(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Фала ви, за Витановата ме просветливте колку-толку. :emo:
    А денес за ручек сркнав едно кутлаче супа, едно единствено пржено компирче и две резанчиња патлиџан. Попосле ќе се потам. Оу јеа.

    Се на се, денес вкупниот внес на калории ми е 409 калории. Најмногу внесувам до 600 а се чувствувам најадено, енергично и имам сила да вежбам по саат - саат ипол. Се чувствувам одлично. 8)
     
    На lackygirl и anabel-a им се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Јас си ручкам такво секој ден скоро, морам за енергија, ептен дека вежбам. :D
     
  3. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Морав да ги сменам вежбите за нозе,ми се здосадија |( И сега правам едни исто на фитнес блендер траат 15 минути и после направив 40 чучњеви и не си ги осеќам бутовите,и многу ме болат !
    Се си јадам нормално,ама сега некако овие 2-3 дена почнав да јадам ситници :^) цело време само нешо јадам,ручак накај 2 саат и од 2 па до сеа испив сок од портокал и лимон (цеден),после земав 3 коцки чоколадо,па банана..што уште не.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    162.905
    Абе оно и 15 мин да правиш , ако се интензивни вежбите, супер е. И подобро е повеќе пати во денот на кратки интервали,а интензивно да се испукуваш. Има продолжено дејство. Ама пет пати да се потам и да се тушраим и пресоблекувам и све тоа...не,не.

    Изгледа има врска со тоа,дали си утрински тип или не. Јас на пример 2 саати откако ќе станам,спијам на нозе! :D Не трошам се уште енергија,хибернирам! :D Изгледа за тоа ми се слошува! :!:

    Јас вртам пола саат орбитрек,на тројка отпор,некое од овие видеава кардио, и после пилатес вежби за секоја категорија на мускули,ама сепак, секој ден на различна категорија на мускули се посветувам повеќе. И раце и нозе и стомак и колкови,ама на пример денес повеќе стомак,утре колкови итн.
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Жени, се вратив.

    Значи уште седам и се чудам како е можно. Не ми се верува.
    Ајде да ги споделам добрите вести. :D

    Стомакот, верувале или не, јас уште не верувам, подуен, очекувам да добијам деновиве, јадена, пиена со литар вода... Ми е намален ЦЕЛИ 12 цм! :o И на тие таму не им се веруваше, обично по 3-4цм смалувале за интензивен третман од 7 дена. Ногата ми е смалена 5цм, а струкот 4цм. Е сега, на раците не правев никакви третмани, а ми се смалени 2цм. Значи и диетата си има улога, и тоа голема. :)

    Друго што сакав да ви кажам, е дека мене стомакот ми е критична точка. Еве ме знаат некои феминки од тука, само стомакот и љубовне рачице ми се проблем и сакам да ги смалам. Да не си речете дека оваа којзнае колкава е чим слабее по 12цм, не сум 100кг, ама не сум ни 60, а никогаш нема ни да бидам толку. :D

    Ова е најлесното решение, нормално, ако имаш пари. :D Ова што го купив купонот беше роденденски поклон, фром ми ту ми :rofl: , патот пак јас си го платив... Да имав уште пари, уште еден купон ќе си купев. Па со режим, со мало подвежбнување, да видите каква ќе станев. :rofl:

    И кога нареден пат ќе ја видите Опи како дава изјава дека ослабела 20кг оти ,,го пронашла внатрешниот мир,, |( или Бијонсе како вика дека и го снемало целулитот од 2л вода на ден, да ви кажам една работа - ЛАЖАТ! Сите одат на третмани, сите ги мотаат со најлони и ги потат, ги масираат, ги тегнат и ги влечат за да изгледаат така како што се. Можам да замислам зошто холивудските ѕвезди се такви какви што се, имаат милиони фрлено на најсовремени вакви апарати и многу нормално дека ќе ни набиваат комплекси.

    Е, и тоа сакав да ви кажам. Ова не е за тие што сметаат дека зимово се угоиле 2кг, или обемот на ногата им е 25цм и мислат дека се дебели и имаат целулит. Немојте џабе да се комплексирате. Едно 30% од таму би пратила дома, да ги наранат убаво и да ги напојат со свежо млеко. :!: Немојте да мислите дека е можно да изгледате како Ким Кардашијан само со храна и вежбање (да, ќе изгледате, ако само на тоа си го посветите животот и не одите на работа, не учите и цело време вежбате како будали). Ние сме нормални луѓе, и се кладам дека половина од темава изгледаат нормално а мислат дека се свињи.

