Вагана моја сеуште не се мрда , ама ги гледам нозеве, поточно бутовите баш вчера пред да се бањам, и што ќе видам од под тоа салцето ѕирка мускулче . Целата се израдував и одма на брат ми му вртам му кажувам(пошо и он е со мене на истата диета, до душа он е поише на вежбите отколку на диетата), а он онака ладно ми вика „Е добро де“. Е тука ми идеше преку телефон од земја да го акнам. Денеска зимам онаа лента за мерење од кај чичко шнајдер и се мерам околу стомак во висина на папок и излегува дека сум дури 3цм потенка . Ова баш ме охрабри. Идеме уште 8 недели!
Прееска откако ми светна нешто, имам не видена мотивација да вежбам и да се воздржам од јадење глупости . Во септември ќе биде ин јор фејс бејбе Нема везе, најверојатно не ме разбирате. Него сутра на репертоар за јадење имам соја. Соја ми се јаде бре, од кога ја мислам. Нели варена, па печена во рерна на фолија без масло. Со салатка некоја. Што би рекла Алачки сега - мх, мх, мх На пладне вежбав на орбитрек, ризикував со клима, се надевам само дека утре не укочена ќе станам. И прееска еден саат зумба. Утре со нови сили - во нови походи
Имам неколку кг за симнување но никако неможам да ги намалам. Пробав неколку диети но ниедна неможам да ја издржам ми се лоши, ми се врти и уште што ли не... апетитот отсекогаш ми е голем и читајки ве некои од вас како во текот на денот јадете само салати, овошје, зеленчук ви завидувам јас ако немам леб со секое јадење неможам да функционирам. Знам дека се е навика но ете јас неможам никако да се одвикнам од леб и од јадење навечер... Ако не јадам одма ми се лоши..Како да си го навикнам организмот на помалку храна или кажете ми некоја храна за намалување на апетитот ако знаете???
Јас за утре да си напрам планот предвреме Ќе појадувам рибанче лебче со кремче. Ќе ручам шта кучи би, без леб. И ќе вечерам јогурт со краставичка. И чесен збор давам ќе правам кардио вежби.
Анабелке морам да те прашам.... дали некогаш те фаќаат кризи за јадење и како се справуваш со нив? Како што читам низ форумов еднаш или двапати дали си ја прекршила диетата во толку месеци Пред да станеш мачкица од диетава имаше ли голем апетит или што е работава? Мене кога ќе ме спопукаат кризи ништо не ме запира
Свити, сега ќе ти ја откријам тајната како се справувам со кризите. Не, шала на страна, нема никаква тајна тука, него стварта е во тоа што јас кога си бев така дебелка, во гро план, со 102 килца (тоа беше јануари, февруари - месеците кога си го достигнав мојот врв и воедно кога се освестив дека е време да превземам нешто во врска со тоа, додека Ун-диетата ја започнав со 94 кила), имав многу префрлувања за мојата килажа на моја сметка нормално. Имаше денови кога бев тотално разочарана и воопшто не ни излегував од дома. Го знаете она, седиш дома, јадеш и не се движиш. Погрдни имиња фрчеа на сите страни и дофрлувања од типот слон, мечка, буша (ова и ден денеска не знам што значи)и што ти знам јас друго. Типично за неизживеани средношколци. Колку и смешно да звучи сега, мене во тие моменти ми беше многу тешко, светот ми се уриваше. И сега едноставно не сакам да се повтори ситуацијата, и баш ради тоа во постот погоре пишав во септември сакам да им ја затнам муцката на сите кога ќе ме видат. Постигнав многу, сабајлево се мерев имам 69 кила и поголема мотивација од ова амин!Така да, кога и да ти текне на јадење, едностано помисли зошто го правиш ова? Зошто редуцираш со храна, зошто вежбаш? Кои се твоите цели?
