Јас веќе туна на топлово не помирисувам, нема теоретски шанси. По цена да останам гладна, да не скинам ни еден грам, не јадам веќе, готово, крај. Значи до толку па, гадноооооооо. Двапати неделно имам риба, ај за викенд може да се испече или слично, ама во работниве денови, јас официјално ја заменувам со две јајца и шопска. Рибетини, бљак, порано мака си немав, сега како трудница некоја сум, мрш. Ај поздравче, одам во походи по вруќиниве.
Нема никаква врска ти можеш да изедеш и 10 ако сакаш и пак ништо нема да ти биде пошо со овошјето и зеленчукот внесуваш многу малку калории, а за телото да ти функционира правилно и да не ги „јаде“ мускулите наместо мастите ти требаат најмалку 1200 калории дневно да внесуваш, а тоа се мнооооогу салати ако сакаш преку овошје и зеленчук да ги внесеш. За да знаеш од прилика колку калории си внела оди на myfitnesspal.com (странава ја имаа ставено еднаш овде ама се изгуби низ постовите) таму имаш free calorie counter треба само да се регистрираш, а имаш и што вежби си правела и други работи.
http://www.youtube.com/watch?v=uB_ejT_D ... r_embedded Еви ви џенски едни вежби за стомачни, од фитнес блендер се (истата страна од на Дузи вежбите), 25 минути траат во 3 рунди истите вежби.Лесни ми дојдоа мене, без проблем ги направив, ако сакав можев уште една партија ама ми се здосадија едни та исти вежби. Иначе денеска for breakfast: 1 банана, 1 праска и 2 кајсии во вид на овошна салата, + капучино со млеко. Што да правам не можам да се откажам од капучиново, ептен убаво ми доаѓа.
Дечки не знам дали е ова диетално,ама ваљда да. Но ме мачи каква е таа кокосова вода. Ок,млекото од кокос си е млеко во кокос,ама водата? http://interesno.com.mk/zdravjeubavina/ ... na-kokosot
После 3 дена на милост и немилост на храната и менструален циклус, се враќам на патеките на вежбањето откако 2 дена одев ко препарирана од вежбите постирани од Дузи. Mоите листови плачеа и јас заедно со нив, потскокнував, потклекнував оти не можев нормално да се движам. Cега знам, не се форсирам, не одам до крај и ако едвај дишам. Kолку - толку. Hе сакам пак листовите да бидат во мртва положба. A ја многу чуден човек сум, жалам ова тука што го пишувам, но морам да си се исповедам. Hе е убаво на темава да зборам колку сум стрвна за јадење и дека си сакам да си каснувам, и дека не можам да се лишам од храна. Eте намалив на едно лепче со оброк веќе со месеци тоа го правам а целосно да се откажам просто не можам, мене јадењето ми е сувопарно ако е без леб, некогаш јадам еднаш дневно, некогаш 3 (сметајќи и вечерното јадење ). Hе сакам да се откажам од убавината на храната, а сакам рамно стомаче. Oвие 2 работи не одат во корелација. Hе е дека сум подуена, ама си имам салце, ама тоа е. Дома немам вага, а последен пат кога се мерев беше крајот на февруари/март (не се сеќавам баш) и бев како и секогаш 46 кила, иако се осеќав подебело. Aко успеам нешто да постигнам до таму почетокот на август кога планирам да одам на одмор - ок, ако не - пак ок. Пред да одам ќе се измерам, па ќе видиме. Bи се дивам гледајќи колку сте упорни и истрајни, јас просто тоа не го можам. Или не сакам . . . 3а мене само Tренди ми е спасот, по дома да ми се моташ. Kога ти ги читам мислењата посветени на луѓето кои прибегаваат од диета и си додадаваат нешто ново во неа, си викам секогаш: `Kако не си ми дома ваков режим да ми спремаш`. Блазе си ви!
Кокосова вода е течноста од незрел кокосов орев, пред да се направи млекото. Препорачливо е да се пие директно од кокосот свежа, ама по Америките ја продаваат флаширана. Баш пред некое време читав за предностите на водава, ама не верувам дека кај нас може да се најде.