    Сакајте се луѓе, немојте кога сте многу блиску до одличен изглед, да се комплексирате за ситници како целулит кога кожата била стисната. На никој освен вас не му е гајле, верувајте. :)
     
    На Lux, JoxyTheFreak, kate21 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Браво бе Дузи, лепојка она. Бидна и твоето. Значи ќе пиеме кафица. :rofl: :rofl:

    Него, не можев да додржам и тркнав докај баба ми, безнадежна чисто да не ме копка застанувам на вага без никакво очекување, и сум скинала уште едно кило. Е на ова кило најмногу му се радувам, оти некако набрзинка го снема, у рок од кратко време за разлика од претходните две. :!: ^_^

    Вежбав, скокав, трчав, правев стомачни, се испотив ко меѓустакло на автобус, па ќе видиме како ќе оди работава деновиве. Углавно јас давам се од себе. И се слагам со Дузи, ако сте докај 55 кила немојте да се губите дека сте дебели и не знам какви и да се траќате ко будали.
    Има луѓе шо слабеат оти стварно имаат потреба од слабеење, а не оти си набиле комплекс.
    И кога веќе сте решиле да слабеете, уживајте во тоа. Во вежбите, во одбраната храна што ја јадете, бидете крајно трпеливи и истрајни. (ова со закосените букви е од дечко ми, он вака би ве посоветувал :rofl: )

    И уште нешто. За да решите навистина да слабеете не треба да мислите на тоа дека вака со 70, 80 и 90 кила сте грди. Треба да мислите дека сте убави, и дека го заслужувате тоа.

    Ајт. :wasntme:
     
    На Lux, LilBaby, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Те читам Дузи дека во обем си намалила 12 цм, и го земав тоа шивачкото метро да видам колку е отприлика. :rofl: И си викам - Иии, види ја ти Дузи 8) . Леле браво, најсериозно!

    А мене пак ме загрижува нешто.
    Како ненормална вежбам 6 дена во неделата, за исхрана да не зборам - внимавам највеќе што можам, уште малце ќе почнам како оние ,, 20 грама сиренце, 3 семки ... '' :D, а килажата веќе подолго време ми стагнира. И стварно ме загрижува и се прашувам да не правам нешто погрешно |(. Сакам уште 4 кила да симнам и да си ја одржавам тогаш тежината, ама гледам нешто не оди.. Се мислам дали да се ставам уште 2,3 циклуса на Ун-диета. :?:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Дејче бе, си излегла од тој циклус, дај си малце време организмот да ти се привикне, вежбај си, биди си умерена во исхрана па ќе видиш, почекај уште малце ако можеш. Кога веќе вежбаш и внимаваш на исхраната сигурно нема да накачиш, постагнирај, може ќе има промени. Колку време ти е прекината Ун диетата веќе?
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    ^ Чекајте бре жени, како бидна... :rofl: Тоа тикерот доле го има ли? Го има. Додека го има, ништо не биднало. Од утре почнуваме со трчааааааааааааааање, одвај чекав да почнам да вежбам пак. :clap:

    Уф се прејадов сега, парче стек и шопска со растителна урда... Ова чудо нема млечни масти внатре, нели? :D Мајка ми ме частеше кутлача таратур. Не ми требаше таратуров, ама дефинитивно ме освежи. Па таков ладничок, мераци. Секако ова ми е првиот нормален оброк денес, не планирам да вечерам од проста причина што нема кога, затварам пештерата после 20ч. Појадов две праски сабајле, па пиев јогурт, и откога завршив со чудава си каснав една банана.

    Нешто таму една дада ми спомна, демек, не мешај овошје насабајле... Ама искрено, уште овошјето да земам да го пребирам и да го јадам само еден вид, не можам до толку. |( Ќе пукнам во најбрзо време ако е вака работава. Ако од овошје и зеленчук се дебелееме, што останува за другото. Тие намирници барем не си ги кратам. :^)

    Ве напуштам сега, реков дека веќе не се опседнувам со диетава, само ми се пријадува така. :rofl:

    п.с. Анабела зошто не јадеш така како што продолжува УН? Имам читано тоа како одат деновите, два протеински, два јх,така нешто мислам беше. Пробај, види си. А дека си дебела, не си. :D Плус рачунај дека набиваш мускули. :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Џабе ! Само едно килце сум ослабена за недела и пол. Не знам зошто вака. Лани поубави резултати постигнував со истата диета ( на Ирена ) и со вежбање. Што е ова годинава :@
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Џинџер, мислам дека некои 3 недели има поминато откако ја прекинав Ун. И од тогаш само едно кило што симнав и толку. Не знам.. Ич не сум трпелива. А сакам побрзо да ги откачам уште и тие 4 кила, за да можам после полека, полека да се навикнувам на одржавање на тежината, за во школо кога ќе почнам да не се изгубам пак со јадење. :worried:
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш е во ред, ако не ти е проблем продолжи ја Ун уште малце..
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    А зошто не продолжиш на Тубо УН? Мислам дека се прескокнуваше тука јаглехидратниот ден :^) имаше мислам низ темата за тоа.
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Ја имам сејвнато јас и Турбо ун верзијата, па најверојатно за една недела ќе ја држам 12 дена. Толку и трае она. Неделава што следи, ќе го терам мојот режим :D
     
    На m2m2m2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Јас деновиве ослабнав со постење...4 дена како постам...ем си го прочистив организмот од токсини ем си ослабнев :D :D :D
     
