Спаркс и Вајлд, Артемишн и Анабел-а ме инспирираа, еве и една моја пред & не целосно потоа. Баш ми е жал што сликата ми е заматена, ама се бројат на прсти слики каде што сум сликана целосно, од глава до пети. Сега сум уште 3 кг полесна од втората слика во фустанчето. На крајот од диетата, за 45 денови ќе добиете уште еден преглед.
Дузевска,се надевам дека кај тебе ќе има ефект,не знам дали ми го читаше постот во целулит. Губење време,плус на ова жешко мери си го притисокот пред и потоа и пиј вода. Мене ме ставаа 60 мин. на температура од 85 степени,бев послаба од повеќето женски таму,а најмногу се потев, месец дена покасно,можам отворено да ти кажам дека кожата ми е ужасна,а целулитот повеќе видлив. Исто ми викаа да не вежбам,што не е логично зошто тие стимулациите се како вежбање. Нема разумна логика во третманиве. Фактот е дека имаме и вишок течности,епа со бодиврапингов само тие се вадат,практично те дехидрираат,а не топи маснотии. Тоа што те мачкале е бодиврапинг крема. Може ќе симнеш зошто ќе ти ги исцедат течностите,ама за една недела откако ќе завршиш ќе ги вратиш назад веднаш... А за тежината,не се грижи. Јас со 56 порано и 56 со вежбање,не изгледав исто,далеку подобро и позатегнато. Од денес си го почнав режимот со кој го доведов целулитот на нула,чаеви,храна,мачкање и вежбање. До август ќе го преполовам,знам,ама муабетот е што бара постојаност,а тоа убива у поим. Не ми е за кг ко за целулитот,ама тоа без тоа не оди.
симнав уште цели три килограми,и продолжувам до посакуваната тежина се што се сака се може сега навистина јадам здрава храна всушност и тоа е значењето на диетите
^^Да да, знам, те читав , ама ептен скренав низ дома и затоа си го купив купонот. Абе ѓавол и пол ќе ме фане сосе пат до Скопје и назад, ама битно сакам да пробам, после ќе се туфкам, затоа вака ќе пробам и после мирна. Заборавив гледаш прееска да ви кажам, стомакот ми е прилично раскашавен, дома мајка ми се изначуди, нешто како желе ми е и се тегне охоохо. Како и да е, една недела е во прашање, ќе се истрпи. Ќе видиме што ќе испадне, реков и порано, чуда не очекувам, што биде биде. Не дека нема на мене што да се извади, има салам за вадење. :geek: Тебе ептен те скувале со 85, јас им кажав дека се саклетисувам, на 70 ме стави девојчето. И баш тоа го муабетев со луѓево, мене воопшто не ми е битно дали ќе имам 5кг повеќе или помалце, јас сакам да изгледам стегнато. Од Орбитрекот тие позади спојлерчињата ми ги снема, струкчето ми се намали, газот ми се подигна, тоа дека со третман ќе го добиеш, нема и тоа ми е кристално јасно. Ама ајде, нека помине една недела, еве ќе одмарам од вежбање, баш да видам. Ќе ве обавестам околу исходот, сега во понеделник пак ќе одам. Шишенцето вода до мене и така, иначе не се може.
Браво Трендафилка и Вајлд, стварно се приметува и тоа каква разлика. Секој чест за постигнатите резултати и немој да сте се откажувале! А Трендафилка ти бааги си ми намалила во обем или мене така ми се чини Мене денеска орбитрекот пак ме извади од такт. По 25 минути вртење, почна да се клати и да крцка силно, како никогаш претходно. И се изнервирав и за инат извртев уште 10 минути и почна да се клати и морав да станам . Некој ден од тараса ќе го фрлам, жими се. Инаку стигнав до чиста 70-ка. Навечер по 71/2 . Салати јадам како никогаш да не сум видела . Цел ми се уште максимум 4 килограми минус да одам летово, затоа што сметам дека уште сосем малце ми фали за да изгледам баш онака како што ми одговара.
Јас се прејадов денес . Ај тоа што изедов МНОГУ овошје ( сливи и цреши ) , каснав 3 лепчиња за ручек Којзнае што ми беше. Арно што не поручав.
