Денеска урда денов. Си реков ќе ми биде цел ден овошен, да се прочистам малце и од утре здавје Боже со Ун повторно, ама после изеденото ич убаво не се осеќам. Почнав убаво со лубеница и јаболчиња - па вежбав пола саат на орбитрек, и после кај 3 саатот не знам што се случи со мене, изедов 10-тина бадеми, рака фстаци и една банана. Не знам, можеби не направив некојa голема грешка, ама не се чувствувам воопшто убаво. Осеќам вина дека попуштив покрај едни фстаци и бадеми, и си викам ако сега попуштам за вакви работи, што ќе биде кога ќе почнам во школо? Незнам луѓе, може постов делува демотивирачки, али морав негде да се изпразнам. Од утре си ветувам дека нема повторно сама себе да се разочарам.
Уживај бе...Утре направи цел ден да ти е на овошје..и ќе видиш дека до школо ќе ти се привикне организмот на диетата и ќе издржуваш
Анабелке не се стресуј де за рака фстаци и една банана, сврти уште 30 минути на орбитрекот ако ти е шубе и исто ко да не си ги изела.
Не казнувај се толку. Не е многу страшна ситуацијата. Барем здрави се апетисаните и овошјето. Гледај од позитивната страна: а да каснеше Милка со бадеми, а??? Фурај и ич да не ти чуе. И следен пат да не ме нервирате со мислења од типот: дали да каснам краставица/домат, да не ми се поремети диетата? Парче, т.е. плод на краставица/домат има околу 100 калории помалку од еден ред чоколадо, за кој, дури и за повеќе, веројатно ќе кикснете и ќе го изедете и нема да се чуствувате толку лошо, но нема ни сити да се почувствувате. Каснете шопска (краставица и домат без стандардни зачини) и ситоста е далеку поприсутна.
Зошто да не се вклопуваш? Не е важно кој колку има: некој има 20 кила, некој 2 за симнување, секој различно, но на сите ни е исто тешко, реални да бидеме и за 2 кила и за 20 треба добро да се испотиме и малку да повнимаваме на исхраната. Мора комбинирано (правилна исхрана+вежбање) инаку потешко ќе има резултати. Јас ти ја препорачувам УН диетата се покажа како најдобра, посебно ако имаш повеќе кила за слабеење. Јас досега диета повеќе од 2 дена не сум држела а оваа еве веќе 12ти ден ми е. и има резултати. Зимата стигнав до 68 кила а сега имам 60.
Јас па и не држав некоја посебна диета за 1 месец ослабнав 8 кила и навистина не почувствував ниту глад ниту ништо.За тој еден месец што ослабнав постев( затоа што мнооогу сакам благо) кога станев во една чаша млака вода си истискував лимон и го испивав тоа( имам читано дека го смалува апетитот и мене ми помогна) после 1-2 часа не јадев ничто и пиев многу течности.На пладне јадев некое лечко јадење, посно без леб, може со 1 парче двопек. После 1 час по јадењето не јадев ничто а после цел ден јадев зеленчуци и овошје. Попладне одев да трчам со другарка ми или да се возиме со велосипеди по 8 километри(од моето градче до браната) и така без да приметам си ослабнав 8 килца
Денес сум за тепање јас Сабајле каснав лепче со маргарин,пипер и нане,ежта ме фате За ручек-пржени тиквички со пиперки и салата За вечера нема да јадам ништо Денес мислев ќе вежбам ама ми дојде тетка Мери и нема да можам,па не е ферче Ај утре ваљда ќе ми е поарно и ќе почнам конечно со вежбање Анабелче не се секирај,не си направила нешто страшно,што ако си каснала бадеми и банана,тоа не е ништо лошо.Ете утре ќе си го имаш овошниот ден,а до септември ќе се привикниш на Ун диетата и се ќе биде супер Ти ми си најголема инспирација овде,ајде не губи надеж,се ќе биде во ред
Пили ако ти е за лебот не се туфкај толку, рибанче леб со маргарин ти е околу 77 калории, не е страшно толку. Не е лебот непријател, јесте дека дебелее ако се јаде у огромни количини, ама ако го комбинираш правилно, јади си еднаш-два пати у неделата по едно рибанче леб. Ништо не ти прави.
