(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    ^ А да си земеш со здрава исхрана и вежбање да ги намалиш тие 5 кила? :^)
    Еве на пример Диетата на Ирена ти е всушност еден начин на здрава исхрана. Комбинирај ја здравата исхрана со вежбање и ќе добиеш одлични резултати.
    Многу ме нервираат диетиве 5 кг за 7 дена. Може и ќе ги симнеш, ама после 10 ќе ти се вратат.
    Според мене подобро оди си на сигурно :)
     
  2. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Тие диети 5 кг за 7 дена не се добри..со јојо ефект се и одма се враќаат.

    А јас денес не вежбав :D Решив да ги одморам малку мускуливе,ама :!: затоа после решив да играм на музикаааа,да џускам малку.Читав дека и тоа е добро за обликување тело ..
    Линкче од некоја брза песна за играње? :)
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Денес излегов од дома во 10 и еве дури сега влегувам. Сакам да си направам сама со себе ,,да пукне,,, како издржав храбро, се гордеам. :D

    Не ми се јадеше сабајле, и си исечкав три кајсии и две круши во едно кутиче. Ова е многу добра идеја, ќе почнам да ја практикувам почесто, ем појадок, ем здраво е. Се мезев по пат, заедно со половина литро јогурт. Отидов кај братучетка ми, таму скрнав чинија и половина супа и едно Нескафе, ајде, пуштив душа, налет.... после на третманиве :rofl: , од таму си каснав една банана. Си испив литар, литар и пол вода отприлика плус.

    Еве дури сега влегувам дома, требаше печурки... Ама дека ме знае продавачква во супермаркет, ми шепна да не зимам печурки на жештините :puke: , така да, останува вечерва да јадам едно варено јајце со шопска. Затоа што стварно немам душа и морам малку да се пауер ап.

    И си купив купаќи, троа повисочки од страните да ми го фанат салцето. А ми се смалил меот троа, добро е, добро е.

    Утре овошен, пак ќе го истерам како денес, јуначки. :) :D
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jадам по 6 јајца, по 3 од оброк, секако комбинирани, дали пржени со домати, со урда, варени, печени во микро, пржени на око, омлет, печени со урда и пиперки, пржени со пиперки, домати урда, значи секако ги комбинирам, јадам шопска со малку сирење, и навечер чаша јогурт :)
    јајца, домати, јогурт, сирење,урда, краставици, пиперки и маслинов зејтин- само со ова се хранам :D и добро оди
    и така и ќе си продолам, татко ми ми вика, јади јајца и кокодакај :D
     
