Зашто, женските некако ми пискаат и ме демотивираат со нивното „ајде задничиња“ па од старт ми вика мал ми е задникот „ајде рачиња“ од старт ми вели супер сум! ццц
    Вака коа машкиот инструктор ќе свика се осеќам ко да е крај на свет. Ако не издржам тој еден саат до последна вежба без одмор, се ќе пропадне.
    Да живее војничкиот стил на 10 чучњеви, па 10 склекови, па пак стани 10 чучњеви, па склек, па крени нозе ццц
     
    На EleMental, melanie27 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Еј тоа е многу добар совет што го даде Волфче - јади колку што треба, а не повеќе.
    Јас редовно оставам од јадењето кога ќе почувствувам дека ми е доволно. Никогаш моите со сила не ме терале да го дојадам тоа што е во чинијата, туку кога ќе се најадев беше крај.
    И знам кога ми е доста, не ми е ич жал да оставам (дедо е тука за остатокот :D ).
    Дечко ми ми рече не излегувал веќе на јадење со мене, зашто повеќе од третина пица никогаш не сум изела, па тој дојадува. :worried:

    Тоа треба да се исклучи - јади колку што гледаш. И многу лоша навика се создава со тоа терање на децата да изедат се’.
     
    На Phyramide, zhap4e и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Волфче, секој организам мислам дека поинаку слабее, но на волку нејадење и активно вежбање како што велиш, навистина е чудно само 2 кила да симнеш.
    Јас исто би ти препорачала нутриционист.

    Туку сакав да споделам уште една работа со вас, вчера имено се шокирав и толку пријатно се изненадив што ми се насолзија очите од среќа :)

    Познавам една цура, онака ја знаев од една сендвичара во која одев редовно едно време и ми текнува дека стално во себе си велев - кутрата кај нашла во сендвичара да работи, девојкава има ако не 80 или 90 килограми. А може и повеќе, затоа што знам дека беше навистина огромна. Си викам ова ко за беља да работиш на вакво место.
    Вчера ја среќавам, односно отпрвин не знаев кој е, ми се насмевнува се стаписав - девојкава има па можеби накај 55 кила!
    :o

    Таа забележа дека ја гледам вџашено, ми вели, добро а? Јас почнав да и честитам. Навистина изгледа одлично и имаше кратко маиче и видов дека е стегната.
    Ми шепна - со нутриционист и правилно вежбање ја средив работава.

    Значи, возможно е се, само треба да се има волја и сила. Браво за неа, стварно со солзи ми се наполнија очите, не затоа што е послаба, туку која огромна желба морала да ја турка напред цурава за толку многу да ослабне. Која мотивација, стварно браво! :clap:
     
    На lolyta777, sesilija, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  4. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    нова тема за диети :) и тоа баш онаква каква што фалеше...јупиииии

    Е па вака...јас сум на ун диета, и од 18 март до сега симнав околу 15 кг. Ми останаа уште 18 дена и мора уште 5кг да се симнат. Е ако не се симнат ке се ставам уште 2 недели на овошје и зеленчук и така мора да отидат. А иначе не би се бунела и да отидат уште 10 :D . Таман простор за гревови.

    Значи, повеке домашно приготвена храна комбинирана со свежа, многу вода, потење на газето, одрекување од благо и грицки и ете...во тоа било тајната.

    уффффф како би јадела едни смоки сеа, или помфритче, а може и сладолед :@
     
    На Marilyn-Monroe, Doozy, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Браво бе Мелани :clap: :clap: :clap: Секоја чест искрено. Еее и ние вака еден ден ќе се фалиме :rofl:
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    A да ве прашам тие што вежбате и имате стрии,имаат некаков резултат од вежбање? :worried:
    мене како подбелени ми се,тие најмногу ми даваат мотивација да вежбам,барем велат дека поминувале од вежбање :?:
    He знам пирамитке,се замислив сега,ај ке чекам до 14 да видам дали сум симнала нешто,ако не ке барам нутиционист,се надевам вчера мерените изгубени 4кг се вистина :worried:
    Jас многу брзо се дебелеам,што и да каснам :tmi:
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    И јас брзо се дебелеам, ама и не слабеам толку тешко.
    А за стриите, оние што се црвени се лекуваат, а тие други бледеат ама не се губат.
    Среќа моиве сите се црвени. Ептен малку имам од тие другите.
    А сигурно вежбањето помага, за стрии добри се кремите од бршлен. :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Да живее УН диетата :P е Мелани, ако по онаа книга слабееше цело време, слободно исфали им се :P

    Волфче, со вежбање може само помалку видливи да се, заради тоа што ти се стега телото, кожата. Погледни мислам имаше една тема за стрии тука на фемина. И имаше тема за Павличева оригиналната. И во двете теми ќе си видиш совети. :)
     
