(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Немам сила за ништо друго освен да лежам во кревет, да си преспивам и да гледам филмови. Тука сум иначе. Кај се давам така лесно. :D

    Денеска се наклукав со витамини и минерали, јадев турлитава со печурчиња плус половина ОГРОМНА краставица (големина на голема тиквичка :o ) со два патлиџана и две чувчиња. Според калори каунтер, дупло ги надминав потребните дневни количини на витамини. :rofl: Утре е овошен ден, а јас опет по патиштата... Не знам, ми тргна мама мевце од турлитавата, дека не го јадев денеска, ги јадев компирите со зеленчукот само, можно е тоа да го ручам пред да одам. Не ми се експериментира, во саботата само со половина литар јогурт тргнав и испив еден куп вода, ама не е играчка сонцево. :?:

    Гледам до 20ч да завршам со јело, еве сега пак си вечерав едно тацниче од турлитавата со цела краставица, ама од тие нормалните, малите. :D

    Вежбање нема, одмарам по препораките на тетките, а и времево не е баш за трчање. :^)
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    ами нозете полека почнаа да ми се намалуваат и за две недели вагата ми кажа дека сум ослабена 5 кила,а пред два дена ко се мерев ми кажваше 5 повеќе :^) а денес пак помалце :?: ме буни вагава нешто,битно јас се чувствувам полесно и позатегнато. Се надевам дека ќе го достигнам посакуваниот резултат. :)
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  3. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Епа денес ништо не вежбав, не можев едноставно, мускуливе ме болат до толку што ми се плаче :tmi: . Ајде утре со нови сили, во поход против маснотиите :rofl: .

    Денес не да се изнајадов на ручек. Баба ми правела турлитава и јас си се пикнав кај неа (не ради турлитавата, туку ради лубеницата де :rofl: ), а она да ти правела и пиперки печени па ставени во оцет, лукче и магдонос :mm: . Коа им писнав на тоа пиперките :D 8 ги изедов :x . Премногу ми дојде, ама ај барем не беа мрсни, си се тешам.

    Иначе ве читам луѓе и ви се чудам. Како можете само јогурт или млеко да пиете за вечера. Јас ќе испоцркам ако не си каснам асално. Можам да не јадам доручек и ручек, ама душава ќе ми пукне за вечера. Сите не можат без доручек да издржат, јас не можам без вечера. Што човек ќе бев брее :rofl: ...
     
  4. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Денес мајка ми правеше тортелини за ручек.Неможев да не јадам,и си изедов една чинија и после си додадов уште малку :$ додека да ручам изедов две житарици од новите на виталиа For Vitality -Multigrain flake bar with chocolate ...И прееска вебав,ги праве оние кардио вежбине..Навидум лесни,ама на седма минута кога сум почнала да дишам ко куче,да збревтам.И се истуширав.
    И можно е да вечерам или јогурт,или лубеница :Р
    А иначе јас секој ден вежбам,ама правам различни вежби.
    Вежби за нозе-понеделник,среда,петок.
    Вежби за стомак-вторник,четврток.
    Кардио вежби-сабота,недела.
    и трчам чат пат коа ќе ми текне ,еднаш два пати неделно.
    Ајде од утре ќе си станам накај 10-10 како и секогаш,ќе си јадам мусли ( :l: ) па после накај 12 ќе вежбам вежби за нозе,па ќе ручам.

    Морам само да го намалам јадењето за ручек ..Кога има нешто вкусно,море кога ќе фатам по 2-3 чинии,премногу е тоа :^) и после нормално ме боли стомак и ќе се испружам ко куче да спијам.

    А негде чув дека ако јадеш 3 дена само лубеница,ќе имаш рамен стомак,и нормално ако вежбаш..Стварно тоа или ..?

    а да,и мојава величествена вага лаже.секој ден ми покажува половина кило повеќе О.о
    завчера бев 52 ипол,вчера 53,а денес 53 ипол накај 54.Ретардирана вага.
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Спомна една форумџика дека може да накачиш телесна тежина како резултат од вежбите, оформувањето на мускулчињата, ич не и се коси, после тоа нема да ти покажува така, може да е знак дека се тураш у форма. 8)
     
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    даи јас тоа го прочитав ,ама сепак кај мене разликата е огромна за разлика од кај ива еден ден толку,а еден толку, ;) :?: а богами мускулите на нозете-поточно листовите набија мускулчиња :D ајде ќе видиме што ќе биди од моето слабеењо по некое време :D
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Море тебе добро ти оди, за две недели пет килца. Јас се немам мерено, не осеќам некои промени, ама можда е рано, шо знам. :^)
     
  8. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    А бре женцки значи душата ми ја полните со радост кога ќе прочитам дека некој скинал некое килце исто ко мој да е успехот ^_^
    Wild.Child и Trendafilka идоли ми сте, браво женски само така продолжете немојте во никој случај да се откажете :!:
    Cynthia исто така и ти. Ви се :bow: на сите три.
    Морам да си ја спомнам и Doozy тука, иако два дена морав да одмарам поради нејзините зумба вежби :lol: сепак многу си ја поштовам оти секогаш знае онака да ме насмее, и да ми ја врати силата :)
    А и Lux да си ја спомнам, секогаш ме мотивира со нејзините сликички во темава ;) И секако сите други.
    Женски нема откажвање, мораме малце да се потиме, за да ги постигниме зацртаните резултати (па на плажа прави рибетини, одма ќе знам дека сте феминки, заштитен знак ќе ни биди :lol: )
    Иначе јас ова недела смалив едно килце :party:
     
    На Cynthia, Lux, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Деновиве сум на некои летни манџички, тиквици и такви ствари.
    Вчера демек разочарана од орбитрекот, земав тие вежбите од Дузи да ги правам. Абе тоа не вежби, туку вежбишта :o. А пред тоа 15 минути бразил бат лифт мрдав задник нешто, демек за загревање. Собава моја ми даде еден сауна ефект и после тоа бев како забрефтано куче, оставено на +50 степени.

