(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.208
    Допаѓања:
    258.556
    ^
    И после било која диета, ако јадеш повеќе од што треба, ќе вратеш дупло.
    Тоа е проблемот кај сите диети, ретко после која нема да вратеш макар и еден килограм.
    На мене повеќе ми е дали е здрав, бидејќи јас ќе го користам во комбинација со аеробик.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.620
    Допаѓања:
    109.003
    Пол:
    Женски
    Драга и покрај тоа што веќе неколку пати имам пишувано за хербалајфот, сакам повторно да ти одговорам, знам дека звучи многу глупо сега ја да ти тврдам ама има факти, а тие се, јас за два месеца пиење шејк ослабев 10 кила, еве месец дена како не го пијам и ослабев уште 5, да, да, јас не го пијам па ослабев. Шејкот е полн со витамини и минерали, составот и процесот на изготвување е сличен како и во приготвување на витамините, не ми се веруваше но ја прочитав статијата на еден доктор нобеловец кој работи за Хербалајф и се изненадив, позитивно. Јас ослабев, ноктите ми се ојачаа, косата престана да ми паѓа, немам повеќе страшни менструални болки, месецов и минатиот го поминав без никаков лек, мојата борба со најозлогласената бактерија заврши успешно, јас повеќе дури и не осеќам никакви симтоми, а верувај ми од силните лекови кои ги пиев против неа и неколку месеци подоцна јас осеќав мака, сега веќе немам никаква мака. Шејкот се препорачува и за деца, и знам многу деца кои се на избалансирана исхрана поради една или друга причина и пијат шејк, познавам лично и човек кој со дијабет го пие шејкот, цимерката успеа да ги излечи полицистичните јајници само со пиење шејк и здрава исхрана, никој не и веруваше, дури и тироксинот го стави во нормала без никаков лек, таа ние најголем поборник за здрав начин на исхрана без лекарства и ете ја успева, а успевам и јас, ете веќе некое време не пијам никакви лекови, дури и главоболки немам повеќе, немам болки во стомакот, ниту пак желудник ме фатил, немам никакви проблеми. Не сакам да те убедувам, не сакам никого да убедувам, доволно ми е што самата се убедив и што сега живеам здраво и изгледам здраво, секако имав одлични примери, две девојки кои година дена пред бременоста ослабеа многу и изгледаа одлично, ете веќе неколку месеци по бременоста изгледаат фантастично, здраво, дури и со шејк во текот на бременоста нивните бебушки се супер, а мамичките изгледаат како Холивудскиве тетки, за мене е доволно кога ќе се погледнам во огледало да кажам, ете успеав, сега одам понатака, уште десет и конечно да го облечам мојот омилен фустан во мојата омилена боја (балски фустан во бела боја-погодувате? :lol: )
    Е сега некој погоре имаше кажано, вечна ли ќе биде борбава, вечна ќе биде. Мојата мајка е чист пример, од жена со одлични пропорции и изглед, во менопауза се претвори во вистинска буцка, не внимаваше на храната, си јадеше секакви работи и се поправи доста. Ете, нема никогаш да прекине борбата, дури и на 50 мора да внимаваме, исто како со едно цвеќе, ако го полеваш и чуваш и негуваш тоа ќе биде убаво и ќе изгледа убаво.
    Ни посакувам среќа на сите нас, да постигнеме она кон што целиме, понатаму останува на нас дали ќе го одржуваме или ќе заборавиме на макотрпниот труд, јас гледајќи од оваа перспектива никогаш повторно не би си го дозволила тој луксуз да качувам и симнувам килограми.
    ;)
    Едит: Скарлет, последниот дел од постов е буквално совет за твојата пријателка дистрибутерка, ако се вратиш на стариот начин на живот и ќе се вратиш и на стариот изглед, да бидеме реални, ниеден продукт нема да те ослабе а притоа да си кркаш хамбургери. Здрав начин наисхрана, тоа е пред се, и пред шејкот и пред сите диети :!:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.208
    Допаѓања:
    258.556
    Знам, повеќе пати ми објаснуваше, ама јас имам доста патено од диети па затоа ми е страв и прашувам по 100 пати и на некој начин сум и досадна :) .
    Мислам дека ќе го земам, ама после одморот. Секако со комбинација од здрава исхрана и вежбање.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.620
    Допаѓања:
    109.003
    Пол:
    Женски
    Секако, мое беше да ти одговорам, сакав од една поинаква перспектива да ти одговорам, значи јас не сум од оние дистрибутери на Хербалајф кои заработуваат преку продавање и работа со Хербалајф, јас досега немам купено ниту еден шејк за некој друг, не настојувам, сакам луѓето самите од мене да видат дека делува, дека е здраво, а сите искуства ги имам лично видено, не да ги слушнам или да ми ги каже некој. Секако познавам и такви кои прекинале, се вратиле на стариот начин на исхрана и си ги вратиле килограмите па и нешто плус, но како што реков, нашите килограми се токму од стариот нездрав начин на живот, ако се вратме на него ќе го вратиме и стариот изглед, не треба да гледаме на диетите и овој начин на живот како на краткотрајно решение, туку како на долг процес со кој коренито ќе го смениме организмот и метаболизмот за да после успееме макар и да се додржуваме оддалеку кон она што сме го постигнале. Погледни ги овие успешни диети, Ун на пример, долготрајна е, затоа е и ефикасна, според мене оваа диета е вистинската, за оние кои сакаат да држат диета секако, за оние кои се залажуваат ова не е вистинската диета, сите останати диети, 7 за 7, 10 за 14 и слично се инстант решение, пред одмор, а кога ќе се вратиме од одмор се соочуваме со невиден јо-јо ефект, кој започнал веќе на некоја од шведските маси на хотелите во кои престојуваме или во Гиро продавничките. Јас знам навистина добро што колку треба да вложиш за да успееш, сум се обидувала одново и одново и додека не сфатив дека нема брзо решение за долг рок немав успех. Се што ти е нејасно слободно прашај ме, воопшто не си ми досадна, напротив драго ми е да ти одговорам ;)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ај исповедта за денес :lol:
    Доручек-едно варено јајце и една краставичка( секој ден ми се на мени тие :D )
    Ручек-Гравче со салатка
    Вечера-ништо или ептен ако ми се пријади ако излезам ќе си купам кочан-пченка
    ЌЕ слезам пешки-тоа е негде околу 40 минути одење,па нема да правам денес вежби некои или можи само кардиото на Doozy :D
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Вчера цел ден ништо ен јадев, освен на слава што бев и си к'снав таму стекче, плескавица ово, оно, сокче и бунарче дури една чаша си пинав. :D :tmi:
    И така, да се искупам од вчера денеска мислам ништо да не јадам, само на вода, вежби ако имам време, ама стомачни сигурно ќе направам.
    Од утре пак по старо. :)
    Иначе да се пофалам, фармерките година ипол што ги носам и точни што ми беа константно, сега гледам широчки ми се малце, во спојлерите исто ослабната сум малку, каишот за едно дупче го поместувам, целулитот почнал да се намалува. :wasntme:
     