    На melanie27 и wolf4e им се допаѓа ова.
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    знаеш ливинг некогаш и родителите се криви,барем кај мој случај,секогаш не тераа до крај да изедеме,да не се фрлало јадењето,и после буце ке се,е ке си,подобро ке му дадеш на кучето,отколку на себе да ставаш вишок,најмалата сестра така е научена,е ако не го изедам ке се фрли :fubar:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    А знаете колку само не чини што цело време слабееме и се поправаме ?? Сега па и со ногава, вежбање здравје таму од август месец. :( Мислам дека ми виси кожа од сите страни, посебно од раците. Многу комплекси си набив кога на сите слики од матура јас сум тенко во телцето, ама бате... рачињата олкави. Градите исто ми виснаа, како пирамитчиња ми станаа - без навреда до пирамида :D - и нема шанси да одам некаде без прслук. Е така ми е, цел живот кога одам нагоре и надоле.

    Кај немам стрии, еден период на колената ми испаднаа луѓе, на колената. |( Сега ги снема од таму, па ми испаднаа на бутовите ама гледам додека вежбав и тие ми ги снема. Арно ама, бели се на сите други места. На стомакот нема шанси да ги снема, единствено да ми го исшмукаат/исечат па да ме гледате на травел енд ливинг. :D

    Инаку, знаете, ми се собра еден месец дома со никакво движење, и буквално вегетирав на супи и на салати. И стварно се навикнува организмот на помалку храна, стварно поубаво се чувствував. Сега, почнав пак да јадам од тоа што има за ручек без леб + салата, ќе видиме до кај ќе биде.

    Тотално од јануари до сега 15 кг. Целам на уште 5 помалку, за да има луфта за гревови, како што рече некоја членка тука. :rofl:

    АААААА и да ви кажам која радост е кога се пикнав во сако 44ка. Како кроено за мене. :D Наредна дестинација - 42 и запирам. Не се свиѓам кога сум исушена ептен, ми се менува ликот. :tmi:
     
    На zhap4e, melanie27, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Какво е тоа зумба скокање бе? :wasntme: :D
    А и воден сладолед можете да јадете, онака колку да си се засладите.
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Па жапче, книгата многу ми помогна, иако многу работи исфрлив. пр. вечера..а ако ми се јаде, јадам салата(со зејтин, и тоа обичен некогаш...сол, балсамико). Леб не, благо 3 пати дали имам пробано само..не јадено.
    Искрено малку повеке и кратев од оброците, не се прејадував....а и неможев и да сакам.
    (Многу често наместо вечера си дозволував 2 раце кикирики...замена за смоки :wasntme: )

    Не е се во храната...важно е да е здрава, ама уште поважна е физичката активност.

    а не само книгата....си правев и некоја претстава за внесени калории вс. потрошени на fitday.com.

    како и да е ...ке ве дружам уште со диетиве па ке споделуваме искуства и сугестии :)
     
    На zhap4e и teddybear им се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Каква книга беее ???? :?: :D
     
  15. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    па за ун диетата :D
    има рецепти за денови и некои совети како да се држи диетата.... :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Немојте да се лишите од секакво задоволство, не за друго најголем проблем на тие што држат диета е нагло слабеење и потоа заврши диетата и одма чек пица, чек сладолед, чек ова... и одма се враќаат. Ако ептен ви се јаде сладолед земете си едно топче овошно. Или чоколадо земете коцка црно чоколадо.
    Исто и најдобро е подолготрајно слабеење, а не 7 килограми за 7 дена, па уништување и на здравје и да ти се сневиди во диетата.
    И на убавово време немојте да помислите на кола, такси никако, пешачење со вода во рака, па и точаче.
    Многу многу вода, 2 литри најмалку, а како што слушав во суштина на 25 килограми по 1 литар дневно вода. Значи 2 литри за девојка од 50 килограми е идеално пиење на вода :)
    А и лененото семе е совршено. Јас имам проблеми со столицата и семето е закон, регулира столица а и има омега масни киселини. Редовното идење во тоалет е важен знак за слабеење, без ова ништо од минус килограми.
    И јогуртот е најдобар од млечните производи, Трендафилка го спомна соиното млеко, ама се мислам дека не е ич здраво да се конзумира секојдневно. Сојата не е здрава за секој ден. Вештачко млеко. Баталете го, земете си јогуртче со најмала масленост.
    А и чаевите од Виталија за слабеење, целулит се супер.
    И наместо благо, земете си житни чоколатца, ем најадуваат, ем енергија и се 170 калории, не дека е малку тоа, ама барем мешето полно и задоволено.