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Налет сите маки и трчања деновиве, мене стомаков ми се потсрамнил :wasntme: Што од немање желба, што од немање време, а и жешково фала богу ми ги уби сите сетила за мирис и вкус па се ми мириса на спалено и скислено, освен кајсии и вода на друго и ретко да ми текнува. Класично вежбање немаше, ама имаше барем едно стопати само вчера слези-качи се по скали, пешачење едно добри саат-два денот, така да не лежев, убаво си се движев. Си пијам по едно нескафе наутро, леб заборавив како изгледа, денес каснав три мини кроасанчиња и вечерва изедов една банана. Повеќето на благо ми беше денов. Плус прееска си ги пробав купаќата гаќа, и едните што лани ми беа таман сега малце сакаат да се врзат :wasntme: Јеееј! Уште да можев наеднаш целосно да го срамнам меов, како што сакам јас, супер ќе беше, ама битно полека ги снемува мазниците и можам да се потпогледам на страна во огледало без д атреба да го продолжам :wasntme: :rofl:
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.910
    Мене па смешно ми е некој коа ќе рече здрава исхрана и тоа е спасот... Ахам. Па и она горе во диетата што го читам скроз е здраво и доволно за јадење,не прегладнување,на коњ си. А у осталом, здравиот начин на исхрана, е скап за нашиот стандард. Опфаќа и јаткасто овошје,сурутка,протеини, егзотични овошја и преголема прецизност во се што се внесува во телото.
    А у осталом со здрава исхрана откако телото ќе се навикне, што сакаш прави,нема да слабееш,макар да се содржи од 500 калории на ден.
    И јо-јо во секоја диета има,чак што више и со УН,знам и такви кои споро враќале после истава и такви кои за еден месец ги качиле. А со УН пак често и не се ни слабее после првите два месеци од причина што телото се навикнало и бара нешто друго,како повеќе изгладнување или поинаква физичка активност,како што вели горната диета, треба да се шокира телото. Другар ми ослабе 20 кг, требаше уште да слабее, не можеше,качи 5 за да се стави пак на ригорозна диета од која ќе може да симне уште 10-15 кг,со тоа што се врати на стариот режим,мораше да направи шок на организмот,да јаде нешто што не јадел претходно. Зошто со еден режим,телото само се приспособува и ја наоѓа својата стабилна состојба во која оптимум користи се она кое му го внесуваш,колку и да е малку. Научно докажано кое не може да го побие ниту една од овие диети. До душа научниците ќе ви речат, не гладувајте или гладувајте два пати неделно или здрав режим кој ќе трае долго време,а знае да биде страшно демотивирачки зошто по некое време не губиш кг од горенаведената причина. Па не знаеш што е уствари најдобро,ама најдоброто за тебе ќе го најде само твоето тело и метаболички процеси кои у принцип функционираат вака,се прилагодуваш. Има среќлии кои јадат многу и пак се слаби,е токму од овие причини! Нивното тело е научено да троши онолку колку што внесува,а тоа се должи и на фукнција на ендокрини жлезди и забрзан метаболизам во клучен период на животот.
    Така што... Сите сме тука наводни нутриционисти со тоа што баратаме со калории,јагленихидрати,протеини и масти,а не гледаме на тоа како телото всушност функционира.
    На крајот,ако еднаш си се поправил,цел живот ќе се бориш со килограмите,во превод тоа значи повремено гладување и шокирање. Припаѓам во оваа категорија и откако мирно го прифатив фактот, полесно функционирам и ги разбирам нештата. Хедонизирање е во ред,не дека нема,ама ќе има и бате глад.
    Трендафилка веројатно нема да ми се лути,ако ја земам за пример. Зошто кај неа е успешна УН диетата?! Затоа што претходно беше на протеинска,на други изгладнувачки диети од кои престана повеќе да губи килограми, со УН на почетокот не симнуваше,но потоа симна,затоа што за телото беше нов режим на кој почна да реагира. По некое време,после УН диетата,ако повторно се врати на протеинска диета,ќе изгуби одеднаш повеќе килограми зошто повторно ќе му направи шок на телото. Ете толку едноставно.

    Јас сум од тие што порадо би гладувале,отколку би дубеле со долгометражни диети. Ми требаше време да симнам многу килограми,сега варирам како секој нормален човек,а имам поспор метаболизам,далеку поспор од здраво тело,но цаката е тоа што јадам еден период нормално,тогаш може да качам некое кг, потоа малце гладувам,веднаш ги симнува. Никогаш не сум го навикнала телото долго време да ми биде на еден режим. За да не варирам треба постојано да гладувам,а тоа е лошо и фрустрирачки,па најдов некој свој оптимум. Но сепак,ми треба психичка подготовка за тоа гладување кое и не го прифаќам со некоја добра воља секогаш. И тоа не е гладување,тоа се чинија мусли за појадок, ручек се варено, риба или пилешко,варени,да гадни се,ама јас не пребирам,се научив па вкусни ми се,варен зеленчук, вечера салата,морков со јогурт, белка од јајце спржена на нелеплива тава или варено јајце само белката што ми е измачување,мразам белки. Мене психички ме истоштува и раздразнува секоја диета, не би можела да се замислам на 90 дена константни планирања на ручеци и вечери,да ми биде ориентир за било што,кога на крајот ќе се сведе пак на истото,пак ќе ги вратам,па што сака нека биде. Повеќе од 56 кг не сум надминала веќе две години,а знам да ги симнам и до 51. Не нагло,ама по топло ладно,по килограмче,тук-таму,ќе се стопат,па ќе се вратат. Ама тоа не е така со сите, здраво тело долго време ќе може да си ги држи стабилни килограми. А да напоменам имав многу килограми,кои беа шок за претходно многу слабо тело,а ги симнав баш со ригорозни диети лека полека,не од еднаш,ама медицинската го зададе последниот удар.

