А, а ќе ти кажам јас тебе чипс Ако имаш дома некои семки грицни си. Или пак бадеми, лешници, фстаци, сушено овошје, пуканки без сол. Со јаткастите плодови гледај да не претеруваш. Колку и да се здрави, бадемите пример содржат 50% масти.
За месец ипол -5 кг Добро ми појде неделава, понеделнички радосно! Моментално имам 57 и се благодарение на диетата на Иренна и активности кога можам Навечер возам велосипед, а преку ден си вежбам кога стигнам. Немам определено време 40 минути да вежбам и готово, туку кога ќе ми текне Девојки ви држам среќа, со упорност се може да се постигне И не гладувајте. Ништо не се постигнува со тоа. Сега знам
Луѓе јас сакам бутовите да ги ослабам и стомакот да го затегнам значи имам бутови,а доле под коленото нозете ми се таман си имам оформено мускул и се тоа..ама бутовите,ај со мускули ама па не изгледа убаво во купачи еве слика од минатата година,сега сум сосема малку здебелена во бутовите ама имам мускули,мислам дека сфаќате за што станува збор.. http://i.imgur.com/qMBAG.jpg морам морам морам да ги ослабам до 27 јули ! предлог за вежби за слабеење на нозете? Не за затегнување бидејќи доволно ми се затегнати а иначе чипсот никако! не го допирам!уште кога ќе ми текне дека само масти си додавам и после се чудам што ми рипнале гевречиња на стомакот нема откажување!
Јас сум 4 ден на УН диетата денес овошен ми е поручав лубеница и се пукнав од мо*ање и вода пијам и едно турско без шеќер се напив, имам 1 кило ослабено оваа недела што помина 62 сум сега точно веќе по 100ти пат кажувам, секој ден физичка активност, вчера бев во теретана правев стомачни и нешто за задник ова-она денес на трчање 50 минути. Ги пробувам алиштата што не ме береа, сега ме запетлуваат и сум пресреќна, само напред девојки има надеж ива85 скриј го тој чипсот земи крставица и грицкај.
Ти женска немој многу многу да кукаш овде како ти биле дебели бутовите, од сликата гледам дека ти се таман, и да ти се малку подебели пак ти се таман, па ти си во растот. Немој да се оптеретуваш многу многу, така ја на 14 години бев сламка, чечкалица, тежев едвај 49 кила и се мислев дека сум дебела, па требаше да има некој да ме подбере, дома ми се чудеа, како ти девојко изгледаш ко косутр, а си мислиш дека си дебела. Се е до психата бе и како се гледаме во огледало. Сега не сум дебела, не сум ни слаба, не сум многу пополнета, ама сум, и ужасно ми смета тоа и работам на случајот. И јас би ти рекла да си го изедеш чипсот. убаво слушаш. Подржувач на здравата храна сум, ама толку колку што пазам па и ми се мана од глава. (мене благото ме сруши и ми ги покачи килата, затоа со него сум скар до 16.06.2013). Еднаш во месецот ако го изедеш ништо нема да ти биде. Сестра ми секој ден јаде чипс и пак е слаба. Ништо не дебелее ако е умерено. Што дека ни еден сендвич немав јадено, што дека ни еден чипс в уста немав ставено, ни леб ни ѓеврек цели 7 месеци, па секој месец по кило сум качувала. Значи за седум месеци седум кила се имам здебелно и не како резултат на лоша исхрана, така да мое убедување е дека доколку храната се зема умерено, во нормални количини никоја храна не дебелее! Повеќето девојки ќе се согласат со мене, знам. Ти води си здрав живот, пиј вода, вежбај си(ја од моја 7ма година вежбам, уште кога одев во Св. Еразмо за исправување на кичма)и од тогаш само си правам некои вежбички, а и две справи сменив, сега имам пак 2. Еден чипс не те убива, нити те прави подебела, исто ко една чаша сок, ама ќе те здебели ако се два-три чипса, две-три чаши сок секој ден, инаку не.
http://www.passion4profession.net/en/muscle-exercises/ одeте подоле до тоа телото со мускули Таму кликнете за кој дел од телото сакате вежби. Има секакви: тешки,средни и лесни.
Еден чипс не те убива, нити те прави подебела, исто ко една чаша сок, ама ќе те здебели ако се два-три чипса, две-три чаши сок секој ден, инаку не. За ова се согласувам потполно.
