(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Можеме ние сите да ти кажеме своја диета, ама работава е што ти најдобро си го знаеш организмот и како најлесно губиш килограми. Затоа има и различни диети. Јас најмногу што имам симнато се некаде 20тина кг пред некаде 7-8 години, ама тоа не наеднаш, туку постепено, со исфрлање на леб и благо, преполовување на порцијата, и интензивно секојдневно движење (не вежбање). Кога ќе почувствував глад или пиев чаша млеко/јогурт или легнував да спијам (ако немав други обврски). Мене спиењето ми помагаше да не мислам на храна (и ми се чини дека никогаш не сум била понаспана од тогаш :lol: )

    Ајде девојки, супер сте - само напред... јас еве сабајлево „згрешив“ - каснав две три лажици (супени) тирамису сладолед, инаку јадев две мали домашни кифлички со кафето. За ручек риба под фолија, а за вечера... јогурт или ништо :wasntme: ќе видиме. Инаку, далеку полесна се осеќам деновиве.
     
    На anabel-a и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  2. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Јас мислам ако имаш толку вишок на килограми, да се почнеш со УН диетата, има тема за диетава и многу прекрасни искуства имаш таму, многу се ослабнувало од таа. :)
    ____________________
    А јас па си приметив дека на ногава стрии почнале да ми се прават. |( :devil:
    Таму немав, уште таму ми фалеа.
    Него ај, си се надам дека од слабеење ми се. :angel:
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Значи се препотив на точакон, води се направив. Возев саат време, и плус уште пола саат трчавме со другар ми. :whew:
    Се истуширав, и сега ќе одам до бавча да си скинам една свежа зелена пиперка со сиренце, тоа ќе ми биде вечерата. :D

    И да ве прашам, јас си сркнувам мед секогаш после јадење, да не ми е тоа грешка? :$
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    И официјално завршив со губење на килограмите, сега останува само да го обликувам телото. Ќе останам на диетата на Ирена само ќе вежбам многу повеќе.
    Денес мислам дека се растопив. Орбитреков ми е на поправка и си викам ајде ќе трчам низ дома напред назад и едвај издржав 20тина минути. Тешко бре :whew: .
    Како и да е сега одам под еден туш и нешто малку да каснам.
    Поздрав до сите вас диеталци и вежбачи, keep it going :muscle:
     
    На Lux и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Џинџер, епа една мала кафена лажичка мед има околу 30-35 калории. Само гледај немој после секој оброк ти да си сркнуваш, туку јас мислам најдобро би ти било насабајле во склоп на доручекот да конзумираш. :)
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Добро вечер. :D

    Денеска одмарам од вежбање. Се мислам дали утре да одам и да трчам до Бабуна, само треба најкасно во 7 да испаднам од дома, а дека ќе станам па толку рано... Не баш. :D

    Појадував три кајсии, банана, после најдов дома една чаша јогурт и си ја испив. За ручек си сварив од таа мераклиската леќа, со компирче малку, домати два, кромитче, лукче, ама ептен убаво ја правам значи. Едно од омилените јадења ми е. :D Ја јадев со салата од патлиџани, краставица, и ова не ми требаше дефинитивно, ставив 2 лажички урда. Добрата работа е што го заменив сирењето со чудово, има околу 80 калории на 100 грама, ама ич па не ми одат намирнициве заедно и гледам само кога јадам протеини или во овошен ден да ја јадам. :geek:

    Е сега пак јадев леќа, тоа што остана, зш гледам да завршам до кај 20ч со јадењето, а ако не јадам, па ќе ми се пријаде вечер кога ќе се вратам од кафе и тоа салам покасно, 2, 3, 4. |( Не бев гладна, ама исркав една чинија леќа и не очекувам дека набрзо ќе ми се пријаде пак.

    Вагата уште не ја пипам, гледам групно и објавивме војна. ]:)
     
    На anabel-a и gingerchild им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Убаво ти рече анабела сабалје само ти е топ.
    Јас и мајка ми секоа сабајле пиевме мед со вода и со оцет, секој ден, ама фрката е што после тоа мора леб да се јаде барем едно парче, и јас веќе не пијам дека не јадам одсабалје леб само овожје.
    Инаку убаво е од сабалје ак јадеш овошје напрај си овошна салатка и малку мед над него повкусно е :wasntme:
    Инаку медот е здрав, зајакнува имунитет, пу пу да не се урочам ама дека пиев долго време секое сабајле не се разболев ич, ни настинка.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Е, фала ви на просветлувањето џеМцки. Од утре ќе применам вака медчево. :wasntme:
    Многу ми е мило шо се потам секој ден по точаци и со трчање. После тоа одлично се осеќам. Ќе гледам да си напраем темпо на 2 саати верглање, па ќе видиме, рано е за резултати, ова е трет ден, ама како сум некако мотивирана, нека е, нека е вака. :rock:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sexylady78