Душе,јас меѓувремено купив 100 грама кокос и го лупнав у превриена вода! Сега ја ладам и ќе пијам,ич не ми е гајле! Кога више нема,ќе експеприментираме! Ова ќе му дојде ко чај од кокос! Епа не живеам во Папуа Нова Гвинеја кокос да си имам во двор!
Кажи дали ќе е убаво откако ќе пробаш, освежително ми звучи. Нароси и малку кокос во чашата за полично да е ко на сликава. Spoiler
Душе,абе еве го татко ми ми рече,сме имале кокос позади у двор,а и банани, да сум одела да си наберам дур не дошле мајмуните да ни ги соберат! Масовно ме тролаат по дома значи! И јас мислам дека ќе е вкусно и освежително,а и може ќе пушти нешто од тоа хранливото,кој го знае! Леле само експериментирам нешто,еден ден ќе ме читате по весници, Лилит загина во нејзината кујна-лабараторија како резултат на погрешно смешани состојки! А и не би ме чудело таа американска измишљотина по сличен принцип да е правена. Кај во едно кокосче да има 100 мл вода, па колку кокоси ќе треба да наберат за да наполнат еден куп лименки?! Мех,они со мене! Леле ете ни уште една бизнис идеја! Ха!!! Само да не оној газдана на Зегин чуе,па да ја донесе како со Клеопатра шеќерната паста!
Си закажав на 18 јули, на одмор ќе одам. Конечно и тоа бидна . Сеа си викам да се враќам малку по малку на нормализирање на исхраната, да не му дојде бум на организмот, тука не јадам, а таму да си го пунам стомакот. Ќе си продолжам јас пак со диетата, ама некако да ја олеснам, зошто страв ми е, тука јадам праски за доручек, таму палачинки со крем . Денес пак ќе пешачам со километри и си реков не можам да вежбам, а у осталом и немам време. Касно станав, па јадев, па дур да ми спадне тоа дојде време за ручек и еве сега у 6 саат треба да излегувам од дома. Ако здравје боже стигнам порано дома ќе земам една рунда кардио да направам, ако не здравје. И утре е ден .
Па и овие од вебсајтот, нашле нешто превеле од интернет а не проверуваат дали може да се најде кај нас, колку да не’ залажат. Од друга страна ете ти корист - Лилит излезе со нов здрав рецепт. Плус сигурно ќе пушти нешто хранливо кокосот, и јас ќе направам чајче, само кажи дали ќе има вкус воопшто. Еве едно линкче, и за слабеење била добра. http://www.thehealthbenefitsof.net/2012 ... nut-water/
Само јас ли немам болки од вежбиве на Дузи? Денеска мојот појадок бидна леб со крем и овошниот сладолед шо си го правев сама. За ручек чинија грашок и едно рибанче леб. Лебчево не ми требаше ама ај. И меѓу ручекот и појадокот си турив гревче на душата со едно крем бананче и коцка чоколадо, ама ќе се онесвестев за благо, јебешга. У сметка на тоа, вечерата ќе ми биде филџан млеко. Вечер ќе се потам со кардиото, па ќе видиме...
Just for the record, вежбите на Дузи ги постирав јас во темата уште почетокот на јуни, така што мои се, па колку сака детски нека звучи ова Се немам мерено, си вежбам стандардно, си јадам умерено и задоволна сум горе долу како изгледам. Браво за сликите и напредокот на Трендафилка и Анабела- девојки само напред, а другите ја имате мојата поддршка.