    Денеска му објавив војна пак на орбитрекот и вежбав 40 минути ]:). Леле кога почна да чкрипи, а јас не се давам :D. И сега само што се вратив од зумба, толико за денеска.

    Утре ќе бидам на салати, лубеници, такви ствари, малце да се прочистам. :)
     
    На ludoto19, Doozy, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Јас читам сите ве болеле листовите од вежбине, епа да се пофалам јас вчера и завчера едвај одев. :rofl: Него стомачнине денеска не ги правев, некоја мрза ме фати. |(
    А рапорт за јело денеска :geek: :
    Доручек:
    Пола кифла (со крем демек, ама ни к од крем немаше |( ) + капучино.
    Ручек:
    2 пиперки полнети + сок (од праска) една ипол чаша.
    Вечера:
    Не ми се јаде. :rofl:
    А, да, и едно баклавче изедов, колку да пробам де. :D
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Mona, добро што ме потсети, баш мислев да ви спомнам за ова и заборавив.
    Откако ќе вежбате, за да не ве болат мускулите истегнете се. Убаво истегнете ги нозете - при што треба да ги осетите мускулите на бутовите и листовите како се опуштаат. Еве, вака нешто пробајте.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna и gingerchild им се допаѓа ова.
  12. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Уф да вежбам ич несакам.Ама ќе морам.Се што направив денеска е тоа што се воздржав да гнецам како мецана и си ги измив запчињата порано од таа причина.Сега ми крчат цревата ама ако морам да издржам.Просто од што неможам да се одвојам од храната си направив салатка и си ја сместив у фрижидер за утре.Здравје ако не ја смафта некој вечерва. :lol: Утре ќе јадам пржени компирчиња дека сабајле таа енергија ќе ја потрошам,а подоцна незнам.Ќе ја отворам пак темава па може ќе се мотивирам да вежбам..После 5 попладне секако :!: Од сабајле нема да имам време..Поздрав до вас упорните и поголем поздрав до оние понеупорните,ептен ги сваќам :lol:
    ако има такви на темава воопшто
     
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    На 2036, icegirl, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Charlottee

    Charlottee Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Веќе некое време постојано читам што пишувате овде и на темата со УН диетата и никако да се решев и јас да бидам на диета. Но еве дојде и тој ден :D мене ми треба да намалам само околу 2-3 кила бидејќи имам 52 и да се затегнам а планирам тоа да го постигнам со трчање и правење стомачни вежби. Нормално и да намалам со јадењето но мислам дека нема да можам да одолеам на сладолед и чоколадооо :(. Кога гледам по колку сте ослабеле се срамам што неможам да издржам една недела и да ослабам 2 кг за да си ја добијам идеалната тежина. Читајќи ве добив инспирација и од утре почнвуам ! Дали ќе успеам ќе видиме :\
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Oва од мене те префати ваљда, моите омилени манџурии :rofl:
    утре ќе јадам полнети пиперки со ориз, а задутре ќе си полнам пиперки со урда, по рецептот на илипили :hai: и полнети пиперки со компири :)

    Mи пукна таквата од јајца, татко ми ми вика, аман ќе почнеш да ги несеш по дома :D
    ајде една недела нешто манџурии ќе си јадам, после пак јајца :)
     
    На ilipili и anabel-a им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јао жено за две кила ли е работата, тие у три дена ќе ги смачкаш ко ништо, шо береш гајле. Ние тука со какви бројки се мачиме, ти си боза, немаш мака. :D
     
  17. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    вчера цел ден натака навака чистев, пазарев пустев,само една шопска во 6 попладнето (заборавив да јадам :wasntme: ) вечерта :party: едно мало парче торта и пиењето, сепак морав да бидам секаде кај сите натака навака не седнав една минута, една! :)
    муабетот беше од таа недела коа реков дека сум на редуцирано-редуцирана храна, пред 8 дена значи ни едно килце немам ослабнато, организмов сериозно се налути, ништо не ми бара, само не сакам да се деси некој камбек па еден период да вратам се што сум пропуштила ;)
     
  18. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Доручкував мусли,па во 12 вежбав,едно 35-40 минути..Абе си го допирам грбот,како од базен да сум излегла!Се гледам во огледало,светев како лампион во лицето.Ако ако што се мора се мора :D
    Него кажете ми што да грицнам сега..Малце огладнев а појавував накај 10:15.
    Гледам онде еден чипс ме повикува,но неможам да прекршам здравата исхрана.Од овошје имам само банана,мајка ми ќе докупела овопја накај 3 саат,кога ќе се враќа од работа. :(
    Што да јадам луѓе?Нешто што не дебелее и што е здраво? :/
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Нема ли у комшиите некое кајсијче да поткраднеш? :D Ако не апни си медче, сркни лажиче некое колку да ти дојде благо, шо знам... :^)
     
  20. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Немој чипсот да си го чепнала :devil:
    ако имаш пуканки напрај си, тие се здрави за меѓуоброк, види нешто зеленчук грицни дали морков, краставица, што и да имаш дома колку да не гладуваш.
    Ако имаш јогурт напи се една чаша, додај внатре сецкана краставица или едно парче црн леб.

    Се само не чипсот, значи тој ми е на врвот на лоша храна, а и жалосно е при сиот труд што си го вложила, па и си се препотила со вежбање сабајле, сега да зезниш.

    Don't give up! ;)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.