Јас денеска јадев ориз малце со месо едно мало парче, после нешто благо ми се пријаде слатко к'снав малце, навечер нормално зелен чај е сеа ова не ми требаше ама мама правела одсабајле едни такви како мекици, али помали и како топче, а внатре шупливи. А ништо не вежбав, за ќутек сум.
се check in во темава и јас. цури еве ме и мене ....да да и јас сум од тие така слабите нели готово бе.. па што сум била тупа..2 пати јадам преку ден...и тоа ради досада све а овака..наместо тие гомната расипани да ги јадам и нездрави...можам да си каснувам овошја зеленчуци мислам молим ти се готово Утре....т.е више денес ПОЧНУВАМ! ни а ни б....ништо нема да ме спречи!(oсвен самата себе ама...ќе издржам!!! )
Од утре диета,си ја држам таа седумдневната 'ефикасна' диета. Мора , барем 6-7 кила да симнам, супер ќе биде.Ајде само јако од утре , нема да е лесно.
Ве читав, ве читав и.. дојде време да ја споделам и јас мојата приказна. Јас отсекогаш сум си била полничка, да не кажеме дебелка (чинам сите почнуваме со иста реченица). Како мала, додека сите се качуваа по дрва, ги имитираа Тарзан и Могли, јас им мафтав од под дрвата, зашто нели, тешко ми беше газето и не можев да се качам. Си ручав и благо и солено. Водев некој боемски живот, од ова перспектива. Додека растев, не можам да кажам дека бев нарекувана со погрдни зборови, барем не в лице. Слушав шумолења откако ќе поминев покрај децата на моја возраст, не дека не, ама никој не собра „храброст“ јавно да ме навреди. Сепак, многупати бев пречекана со фацката кога на пример не можев да истрчам онолку колку што сите истрчуваа во одредено време, или пак кога не можев да издржам ни една секунда на она што се прави на Физичко, кога се држиш со раце за една хоризонтално поставена шипка (е, не ми текнува како се викаше тоа). Можеби не бев исмејувана, заради тоа што иако си бев полничка, мене не ми се познаваше толку колку што имам видено да се познаваат килограмите кај други. Бев, да кажеме, висока колку толку за моја возраст, па најверојатно и тоа е + причина за „залажување“. Всушност, да не дојде до забуна, имам само петнаесет. Допрва ќе раснам и ќе се развивам. После неколку неуспешни обиди да ослабам, чинам, се „откажав“. Лани, во Ноември имав 74 килограми на 166 санитметри. Првите килограми сосема случајно ги „загубив“. И од голема радост , повторно ги качив. Значи тие четири килограми ми беа најтешки за симнување. Ќе ги симнев и пак ќе ги качев. Ама си велев: Чекај малку, чим си симнала малку, можеш уште. Ништо од тоа не бидна. Немав физичка активност и ги задржав. Кога веќе завршуваше училишната година, седнав и размислив. „Дај смени нешто кај тебе. Време е. Дали сакаш кога ќе станеш возрасна, покрај сите други проблеми, да ти биде и дебелината? Дали сакаш да си го уништиш организмот? Дали ќе бидеш среќна? Дали нема да ти е срам да отидеш на плажа? Во бања? Дали бре, го сакаш твојот изглед во огледало? Дали ти е убаво чувството кога во секоја продавница те испраќаат со некоја сожалувачка фаца зашто ништо не ти се фатило?“ Ова беа дел од прашањата кои си ги поставив. Одговорите на нив беа со „не“. Не, не и не. Сакам здрав живот, сакам здраво тело и здрав дух. И не само што сакам, туку и ми се може. Тоа ми е мотото. Време беше да престанам да кукам што мене дедо Боже не ми дал брз метаболизам, што за мене и водата чинам се лепи. Време беше да ги тргнам од пред очи сликите на луѓе кои секојдневно се гоштеваат со тостови, палачинки, чоколади и остало, а имаат тело - да грабнеш и бегаш. Време беше да престанам да слушам приказни во стилот „колку сум дебела“ од луѓе кои ако сакаш да ги штипнеш ќе мора да им ја фатиш коската од што се толку „дебели“. Одлучив, како што веќе имам кажано, да не држам диети. Повеќе сакав да стекнам навика на здрава исхрана. Решив да не бројам колку калории внесувам. Или нешто слично. Внимавам на количината храна која ја внесувам во организмот и од каков вид е истата. Од благото скоро па да се „откажав“. Всушност, јас си сакав благо, ама далеку од тоа дека бев зависник или пак дека не можам без него. Исто и од газираните сокови. Станувам секое утро во 7 и пешачам 7 километри. Некогаш, навечер ги пешачам истите тие 7, некогаш не. Се’ уште не вежбам. Само ги разгледувам видеата кои ги постирате. Си го сакам животот. Имам волја и огромна мотивација за подобро утре. Ве гледам тука и ве читам, и ја чувствувам таа енергија која ја имаме. Ви се восхитувам и ве земам за пример. Оваа прилика ви се заблагодарувам што го споделувате своето искуство со мене (и со многу други, де). Ви пружам поддршка, од мојот компјутер, од северо-источна Македонија. Од се’ срце. И, ќе ги заборавев моите сегашни резултати. Не се многу, ама ми значат. Да сметаме од почетокот на јуни до сега, од 74 намалив на 67, 5. И горда сум на себе.
