Doozy твојот коментар во модни криткики ми го направи денот.Како што не бев воопшто расположена,тоа ми дојде како кец на десетка Фала ти мила Денеска јас не вежбав,но од утре повторно стартувам секој ден 17 мин кардио на Doozy,трчање,стомачни,склекови се Мора да се стигне до кај 50 ајде,ајде уште 5,6 кила си велам
Луѓе ми се смачува више од јадењава насабајле, леб и маргарин со вегета, леб и крем, некогаш кроасан, се се мислам шо да јадам. Сакам да си фрцнам едно патлиЃанче со сиренце сабајле, ама диетата на Ирена не налага така. Ајде да издржам уште месец-месец ипол вака. После подруго ќе биде. Со вежбите супер ми оди. Од саат време си намалив на 40 минути кардио и другите 15-20 минути некои други вежби ова она, битно како-така ми се фаќа саат време рипање и потење, што ми е доволно бидејќи и внесот на калории не ми е многу голем. И фамозното мени за утре. После ова крем тешко дека ќе пројадам некогаш. Кришка леб со крем за појадок. Малце гравче од тавичка со салата од патлиЃан за ручОк. Краставичка свежа за вечера. Измеѓу ручек и вечера вежбите. Ќе се мерам у четврток да видам дали ќе има уште бар кило отидено у неповрат.
Spoiler Моментално сум потешка од кога и да било. Тоа сакам да ви кажам, сакам да се олеснам затоа што сум на работ да паднам во депресија. Кога седите со другарки и зборуваат за дебели, а не приметуваат дека до себе имаат дебел човек, човек со проблем многу боли. И од што ве сакаат ќе ви речат ама ти си другооо. Ама колку и да се мили, јас не сум друго, и тоа е вистината. Навистина многу сакам да превземам нешто, навистина се мачам, ќе држам диета еден месец, и ќе ме фати некоја криза ќе почнам да јадам и џабе, тродупло ги враќам, џабе е се. Ме мава некоја психа, и цело време си мислам, ајде ма ти си глупача, слабачка, зарем мислиш дека ќе издржиш, нели гледаш дека си за нигде ... и не можам, крајот ми е пишан. Кога на плажа дечкото ќе ве гушне и се смеете заедно а од позади ќе слушнете две девојки како шепотат леле што бара дечково со дебелава ... срцето ви се распарчува. Не можам да ви објаснам која болка е таа, не можам, и дури сега собрав сила за тоа да напишам. И навистина ќе се запрашате што бара уште со мене, дали секогаш ќе ме сака, што ако никогаш не се вратам на тоа што бев, што ако сум цел живот ваква ... и ве мава дамла од нигде, и дури му викате да раскинете зошто сте дебела, а кога ја почнавте врската не сте биле дебела. А тој пуст ми се смее, и ми вика ајде ма ќе ослабеш малку, никој не знае како ни е кога сме заедно ... А дали? Кога го слушнав тоа си помислив, Господе а другарите позади грб што му зборуваат кој знае? Дури едниот се дрзна да ми рече еднаш ти планираш да ослабеш ... Навистина боли, и се чувствувам како недоволно силна ... Како да ви кажам, имав 60 килограми на времето, а сега бројката е троцифрена ... дали е доволно тоа да го изговорам? веќе и крвта не ми е како што треба, и цисти имам ради тоа и терапии и се, и од се ми е смачено, а не можам, кога ќе ме фати криза не можам да не јадам, а многу се трудам верувајте ми ... Се почна во пеколната втора година средно, дома имавме многу проблеми, ненормално многу, и јас наоѓав утеха во јадење, постојано јадев, постојано, цела година само јадев ... и веќе на матурата не личев на човек и сите почнаа да ми зборуваат а јас бев свесна, ама бев и немоќна. Проблемите дома завршија, а јас ... станав свиња па следуваа хормонски терапии па ова па она па едно па друго и ете ти .. еве кај сум. Среќна сум со мојот живот, но не сум среќна со мојот изглед, можно ли е тоа? Изгледа да. Не знам дали дури сега ги отворив очите, дали до сега со сила ги затварав, ама знам дека морам да се сменам, морам, зошто во спротивно не знам што ќе стане од мене. Ќе се уништам начисто. Жими се веќе помислив и да отидам кај некој психолог да ми помогне, зошто на работ сум на лудило. Мака ми е од симни куп килограми качи ги дупло, мака ми е и не знам што да правам повеќе, и не можам на никој да признаам и затоа пишувам тука. Мака ми е мака мака. И многу пати навечер си плачам што не можам да го вратам времето и поинаку да се сносам со проблемите, многу пати плачам за она што бев и што можеби никогаш нема да бидам. Јас навистина се обидувам, се трудам и барам сили длабоко во себе, затоа што знам дека можам, мислам многу пати скоро сум ослабела па сум потклекнала, ама сакам еднаш да е засекогаш, да не се вратам пак на ова чувство, да не ме гледаат луѓето со чудни погледи, да не го прашуваат него зошто е со мене, да не се чудат луѓево на кого од фамилија личам, да не ме прашувбаат за здравствени проблеми ... Еве ви од мене една слика од пред и потоа .... само кај мене е обратно, кога бев слаба и сега од пред некој месец ... Боли ... у пичку матер, многу боли ... Инаку браво за другите, ви ги видов сликите вчера, секоја ви чест, од срце.
