(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Да да знам..Сите мене ми викаат дека според килажата и висината сум таман.Ама тоа е тоа што го кажа,различни сме.Јас имам бутови,ама се претвараат во мускули.И нив сакам да ги ослабам.
    Така да,јас си вежбам за да ослабам и да го зацврстам телото. :)
     
  2. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Во право е Нела. Го кажувам ова од лично искуство. Имам една другарка со слична висина колку мојата дали 1-2 цм е пониска. Како што знаете јас имав пред неколку месеци 72 килограми и благодарение на диетата на Ирена за месец дена ослабев 7 килограми (правев пауза од месец дена кога беше Велигден и сега предолжив, ама се на се еден месец е). Сега сум на 65 килограми. Во времето кога имав +7 килограми не ми се познаваше воопшто, дали ептен малку кај нозете. Ама она е полна како ѓуле. Иста тежина и висина имавме, ама на неа кај кај повеќе и се познава. И тогаш си бев фит, ама сега сум подобра, мајка ми ми вика ми ослабнале малце нозете :D .
    Значи јас имав поголема мускулна маса од неа, затоа што спортував активно пред година или така нешто. Плус страшно многу се движам. Значи не може да се мери идеалната тежина според некои табели. Кога ќе си изгледате убаво пред огледало, тоа е вашата идеална тежина :!: .

    Иначе сега вежбав едни добри 50тина минути, се препотив, ко свинче сум :whew:
    Одам сеа под туш, па лубеничка ќе си каснам пак за ручек. Многу си ја сакам сеа што да правам :mm: :D
    Ве гушкам сите и не се предавајте, ќе успеете :hug:

    П.С. Артемишн, презгодна си сега девојко, според мене не ти треба веќе слабење, ама ти си знаеш :)
     
    На Ammy.Lee, nela.oh и Artemission им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Овошен ден. За жал, овошје немам никакво моментално дома, така да од сабајле избуткав со еден јогурт. |( Сега јадев патлиџани со супа, вечер пак супа ќе си каснам. На ова жешко, супа сркам како ненормална, мислам дека од супа живеам. :rofl:

    Денес сум ЦЕЛОСНО здрвена од вежбичките вчера, џабе ви е тегнење, претходно вежбање, кондиции и глупости, одвај станав од кревет сабајле. :D Планирав пак да вежбам, ама не знам колку ќе се изведе планот, барем денес. Газот ми е ненормално зацврснат и топчест, вчера облеков едно фустанче и видов дека џабе сум се нервирала и сум скренувала, се познава разлика, ако ништо друго, постегната сум.

    Утре е денот Д, ќе ми правеле Софт енд Солв. :rofl: :rofl:
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    A дузи ти рецепт за таа супа од домати да фрлеше :D :D
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Дузи, дедо Боже здравје и тежината која сакаш да ја имаш нека ти ја даде за вежбиве што ги постира, се утепав од барање еб*м им матер. :D

    Aј да ви се пофалам, believe or nor ги направив вежбиве во дупла рунда, по два пати. :wasntme:
    Aј ем со прауд оф мајселф рајт нау.


    Bе читав вака дека ви се доста тешки, си викам јуначко срце да види малце пот и труд, и ги стегнав бре, ги смачкав, околу 10тата минута ме фатија кризи и болки во глава, ми удри напорот малце, ама ги решив. ]:) Eдвај чекав чичето да бори 5,4,3,2,1 на некои вежби, али however моето малку заоблено стомаче се понамачи, ако ти е среќо, сакаш да си каснеш, ево ти га ево!

    A само да ви кажам, дека ве читам редовно, интересни сте ми многу но не за да ве исмејувам, туку затоа што сте истрајни, затоа што сакате да успеете колку и да е тешко да се спротивставиш на љубовта кон храната (која јас ја делам енормно :$ и знам како е). Bи пуштам многу среќа да успеете да ја добиете тежината што ја сакате, јас само сакам малце да си го смалам стомачево или да го обликувам, па ете тука сум, ве следам! :hug:


    Cпаркс и Aнабела, од ова што видов, браво! Cтварно сте карактер. :D :*

    A Artemission тебе не те пишувам овде, каде ти во темава бре жено, мене очи ми испаднаа додека те гледам, сериозно ама најсериозно не занм што ти треба, не знам самата си осеќаш . . . :?:
    Cамо да ти кажам дека си презгодна, и дека ќе ти го украдам цел плакар, и нема да знаеш што те снашло. ]:) Cалуд! :hai:
     