    Јас сум страшно многу против УН диетата,особено ако се практицира како диета. Прво е демотивирачка, второ, луѓе со повеќе кг може да изгубат само во одредена мера само затоа што се шокираат во прво време,па слабеат,но потоа им останува уште за губење,но никогаш трајно нема да ги изгубат тие килограми. И како начин на исхрана за луѓе со нормална тежина која сакаат да ја задржат е добра,ете така нарече здрав режим,што и не е многу здрав кога немаш секој ден избалансирана исхрана. Ко што има многу поборници за истата,има и многу контра. Не е начин кој луѓето со многу килограми трајно ќе се решат од проблемот.
    Сите оние сликички кои ги гледаме пред и потоа, се постигнуваат со јадење на се во вистинско време. Се надевам дека ќе ме сфатите најдобронамерно и како што треба. Многу имам дубено и читано за ова,зошто долго време ме измачуваше,заради мене,а дополнително беше што имаше и идиотки кои се ситеа на мојот проблем кој дојде буквално преку ноќ.
     
    На Annath, SkarletOHara, Ariel и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Hе сфатив што сакаш да кажеш, добро е или лошо е еден режим да си тераш? :$ :rofl:
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.910
    Лошо е АКО сакаш уште да слабееш. Затоа што се приспособува телото и почнува оптимално да го распоредува она што го внесуваш. Па ни слабееш,ни се дебелееш,стагнираш. Ако сакаш да одржуваш тежина, тоа е ок, ама ако сакаш да слабееш,мораш нешто да промениш. Затоа се трудам да не одам ригорозно долг период,зошто ем ќе се приспособам и нема да ми успева,ем ќе ме мучи. Сепак,жив човек,нема да ме убие скара на пример и нормални оброци. Сега долго време не сум се ставила на режим,имам 56, ама не изгледам за толку зошто вежбам веќе 10тина месеци без паузи,ама мој број е 51,сепак си имам малце лав хендлс.

    И заборавив да кажам. Од тоа што читав,во последно време најмногу ја препорачуваат Палео диетата после завршување на процесот на слабеење. Не гуглав на македонски,ќе побарам,ако има ќе го ставам тука,ако не ќе преведам. Ма да мислам дека и се слабее од истава,зошто на неколку групи е поделена и доминираат протеините и зеленчукот,ама секако,во прво време се слабее,а потоа е здрава за постојан режим,за одржување.
    http://paleodietlifestyle.com/paleo-101/
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Tаа палео мислам дека е слична на Aткинс, демек да се храните ко тие од палеолитот :D плус со Oвошје!
    Cум ја држела Aткинс дури 2 недели, ем не ми е убава, ем не уживам во нејзе, ем не ослабев :)
    A јас со еднолична диета слабеам, дури и другарка ми доста симна со јајце диетата :D
     
    На eleonor44e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.910
    Абе од јајца најубаво се слабее коа ќе се тутнеш на режим, ама јас развивам алергија,цела сум ко со сипаници. Во медицинската имаше тро јајца,малце се направив точка,ама не толку. Ти многу ги лапаш...јајцата! :D За доручек,ручек и вечера у различни комбинации! :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    E фала богу, јас немам проблеми со алергии и холестероли :D уште тоа ми фали :)
    па 5-6 ги јадам, порано и повеќе :D
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.910
    Ај од утре ви се придружувам. Денес ми се изместени оброците,не дека јадев многу,ама сепак,ред да имам.