  7. b.u.b.i

    b.u.b.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Може да ми објаснето за каков шејк се работи, за што се пие и какви резултати има?? Сакам да симнам некаде околку 7-8 кг па ако може да ми објасниш :) благодарам
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам колку калории има во една чаша растворен сок, земајќи во обзир дека јас го правам со многу малце сок, и еден куп вода. :D
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.773
    Допаѓања:
    162.910
    Многу.
    Ако више ти се пие сок,степ е одличен избор.
     
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Тенкју Лилит. Ќе сврснам тогаш едно парче лубеница, додека се снабдам со степ. ]:) :D

    Јас ради стрес денес наместо кардио, завршив со апчиња за смирување, па ќе паузирам.
    Со оброците супер поминав, ќе се држам со вакво темпо. За драстични резултати уште е рано..
     
  11. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ми направе сок од моркови. :smirk:
    Иначе девојки малце избегнувам од режимиве,на пивофест знаете :geek: Не ми се има ни салам јадење видено дома,спијам до 15:00.Ај ќе поминат уште 3 дена,после малце построго.Немам ич ни повежбано,разочарана сум али затоа после ќе си надокнадам се.Не се откажувам :!:
     
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    За изминативе неколку дена немам некој специјален рапорт да пишам - стандард орбитрек, салати, овошје, летни јадења ...

    Него не најдов соодветна тема, па викам ај тука да прашам. Решив да почнам да користам маслиново масло, наместо она обичното. Е сега, кое е најквалитетно а да нема цена што ќе вришти? Искрено, 500 и кусур денари не ми се даваат за него. |( Знам за тие поефтинките од 100 и нешто, дека и не се така квалитетни, наводно мешани се со други масла, со цел квантитет да се зголеми, а квалитетот не е на завидно ниво. Препорака некоја? :D
     
  13. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Јас утнав малце деновиве со некое топче сладолед, иначе се уште вежбам и ист режим на исхрана, ама пуста душа не попушти пред сладоледот, а и многу жешко беше.. :sweat:

    А да прашам, посолените лешници се многу калорични?
    Ми се јадат одамна ама не знам како стојат со калорите :?:
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Ахтунхг мачиња! Најдов „воден“ сладолед од само 61 калорија! И е преубав! Посен се разбира!

    [​IMG]
    Ваков е, од Нестле е ;)

    Повелете, засладете се :*
    ______

    За Палео Диетата - еден пријател ја држи веќе 2-3 месеци и е многу задоволен. Ја држи диетата како и што е напишано. Истовремено колку може вежба. Последно ми кажа дека во рок од пред 3 недели до сега ослабел 7 кг (значи не сметајќи ги изгубените кг од првиот месец...)
     
