Јас сестра ми ја поддржувам морално: -Дебела сиии! -Не бе, не се приметува дека си ослабната.. -Уште си на диета?? Така ја поттикнувам : )))
Ода на диетата Да си бидам витка, желба ми е пуста Да се вразумам треба и затворам уста. Сакам и мора целулит да немам Но како да се воздржам благо да земам? Ќебапи, колбаси, плескавици во илјадници форми Мора да запоставам и креирам нови норми! Чоколади, мармалади и чашки на екс Ќе заменам со џогирање и премногу секс! Овошје, зеленчук ќе јадам и пијам вода Ќе си станам најубава и секогаш во мода. Ќе си бидам витка за многу кратко време Нема да го слушам мачето кога гребе!!!
Јас не сум на диета никогаш не сум била, а треба да бидам се направив како прасенце Ама многу јадам тестенини и грицки, а не можам да замислам да јадам оброк и после тоа да не си каснам благо. Нема шанси. Не, НЕ !! Подобро дебела ама среќна со чоколадце во мешето отколку слаба ама без чоколадо Ама почнав да вежбам и да пијам зелен чај И навечер јадам само чаша јогурт, со неколку лажици овес и пола танко парче сирење. Да пробате многу е убаво Ви посакувам убави резултати од диетите на сите, а мене да ми дојди умот треба да ослабам 5-6 кила Ама кааааакооо ?? Ах
Здраво на сите Нова сум овде, и штом се зачленив на форумов заради темава, тогаш сигурно ми треба поддршка На моја сопствена диета сум веке месец и пол, имам изгубено некаде 5 6 килограми, ама сакам уште А и треба усте На добар пат сум се надевам ќе издрзам и ќе успеам Очекувам ваша поддршка, се надевам дека усте една буцка плус нема да пречи
Подршка за сите што сакаат да ослабат, мислам дека ако се сака се може. Незнам дали го имате начекано на MTV реалното шоу I Used to be fat, ама кога гледам колку многу слабеат, тогаш ништо не е невозможно.
еве и јас два дена сум си на диета ама никако да симнам килограми дури и си мислам дека се здебелив едно кило што мислите колку кила можам да ослабам за 1,5 недела ако не вечерам,ако не јадам леб и ако не јадам благо???
Зависи од организмот, неможи точно да се кажи кој колку можи да ослаби за толку време, освен што пазиш на храната убаво ќе биди и да вежбаш нешто, пола сат денот доволно е.
И јас сум иста како тебе.Се напраив како буре,а никако да се откажам од кока кола и благо. Еве веќе пола месец идам и на фитнес ама некако слабо резултати... И планирам од утре да почнам после секој оброк да си го пијам чајчето Слим-микс и да се средам малце,а иде лето нејќам да ме гледаат луѓето како се тркалам по плажа
Нема резултати одма од фитнесот. Од фитнесот не се слабее веднаш, се зацврстува прво телото. А треба многу да се внимава на исхрана, инаку ништо. Јас моментално ја држам ун диетата. Си ја држам од време на време, кога ќе приметам дека периодот на јадење ми трае подолго од периодот на нејадење. Многу се нервирам со ова тежинава и со организамов. Не можам ред да најдам. Човек што не ме видел две недели секогаш се изненадува. Или сум се поправила или сум ослабела. Чувај боже килажа да задржам. И така, денес ми е овошниот ден, јагоди и цреши јадам цел ден
Алана, како за почеток по би ти препорачала аеробик отколку фитнес, бидејќи вклучува повеќе вежби со скокање и така по се топат маснотии. Ама мора контролирано да се јаде ко што вели Рејнбоу инаку има една опасност да ако јадеш поприлично и вежбаш, моменталниот обем да ти стане поголем, бидејќи масните наслаги не ти се стопиле а мускулите ти се зацврстиле.