Јас само што завршив со појадокот, појадував едно парченце леб смачкано на тостер, мало парченце лубеница и една малечка праска. Ама ептен малечка. За ручек ќе има полнети пиперки,ќе си сркнам од смесата внатре, дека не ја јадам пиперката, и вечер една кисела краставичка..
Otprilika razbrav deka site jadete zdrava hrana i ne ste opnati na nekoj strogi dieti..jas imam 95 kg. i sakam da smalam 10-14 kg za da se motiviram x) koja dieta mi ja preporacuvate osven ova zdrava hrana koja vie ja jadete kako dieta.
Пробај со УН диета, ја имаш тука во диети, повеќе форумџики ја држат или ја имаат држено, и се задоволни. Ама сепак диетата не ти е гладување, него здраво хранење. Нема диета и диета со здрава храна.
пробај ја мајо диетата. се држи две недели и можи да ослбиш десет кг. сум ја пробала стварно е ефикасна. само се губи на мускулна маса па добро би било и да вежбаш.
Денес на менито: -Доручек: љубеница -Ручек:печени пиперки со доматчина -Вечера: не планирам да вечерам но ако ме фатат некој кризи само една чаша јогурт и толку Кај мене се е по старо, немам симнато ни грам последнава недела но не е битно, не се откажвам јас,имам волја голема.
Сакам и јас да ослабам Претходните две недели ги симнав двете кила кои претходно не знам ни кога сум ги качила, и сега рачунам дека почнувам од нула. Сакам да ослабам 4 кила следните 4 недели, и плус уште 2 додека сум на одмор. Првите 4 недели олеснителна околност е тоа што децата не ми се тука, па јадам само кога сум гладна, и плус правам полесни јадења дома. Другите две лошо е што ќе бидам со луѓе кои многу јадат, а не им се фаќа, ама секако ќе пливам многу, и ќе се потрудам да не вечерам и да не пијам по литар пиво секоја вечер, макар што знам дека ќе биде тешко. Ама ваљда ќе се компензира некако пивото со пливањето Инаку слабеењево нема врска со одморот, или како ќе изгледам на плажа, туку најлесно ми е да ослабам во лето, кога е топло и кога не ми се тука децата. Не мислам да бидам на некоја посебна диета, туку да внимавам што и колку јадам. Па ќе пишам како ми оди, или дали воопшто ми оди
http://www.me-chitash.com/zdravje/dieti ... elna-dieta Девојќи, може ли наместо млеко, да се пие безмастен јогурт во оваа диета?
Луѓенца јас на 14ти пишав на темава дека имам изгубено едно кило. Денес, кога најмалце очекував, после синоќа кога форумов го кренав увис за подуениот стомак, јас сум симнала уште кило ипол. ЕДИТ: Не е кило ипол, две кила се.
А јас изгледа ќе доаѓам на извештај секој понеделник. Иста ситуација од минатата недела 57, ама добро со оглед на тоа што бев на две слави минатата недела и вчера малку си претерав (признавам) добро е и што останало на 57 И иако во диетата на Иренна нема овошен ден, јас ќе си го воведам денес. Ден за прочистување. Валјда ќе го издржам, држете ми среќа
Денес за доручек Една кајсија Ручек-ориз со пилешко варено Вечера -ништо Попладне по ладот ќе вежбам ,па тоа би било тоа за денес,сепак полека ана сугурно има резултати
Ilipili , Gingerchild браво девојки за упорноста. Морам и Дузи да ја пофалам . Секоја чест ! 12 цм во обем. Кога прочитав вака останав Браво и за тебе А јас си сфатив каде ми е грешката. Вежбам , ама во 8 навечер. Сменувам термин. Или од сабајле или кон 17 сатот најкасно Поефиксано било наутро. Така барем прочитав. И кај мене од тој еден килограм немам повеќе симнато ни грам. Ама два дена ниту трчав, ни аеробик, ни велосипед. Само диетата на Ирена што ја држев. Повторно од денес почнувам со спорт. Барем да сум 53 кг и задоволна сум. Имам 6 недели , а уште 5 кг за симнување .
Истата сум и јас, во рок од 6 недели морам да симнам најмалку 5, а најмногу 7-8. И тоа е тоа, мене ми се брза, а на организмов не му се брза изгледа и тоа е, ќе се масираме, ќе правиме, ќе штуриме, ќе пустиме, ама убави мора да бидеме. Не личи феминки неубави а, мора да се биде убав. Сеа ќе си бев тип-топ да не се здебелив седум кила од пусти апчиња, ама тоа е тоа, ќе ги симнам пусти килца и после има да летам од среќа, до тогаш ме чека напорен период . Ааааааааааааааааа ми се викаааааааааааТ, ми се чинит никој појќе од мене не сакат да ослабит. Темава ја напнаааав, а ич ја нејќу оти многу ме напинат и ми се брзат, а на кг не им се брзат ко мене и така, имат некој што сакат да ослабит појќе од мене?
8-ми ден денеска - 1 кг сега за сега. На менито имам: Појадок 2 праски Ручек - Лубеница Вечера - Лубеница ( евентуално и малку бадеми, секако ако истото не пречи во диетата?) Денес ми е овошен ден, едвај издржувам Овошен ден, но тоа е. Бегање нема, мора да се стисне малку зубе. За да симнам поскоро Кг. реално не ми се брза, не дека нема што да симнам туку сакам да ги симнам истите на здрав начин.