Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Aбе се е до карактерот :) :D A јас на пасење сум го пуштила мојов, последниве 2 години! Hе можам да се лажам и да се чукам дека од денес на диета, не си ни спомнувам дека сум на диета, и еве 9ти ден завршува!
    A чудно, кога си викам диета диета диета диета, се повеќе и повеќе ми се јаде :D
     
    На rossonerka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Росонерке, искрено, да ти кажам нешто, ама немој да се навредиш. :)

    Те гледам на сликите што ги ставаш со алишта, ти девојко, имаш тело сто муња и громова. :D Е, со такво тело е многу лесно да кажеш што и како треба или не треба. Сите знаеме како треба, ама не секој секогаш успева до крај. Не дека се оправдувам, далеку од тоа, ама друго е кога зборува човек кој - барем јас како што знам - никогаш не водел битка со килограмите и не знае колку мачно е тоа. Депримирачки да речам попрво. Па алишта не можеш какви сакаш, туку од кои има број. Па по доктори трчаш затоа што хормоните ти се криви леви и пиеш апчиња да ги средиш. На никого не му го посакувам тоа, знаете што се случува кога хормоните дивеат. :x

    Сфаќам дека твоите совети беа најдобронамерни, затоа и реков да не се навредиш, ама многу лесно изгледа кога некој од страна кажува што и како. Што би рекле Англичаните, пробај да изодиш милја во туѓи чевли, па кажи. Не секогаш се зависи од упорноста и желбата, има и многу други фактори тука. :sweat:

    И уште еднаш, без навреда, ама мислам дека ме сфати што сакам да ти кажам. :hai:
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Сите што се полни, дебели, си станале такви од една или друга причина.
    Да не ја однесеме темава во несакана насока да си бидеме мирни.

    Нема потреба некој да биде осудуван затоа што е дебел, или некој затоа што е преслаб.
    Секој си знае каков товар носи на грбот, низ што поминал и како го поминал тоа.
    Ни една девојка од тука не е дебела претерано, значи да си дебел до тој степен да е болест.
    Значи, 15 до 20 килограми ќе се симнат без никаков проблем.

    Овој пат за мене никој не знае дека сум на диета и дека вежбам, освен тука на форумот.
    Нека ни биде темава пријатно катче да си ги делиме маките и да се олеснуваме и да си помагаме.

    А не да солиме памет кој повеќе знае или кој е попаметен.
    не ми беше таква намерата.
    некој може да вежба некој не.
    некој јаде премногу ама вежба и слаб е, некој не јаде многу не вежба и слаб е.

    Постојат милион типови на луѓе, и исто толку типови на метаболизми и начини на слабеење.

    Девојки сме, со иста мака. Буцки, срцки. Се ќе биде добро.
    А на крај краева совршенство не постои.

    ___________________________________________________________________________________________

    Инаку мене ми текна уште нешто, може пример обемот да си го измерите сега и да го запишете а и килажата, и после не секој ден мерење пак, туку по некои 15 дена за стварно да има резултати а не разочарување.

    Еве јас сега го кркнав ручекот, ориз со патлиџан, малку сирење и кришка црн леб.
    Би можела уште да си кснам ама решив дека е доволно.

    Па ќе си чекам вечера. :)
    А до тогаш вода :)
     
    На Doozy и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Значи, за да постигне успех, треба и да се жртвуваме....зарем не е така во секое поле. Ако сакам да положам испит ке учам, и нема да излегувам. Ако треба да ослабам, нема да јадам толку и тоа што знам декае ме здебелува...и многу др примери...
    Најпрво треба цврста воља, мотивација и малку поддршка.

    А лишувањето од омилената храна е и те како потребна во текот на било која диета, се додека не се постигне очекуваниот резултат, инаку се паѓа во вода. Е откога ке се постигне, тогаш може да си дозволиме малку задоволство но и тоа контролирано. Не треба да дозволиме стрвоста да не победи.

    Имам многу другарки кои јадат што ке им посака душичката, и кога сакаат, и немаат воопшто вишок, и искрено на времето им завидував поради тоа, ама сега сватив дека јас не сум од тој тип. Морам да сум по дисциплинирана и да наоѓам задоволство во помалку калорична храна
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Дефинитивно не оди никако со она - касни си се' што ти сака душичката, умерено. :^)
    Ехеее, душичкава моја колку работи сака, дури и од се' по малку, сумирано на крај ќе излезе - многу. :D

    За почеток, јас дефинитивно го отфрлам сирењето.
    Подоцна, ако оди добро, ќе почнам да се наградувам, но сосем малку.
    Зашто сирење ставам во се' - во салата, го јадам со варива и манџи, со компири, ориз, сарма... уживам во сирење.
    Можеби не ме убива количината на сирењето, колку мешањето со сите групи на храна.
    Сирење и риба - кога дечко ми виде каква комбинација консумирам, шлог ќе го мавнеше кутриот.
    :(

    И боза. :(
    Ја сакам, ама што е многу, многу е, 1л=1000 калории. :^)

    Сирењето и бозата , газираните пијалоци и лебот од старт ми одат на црната листа.