Mече немој да тагуваш, не си ни првата ни последната, сите ама сите сме го имале овој проблем, кој со повеќе,кој со помалку килограми Mалку по малку ќе биде, само цврст карактер и упорност Hемој да бидеш тажна се ќе се смени, па затоа и постои темава, ајде придружи ни се, и сите заедно ќе си слабееме
Џинџер, немој толку ригорозна да бидеш де... касни си слободно патлиџанче некогаш, нема да ти стане нешто. Инаку, со овие житниве плочки немојте да се лажете, многу се калорични. Една да ви замени оброк, тоа може, ама да ги јадете како ужинка или слично, немојте. Поарно гранола плочки земете си, може и дома гранолата сами да си ја направите - измешајте разни видови житарици (овесни, 'ржани, јачменови, пченкарни снегулки) исечкајте во нив јаткасто овошје по избор, исто и суво овошје по избор (препорачувам суви сливи, кајсии и грозје) и измешајте со малку мед колку да се соедини, истурете на хартија во тавче и потпечете - супер вкусна е и без адитиви и конзерванси.
Уште неделава ќе се стегам, не ми е тешко колку шо пекам ама, после малце ќе пуштам, само да симнам уште две-три кила. А за житниве плочки апсолутно се сложувам со Анат. Кога видов колку калории имаат ми се стемни. Поарно каснете си за појадок нешто со лебче, помалце калории ќе фрснете него ли тоа. А за ужинка немојте никако ако сте на режим кој има за цел да ви помогне да ослабете. Колку еден оброк се скоро. Страва бе. Кога сме кај тоа, веќе подолго време еве пазам калории на производи, да се зачуди човек како некои за кои си мислиме дека се боза се бомба на калории и обратно.
Стварно,од кога почнав да гледам се колку калории има само се чудам.Си мислиме малце калории се ама кога ќе видиш ќе ти се стемни Иначе сега сите околу мене ги нервирам со броењето калории,ми викаат од тебе човек неможе да јаде на раат.
SmilerGirl http://www.livestrong.com/myplate/ еве ти едно сајтче каде што на раат можеш сама да си броиш, да си пишеш колку од тоа внесуваш, автоматски да ти пресмета се' , па дури и да видиш колку дневно си внела и согорила ако внесеш и у фитнес колку си вежбала. Бар ќе си олесниш и себе, а богами и на тие околу тебе.
Не знам каде да пишувам, затоа ќе напишам тука. Ако не ми е постот за тука, нека го префрли модератор. Јас ослабев што ослабев, сега целам да се затегнам и да имам убаво обликуван стомак за на плажа. Да бидам искрена, никогаш не ми одело потешко. Деновиве бев послободна, немав толку за учење и се убив од вежбање и физичка активност, ама не ми оди некако. Распоредот ми е вака: Станувам и појадувам веднаш. Одам во читална со велосипед кога уште не е фатено жешкото. Кога завршувам со учењето повторно се враќам со велосипед до дома и ја земам топката. Играм кошарка 2 часа. Потоа повторно со велосипед возам многу, денес 10 километри со еден другар извозивме. Кога ќе се вратам сум преморена и едвај на нозе стојам. Изгубив килограми, ама стомаков ми доби некој чуден облик. Мускуливе на рацеве и нозеве ги чувствувам како ми се затегнуваат, листовите посебно си ги чувствувам, стомаков не сака. Порано кога ја имав оваа рутина убаво ми се обликуваше, целев повторно на тоа, но сега имам некоја чудна форма, горе ми е широк и изгледа како да ми е подуен. Ништо, ќе почнам со специјални вежби за обликување на стомак, вака не оди. Знам дека на некој му е чуден постов и си удира фејспалм и си вика јас не можам да ослабам, оваа се секира за тоа што нема мускули на стомакот, ама не сте свесни која тежина е за спортист да има таков проблем. Ќе се трудам повеќе, тоа е.