Јас продолжив со вежбиве на Сесилија и Дузи Денес сум жива само од печените компирчина и какаото утрово што го испив.Изедов сега едно морковче па мислам и една краставица на ма’нам. Иначе се само во едно место стојам бре луѓе,стомакот со исти величини Се мерам само од систематски преглед на систематски преглед Можам да се пофалам дека ме собра фустанот што не ме собираше подолго време,можеби сосила,ама и сосила не ме збираше последниве години.Тоа ми е некако „напредок‘‘.. Порано кога не внимавав на исхраната послаба бев,сега ем внимавам ем накачам килца Идем даље со салати и здрава храна Газирани сокови ми се чини скроз откажав,се немам еден месец напиено,благо само кога ќе ме фатат кризи А уште малку ќе почнам јогурт да м*чам и компири да с*рам
Ова мојов експеримент е успешен и вкусен. Кој поднесува кокос,може да се почести со ова! Дал на психа ми мава,ама гладна бев ко пацов,сега некако не сум!
Во новиот каталог на Рамсторама (патем другачке Лилит минуска за овој пропуст - нели го имаш по дома?) точно на средината од каталогот, во аголот најлево има МАСЛО ОД КОКОС. Мислев прво дека е некој козметички продукт, ама пишува - * придонесува за правилна функција на тироидната жлезда * содржи лауринска киселина 50% (како во мајчиното млеко) * помага во лекување на кандида и други габични болести * ја регулира телесната тежина и метаболизмот * го намалува ризикот од срцеви заболувања * ја подобрува состојбата кај дијабетичари * дава енергија и помага кај хроничен замор * ја подмладува и храни кожата * го намалува холесторолот Пишува дека е 100% органско и со картичка Рамстор чини 320 ден, па пробајте, можеби ќе направи разлика ова враже.
Ау па знам бееее,кај ми промакнува мене ова?! Ама пијалок бе Трендафилче,мразче и уживанција! Палмино масло мене ми го фалат многу,исто за диеталци е супер. До душа исто од кокосова палма е,ама ова се прави од палмата баш. А ова кокосовово сакав за на одмор да си го купам,да се мажем на плажа! Денес Тедико листав искрена да бидам! (шала на страна мислам дека е ова некоја компулсивна психичка болештина! ) И ево: http://www.livestrong.com/article/24840 ... ight-loss/ http://www.livestrong.com/article/32974 ... cellulite/ http://www.livestrong.com/article/42096 ... se-weight/
Не ти е никаква психа драга, кокосовата вода е многу здрава и заситува итекако, мене ми е ептен вкусна, дури и од оние дртави кокоси што ни ги шиткаат по маркетиве, многу е вкусна и освежува, другачка ни Бијонсе ослабела со вода од кокос. Инаку денес прочитав вака, пред вежбање, една банана, дава енергија и ги собира сите киселини во желудникот кои ви прават да ви биде тешко додека вежбате, мене често пати ми се десило насред вежбање да ми се згади и мислам дека ова има логика, плус тоа, бананата ко да не сте ја изеле ако потоа вежбате. Јас морам да се пофалам, више месец дена сум без шејк, јадам најнормално и немам качено ниту едно кило, се осеќам исто така фантастично, втор циклус по ред го поминувам без Кафетини и витамини Сакав да кажам дека јас килограмите кои ги изгубив ги немам вратено сеуште иако не пијам шејк, ако некој беше скептик дека ќе има јо-јо ефект, ете ме мене, ни грам повеќе.
^ Абе ова е ванаби кокосова вода,хоуммејд! Затоа не сум сигурна баш,баш околу нејзиното дејствување,ама КОКОС Е КОКОС! Мене оддамна кокосот ми е препорачан ради друг проблем,ама коа ќе видиш едно со друго оди! Што е Бијонсе,што сме ние?! Исто сме бре!
Ејми стрпи се малце маче, ќе си дојдат резултатите, ако правилно си работиш на работава ич не се коси. Организмот ти се привикнува, и затоа ти дава вакви лажни сигнали, не му попуштај. Иначе да и се извинам на Сеси, јас не сум ги забележала вежбиве претходно, да не ми се лути. Иначе кардиово го вежбав, и 50 стомачни смотав, и други трчанки, се осеќав уште енергично и така максимум се испотив. Денес сум вежбала највеќе до сега, и затоа ќе си се наградам со краставиче за вечера.