    На Doozy, Artemission и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Епа од денес решив и јас редовно да ви пишувам за моето дневно мени. Не држам некоја посебна диета туку некоја моја лична... измислена.
    Значи вака. Зошто обично си станувам покасно кај 12 или 1 попладне до ручек пијам само вода или лимонада незасладена. За ручек она што имаме дома, без леб и внимавам да не мешам компири со месо, ориз со месо... За вечера корнфлекс без јогурт онака како грицки или нешто овошје или некоја салата, а понекогаш се случува воопшто и да не вечерам.
    На пример денес станав во 1 и до кај 4 саат пиев само тeчности и 1 филџан јогурт со 1,5% масленост,за ручек изедов половина чинија грав и 2 пиперки малечки (пржени). За вечера 2 филџани корнфлекс и 2 праски 1 чаша лимонада исто незасладена.
    Секој ден ги вежбам вежбите на ДОМИНО и ДУЗИ и вежбам по пола саат на орбитрек.
    Што мислите девојки со овој начин на исхрана и вежбање ќе можам ли до септември да ослабнам 8-9 килограми? :D :D:D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Се борев денес со апетитов, буквално ко со звер |( Ме боли стомак, ем ми касни, па ми се јаде ли јаде, дури и ми се приплака искрено :@ Од сабајле таман си тргнав, јадев краставици салата, едно лебче и две печени пиперки. Па трпев цел ден, се залажував со кајсии и на крај откажав, па јадев пржени компирчиња( :$ ), демек барем без леб |( и втерав пола Еуроблок чоколадо! А бе што да ви кажувам, се наполнив за сите минати гладувања |(
    Утре тазе пастрмка, и пешачење во зеленило, цел ден не седнувам, како ми се погоди, таман.
    Се тешам, барем лебов ми е на минимум :$ И благото го избегнувам, денес тек чоколадо, немав каснато од којзнај кога :$ Ах, само се тешам :@
     
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    15дена демек на диета сум ,пробувам да се придржувам на диетата на Ирена ,леб не јадам благо газирано ич ,ама пусти сладолед ми ствара проблеми неможам да му одолеам :( Ама добро е не е лошо -3кг покажува вагата :) Се надевам дека до 10август до одморот ќе симнам бар уште 3кг 8)
     
  9. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    утре се мерам, 6 дена од редуцирање на редуцираната храната, нек си е*е мајката :devil:
    барем килце, сварно 6 дена салати, овошје, вода вода вода, малце чоколадо и сладолед ама морав се надевам барем дека мешето ќе ми биде собрано како што ми е сега и во недела зашо ми е битен ден :) значи утре лесна најлесна храна ама сабајлето се мерам
    мислам дека ми требаше мало затегнување на границите на јадењето, иако неколку месеци си внимавам, од понеделник уште поригорозно ама тогаш поише ќе се осврнам да вежбање и планирам некое кратко диетиче, барем уште 3 кила до 25 јули
     
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Точно три недели како држам здрав режим на исхрана и вежбам два пати на ден по час-час и половина, зависи од енергија... И се опнав на вага ѕиркајќи со едно окце.
    И драги мои, за неполн месец у минус 4 ипол килца, струкот намален сантиметар, спојлерките 3!! :rock: :party:
     
    На Monna.Monna, kate21, minne-mouse и 9 други им се допаѓа ова.
  11. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Луѓе си се почастив сабајле со 1/12 бурече,и со кифла со сусам ;(
    ах леле,несмеам да го прекршам ветеното.Ај сеа ќе идам со мајка ми,да сум и помогнела во пазарење,и ај барем малце со пешачење да потрошам мрсното :D
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас вчера греовите си ги турив на душа. :devil:
    Ми рикна лаптопот и у сета нервоза додека се мачев да го поправам шо ли не изедов. :^)

    Денес ако успеам да го упраам продолжувам со вежбиве на Дузето.
    Џизас форгив ме. :rofl:
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Јас правам пауза од два дена со вежбање. Диетата си ја држам. :) Инаку еве слика, само не знам колку се гледа. Намерно ја ставив со ваков ефект, за да не ме познае некој. :)

    Не дека сум сега слабичка, ама не е тоа што беше. :)


    Срам ми е што се гледам на сликата од лево, не знам како можев да си дозволам. :x
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC08675-horz.jpg
      DSC08675-horz.jpg
      Големина на фајлот:
      152,9 KB
      Прегледи:
      407
    На teddybear, Marilyn-Monroe, anuskaNESTLE и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Браво WildChild, :clap: само продолжи понатаму, сигурна сум дека ќе стигнеш до посакуваните резултати, сега си мотивирана и знаеш дека можеш.
    Ти посакувам уште поголем успех, едвај чекам да видам нови слики за некој месец. ;)

    Тие вежбите од Дузи ги пробав, ама мене не ми фатија око, а и ме потсетуваат на физичко од средно, no God, nooo! :devil: |(

    Јас останувам верна на мојот орбитрек, колку и да е топло, 5 пати неделно вртам од 20-30 минути, зависи од расположение. :)

    Понатаму, правам од 30-60 стомачни на пилатес топката.
    И вежбите во кои сум вљубена во последно време, а се чувствуваат резултати во секој можен дел од половината надолу - step ups.
    http://www.youtube.com/watch?v=lbCdKb5V ... ure=relmfu

    Од 1.00 минута почнуваат тој тип на вежби, само девојката која е член на форумов ги прави со помош на топка, а јас имам наредено комплет енциклопедии во висина од 16 цм (колку една скала).
    Правам 3 серии по 100, значи вкупно 300, верувајте веднаш ќе осетите разлика, во долниот дел од нозете, во задникот, половината ако ја држите правилно, односно стомакот исправен и затегнат.