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Ајмо на рапорт. :D
    За денес:
    Вежби:
    Едно видео од фитнес блендер, накај 20 и нешто минути.
    Доручек:
    Пола краставица со јогурт (таратур).
    Ручек:
    2 помали компирчиња варени со мевце едно парче.Компириве со кечап ги јадев зашто вака бљуткави ми се. :tmi: Али кечап домашен, јас за здрав си го сметам. :wasntme: А, да и салата у ручеков.
    Десерт:
    Неколку бисквити со слатко од дуњи си к'снав, ме фати криза за благо, што да правам. :( Башка и во ПМС сум.
    Вечера(ако може да се рече дека е вечера):
    Зелен чај една чаша и јогурт една чаша.
    Леле чајов кои муки ги претрпувам додека да го испијам.Дека го пијам без шеќер ми е исклучително грозен (тој и онака е грозен ама без шеќер - бетер)И го пијам лајца по лајца, така едно пола саат - саат се мучам, а тоа горчи ли горчи. :(
     
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ќе ме примите и мене женски? :?:
    Значи вака иде мојата приказна.Моја цел во главно не е да ослабам туку да се затегнам,ама и за да се затегнам морам да бидам на одреден режим на исхрана,а и не дека лошо ќе ми дојде да симнам уште некое килце..нели,жената никогаш не може да биде доволно слаба. :D
    Моментално сум и ослабната 3 кила,ама не дека држев диета намерно туку едноставно немам апетит и не ми се јаде ништо.
    Едно време си бев ептен физички активина ама лани еден период многу се разболев и престанав со вежбање.Кога оздравив едно време покушав да се вратам во форма,малку се повратив,ама на крајот баталив пак се :worried: .
    Сега почнав да се осеќам никако.Не сум задоволна од себе,осеќам и дека не му прија ни на оргазнимот улежувањево,кондицијата ми е подоле од нула.
    Но си ветив на себе дека ќе се повратам во форма,и не само што ќе си ја вратам формата,туку и се надевам дека ќе постигнам многу повеќе од тоа.
    До следното лето морам ваква да бидам :D .Mислам,да не ме сватите погрешно,не дека Карлеуша ми е идол,али за телото стварно немам зборови.


    Значи и ја сум од сега со вас на диета,нема слатки ,газирано и вештачки сокови,леб и пецива,брза храна.Ни јадење после 7.
    Трчање од сабајле 6 пати неделно.А вежбање кардио (зумба) и фитнес вежби за затегнување,секој ден наизменично по 1 саат одприлика.
    Кога ќе залади најверојатно ќе почнам и да одам во теретана ама сега за сега толку.

    Се извинувам на долгиот пост,али прво па мушко нели :P .
     

    Прикачени фајлови:

  18. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    па и не дека баш строго се придржував од денес сум најсериозна си ветувам себеси ! Морам :|
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас денес ќе појадувам еве ѓеврече на тостер.
    Ќе ручам соја со печурчиња, и ќе видиме вечера.. :D

    Мајка ми цела недела ми го собира да ми смрчи и да ме праша што правам со јадењево, и зошто не јадам леб за ручек. Добро, ја разбирам, се тресе да нем и падне имунитетот, а јас запрепастена од тоа какви се калории не внесуваме неосетно, се трудам да ги симнам килцава.
    Чудно е како ко е време за средување на шкафот имам 18 години (ако се без некој месец, тогаш се осумнаесе и точка :D ) и ништо не разбирам, а кога треба да донесам одлука тогаш ме третира ко мало бебе. :emo:

    Не се откажвам. :geek:
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.204
    Допаѓања:
    258.509
    Тоа сакам да го кажам и јас. Значи тешко, многу тешко, освен како што вели Дузи, ако не работеш ништо па по цел ден да вежбаш и држеш диети, можеби и ќе го постигнеш резултати.
    Не велам не, ама, луѓе мои како јас, која работам од 9 до 16 часот, си доаѓам дома мртва уморна, на +40, едвај кревет гледам, да зеам да јадам морков и праска и да вежбам еден час? Не, не можам. И одењето на аеробик ме исцрпува максимално, ама тоа веќе морам, а замислете и останати вежби. Или сред сесија, кога секоја минута ти е драгоцена ти да му ја мислиш за стомачни и трчање. Ќе кажете само пола саат. Е не е пола, ами 2 се. Па туширање, па одмарање и отишол денот.

    Ех сеа да сум си Ск, правец на овие чуда што и ги правеле на Дузи. Не можам да држам диети повеќе. Се презаситив. Телото ми ги отфрла. Ако треба и апчиња ќе пијам, ама неможам веќе.
    Толку време и пари што потрошив на диети и триста чуда, да си ги дадев на почеток во тоа салоните, сеа немаше да ме гледате на темата. Во еден период дури и имав, ама се предомислив, и сега жалам за тоа.
    Браво Дузи, секоја чест, и собирај пари за уште еден купон, ич да не му ја мислеш.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.