    Sexylady78 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    7
    Јас ја држам УН диетата и знам дека ке има супер резултати исто така днеевно вежбам по 45 мин,ама го купив и чајот Коро Слим за слабеење.Незнам колку е ефикасен,само што го купив но мн ми го препорачуваат и го фалат.Пак ако со Ун диета неделно ослабеш 2 кг плус чајов 2 кг ке биде 4 кг неделно (така викаат).Па ако сакате пробајте го го има во сите маркети за 46-50 ден.Дали екој го пробал и дали знае какви резултати дава?? :)
     
  11. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Вагава почнува да ме нервира :@ . Ми покажува иста или поголема тежина од последното мерење. Значи јадам умерено, не се прејадувам, се утепувам од вежбање, после вежбање сум како од базен излезена и пак ништо :@ или па уште полошо ми покажува повеќе од претходното мерење. Ќе се мерам пак во недела и ќе видиме што ќе каже.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Имам и претходно пишано, кога вежбаш, вагата прво покажува поголема тежина, оти ти се формираат мускулите, односно добиваш мускулна маса. Кога ќе се изградат мускулите со редовното вежбање ќе ги согоруваат калориите дури и кога нема да вежбаш, што значи дека масните наслаги подоцна ќе се топат. Не се откажувај!!!
     
    На Ann.94 и gingerchild им се допаѓа ова.
  13. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    Луѓе почнав да вежбам околу 30 мин и еве втор ден се ме боли кичмата рацете нозете. :@
     
  14. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Наполни си када со што е можно по ладна вода и влези во неа и седи некои 10-15 минути колку што можеш да издржиш. Помага многу, ова од лично искуство ти кажувам. Сега ќе ти биде малку ладно ама ќе издржиш ;)
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денес
    Појадок Една кајсија
    Ручек-пиперки со урда полнети и печени,едно парче леп интегрален,салата од домати и краставички
    Попладне трчав еден час издржав :dance: :party: :D
    А вечера-10 малинки и повторно една кајсија.
    Ај белки ќе бидни нешто од моето слабеење си викам :wasntme:
     
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас некни возев точак и нозете не си ги осеќав вчера, не можев да стапнам. Ама денес еве пак вежбав, и ми се опуштија нозеве, движи се не седи здрвена на едно место.
     
  17. Maja06

    Maja06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Здраво на сите!!! Морам да си се пофалам и да го споделам со вас моето досегашно патешествије! За 2 месеца успеав и морам да си признаам доста успешно вкупно 11 кг. Денот го почнувам со 5 свежи бадемчиња, бидејќи имам гастритис, за доручек само овошје и 1-2 лажици мед. За ручек претежно манчи со многу салата и за вечера само салата. Комплетно исфрлив леб, благо, газирано, кафе и пржени работи. И секако најбитното внесувам најмалку по 2-2,5л вода дневно. Кога ќе ме фатат кризи за благо каснувам по 1-2 коцки 75% црна чоколада и пешачам колку што можам повеќе ама сеуште не вежбам за да не направам мускули тоа на крај кога ке дојдам скоро до посакуваната килажа.На почетокот ми беше ужасно тешко и мачно со многууу кризи ама имам јасно поставена цел зошто го правам ова и сигурна сум во себе дека ќе успеам!! Продолжувам понатаму бидејќи ме чека уште долг пат!! Ви посакувам на сите истрајност и многууу јака воља и јасно поставена цел!!
     
    На kate21, Lux, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Диеталки, каде можам да најдам ваква платформа налик степер? Мајка ми вика земи си палета овие справиве којзнае колку се, ама не е бе тој филингот!
    [​IMG]
     
  19. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    И мене истото ми се случи :o Премногу пазам на исхрана, вежбам ко луда ептен тешки и разновидни вежби и вагата ми покажа кило ипол повеќе за два дена од последното мерење кое претходно одеше надоле! Си реков не е можно и си се тешам дека вагата не е во ред. Ама мислењево на Анатх ме охрабри, можно е и затоа да ми покажува повеќе, дај боже да е така.

    Инаку стомачево гледам почнува да се зацврстува :)
    И мама пред некој ден ми рече дека сум и била по слаба :wasntme: Ми годат такви пофалби.
     
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Леле каква криза за јадење ме фати. Се разбудив од спиење во 5 мртва гладна. Канав 2 праски и 5-6 кајсии и пак ништо. Гладна сум па морам да се занимавам да не изедам се од фрижидерот. Покасно ќе каснам пак нешто овошје. Не знам зошто волкава глад,немам скоро никаква дополнителна физичка активност,порано без проблем си издржував овошен ден.