    Јас имам уште 6 кг до мојата цел. :)
     
    На JuLleE, kate21, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Се вратив луѓенца. :rofl:

    Ми правеа два третмана, софт ен солв и врапинг. Стасувам таму, ми наместија такви електроди, две на нозите, четири на стомакот. Тие на стомакот одвај ги сеќавав, чувството е како кога ќе ви се здрви ногата, а тие на ногата ми беа прилично непријатни, зш мускулчиња ми се имаат направено од верглање Орбитрек и цело време ми се грчеше мускулот. :^)

    После ме мачкаа со нешто, па ме мотаа со целофан. Бев едно големо, дебело колаче. :rofl: Ме пикнаа во тоа врапинг, како голема мушама на 70 степена, да се варам. Кога завршив, таа се изначуди колку сум се препотила, можно ли било. Е не бе не е, јас склет човек, дома со клима се ладам и со шишиња вода седам, а не па на 70 степени со најлон на мене.

    Морам да признаам дека малку мирисаше на пот ова мушамава, ама ништо трагично. Јас не трпам мириси, а ова го истрпев. Како и да е, се прошалтав гола насекаде, нејкед Сатурдеј, таму дива лига било бе, цициња, газиња, се лета на сите страни. :D :D :D

    Ми рекоа да не вежбам додека траат овие третманиве, демек да не се правело мускулна маса. Мене ова ми е малку, хм, што знам, маалско муабетче. :^) А можно е и ради тоа да си цупкам во место со килажа, билдам само мускулна маса а слабеам во обем. Како и да е, секако Орбитрекот ми се расипа, ако вежбам, планирам да трчам, еве не 6км до Бабуна, 3км до пола пат, до манастирот, и 3км назад. Ќе истрпам една недела... А мајке ми, ова по автобусиве е исто како да сум вежбала, мислам, страшно.

    Сега требаше печурчиња, а мене уста не ми се отвора од жешково, јадев јајце, домати, чувчиња и растителна урда. За вечера - лубеница со меко Л. :D
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Вајлд има разлика,продолжи само така. БРАВО!
    И честитки на Синтија за 4тите кила.
    Јас еден ден помалку од тебе и со минуси 3 кила. Но искрено не се баш баш придржував и чудно ми е малку. Заради испитот вчера, измешав се и јадење и пиење и спиење. Па и јадев сончоглед често ама веќе недела дена во уста немам ставено. Ама на вагата си кажува, и плус се познава по мене спојлерите се слизнаа.
    Денес почнувам потурбо, од утре и секој ден наутро ќе вежбам, лајт ручек и за вечера само чаша јогурт.
    Денес за појадок банана, за ручек супа, јајце варено и шопска со многу малку сирење.
    Имам уште доста до мојата цел уште барем 7-8.
    Кога има работа има и резултати
     
    На Cynthia, Artemission, Wild.Child и 3 други им се допаѓа ова.
  17. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Вајлд браво :clap: Е јас вака коа ќе почнам да вежбам и да држам диета како тебе,ќе ве известам.
    Не се откажувај,има резултати. :)

    Иначе за ручек јадев варени компири со кромид,и пилешко ама со онакво хрцкавци незнам како беа на фант..како сос,и после со тоа имаше и сос со домати,јогурт и малкууу тартар сос :)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Луѓе откако Дузи ни ги постира вежбите во темава секој ден си ги правам..
    Но денес неможам да станам од кревет,како прализирана сум..Ич неможам да одам,мускуливе ме болат најмногу во овој дел..Се обидов да вежбам ама неможам,неможам да мрднам :worried: :worried:
    Иначе стомачево ми е намалено..Незнам колку кила сум ослабена и дали сум :^) Само битно ми е малку да си го намалам стомакот,рацете и бутовите..А не ме интересира што ќе покаже нејзиното височество Вага :devil:
    Сакам да се навикнам на здрав живот,здрава исхрана а не цел живот на диети да бидам :!:
    Не ми е итно да ослабам,нека трае со години,месеци...За да се има добар резултат потребно е време.. :!:
     

    Прикачени фајлови:

    • muscle1.jpg
      muscle1.jpg
      Големина на фајлот:
      235,3 KB
      Прегледи:
      270
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Валјд браво. Навистина имаш доста ослабнато. Браво!
    Денеска се качив на вага по неколку дена откако почнав интезивно да трчам и вежбам и секако откако намалив многу со исхраната и видов дека сум ослабнала 3 кила за период од една ипол недела.
    Ајде се надевам ке ослабнам и оваа година како лани, 10 кила.
    Ако се сака, се се може :)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Браво Вајлд! :clap: Ти си пример како треба! Продолжи така! :clap: 8)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.