    На LivingGlam, Doozy, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jуле мор, смее пржени јајца, ама на малку зејтин, Hе да пливаат :D
    Aнабела абе види, маслиновиот е поздрав од обичниот, ама слични се со калории, сега ако ти е за калориите, подиетален е 5%, мене од грција ми го даваат зејтинот :) по цели канти :D

    гингер земи си цитрони и цеди си ги, најубав сок свеж, ем топи калории, јас од денес го ставив во употреба, по препорака на Aнушка Hестле, степот нема калории, ама ти е чиста хемија :)

    и тоа деца денес јадев 2 варени јајца со шопска за ручек и за вечера исто :)
    Hе се мерам зашто сум во пмс, па подуена сум цела, после некоја недела ќе се мерам, малку споро иде, цело време слабеам во струкот :lol: Cпојлерите малце така, и во нозете малце, највеќе во струкот и стомакот
     
    На anabel-a, gingerchild, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    А Лудо пиперките ги проба :geek: :D Чим нема акција реакција изгледа не ги бендиса :D
    Иначе јас денес паузирам од вежбање.Стомачето ми се намали уште тро ама сега со пмс ќе се зголеми :D Ноџињата машала почнаа по малце мускулче да вадат,да ѕиркат :rofl: .Спојлерите веќе ги нема,па ајде ќе биди секој ден повеќе и повеќе имам желба.
    И да Џинџер најдоброе да пиеш природно цедени сокови,степот е убав ,не е калоричен,но како што кажа и Лудото има мн хемикалии,па не е баш ногу здрав.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.773
    Допаѓања:
    162.910
    Еј сокче од морковче е тајна на многу спортисти во светот,ама без шеќер! :!: Морков е права ствар во диети,само јас многу,многу,не го сакам,ама со сила го јадам,морам!

    И да ви кажам една финта,за сите љубители на џанк фуд. Печена пиперка ја анулира желбата за сочен хамбургер, тост и слично.
    Откако ги има,ги откорнав од јадење. Си ги печам на плотна на шпорет,да не го правам лом на алуминиумска фолија некогаш.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Џинџер батали тоа соковите, јас две години веќе не ги пијам. :!: Без разлика, диета држам, не држам, не можам сок да пијам. Мислам дека од нив, дека како мала ги локав ненормално многу, ми е расипан желудникот и имам пролив од се живо и диво на моменти. Само се карам дома да не ги пијат, ама не ме слушаат. Сокот ти е најштетното и најнепотребното нешто, освен овие домашни миксови сами што ги правиме. А тоа 100 проценти овошје мовошје, како не, се е боја и шеќерчиња.

    А ми се пријадоа сега пржени чувчиња, уф! :emo:

    Арно денеска, истерав. Најдов едно јогуртче од Млекара Тетово, 25 денари, слично по вкус и калории со Битолскиот, тој зелениот. Е, па, пола литро, 35 денари. Пф. :D За 25 денари си купувам јогуртче и за 10 денари банана и на коњ сум. :rofl: Носев денес исецкана диња, ја држев во замрзнувач 2-3 часа пред да излезам, кога ја јадев по еве, не знам, 3 саата, уште беше свежичка. Си ја буцкав со чачкалица и мака си немав, полека, под сенка, си одев, си јадев. :wasntme:

    И најдов едни интегрални поим си немам што, такви житарици, нешто како Виталиа, само мене ми се поубави, интегрални се. 10 денари, на Био Комерц, има со Аронија и Брусница. Ме најадуваат, и со едно вакво се пауер ап денес на сонцево.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да се јавам на рапорт... ме немаше неколку дена, веќе сме кај моите во Охрид и видно, ама видно сум намалила и килажа и сантиметри. Ама ова моево не препорачувам никому, оти првите четири дена откако сум тука, ништо во уста не сум ставила, освен вода - немав апетит за ништо, поради една голема глупост што се случи. Ама тоа е веќе минато и во вторникот апетитот како да ми се врати, но успешно го контролирам. За доручек :D - секојдневно турбо пешачење покрај кеј рано наутро со малиот со количката до плажата Куба Либре, таму си ги брчкаме нозете во вода и после назад. Малиот за тоа време или јаде нешто или спие, а јас практикувам брзо одење со туркање товар :wasntme: , при што се трудам да одам исправено (а и правилното држење е многу важно, нели). Исто така и навечер пешачиме, ама порелаксирано малку (денес правам пауза).
    Што се однесува до јадењето - благо не јадам, леб само насабајле, јадам кога ќе дојдам дома (не се лажам да купувам од пекари), и воопшто не вечерам. Ако ептен сум гладна, може една чаша млеко или јогурт, ама тоа е се. Забите ги мијам за да не се излажам да јадам нешто, ама верувајте немам некој апетит, не толку од топлово колку од други причини, на кои сепак не им е местото тука. Сигурно за овие 5-6 дена имам симнато барем 3 кг и 3-4 сантиметри во обем. А одиме на уште повеќе :)
     
    На JuLleE, kate21, nela.oh и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    2 јајца и шопска за ручек
    после пак 2 јајца и 1 домат

    и сега 2 цитрона, не да ме освежија на нозе ме кренаа, а така сум тапа ради пмс.
    Oд утре и лубеница вклучувам во менито :)