    Патем Дузи да се јави со извештај од третманите ако ги завршила,како е задоволна?!
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.208
    Допаѓања:
    258.553
    Во право е Лилит, и јас после неколку диети дојдов до истиот заклучок.
    Првиот пат кога ја држев УН ослабев доста, и издржав 66 дена од причина што две недели не бев симнала ни грам. Стагнирав.
    Потоа, не одма, ама може и година имаше, ја држев на Цеце, и осалбев. Но до идеалната имав уште. Плус кога ќе прекинам со диета, не знам да се контролирам и секако ќе ставам уште некој кг на мене. Зимата ослабев најмногу, од Аткинсот. Ја држев 18 дена. Буквално се стопив. Ама и се разболев, со што морав да јадам за да се оправам. Пиев витамини и се хранев повеќе и пак 64 кг.
    Ја започнав УН со 66 кг. Стигнав до 63за околу 20-тина дена, и за по два дена да качам еден килограм. И ја прекинав. Од причина што ме демотивираше и се чуствував дека многу јадам и дека нема да слабеам.
    После две недели откако ја прекинав диетата, сеуште имав 63/64 килограми, а јадев многу. Претежно сладолед и готова храна. Ништо здраво или готвено. Многу ретко.
    Сега пак се осеќам поправено и не знам што да правам. А морам да ги симнам кг и да ујачам мускулатура, пред се заради здравствени проблеми. За жал, болеста ми е таква, што тежината ми е битна. Но тоа ќе биде после одмори.
    Знам дека мора да е нешто ново, па се мислам за Хербалајф. Но се плашам да не го зафркнам пак желудникот. За прв пат после долго време јас немам проблеми со него.
    Не знам колку е здраво чудово, ама знам дека морам конечно да ја средам тежината, оти и болкиве не се трпат.
     
    На Lilit и ludoto19 им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jас Jуле мислам дека така ти оди, зашто ти си на диета, па пауза, па пак на диета, треба долг период да си на диета, да ти дојде до промена на метаболизамот :)
    Pеално од 20 дена не се слабее, па ни месец, треба најмалку 2 месеца да е човек на диета, саглам да ослабе.
    Hе сме се дебееле за 2 дена, ете јас 4 месеца ме фати да се здебелам 15 кила, а јадев ко за 3ца
    па ме фати толку долго да симнам добар дел од нив :)
    Hе значи дека јас нема веќе да не јадам брза храна, или чоколадо, ама се знае, 3 пати на ден јадење ко нормален човек.
    да живеам на јајца и треви цел живот тоа никако :D
     
    На JuLleE и anabel-a им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Сега баш и кажував на Лудото за третманиве. :D

    Реално, и јас морам да признаам, ме истанчија и се приметувам во обем дека сум смалена. Завршувам во сабота, ми останаа уште најглавните, еве така да ги наречам, две кавитации и две гипсани одела. Е сега, според мое мислење, улога имаше и третманот, ама и режимот, и овошјето, и водата, а богами и секојдневно кланкање по горештините. :)

    Тоа што мене не ми се бендисува е што еве точно една недела како не вежбам, и се сеќавам некако, хм... Нецврсто, незатегнато, лабаво, тегаво. :^) Одвај чекам од недела да се активирам, пешачење, трчање, тегчињата, ма се. Ми минеа на грбот со БХС апарат и одма ми се пушти кожатаа, малку ми висна. А можда и јас си замислувам, мајка ми вика дека халуцинирам. :geek:

