Тоа е тоа, за жал. Повторно испаѓа дека парите го вртат светот. И диетите чинат, и третманите чинат, и да одиш да вежбаш во теретана чини. Кој има, ќе го тинтраат до утре сабајле. Мене ме тинтраа со купон на попуст, а пак да им платев целосно, мислам дека и круна на глава ќе ми ставеа. Еве баш и на Мис сакав да и пишам ама заборавив, ти озбилно мислиш дека Карлеуша само со вежбање има такво тело? Немојте да се лажете од нив и од такви слики. Ај објасни ми, што ти фали тебе? Те гледав во модни критики и стварно не гледам причини поради која би била незадоволна. Не викам дека Карлеуша не вежба ич, ама дека само вежба, и од 2л вода на ден е ваква, нема шанси. Сите одат бе, кога може некоја поимотна тетка од Скопје да си дозволи да џитне 200е месечно за ова, што останува за нив. Е мора и припазување на исхрана, мислам дека и тоа има гоолем ефект ради кое јас толку намалив во обем. Ајде Јуле, збирај и ти пари, ќе ти даде мнооогу голема мотивација за после. Јас во беснило го купив купонот, ми излегуваше мевот и не испаднав ради тоа, па ова ептен ме мотивираше. Цела недела одам точно, до детаљ по режим.
Епа верувам дека може такво тело да се добие и само со вежбање зошто сум сведок на неколку девојки дека го постигнале. Е сеа не дека Карлеуша не го избрала полесниот пат,али не може само од третмани да се добијат мускули,мора да си го препотиш гзот за тоа,дефинитивно.Инаку нејзина слика ми се најде при рака,ама ќе ти пуштам на ЛП од другарка слика да и го видиш телото,без никакви третмани значи. Иначе Дузи па ми фали мускулатура,неќам да бидам млитава вака,се нервирам За доручек изедов две сливи,од тие големите,и моментално пијам зелен чај со мед .
Eeeeej..devojki..jas sum nova na sajtot i sakam da prasham kako vi odi so dietata..na kakva dieta ste
Почнав со рутински стомачни вежби и приметив дека стомакот ми е зацврснат, а од намалување ништо. Сега имам стомачни и си ги чувам заштитени со слој од салце. Инаку пијам најмалку 1,5л вода дневно, се движам, имам намалено со јадење благи работи и воопшто не јадам леб. Чаре?
Во потписот на Мис: ,,Fashion is the healthiest motivation for losing weight.'' Amen to that! А јас денеска за ручек супа без фиде имам. Морковче, компир, магдонос . Со салатка патлиџан. Вечерата ќе ми биде една чаша баланс плус јогурче со една ипол лажица ленено семе. За неполн саат ќе вежбам на орбитрекот, па вечер на зумба. Уз ова ми следуваат и едни антицелулитни вежби .
Прво браво на Дузи за упорноста . Кога прочитав 12 цм ваква останав . Па многу е тоа бе мајкатаа . И сеа Дузе да не ти текнало да се предаваш, што се уште неколку килца, ќе ги смачкаш ти нив in no time . А јас денес доручкував два тоста (дома си ги правев), можда ми беше ова грешка, ама веќе реков сакам малку по малку да си се враќам во нормала. Е сеа за ручек и вечера само лубеница ќе си јадам, а може и чаша јогурт ќе мавнам за вечера. Веќе не вежбам здравје таму на 30 кога ќе се вратам од одмор ќе почнам пак. И стално заборавам да ви се пофалам ама еве сега морам, откога почнав активно да вежбам и со диетиве имам ослабено некои 3-4 цм во обем. Тоа е многу за мене. Стомакот од секогаш ми бил критичен дел, и уште ми е , само ради него вежбам, на диети сум и кога видов пред неколку дена дека сум ослабела во несвест паднав . Значи ако можеше мојов стомак да ослабне, може и вашиот
^ Колку што знам јас за согорување на мастите и забрзување на метаболизмот. Исто така служи и за полесно прочистување на цревата.