    Со среќа девојки :)
    Јас само си се грижам за телото вежбање неколку пати неделно, секојдневно јогурт пиење, ленено семе ми е последен хит, чат пат знам и антицелулитни масажи, вода што можам повеќе и пешачење. Совет купете си куче да видите како ќе слабеете со секојдневно 2 пати шетање на истото :D
     
    На Phyramide, melanie27 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Јас па се исплашив, те замислив со сликчиња на пирамидите од форумска љубав кон мене :wasntme:
    :rofl:

    Инаке многу глуп момент е моментот - јади, ништо не си изела! Аман, мислам, јадам колку што ми собира во стомаков, немам намера да се прејадувам.
    Ниту пак сум ги навредила гостите ниту ништо слично.

    Ау да, заборавив да кажам битна работа. Кога ручате, гледајте да имате пред себе бокал со вода со лимон, барем литар. Ептен помага од причина што кога ќе го залеете јадењето со доволно течност, не ви се јаде толку.

    Оваа финта ја научив во Франција, односно таму сосема ми се променија навиките за јадење. За ручек во секоја кантина имавме вода на масата. Второ - Французите многу зборуваат кога јадат (она нашено - кога се јаде не се зборува, е шипки варени) - напротив, кога се јаде се зборува. Се дискутира. Ви текнува?
    Што значи се внесуваат помалку и почесто залчиња, односно мали залчиња храна. Колку подолго јадете толку мозокот повеќе испраќа сигнали дека сте најадени. И вие јадете помалку.

    Да не ви кажувам на толкаво изобилство добра и вкусна храна во Франција каква сучка се вратив :tmi: Се чудев зошто - ете зошто, правилна исхрана, мали залчиња, многу вода, и воглавно - многу зборување за време на оброците. И до ден денес ручекот ми е време кога уживам, дегустирам, мезам, зборувам со пријателите - а не ајде најади се што побрзо набутај, па после леле стомак ме боли, леле се направив тапан, леле салце сум пуштила. Ете од каде :)
     
    На Doozy, melanie27 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    е ова е грешно размислување!
    :) Hема врска ако ослабеш реално, ако дојде промена на метаболизамот Tешко дека пак ќе се вратат килата!
    Hе дека нема, ама тоа беше случај кај мене!
    додека не јадев прекумерно, (инаку од секогаш сум била гурман сум јадела многу многу, но не сум вечерала!)
    си ја држев килажата, а си јадев благо хамбургери пици и се по список!
    е кога почнав да јадам по 6-7 пати на ден, и оноа тешки храништа ко лазањи, пици, по 300 грама тоблероне на ден :$ :lol: ( срам ми е дури и да кажам ) :D :$ за 4 месеца се напумпав 12 кила,ако не и повеќе :D :rofl:едит---

    епа од оние диети 5 кила за 3 дена многу јасно дека само вода се исфрла! :lol: одма ќе се вратат и некое +
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Многу лесно се враќаат килограмите, а многу тешко се симнуваат.
    Сегде околу мене гледам девојки кои цел живот слабеат, се дебелеат, слабеат, се дебелеат.
    Секоја чест на оние кои ќе ослабнат и остануваат на тоа.
    Диетата е здрава исхрана, здрав начин на живот, а многумина го сметаат за изгладнување, измачување, ќе ја издржат диетата и потоа стар начин на исхрана. Они сами во старт лошо се поставуваат.
    А такви девојки има многу и сама знаеш :)
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Дози, телото можеш да го стегнеш во секој момент штом ногата ти помине ич не се демотивирај ;) продолжи си како што си правиш, ете ти доволна награда тоа што си успеала да изгледаш подобро и да облечеш сако помал број одошто претходно. А, штом почнеш да вежбаш, пак и со помалку килограми, ќе видиш за колку брзо време ќе ти се стегне телото. Само битно е да си останеш на тоа и така и да си продолжиш.

    Расоњерка диетата што ја спомна Мелани на пример е добра баш поради тоа што е три месеци диета, не е ослабете за една недела или два дена. А за три месеци постепено и бавно се слабее. Па за тие три месеци мислам дека може да стекнат девојките добра навика за да продолжат со некој поинаков поздрав режим на исхрана и за понатака. Ќе си дозволат да си јадат и други работи сосема нормално, но нема да се претерува. Верувам после три месеци навика на одреден режим тешко дека некоја која толку време се откажувала ќе се фрли на месишта и фаст фуд.
    А оние брзите диети се јок! Недела една не јадам ништо и после тоа надополнам за не недела а цел живот што не сум каснала, па од три килограми или четири што си ги симнал, нареден пат имаш 8 вишок.

    Да за јогуротот, најдобро нешто е бидејќи помага на организмот за варење на храната и е најздрав, посебно е добро за девојките да пијат јогурт.
     
    На lovely91 и Doozy им се допаѓа ова.