    Инаку, соиното млеко во прав е здраво и убаво за пиење.
    Една чаша има околу 127 калории. Додавате неколку гмечени јаготки и имате супер шејк кој од 10-11 часот, ќе ве држи заситени до ова доцна попладне за ручек. :)
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Трендафилке, зошто и сирењето ???
    Јас се давам во него ... сега малку го намалив и само за ручек и вечера јадам ама го обожавам.
    Штетно е?? и калорично ??? :?:

    Леб полека отфрлам, сега сум на кришка црн, а криза за благо ме нема мавнато сеуште. :tmi:

    Газирано отфрлив. :)

    Пмс наближува, се надевам ке смкнам сили да не грешам душа многу. :)
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    и јас се давам во сирење и пак слабеам ... :?: абе свежо кравјо (не во ќесе) има 80 калории на 100 грама
    A јас обично јадам сирење со 220 калории на 100 грама!
    не знам, кога сум на диета јадам сирење :rofl: е не можам без него!
    gazirano i alkohol ne pijam nikogas :)
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Да и сирењето не е баш препорачливо во диети,и јас многу го сакам со се го јадам.Во книгана ми пишува дека можеш ниско калорично да јадеш,во мало количини :doh:
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Па сега штетно... :?: , во нормални количини е дури и полезно, калциум за коските.
    Калорично? ДА.
    Помалку калории има само младото кравјо сирење, ама тоа е меко и недоволно солено, па не го мирисам баш.
    Јас одев по логиката - пробај да се откажеш од она во кое најмногу уживаш.
    За некого е благо, за некого месо или тестенини, за мене е тоа.
    :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  10. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    уххх дечки, помалку со сојата и соиното млеко....не е толку здраво како што го рекламираат. 90% од сојата е генетски модифицирана. Ај да не образложувам многу што и како за сојата, само гледајте да не ја конзумирате. Подобро 1 чаша кравјо обезмастено млеко, отколку гмо соја , преработена, и тоа во прав. Многу е штетна за млади луѓе кои се наоѓаат во репродуктивен период.

    Не сакам да солам памет, но ова ви е најдобронамерен совет, па кој како сака нека го прифати. Секој си знае најдобро за себе. Мене лично ми е страв. Е кога ке имам деца и кога ке остарам може и ке ја конзумирам.
     
  11. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    180
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Имам и јас едно 5-6 кила вишок кои сакам да ги изгубам. Знам дека со умерено јадење и повеќе физичка активност бргу би ги отстранила. :)


    Арно ама имам еден проблем:
    [​IMG]

    Имате ли и вие кризи во тие денови, или само јас сум ненормално гладна и ми се јаде на секои две секунди?? :(
    Многу се нервирам, целиот труд ми иде залудно. Многу ми е тешко да се контролирам, и ми се чини ако не каснам нешто благо (читај цела чоколада :tmi: ) ќе умрам. А после благото добивам напад за солено, и се така во круг :worried:

    Некој совет?? :wasntme: Како да се издржат кризите?
     
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    јас не сум на диета ама ве подржувам морално :D :D :D
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Погледнете ги слабите девојки околу вас. Зошто тие да се слаби, вие да не сте толку слаби?! Зошто тие можеле да ослабат, што се тие повеќе од вас?! Апсолутно ништо. Кога поминуваат, машките да се вртат по тие послабите, а вие кон своето сало, епа не. Иако има машки што сакаат облини малце, а не коски ама јас не зборам за костур-анорексичните туку се просечно слабите, со по некое салце, ама не многу. Зошто тие да изгледаат топ, да им стои и одговара се, а вие не?! Нема да може. Зошто тие одат во теретана двојат од денот 1 саат за фитнес, или трчкаат на кеј, а вие не?! Одвојте, нема да зажалите ! Можете ! Поддршка ! (море, ќе се придружам и ја на групава кај и да е, осеќам, само ај). :wasntme:
     
  14. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Fierce пополни си ја секоја секунда од денот со некое хоби или урнебесно добра книга што нема да можеш да ја оставиш ни за во вц :lol: Ама :!: немој до тебе со книгата да имаш кеса грицки па несвесно да се полнип со непотребни калории!!

