Абе пазете таму да не ве мавне срцето, на душа ќе ве носам после. Прво убаво загрејте се, јас вртев 10 минути на Орбитрек (пред да се откачи тотално ), не туку влетувајте наеднаш. Сега мене ме болат листовите на нозете, а замислете колку имам само верглано на Орбитрекот. Утре пак, цели се надевам да ги издржам, плус сакам и тие за стомачни вежбите. Здравје, утре сакав до Бабуна да трчам, ама нема да можам, ќе имам гости после и нема да можам да спијам, а да си легнам во 3 и да станам во 6, нат рили. Во сабота на третмани сум, извинете ама не ја бива ни тогаш , така да, во недела, надежно, хир ај кам, хир ај гоу. Околу 5-6км има во правец, планирам ако не ги истрчам, барем да ги изодам. А Џинџер е главна фраерка, двапати сакаше да го вежба видеото што го ставив. Ќе ја собиравме после низ собите, онде рака, овде нога..
Spoiler Spoiler А да, и одамна се токмев да ви го пратам линков, јас сум многу задоволна од странава и вежбиве што ги презентираат, само морате да прочепкате да ги најдете оние за почетници ако не сте од оние по активните, за да се уходате за понапредните вежби Повелеле http://www.bodyrock.tv/category/daily-w ... -workouts/ Може ќе си најдете нешто што ви одговара/
луѓе јас веќе не пишувам што јадам, зашто секој ден е иста песна. Oд утре ќе јадам 2 дена печени зеленчуци колку за промена, и после пак со моите друшки јајцата. веќе струкот ми се обликува убаво, ама во нозете и газето уште сум буцка. Aјде уште 5.5 кила и после супер ќе биде. дури и да не ослабам за 2 недели ни 2 кила, нема да се разочарам, зашто цело лето планирам да бидам на диета
Таман да ги пробам вежбиве на Дузлево, ми опадна расположение, се издесија бедови, од нервози се препотив и се истуширав и не мрдам денеска. Утре ќе почнам. Бре, па и на сестра ми именденот задутре се надевам нема да направам прекршоци ќе се потрудам,еве давам чесен збор.
Ви се приклучувам и јас. Значи секогаш кога ќе забележам резултати, веднаш заборавам на диета и си продолжувам по старо и килограмите пак се враќаат. Ама сега не. Сега ме фати инат. Од утре се враќам на стара патека. Диетата на Иренна Немам многу килограми за губење, бев со 63, сега имам 59 Ако стигнам до 55 ќе бидам повеќе од среќна Па ќе се читаме
Вежбите на Дузи се слични со оние кои јас ги вежбав на аеробик. И не се тешки воопшто, ама битна е кондицијата. На почетокот и на мене ми беше напорно, но подоцна без маки вежбав еден час. Може сега кога правеме пауза од аеробик да ги практикувам овие вежби. И овие се добри http://www.youtube.com/watch?v=_7fHGwLS ... ure=relmfu
Јас си направив распоред. Ќе вежбам на орбитрекот секој ден од пон - нед, освен во петок, тогаш ќе правам пауза од секаква активност. Денеска извртев 50 минути и почна пак да крцка. Таман го подмачкавме, го стокмивме, си реков готово се куртулив од крцкање, денеска ете ти го пак . Крц-мрц-крц-мрц. И прееска еден саат зумба. Толико од мениии за денеска. За утре појма неам што да ручам. Дај кажете некој лајт рецептич така лесен, летен да биде.. Само немојте нешто со месо, ич не го сакам.
Тежок ден денес. Доручек:пола ѓеврече, шолја зелен чај и 2 кајси. Ручек:малку таратур и печени пиперки. Вечера:некоја си летна салата со варени компирчина, грашок, пченка и свежа краставица. Од вежбањето денес ништо бидејќи стомакот некако не ми е добар, па одмарав денес малце
Па јас да чукнам во дрво сум жива здрава, права, ни бубрзи ме болат ни ништо. Ама добро нејзин избор е дали ќе го направи тоа или не јас дадов само предлог . Утре сакам ќе дарувам крв така да ќе морам малку да прекршам од режимот , ама не претерувам
Јуле и јас ги правам тие А вежбиве на Дузи се решив вечерва ќе ги правам плус. Дел од моите вежби се и овие кои се наменети за бутовите: http://www.youtube.com/watch?v=CzxoisqfU2o И за задникот обавезно секој ден ги практикувам овие, во точен број како на видеото: Spoiler . http://www.youtube.com/watch?v=mLiHXd_8YoY И уште многу други. Инаку за моето недоразбирање со вагата, после тоа се измерив и во ред беше бројчето. Изгледа вагата на нерамно сум ја ставила тогаш, шок си направив
Ме фати инат, ете така да ви кажам Земав се расчепкав по сликите и најдов едни не толку привлечни од пред 2-3 години, си направив колаж, ги крстив атомска бомба и ги ставив на десктоп. Е ај сеа да видам дали ќе лапам пак? Мислам дека имам спомнато по темиве дека долго време мака мачам(ев) со вишокот килограми и ден денес не можам да дојдам до стабилна цифра која ќе ја одржувам подолг период. Причина: мојата стрвност и мрза. Имаше еден период кога бев 80ка полна и едвај влегував во нешто. Решив да ви покажам сега за сега само слика од тоа време, чисто за да имате претстава за што зборам. Сега имам 10кг помалце и не изгледам вака благодарение на УН диетата и мојот пријател Господин Орбитрек, но морам да се мотивирам за да симнам уште некое и одржувам нормална килажа. Знам дека голем дел знаете како моментално изгледам (без лик де) и се надевам дека можеби некој ќе го мотивира мојата полу-успешна приказна, а мене дополнително за да не се вратам на стариот изглед. И чисто информативно, не го правам ова зошто изведувам бесни глисти или според машките мислења на темава - за да изгледам "топ" риба во лето, ве дружам овде зошто ми е смачено веќе од прејадување и изгладнување зошто ниту во едниот ниту во другиот случај не се чувствувам убаво.