Се додека не дојдеме до степен да купуваме облека во гуливер,слаби сме Spoiler во ГТЦ карши Шехерзада
Еве ме и мене после долго време. Стагнирав малку од вежбањето и диетата(добро не толку од диетата, повеќе од вежбањето) бев болна така малку и морав да одмарам. Ама денес почнав пак со вежбање зошто мислам ќе пукнев од нервоза, многу енеригија ми се собра. Е ама прво што направив од сабајле, нели после одење во веце и се качив на вагата и што да видам ми кажува цело кило полесна . Се премерив уште 5 пати и истата цифра ми ја кажуваше. Ќе полетав од среќа. Е после тоа земав и стомакот да си го измерам и имав што да видам, 5 см во минус. Ми се направи денот П.С. Дечково е ѕвер, штом може он вака можеме и ние http://www.primetime.mk/video-neverojat ... na-godina/
Мече незнам колку ќе ти помогнам со зборови, но само да знаеш имаш поддршка ЛИЧНО од мене, а знам дека имаш и уште од многу луѓе. Ни те знам ни те познавам, но знам како е да имаш таков проблем, лично јас сум немала, но моја најдобра другарка имаше и сеуште го има, исти маки како тебе и таа. Лани ослабе околу 15кг, после пак се поправи и нема веќе, не сака ни самата да пробува иако сите ја тешат. Мака ми е за нејзе бидејќи беше на добар пат, но се откажа. Поентата ми е, не се откажувај, биди јака и знам дека не ти го кажувам само јас ова, но немој премногу да се опседнуваш со тоа за дечко ти - и да не ти е гајле што мислат другите! Тешко е, се' те разбирам верувај но ако ги слушаш другите ништо нема да постигнеш.
Jас го терам режимот на Ирена. Денес за појадок направив мал лапсус можеби со лебот и маргаринот и половината домат што ја изедов. Од друга страна гледам да не претерам со калориите, и сега у прашалници ме стави што е поважно, внесот на калории или комбинацијата на храната у режимов? и така..
Не само за диетата на Ирена, туку за секоја диета општо важни се двете. Финтата е да внесеш помалку калории, нели си има индекс на пресметување на телесна маса и некакво си бројче, како идентификатор, кое ќе те смести во која група си, и колку калории треба да внесуваш дневно за: нормално функционирање, за лагано слабеење и екстра брзо слабеење. Да речеме дека за екстра брзо слабеење треба да внесуваш дневно до 1000 калории. Колку што е важно да не ја надминеш бројката, толку е важно и што храна и во каква комбинација ќе ја внесеш. 1000 калории се еден хамбургер и кока кола и 1000 калории се - 300 гр пилешко на скара, една шопска, многу овошје, житно чоколатце, итн. Значи важна е комбинацијата, подобро поздрава храни, со похранливи масти и материи, отколку лупање празни калории.
Абе Трендафилке, муабетот ми беше, улогата на тоа дали јадеш зеленучк насабајле, овошје навечер и слично, за таа комбинација зборев, заедно со тоа и броењето калории. Еве на пример, ако утрово појадував леб и крем, тоа ќе беа околу 140 калории пресметано по тоа дека внесувам парче леб од 70 калории, и многу малце крем на лебот кој содржи уште 40 калории по грамажата. А јас појадував леб, маргарин и половина домат, што ми се фати околу 90 калории. Според режимот на Ирена, првата комбинација со кремот би била онаа правилната, а според калориите, втората е лично за мене похранлива а сепак нискокалорична. Е тука ми се мати есапот мене.
Јас мислам по било кој режим кремот е полош избор од маргаринот со доматот, кремот покрај калориите содржи и лоши шеќери што баш и не е добро. Се обидувам да се држам до златното правило да не јадам овошје после 15ч, но не можам најчесто, ми се јаде лубеничка, диња, капинки, поготово кога ги имам во фрижидер, е сега по било кој режим подобро е да изедам грст капинки отколку еден сладолед, дури и една мала диња од парче леб и крем, две резанки лубеница од пржени јајца. Се трудам да се придржувам и мислам дека успевам до некаде што особено се гледа на мене
Диетата на Ирена мене не ми одговараше, не ја сконтав, не ми пријаше на организмот и не сум меродавна на таа тема, оти сум чист промашај. Сепак според мене си направила подобар избор со леб, домат и маргарин, отколку со крем. Знам дека диетата не налага така, ама калориите и внесот на хранливи материи кажува поинаку во книгата.
Луѓенца прво да ви кажам фала на сите вас на поддршката. Утре одам на одмор и станувам емотивна де . Како и да е, без вас немаше да успеам. Ако ви ветам нешто вас поверојатно е дека ќе го исполнам отколку ако си ветам себеси. Кога немаше да вежбам еден ден се осеќав засрамена како да сум ве предала. Може ви е смешно се ова што ви кажувам, ама без вас немаше да успеам да ги симнам оние малку килограми што ми требаа. Вие ми бевте поддршка и а ја отворам темава, одма ми доаѓа мотивација да продолжам понатаму. Сите вие се силни женски и останете такви. Ве гушкам и поздравувам од се срце и ќе се читаме за 12тина дена
И јас ко Трендафилон наш миризлив убав, со диетава на Ирена ништо не правам, единствено комбинацијата на јадења со внесување на калории кои си ги прерачунав, по колку дневно да внесувам за да ослабам, ми помагаат ем здраво да се хранам, ем да слабеам. Залкучно со тоа не ги жалам лебот, маргаринот и доматот, од утре друга му е мамата.
Kaко е девојки???Оди ли со слабеењето?? Сакам да ве прашам нешто ..Кога последен пат вечерате,бидејки најбитно е се што јадеш да е до 19часот.. Бидете силни и издржете..Гушки до сите вас