Дузи вежбите сеполн погодок,ја издрж=авам цела серија ,па и како се поти убајни .Фатив темпо еден ден трчам,еден ги правам вежбите. Денес за доручек јадев само малинки,а за ручек тиквиња со пиперки пржени,ама не мрсни и тератур ама без леб. Браво за Тренди и Вајлд,само така девојки напред јас верувам дека ќе стигнеме до посакуваната тежина
Браво Трендафилка и Вајлд се забележува разлика Инаку денес вежбав 50 мин. станав порано и не појадував, за ручек јадев малку месо и компир, вечер ме чека салата или јогурт. Од утре тешко дека ќе внимавам на исхраната, брат ми си иде, па мајка ми прави благо и тоа моето омилено, планира и кифли да направи
Браво Вајлд и Трендафилка . Многу си ги сакам ваквите цврсти карактери. Дојдете да ве изнагушкам . Продолжете напред и не се предавајте, ја имате сета моја поддршка. Немојте како повеќето на пола пат да се откажувате, сте дошле до тука и продолжете. Уште еднаш браво Иначе и мене ме болеа вчера, а и денес листовите, неможев да мрднам од вежбиве на Дузи, ама пак си вежбам, еве и денес 50 минутно вежбање. Уште го чекам Орбитреков, ваљда до утре ќе биде готов . Идам да се истуширам, па ќе си каснам виршлички и сиренце и ќе одмарам. Супер ден беше, ептен го искористив.
Јас од утре построго, за појадок овошљаци, за ручок по малце од то шо е дома, и за вечера јогурт. И малце повеќе ќе вежбам, освен возењето точОк со часови секој ден. П.С. Денес вагата кај баба, наместена на нула, ми даде килажа шо ми даде, а вагата кај стрина, наместена на нула, пет кила поише од килажата од вагата кај баба. Ама кај стрина ми имаше пред нулата едно kg. да не требаше на тоа да се намести или нешо? Ме збунија вагиве мајке ми.
Сабајле бев да трам на кеј ,истрчав 2 км си се дивам. после тоа кога стигнав дома,пиев сок од моркови цеден (за убав тен) и после пола саат јадев мусли на виталиа тие новите со јогурт Ќе ручам тоа што ќе спреми мама а за вечера една чаша јогурт.
СЕ БАРА ДУЗИ Ја нема на темава, да не ја стопија таму у тоа кај шо оди со се калории Да и се заблагодарам за оние кадио вежбине, закон се, и два пати го правев видеото Дузо, ама ќе се онесвестев си признавам. Се истуширав, еве десет минути седам така и уште пот тече од мене. Да си здрава и жива
Денес за доручек ништо јас не јадев,за ручек каснав од ручекот тоа што имаше.а за вечера ако ме фати криза можи ќе поткаснам некое крастајче или овошје Денес ми е пауза од вежбањето, а да ве прашам патем правите еднаш неделно пауза или секој ден вежбате?
Јас секој ден, едино ко пауза ако ми се рачуна тоа што еднаш неделно наместо саат, вежбам по пола саат на пример.
Хм,значи и јас да вежбам така ,едино напрајв пауза дека ме болеа листовите од вежбите на Дузи значи се многу ефикасни и од трчањето плус. Ох тешко нас,ама си даваме волја и ќе успејме
Не верувам во диети, но сепак, морам да признаам дека Трендафилка, Спаркс , Вајлд, Артемишн и Анабел-а ме инспирираа до толку што добив желба и јас да ја пробам диетава. Поздрав девојки и со среќа! Од утре ја почнувам, од утре сум на терен од работа неколку дена, нема да бидам дома но сепак во можност сум да го пратам редоследот на диетава. Вечерва ке тркнам до Кам ке си ги набавам потребните намирници, кога ке се вратам за неколку дена, ке пишам што сум направила. Мора да се ослабне, за себе, за нашето здравје. На мене КГ до толку не се познаваат бидејки сум премногу затегната но сепак си ги имам. Изминатиов месец се хранам колку - толку поправилно, ослабнав 3-4 КГ, но сепак, испирирана од горенаведените личности, ке ја држам УН диетата.
Абе не мораш секој ден да се потиш ко вообичаено, дај си мерак на душа, не се стегај толку, можеш пример да пешачиш наместо да рипаш со на Дузлава вежбите еден ден, ама у секој случај да си некако активна. А ја мислам дека болките у мускулите веќе ги надминав, загреана сум фул. Ајде,ајде ќе не биде жени.
Хм,значи и јас да вежбам така ,едино напрајв пауза дека ме болеа листовите од вежбите на Дузи значи се многу ефикасни и од трчањето плус. Ох тешко нас,ама си даваме волја и ќе успејме [/quote] Абе не мораш секој ден да се потиш ко вообичаено, дај си мерак на душа, не се стегај толку, можеш пример да пешачиш наместо да рипаш со на Дузлава вежбите еден ден, ама у секој случај да си некако активна. А ја мислам дека болките у мускулите веќе ги надминав, загреана сум фул. Ајде,ајде ќе не биде жени. [/quote] А за пешачење тоа веќе секој ден го правам,значи пак се движам-тркалам некако Мора да биди ,секако,па после кај ќе има ко нас
Дечки и девојки,се приклучувам во клубов,епа веќе доста е!време е да го ослабам ова стомаче гледам и нозете ми се малку подебелки,не не не не не...........