Леле луѓе, ја држам ун 11 дена, и вежбам секој ден и само сум 3 кг ослабена ... се нервираммм, неможам да издржам, си мислев повеќе ќе сум ослабена се разочарав в крај
3 кила за 11 дена е малку? Дај не претерувајте, не знам што сакате вие за 20 дена да симнете 10 кила? Здраво слабеење е умерено слабеење, добро ти оди продолжи така
Јас имам уште 20 кила за симнување, неможам да се поднесам, некому 3кг му изгледа многу а јас воопшто не се осеќам како тие кг да ги нема од мене, не чуствувам промена ни сантим во облеката ... а премногу стрикно се држам до диетава, досега ја немам прекршено... и вежбам урлам секој ден по 1 сат...ми се плаче, очајно сакам да ги тргнам овие килограми од мене до септември
@Marbella, не се разочарувај па ти така лесно, не си ги качила тие 20 преку ноќ, нема ни да ги симнеш преку ноќ. Супер ти оди, 3 кг за 11 денови, јас со УН првите 15 или 17 денови не симнав ни грам. Па не ја прекинав, еве ме, се ближам до 50тиот ден од диетата и одлично оди. Не кревај раце така лесно, не се фрустрирај, полека, без нервози, олабави ја психата, тргни ја вагата, не ја користи некој ден, продолжи со вежбање и уживај си. Јас моите 20 килограми вишок ги расправам од ланскиот септември, ме мрзи да ја оправам сега детално мојата диеталска голгота, ама со последниве 6-7 за симнување, ќе ме фати точно една година како се оправам со 20 килограми. Вие сакате за 1 месец малтене, па не оди... бидете малку реални.
Еве ја, кај си ма Сесилија? Си најдов тегчиња. Земи си ги, не ми требаат , и онака не можев ко човек да седам на газот цела недела. А гледам и цела Фемина кенка и оди на криво и лево. А, бе, ако треба за тебе и на шишињата Роса со песок внатре ќе пишеме Сесилија (C), проблем ли е. На темава, имам сила за трчање и ми фали вежбањето. Сега пак морам да одам да си земам сукњи за кратење, иначе право од автобус, накај Прилеп ќе фанам со трчање. Дополнителна информација, мевот ми е смален. Дали од жешкото и секојдневното траќање наваму натаму, дали од режимот или од третманите, еден Господ знае. И приметив дека колку повеќе се замарам, толку повеќе ништо не бидува. Затоа, ќе гледам да не ве читам, да не мислам на тоа, олабавувам психа, не забегувам веќе и да видиме дали тоа ќе вроди со ефект. Едит- еве ја и Трендафилка со истиот совет.
Дузи што ти бараш накај Прилеп? Ако мислиш за на пивофест,тогаш заборави на режимот едно добри 4 дена Нема да одолееш на мирисот од скарата Џинџер да се надеваме дека ќе има резултати во блиска иднина,како и да е не се откажуваме Лилит ја има во поголемите маркети таа кокосова вода? Едит:Си ма‘нав една најголема краставица нелупена ,сега одам да вежбам
Јас пред 2 години симнав 10 кг. ама во период од фебруари до јуни некаде и бев 54-55 кг. Без физичка активност. Диетата ми беше слична на УН, само што за вечера јадев само салата. Една година ја одржував килажата и после се здебелив 5кг. и баш супер бев зошто со 55 кг преслабо изгледав. Арно ама дојде матура и учење па си накачив уште 5. Така што мислам дека здраво слабееш и сосема доволно е за помалку од две недели да си 3 кг ослабена.Можеби сега не забележуваш промена,ама ќе видиш по облеката за уште две недели. Не се откажувај. Само продолжи така,одлично ти оди.
Јас си го најдов лекот за мене Тврдо рмбање Баш сакам да се измерам да видам колку сум ослабната, најмногу сум среќна што доста ми се познава во лице и не сум онаа топка во фаца што бев пред два месеца Spoiler сите од Америка се враќаат поправени јас манекенка
Лилитке смеј се ти, мајка ми у моето славно јужно гратче израсна банани и урми, и тоа вистински, да не зборам јапонски мушмули, лимони, портокали, мандарини и уште еден куп други медитерански овошки и зеленчуковци
Доручкував мусли,па правев вежби за стомак,па ручав таратур па после пица ( ) ,и после накај 5 ипол каснав сладолед,и сега вечерав две кришки со џем од капини,и чаша млекцееее. e многу здрава исхрана денес,шо да ви кажам.