^ Aбе ретки се децата како тебе од 100 и кусур, да ја стигнеш 6ката за неколку месеци, е тоа е упорност и карактер дете младо
Анабелке ми стана Идол дефинитивно значи мора да издржиме заедно сите има и јас имам многу вишок килограми и се трудам некако да намалам со јадење , а да ја зголемам активноста и да речам има резултати оти мешко таралешко полека се спласнува а вагата покашжува само -2 кила ама нема врска битно е дека гледам разлика кога ке се погледнам во огледало мислам редно е кога ке се погледнам во него да бидам задоволна нели
Најс грл знам како ти е. Јас на почетокот на режимов на исхрана и вежбање буквално имав биполарно растројство. Од што внесував помалку калории од претходно цело време бев нервозна, лесно избувнував, час бев добра, насмеана, час бев нервозна, иритирана и му се дерев на секој што ќе ми прозбореше нешто. Мој совет ти е да не го исфрлаш одма лебот и благото од исхраната, туку полека полека намалувај го се додека потполно не го исфрлиш или го сведеш на минимум. Јас така направив и еве сега од 4 кришки на јадење сега јадам само 3 кришки цел ден. Не е тешко само треба да си упорна и постојана
Браво за Анабела Сакам нешто да кажам во врска со издржувањето без јадење. Се е во главата во мозокот, значи за да почнеш искрено да држиш диета (без зафрканција) прво и основно да имаш некоја поставена цел. И кога ќе помислиш на таа цел ќе издржиш, ако толку многу ти се јади касни нешто салата, овошје ќе ти помини гладот. Треба психички да се подготвиш тоа е најважно и тоа не беше лесно во мојов случај, не бев кизнеј колку дебела, ама мене многу ми сметаја тие плус кила и неможев да си се поднесам. Е сега оваа пролет се запнав малку повеќе од порано и резултати веднаш има. Несакав да бидам како лани летото цело време да кукам, а ништо да не превземам за случајот и си ја зедов работата во свои раце И јас неможев без леб и тоа бел си јадев, понекогаш вечерав некогаш не, јадев и благо, е сега ништо од ова го нема и еве жива сум а и не ни помислувам да каснам, а после 6 нејадам ништо. Навика е. И кога ќе застанам на вага душава ми се полни и јас велев нема шанси ова нема шанси она па ете успеав. Сега само во тоа ми е паметот, во слабеењево, и ако не извежбам ми е криво многу и затоа гледам секој ден да правам нешто да ми речеше некој дека јас можам ваква да бидам (упорна) пред 2 месеци ќе му се изнасмеев ама се можело. Поздрав девојки.
Утрово не почна баш најсјајно, односно не успеав да станам порано за да трчам. Искрено не верувам дека некогаш ќе можам да ја стекнам оваа навика бидејќи имам потешкотии за станување наутро и секогаш полесно и подобро функционирам попладне или навечер, па затоа сите физички активности ги оставам за тогаш. Денес доручкував 2 праски и 1 јаболко, имав пренапорен ден и не мислев воопшто на храна. Дома вечерав 1 чинија пилешка домашна супа и 2 парчиња пилешко месо на скара. Одолеав на сладолед, два пати денес. Од физичка активност решив да ги почнам вежбите на Fitness Blender заради тоа што траат долго и не морам за секоја вежба да пуштам ново видео. Забава и пот колку ти душа сака во рок од 40 минути. Не знам дали е до времето само што е топло или до тоа што мене гостинкава ми е 2 ден тука, ама маста ми излезе од вежбиве. Буквално. Јас сум вежбала многу повеќе на Орбитрекот, ама ова е некако поинаку. Издржав храбро, во најголем дел од вежбите или процентуално 90/100. http://www.youtube.com/watch?v=Um0zT1s8fPo Бидна и туш, чашка јогурт и сега малку напнатост во мускулите. Толку од мене за денес.
Мене кога ми се јаде ова време отварам прозор, доле има бурекџилница и печат ова време, па ко ќе ми замириса, се наситувам. Озбилно. Него, денеска бев на лекар крв да испитам и хемоглобинот ми е 103. И онака слабокрвна бев, ама претходниот пат 108 мислам дека ми беше, сеа треба сирупи, чуда и врагови да пијам. Че си умрам од диетава.
Мераци сум од кога никна лубеницава... Од сабајле неколку парчиња ќе кркнам и една праска. За ручек похувани тиквици, најубаво нешто и приквечер пак лубеница. Ете како ми помина денов и во ниту еден момент не почувствував глад. И секако, вежбањето е веќе ритуал.
Фала ви на сите за пофалбите и поддршката, многу ми значи. Инаку, мене ме дотолчува тоа што останувам до доцна навечер, а вежбам од сабајле. Да знае инструкторот дека не спијам доволно готова сум...
Ништо не иде како што си замислував и вака тешко да ослабам,ама ај ке се трудам.Вчера изедов 3 мали праски и една чинија посна супа и се прејадов и таа грешка не ја правам пак.А пак завчера изедов еден постокал и еден постокал исцедив и го направив како сок со вода (без шекер) и изедов 2 јаболки.Па што ми стана бе мене?? Од денес повнимателно,бидејки вака немозе.А за физичка активност вчера трчав,и играв кошарка едно 2 саати,на почетокот не ми се играше,ама напнаа другаркиве да играме па да играме и ете битоно везбав.И да за овие 10 дена имам ослабнато 2 кила помалку,сега имам 63 кила и мн сум среќна. Е сега 2 се зшто на почетокот ја дрзев Ун диетата и затоа,ама веке нема.Се надевам за една недела иако не ми се верува дека ке симнам барем уште две па после за неколку дена уште едно и да бидам рамно 60 кила. И да да ве прашам.Смее ли кога си на диета да се јаде на ден по една или две чинии посна супа или?
Само пешачење, евентуално трчање и без вечера! на овој начин ослабнав 5 кг. за 2 месеци. не вечерам повеќе и пешачам многу. вода по 2л. дневно и се друго нормално.
Денес за појадок јадев малинки и една краставичка Ручек ќе имаме турлитава,зелемчик,витамини убавини а за вечера-ништо Сега правев вежби за стомакот,а поручек ако не трлчам ќе ги правам на Doozy и за нозете.Стомачето малце по малце почна да ми се намалува,ама нозете ајде се надевам ќе биди