Појадок- 1 краставица и 2 праски Ручек- Голема шопска салата За вечера не знам сеуште што ќе јадам, а пијам од 1 ипол до 2 литри вода секој ден.. Сакам и да ви ги препорачам и овие вежби премногу се добри ги правам секој ден некогаш еднаш некогаш 2 пати зависи од расположението, вода тече од мене после секое правење http://www.youtube.com/watch?v=gM4DQ-0V ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=r_J8btnI ... re=related
Јас денес појадував лубеница и шест ѕенѕерки. Три ѕенѕери кај 10, и после уште три кај 12. Ручав еве сега, едно такво стапче кифличе со солца и два три пати брцнав у тоа јогуртот. Ќе вечерам краставица со сол. Праев кардио од сабајле на гладно, и се стопив од потење. Се забревтав ама после тоа сум си заспала ко бебе.
Џинџер, што се побогу ѕенѕерки? Испричавам се за свртување на муабетов у друга насока, али смешно ми падна името .
И денес нема да вежбам. Нели вчера не вежбав, епа сеа многу помалце ме болат листовите. Денес шетав 2 саати по најтоплото, после ќе одам кај баба ми, па ќе шетаме низ цел град со другарки, така да мислам доволно ми е. Не сакам да ризикувам пак да ги воспалам листовите,остајте тоа туку и мускулите на газето ме болат Од утре пак по старо темпо. Иначе Lux како иде со диетава, долго те немам видено во темава резултати да кажуваш?
Денеска ми е 38 ден, и се немам мерено, така да не знам ни резултати. Ајде ќе биде за месец дена се надевам на убави вистински резултати, па можда ќе прикачам едно сликче од пред и потоа. Денеска ми е протеински ден, а имам изедено 2 јаболка и 2 фелки лубеница. Не планирам да јадам јајца на жешково и немам апетит, па ќе терам и овошен ден три дена, па ќе го поврзам со овошниот ден и ќе ми дојдат 4ри овошни по ред. Да се испрочистам, па после пак ќе си продолжам со протеински како што си оди по ред. Зошто на жешково немам воопшто апетит, па и со лубеница издржувам.
Да речеме дека се согласувам - 1 чипс нема да те убие, 1 мало чоколатце нема да те убие, 1 чаша газиран сок нема да те убие... ама сите три одеднаш по едно и те како ќе те убијат! Овај, сега сериозно, благословени нека се оние со добра генетика и брз метаболизам, што ништо не им се лепи и можат да буткаат мрсни сендвичи во 03 сабајле, чипсови, сокови, благо без мера, и кога комотно се опуштаат со руската и кифличките за Нова година. Ние на темава верувам дека не сме од тие, и мораме да си признаеме, да се помириме со овие факти и да се задоволиме со вакви искушенија максимум 1-2 неделно. Јас веќе во главата се помирив со овие грди факти, па животот некако ми е полесен.
Јас имам брз метаболизам, па пак имам вишок килограми . Од кога знам за себе имам 5-6 кила вишок. Ама пак си јадев се, никогаш не се воздржував. Ми се пријаде ли нешто трк до продавница и така секој ден
Mене па вечерата ми е CMPT! а вечерам тоа е,одма се лепи на мене,а преку ден што и да јадам не се лепи на мене, поготово посабајле Cите си го знаеме телото најубаво, како се дебелееме најлесно и како слабееме најлесно
Ах бре gingerchild ме изнасмеа со ѕенѕерките Инаку мојот денешен ден се состоеше од Доручек- едно лепче со павлака ама интегрално Ручек-една полнета пиперка со салата од домати и краставилки Вечера-ништо или ако ми се пријади можи крастајче едно или и јас некоја ѕенѕерка Од 6 до 7 трчав ,се препотив,па подоцна можеби ќе направам некои вежби од на Doozy и некои други ако не излезам да пешачам. А за чипсот и таквата џанк фуд да ја наречам сега се трудам колку што можам повеќе да ја одбегнувам и не јадам воопшто,а порано ако каснував ќе каснев еднаш на 2 или 3 недели значи не константно секој ден. Како што кажа и Тренди се што е умерено е ок,но не во преголеми количини бидејќи и најздравото нешто да е во големи количини не е убаво за организмот.А и метаболизмот ми е многу брз откако почнав да вежбам и го сменив режимот на исхрана.после секое јадење одам