Мис, Лилит, јас сепак мислам т.е. осеќам дека не сме за во темата. Подобро да одиме во некоја тема од фитнес, а не диети и таму да се мотивираме во вежбање. Вака некако не ми се пишува за мојата желба да изгубам 2-3кг кога некој се бори за да симне и до 20. Вчера се засрамив кога ја читав Дузи, симнала 12цм во струкот (патем ) и се запрашав што барам јас на темата кога струкот ми е 64цм? Колку сакам да ми биде? Ве подржувам сите продолжете така, а јас ќе се префрлам во некоја од темите во фитнес (кога ќе сакам да пишувам) - мене ми треба повеќе затегнување отколку морална поддршка да ослабам, не сакам да иритирам со моите 2-3кг вишок, нема смисла нели?
Лененото семе е навистина здраво, а при јадење не се ни забележува, па така воопшто не смета. Исто интересно е што 100 грама ленено семе има 560 калории. Тоа е 1 пакетче од Виталиа. __ П.с.
Помош да ослабнеме Сакам да ослабнам и да го намалам апетитот стварно имам мн апетит неможам да се контролирам како јадам и право нагла се дебелам помогнете ми како да ослабнам до 7 кг држев диети и кога ги прекратив одма јојо ефектот се појавува а да вежбам многуу ме мрзи помош
Јас кога го искоментирав ова бев нападната, а уствари така е. Вие девојки немате вишок, патем имате одлична тежина, и местото не ви е овде, туку во теми каде што се дискутира за затегнување. И бидете среќни за тоа. Бегајте од темата, никој не сака да е овде, ама што да се прави .
Прво ќе си речеш у главчето дека нема гнетење непотребни работи. И ќе си стоиш на тоа цврсто. Ако толку не можеш да контролираш не се фаќај за чоколатцето, грабни парче лубеница. Пиј вода. Вежбај. И не брзај за една недела да скинеш 5 кила и набрзина да се решиш од килограмите. Полека, за да нема јојо ефект.
Вчера малце ја утнав вечерта јас ,ама го истрошив подоцна Денес бев на крштевка и само таму што каснав ориз и компир печен и половина плескавица.Знам не требаше,но не можев да не јадам,ќе се навредеше снаа ми ,но трчајќи по малиот го истрошив и тоа Ама ми кажаа дека сум видно ослабена Тоа беше кај 1 часот,но затоа до утре само вода во големи количини
Еве ме и мене во клубот . Почнав пред 3 дена со мојата т.н диета , всушност не е никаква диета , едноставно сама си исфрлив некои продукти како леб , благо , газирано и претежно јадам овошје и зеленчук , исто така пијам зелен чај , вежбам 3 пати дневно по 15 мин , инаку вежбите се од Youtube .Трчам по скалите во зградата до мене иако луѓето веќе почнаа чудно да ме гледаат . Сакам да симнам 6 кг и очекував дека ќе се случи чудо за овие 3 дена и ќе симнам барем 2 кг , но ништо , се мерев пред малку и сеуште е истата килажа. До сега не сум имала поголеми проблеми со килограмите , но кога сум сакала да симнам кило-две многу тешко ми одело , веројатно метаболизмот ми е многу спор . Сакав да ве прашам за некое решение како да ослабнам во карлица затоа што тие вишок килограми околу бутовите никако неможам да ги намалам а сум пробувала . Дајте некое решение .
ако некој има најбавен метаболизам тоа сум јас НО,отако почнав со кардио вежби http://www.youtube.com/watch?v=HNDsGliURms mnogu mi pomognaa почни да ги правиш во почетокот ке ти биде малку тешно но после ке е навикнеш ,го забрзуваат метаболизмот и се потиш како луда со срека и нормално здрава исхрана на леб не ни помислувај