ајде и јас се придружувам овде еве веке два месеца упорно се мачам да ослабеам и имам спаднато само неколку килограми порано подобро ми одеше сега едвај и тие ги намалив инаку сум многу активна трчам редовно,вежбам на орбитрекот,пешачиме навечер низ градот го исфрлив лебот ,пијам повеке вода е сега добро ме фаќа и криза за благо и си апнувам и чоколадце понекогаш сладолед вчера добив и неколку пофалби дека сум ослабната ама јас не се задоволувам со малку решив одам докај 55 кг за да си бидам таман. и на мене дома ме дават со коментарите од типот уште не си ослабната лето иде,немој да јадеш толку благо,остави ги грицките а јадам минимално може и најмалку од нив ама тоа е се се лепи за мене. ајде си давам надеж дека ке ја достигнам посакуваната тежина и конечно ке си бидам исполнета а и дечко ми е овде ми дава подршка заедно си вежбаме и престанавме да јадеме навечер и поубаво ни е така.е сега сакав некој чај да пијам може побрзо ке оди слабеењето препорачајте некој може и домашен да биде.
Поддршка и од мене! Си се пронајдов во групава, еве веќе месец дена внимавам што јадам, кога јадам и колку јадам На пржената храна и кажав збогум, благо јадам колку да не припаднам, по една две крем бананки. И газираното го заборавив, и вечерата ја заборавив, и лебот го заборавив, ама затоа зелениот чај не го заборавам И се товам со минимум кило вода дневно, и возам точак, и вежбам пилатес, и правам секојдневни антицелулитни масажи и веќе аман!! Ќе почнам да го мразам летото ради овие ритуали за разубавување
Eве и јас да ви се придружам но моето слабеење започнува од 10 јуни да завршам прво со училиштето па се надевам на резлутати зочто ептен сум решила да станам витка не оди ова веке вака
Овие денови кога баш баш ме фака криза за нешто да мелам,нешто да џвакам и преживувам во устата а не сум гладна или само што сум јадела си пуштам world fashion на tv и си ги гледам слабите (читај анорексични) модели и оп нема веќе желба за гмечење Ете нешто корисно од тој тв.канал барем дава мотивација...
Се надевам дека за брзо време сите ке бидеме слаби, витки и стегнати И такви прекрасни ке останеме за секогаш
Девојки, добро е не сум сама, читајќи ве добивам сила да продолжам... Утре 9 ден., се придржувам до диетата на Иренна за физички неактивни (тоа затоа што не спортувам ама баш ништо освен пешачење ) Значи денот го започнувам со кафе или чај, или пак двете зависи како кога... Доручекот е минимален..овошје -најчесто 1-2 банани, првите два-три дена каснував нешто благо-тортичка, крем бананче, житарка, шпагети само со вегета, а сега доручкувам мусли за слабеење од Виталија (4 лаж. со 100 гр., млеко со масленост 0,9 или јогурт). И пак овошје-јагоди или цреши до ручек. Ручекот ми е малку пообилен, едно парче леб со домашно приготвена храна (некоја манџурија-пире, ориз, мусака, компир манџа, грашок -една средно полна чинија, риба) и салата- зелка, краставици и патлиџани, користам маслинов зејтин и мн. малку сол. Вечера- таратор со павлака и секогаш само една краставица, краставица со туна-95 гр., шопска салата, рендан морков и цвекло, краставица со 1 варено јајце и 1 чаша јогурт...а вчера додадов и кубети. Пијам многу вода, а од сокови само 100 %од јаболко и портокал и тоа само до 12ч. (газирани сокови не пијам), а потоа само вода до крајот на денот. Кафе само обично, наше македонско, нес, капучино не пијам заради млекото. Искрено тешко ми е. Некако си го навикнав желудников на повеќе храна, а и повкусна (пици, лазањи, патрмајлии, палачинки...)и чувствувам глад...Чувствувам дека желудникот ми е празен и си ги слушам цревата како кркорат. Ама нема да се откaжам, можам јас , а можете и Вие.