    Како и да е, на мене имаат ефект оти сум од тие големите цуци. :D Од мене се истопи речиси половина литро вода од цимет врапингот, и имав темно кафеава вода на првиот детокс спа. Денес водата беше бела. А тие со 50кг, 55кг, па еве и 60, не забележуваат некакви промени, баш им го слушам муабетот. Мислам, нема што на нив да се истопи, или од кое сало тие сакаат да се препотат или која вода да им истече од телото. Знам дека и ти си тука негде со килажа, затоа ти кажувам, веќе не си губи време таму. Терај си го магаренцето со билките, чаевите, кокосите, си имаш своја рецепта. :D

    Јас би одела пак, можда не вака во горештини, туку ако бидам пак година во Скопје и повторно има евтина понуда. Во сабота ќе ви кажам точно сантиметри изгубени и слични интересни податоци. :D
     
    На Lilit, ludoto19 и anabel-a им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.910
    Епа и различен пакет сме имале. Ама могуче е,јас најмногу одев за целулитот,ама на тоа па ич не ми помогна, а тоа што се осеќаш свиснато е зошто течностите ти ги извадиле и останало само салцето кое е памучно меко кога не е *нацицано* со течности. Не знам,јас искрено скептик сум,мислам дека тоа што си ги тераш диетиве,најмногу ти помогнало. И така кога омекнуваш да знаеш дека почнуваш реално да ги топиш мастите. Ми нема логика сето ова,не знам.Како со потење топиш масти,пот е пот,ветер и магла ми е,ама кој знае. Ама сега штом си дошла до овој стадиум кога ќе почнеш да вежбаш,особено кардио,ќе видиш колку брзо ќе симнеш некое килце.

    Јас па многу се потев,ама па пијам многу вода,ама сега ми е кожата дехидрирана на бутките и стомакот,никогаш не ми била таква,само се мачкам,ето видиш. Изгледа сум била инглишмен ин Њу јорк.
    Ајде нека има ефект тро,па дал е од тоа или од диети,сеедно,кажи искуство со кавитациите кога ќе ти поминат,на другарка не и помогна за целулит,а танчење на нозе,да ама неа и се витки,ама со ова,ете така,ги затенчи,особено од внатрешноста на бутовите.Ако имаш ти целулитче,кажи како тебе ќе ти има ефект,различни луѓе се во прашање. Само искрено ти препорачувам ако имаш меше,немој на него туку само по нозете. Зошто кавитациите стварно топеле масти,ама кожата нема време да се собере толку брзо,особено на стомакот,па се појавувал тн мафин топ,меко и свиснато ткиво. Така бар имам читано и коа бев јас кажуваа девојки од туѓи искуства. Прогуглај околу ова малце,види како мислиш.

    Јуле,дур држиш диети арно ќе ти биде омега 3 и б витамини,ц витамин,калциум и магнезиум да пиеш,за да не ти слабее имунитетот. Кога ќе ми каже некој,пиев б витамин и се здебелив. Да,може го зголемува апетитот и од јадењето се дебелееш,не од апчето.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Lilit убаво го напиша тоа погоре, ама сега чаре? Изгледа дека цел живот ќе мора де се бориме со кг и тешко дека ќе излеземе победници во таа борба. Значи најлошо е што си дозволив да ги качам кг и сега нема назад така се чувствувам. Не знам како си дозволив, да не се правдам ама многу стрес ми се насобра во тој некој период од година година и пол и додека се свестив кај сум и што сум не смеев да се погледнам во огледало. Многу е лошо и што луѓето што те знаеле како послаба личност те гледаат со обвинување како да си направила смртен грв што си накачила кг. Не знам зошто ама живееме во опшество во кое дебелите луѓе немаат право да живеат :worried: Навистина како со одбивност се гледа кон некој што е подебел дури несакам да си поверувам какви коментари слушам од луѓето :puke: (не лично за мене за некои подебели со повеќе кг) Па и сите тие иронични прашања, вежбаш ли, шетај повеќе не можам да ги поднесам. Најлошо е што многу повеќе пазам на исхараната и многу повеќе сум активна од луѓето од кои идат такви коментари ама ете природата ги создала такви да бидат без трошка мака, и да можат да се ситат на туѓата несреќа, ако може да се каже така бидејќи на дебелината се гледа како на инвалидитет. Ако на некој не сметаат неколку кг плус зошто на другите околу него да му сметаат, или и да ми пречат мене тие кг. треба да се само мој проблем зошто јас треба да ги носам на мене, мене ми предизвикуваат проблеми со здравјето зошто околината толку се замара со тоа :fubar:
    А уште нешто што ме вади од такт се следниве коментари ... аа ти си трудна.. не не сум... аа си ама криеш..
    е кога ќе ги убедиш дека не си... ее мисли треба деца да раѓаш, јас со 50 кг останав бремена 30 кг се поправив... :envy:
    Не јас не мислам на ништо добро е што ми кажа, и плус овие коментари доаѓаат од небитни луѓе. Значи имам блиски луѓе со кои се зборува на оваа тема, ама оние другите дај нека ми се мавнат од глава веќе
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.208
    Допаѓања:
    258.553
    Лилит јас постојано сум со витамини, дел од терапијата ми се.
    Отвараат апетит, ама ако не јадеш нема да се здебелиш. Контрола му е мајката.