    И незнам колку често вежбаш и дали вежбаш, но јас по себе знам дека имам грижа на совест ако се прејадам (ама зборам за прееееемногу јадење, зошто реално јас јадам многу, за разлика од повекето девојчиња што ги знам, само што среќа повкусна ми е здравата храна па нема никакви последици, ама па тамка ми е навикнат организмот) додека вежбам и си се тешам дека трудот ќе се исплати! Ама затоа па има периоди кога неможам да отидам на пилатес или на кеј (а дома сама да вежбам сум мрза) и тогаш кога јадам си викам ај кога ќе почнам пак да вежбам ќе го стопам јадењево што се таложи. Знам дека тоа е шок за организмот ама така е... Затоа физичка активност секој ден и максимално пополнето време и гледај да не јадеш додека ги извршуваш нормалните активности и јади цело време на едно исто менесто!

    Нели знаеме дека креветот не треба да служи за ништо освен за спиење и секс, да не го претвараме во работна маса, да не сме со лап-топ во него за навечер кога ќе си легнеме телото да знае дека треба да се одмори... Јас истото го применувам и за трпезариската маса! Строго само таму јадење и никогаш надвор (освен доруек на факултет ама па мора да се јаде ќе умрам до дома :) )

    Ве подржувам сите што се обидувате да слабеете, но никогаш нема да оправдам нејадење чоколадо на диета!!! Џабе толку внимавање кога еден ден ќе дојде роденден, свадба, прослава и оп торта и тогаш што?! Ќе ја игнорирате, ќе се измачувате самите себе?! Затоа јас јадам се нормално и секој ден и никогаш не сум била на диета! Ако мене ми се јаде во мементот чоколадо, а мајка ми ми рече земи овошје ништо не сум постигнала, после овошјето пак ке ми се јаде чоколадо и безпотребно трупање храна во организот! Можеби не сум идеално стегната и со перфектно рамен стомак и мускули што се познаваат ама барем мешето е среќно! :D

    А ако ви треба друштво за вежбање ви стојам на располагање ;)
     
    На fierce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Хехехе и јас сум на диетааааа, ама ете денеска татко ми ми донесе чоколадо, не можев да му одолеам. :)
    Мора да го симнам овој вишоков на мене, МОРАААААМ... откако тргнав на факултет и си фатив дечко се здебелив.... Сега сум решена да ги намалааааам па што сака нека биде, сега ја мислам чоколадава што ја изедов... на совест ја носам :D
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    (Морална)Поддршка за оние кои сакаат да ослабат :)

    Подобро на диета, отколку да јадам, да бутам и пак слаба. Чинам дека од прва година сум ваква,никаква.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.174
    Допаѓања:
    156.600
    Е така споив со веќе постоечка тема.
    Трендафилка,соино млеко дебелее и покалорично е од обичното,плус обичното е извор на калциум кој го помага слабеењето.

    Јас денес изгорех...ксна си од ручокот по дома и тоа со леб.Ама пилатес не скокнав...совест ме убива сега ама тоа е ... од утре пак.

    А и ова,зависници од сирење...масно е премногу,затоа не е во ред да се јаде за време на диети,а и оние со холестероли и слично,ама затоа имате супер поздрава опција,урда.Јас сум обожавач на секакви сирења,ама сфатив дека треба да ги намалам,сега си терам со урдичка и добро ми е.Не е идеална замена,ама најдобра и најздрава.Не е масна,па дури и во диети некои е вклучена,најчесто под името младо кравјо сирење,а се мисли на урда.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Па добро е добро е, оди некако мојава диетичка :) 7 килограми за еден месец на здрав режим на исхрана и физичка активност.
    Ајде уште 3 месеци поактивно и топ! Морам да издржам! Во септември кога ќе им се појавам ќе се онесвестат овие оговарачкиве :@ Но секако, првенствено за себе и својот личен живот го правам сето ова :)
     
  19. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    За малку ќе се онесвестив, неможев да се смирам и изедов синтагма, буденик, јогурт, цреши, пуканки = 1200 калории. :(
    Од утре пак на диетата на ирена, морам 2 кг. да намалам!
     
  20. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    и јас, и јас сум за тука! :D 10ти ден турбо УН= -2кг(убавооо:)) без физичка активноста, ама ветувам дека ке почнам деновиве и со тоа...

    се надевам дека ке ви се фал(к)ам повремено со резултати :D