А бе што сте се фатиле за лебот сите на толку овошја. Не ви треба, баталете го. Ај зимно време со манџичка и мене ме фаќа такво, мерак да го речам, да си каснам, си макнам, топличко лепче, мх мх. Земете овошја додека има, по една овошна салата и терај. И држи да ви кажам, кога јас издржував со салата од една банана, една праска, три кајсии и една чаша јогурт по патиштата и горештините во Скопје, од 10ч сабајле појадена, а ручек дури кај 5, 6, па и покасно, можете и вие. И да сте на работа, во кутиче си носев уште 2-3 кајсии, или уште една банана во ташна и готово. А дома кога сте, тоа па можете цееел божји ден да се лигавите со овошки. Една диња е 20 денари, пример, јас вчера си купив една од едно кило, си ја исеков во една чинија и до ручек со тоа се лигавев. Нит гладна, нит па на леб помислив, нит па сум каснала леб во последниве месец и пол. Не ми ни текнува на тоа, мене повеќе ме фаќаат кризи на нормални јадења, пример, гравче со шопска салата. Е сега јадам гравче со краставичка, ама ајде, трпи бабо за убавина. Не знам за вас, ама јас со леб никако не слабеам, во ниеден случај. Бел, црн, интегрален, ама каков сака нека е, само ме дебелее. Очигледно моето решение за вишокот е ова, овошје од сабајле, немешање на протеини и јх и УМЕРЕНО вежбање од по 3-4 пати неделно. А не јас секој ден врти како будала, тегни се, вежбај, и стои во место со килажа а набивај мускули. Не викам дека е вака за сите, ама ете, за мене ова е рецептот.
Девојки,само физичка активност и помали порции,и леб во минимални количини. Велам минимални оти некогаш се случува да каснеме неколку залчиња,еве како денес на пример,како кога мајка ми го направила омилениот мој печен пинџур ? пробав да сркнам онака за проба,ама душава ми сака неколку залчиња со пинџурот да макнам хахаха. И радосна сум што веќе и моите блиски забележаа дека има промени,веќе активно 2 месеца трчам,и внимавам колку храна внесувам,а си дозволувам се но умерено. Забележувам и по пантолоните кои почнаа да ми паѓаат,море нека паѓаат И сево ова ми дава поголема мотивација да продолжам со физичката активност,кога јас можев ( а бев голема флегма и ништо живо не можеше да ме натера да вежбам) сите можат. Најпрво заради вашето здравје и расположение,после заради убавиот и вит изглед. Многу сум посмирена и помирно и поубаво спијам откако вежбам и живеам поздраво. Вие сите можете!
Едно каснав интегрално,ама пак некако м ие шубе дека деновиве некако го запоставив вежбањето,денес мислев да си вежбам ама ме зафркна оваа теткава .Ај утре нов ден,нови предизвици се надевам успешни .
Леле грижа на совест имам сеа денес и вчера ни в од вежби не направив!абе една мрза ме фати,цел ден пред телевизор.. ај прееска потрчав малку од кисела вода до црниче ,пошо морав дома да се вратам,а веќе каснев и моиве ќе ми се дереа,па фатив шпринт него утре,морам сериозно да вежбам.Ќе си појадувам мусли,па ќе пијам вода вода вода,па ќе ручам,па вода вода вода вода,па ќе пијам чашка јогурт за вечера па пак вода вода вода.
Мене ме фати инат и од 4 саатот натака немам ништо во уста ставено освен вода! Освен пола саат на орбитрекот прееска, бев и на зумба и сега извежбав уште 15 минути на него по препорака на Џинџер . За 30 не можев, сафра ме фати, али 15 минути ги издржав Од утре стартувам со Турбо-Ун, па се префрлам на некое време во таа тема
Денеска ЕПТЕН калоричен ден си имав. Прво одсабајле една погачка од тие купечките на тост ја ставив и со патлиџан ја јадев, па после една Витанова изедов, па од оние скараџискине кобасички 1/3. И на крај краева отидовме во Харизма со другарка и од тие сендвичите си се накркав, огромен тој одвај го изедов, и откога дојдов дома 5 кила кисела вода испив од што се претупанив и чај одозгора. Е сега ќе пукнам.
Јас се чудам како живеам. Си јадам леб насабајле со кремче, со маргаринче, со патлиџанче..лубеничка некогаш после солен оброк..си ручам по чинија супа, или оривче..вечерам зеленчук, и кога ќе избројам, најмногу до 350 калории внесувам дневно. А јас сита, најадена, енергична, и вежбам по скоро саат дури некогаш, се движам. луѓево паѓаат у несвест со тие калории, дури и ме плаши ова што го забележав.
грешно бориш Hема теорија леб маргарин, ориз лубеница да бидат 350 калории Jас денес си испржив пиперки
Eте и јас сум грешка, една лажица супена путер/маргарин има 102 калории 128 калории во една кришка леб, празна без ништо Aма чим е од сабајле нема гајле
Денес целиот ден бев на овошје и за разлика од вчера не чувствувам глад , се испотив добро , вежбав 4 пати денес и од утре почнувам и со Орбитрек ќе го земам од братучедка ми на месец дена . Иначе утре планирам да направам таратор со само една краствица , ќе си по поделам за да има за цел ден и доста ќе ми е . Можеби се лажам ама како да приметувам мала разлика