    Се мислам за хербалајфот, штетен ли е?
    Заклучив дека најмногу слабеам од месо, односно од протеини, ама неможам да јадам јајца како Лудото. Само пржени ги јадам, а тие не се за диета.
    А може и некој од овие купоните ќе купам, немам сила повеќе за диетите, иако ми е кристално јасно дека цел животот морам да внимавам на исхраната.
    Ах да можев да трчам и да вежбам фитнес, сега ќе немав вакви маки.
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ме мрзи да цитирам една форумџика горе која ме предизвика да прочитам што сум рекла вчера за денес, и дали сум го исполнила. |( |( Само ќе кажам дека сум си исполнила се што од вчера сум си планирала за денес. ;) Тоа што предвреме си планирам што ќе јадам и како ќе си го организирам времето не значи дека само блаботам на празно, сигурно имам сериозна намера чим сум дошла на темава. |(

    У осталом, вчера си повежбав така умерено, си ручнав умерено, супер изоди денот. Ко ме фаќаат кризи седнувам и си се шминкам. :rofl: Си ставам тушеви и карминчиња, си правам фризури и денсам, и заборавам на кризите. :rock: :wasntme:
    Вечер ќе вежбам, многу жешко јебемлига. Од склет не ми се вежба порано од 7 саат. Ќе се воспалам. :emo:
    И така..

    Денес појадував маргаринче со вегета, едно рибанче.
    Ќе ручам гравче,без леб, сама си го спремив уште вчера, и ќе вежбам вечер. Вечера нема, кога вежбам покасно само вода ме тера да пијам.

    Енд ај фил грејт. Си стекнав навика да си се хранам вака правилно и да си вежбам, и без кардиово тешко ми мине денот, па и на 10 минути да е, скокам и со последни сили. :devil:

    Пукнете ваги и онакви за мерење струкови, ај ем соу гана геч ја. :P
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Не знам колку е штетен но убаво размисли дали сакаш да почнеш со него, како што заглавивме со диетиве еднаш на диета цел живот на диета така ќе заглавиш и со него. Ако си спремна цел живот да го користиш слободно земи си, ама ако организмот ти се навикне на него после кога ќе го оставиш не знам колку ќе смееш да почнеш со нормална исхрана, и нормалното ќе биде многу за тебе. Баш пред некој ден го видов девојчето кое пред година дена ми го нудеше да го купам, таа дистрибутер и го користеше абе од задоволна позадоволна, па и косата и ноктите целата сјаеше од него-вистина. Ама сега знаеш колкава беше па да не претерам ама 10 кг минимум имаше + на себе. Не го користи веќе шејкот од хербалајф.