Денеска 2 нескафиња пиев, една чаша леден чај и ручекот што ми беше компири печени со дали пола батак го изедов.не знам што ѓавол ме натера прееска некоја си панцерота купив со кашкавал, ама тоа беа најглупаво потрошените пари во мојот живот. Тестото едно мрсно, слично ако за пирошки тестото ама ова помрсно дупло мислам дека беше , па и тој кашкавалот внатре од гаден погаден.Па кога ја фати Мона стомак од мрсното, зашто веќе 3 недели ништо мрсно не јадела, доаѓање дома и одма над шоља повратив тоа . Сега ми е кај кај полесно.
Епа да ви се пофалам,ова ми е четврти ден што водам здрав живот Насабајле доручкувам или јогурт со корнфлекс,или мусли,или перек или ѓеврече,или млеко со бисквити. Е денес си каснав перек,тато купил и неможев да не каснам. За ручек јадам тоа што мајка ми ќе подготви,а леб јадам зависи каква е ситуацијата.Ако имаме грашок или боранија за ручек,неможам без леб,бидејки ќе повратам обично јаам леб со некои манџи.. А до пред 5 дена вечерав јогурт со корнфлекс,а сега вечерам овошје или чаша јогурт или млеко. Дневно вежбам по 40-45 минути,еден ден правам вежби за стомак,еден правам вежби за нозе. И кога ќе завршам со вежбање се цедам целата особено од овие вежбите Fitness Blender..Абе како од базен да сум излегла.Буквално и косата ми е мокра,и потоа морам да се измијам и коса Битно многу подобро се чувствувам после вежбање. Пијам по 2 литри вода на ден.Сладолед неможам да не јадам . АМа како што сум тргнала изгледа и тоа ќе тргнам од исхраната..Е да видите,како ми се плачело вчера,бев со другарки во Твиги,во рамстор на палачинки.И они си нарачале палачинки со шлаг,прелив и бискивити.И мене ми викаат -ива сакаш? И јас - не не не несмеам на диета сум..Абе ги гледам палачинкиве,срцево ми се кине. Ама си реков НЕ,и не јадев и едвај чекав да се тргнам од таму,да си дојдам дома и да јадам кајсии Епа луѓе,јас решив,не се откажувам овојпат И плус на одмор кога ќе идам ќе пливам и ќе си го затегнам телото.А и гледам стомачево некако затегнато ми е. И нормално единствен проблем ќе ми остане целулитот Вчера се мерев,и висока сум 162 а имам 52 ипол кила накај 53 сакам барем да се доведам до 49-50 кила.И ќе си бидам задоволна со своето тело. е ајде уште малце,ќе дојде 12 часот и јас ќе идам да правам вежби за стомак.
е доста ти се де... и јас сум висока 162, барем толку ми измерија на последниот систематски пред 10 години , а сум тешка 53.. и доста ми е , да симнам уште кило и таман, толку и треба да сме, 52-3 кила, помалце би изгледале како прачки... јас бев 60, 61, но со УН симнав 7, и се одржувам 3 месеци на оваа килажа, сабајле јадам овошје, ручам обичен ручек со малку леб, вечерам некоја лесна храна... не е поентата да станеме анорексични, нели
Јас удрив сабајлево на тие вежбите што ги ставила Дузи... леле мајко... ми се чинеше дека почнав да се топам, ауууу... ама добри се, море одлични! Ама не почнав со нив одма, прво малку се растегнував, се загревав... се надевам дека утре нема да имам воспаление на мускули
Абе зошо така зборвите, овие споредби на килажа ми се секогаш смешни. Секое тело е различно, составено од различна конституција, од различна тежина на коски, мускули, сало... Од кај знаете друг што има иста висина ко вашата, дали има повеќе мускул или сало од вас? Еве пример, може вие двете имате иста висина и иста тежина, ама на изглед сте сосема различни, една послаба, друга покрупна, од проста причина што сало од 1кг и мускул од 1кг не се исти во обем. Едната можно е да е помускулно градена со помалку масни наслаги па и фали мн малку за слабеење, а кај другата може да е обратно. Баш ради овие причини јас не се водам по тие табелите за идеална тежина во однос на висина. Тие се дадени колку за луѓето да водат сметка што спаѓа во нормална тежина, да не претеруваат со дебелина ниту обратно. А мене една табела неможе да ми одреди идеална тежина. Еве јас тежам 52 кг, што според друг ќе е многу, ама имам изградено одредена мускулна маса, а масни наслаги ако имам најсила 2кг плус. А другарка моја, со слична висина тежи 47 кг, ама се е тоа сало и изгледа подебело од мене во одредени делови. Значи, муабетот ми беше секој за себе си знае, не се споредувајте и не се водете по табели, него според ваша проценка уште колку ви е потребно да слабеете според изгледот на вашето тело.