Не сме се разбрале. Планирав да одам за Пивофест, ама не одам. На Лепа Брена гревој да правам, нема, не рмбам ко коњ да одам таму да локам пиво. А ќе ме набуцкаат, а ја таква, одма се набуцкувам, вака седи си трај си дома. Мислев накај Прилеп зш кај што планирам да трчам е локален пат по кој се испаѓа на автопатот за Прилеп.
http://sky.mk/life/26295.html?task=view Женски еве како и секогаш доказ дека не треба да се изгладнуваме,туку само да избереме правилна исхрана и да сме физички активни што повеќе подобро за нас. Така да не гладувајте бидејќи тоа не е нормално за организмот.Тој си бара се ,но во умерена количина секако. И месо дури иако знам дека не се препорачува,но пак ќе кажам во одредени количини се е убаво за организмот. Јас вечерва праев кардио на Doozy да си здрава и жива се преродив со вежбите и за стомак плус.За доручек каснав едно лепче слабо ,морав дека излегов на жешково ,за ручек турлитава,значи мноогу зеленчук,а за вечера една кајсија и половина краставичка.
Ја лубеница се накркав едно 4-5 парчиња прееска и сега да се домочам неможам, 3 пати мочав од тогаш и пак ми се моча. Па денеска може да се рече дека бев на (скоро) овошен ден, освен што изедов едно ресанче, четврт виршла и капучиното. Вежбине што ги постирав ги правев и едно 60 степ ап на клупа направив. Па доста е за денес. :geek:
Ве молам кажете ми некој што ја држал оваа диете со пилешка супа дали стварно се слабее 5 кг за 7 дена и дали има ефект ? dieti/dieta-so-pileska-supa-5-kilogrami-za-7-dena-t11491/
Моментално чекам да зоврие вода, па да истурам едно пакетче кокос. Малку сум скептик околу ова, ама не сум жива ако не пробам Вчера кога ве читав мислев дека варите кокосов орев и ја додавате и водата што е внатре во него, ама вака е дефинитивно полесно. Поради шеќерната паста, побарувачката на шеќер одамна е зголемена, сега се очекува да се случи истото и со кокосовото брашно. Газдата на Макс Струмица ни на сон не сонил дека толку ќе му се зголеми продажбата
И со мали измени денес, успешно помина мојот појадок. Изедов пола кроасан и еден ред чоколадо, и се прејадов. Ручекот ќе ми биде компирче со ориз и супа. И за вечера ќе мавнам една чаша јогурт, доста е. Него глем мешко ми се собира се повеќе и повеќе, ајде, ќе биде работава.
Кога ве читам ми иде да си бапнам една жешка. Браво девојки, вежбате, диети, режими, а јас, јадната, во сладолед се претворив. Дневно по еден макар. А ретко на еден останувам. Пици и слични ствари на мени . Ко гладните од африка сум, сал јадам . И на плажа сите слаби и затегнати, а јас раскашавена како зимскиот снег . Од септември планирам, со аеробик, протеински шејк и диета да се ставам во ред. Таман за зимото. Не сум нормална знам, сите во лето слабеат, а јас во зима . Ама сега немам инспирација, башка со гости сум и стално сме на вечери. Е они пици, јас трева ли да јадам . Не оди така .
Јас денес слабо со кардиово. Една рунда и 50 стомачни. Не сум некако расположена, се изнервирав денес, башка многу ми е жешко. У секој случај дадов се од себе. Утре ќе појадувам овошје дефинитивно, и ќе си зготвам нешто најверојатно. Ќе излезам од сабајле да попешачам колку-толку, и ќе вежбам повеќе од денес. Вечерата од утре ќе биде чаша јогурт, и така.. Во недела планирам малце да се прочистам, па ќе појадувам овошје и ќе бидам цел ден на вода или евентуално некоја зелена салата ако ептен не се додржуе, оти жешково заебана работа е, не ми е баш верно за прочисталки вакви. Можеби понатака некоја поцврста од оваа, за почеток една со зелени салати. И така... О, ќе заборавев. Решив до наредната среда да не се гледам у огледало, си имам едно малечко за лицето. Подобро се чувствувам така.