Девојчиња, не се оптоварувајте многу со јадењето. Значи терајте си го својот режим, и вежбајте, резултатите ќе бидат видливи после одредено време. Во ред е да си водите дневник за тоа што сте јаделе, ама некои од вас малку ми се нервираат поради тоа што малку јадат. Мој совет - ако редовно вежбате, не мора да си ускратите ништо од јадењето - ама тоа не значи да се претерува. Резултатите од умерена и балансирана исхрана со редовно вежбање се гледаат нешто подоцна, ама и траат подолго - од проста причина што на организмот не му ускратувате ништо, ама и си создавате здрави навики. Може многу филозофирам, ама еве, јас не очекувам резултати преку ноќ - макар ми требало година да дојдам на саканото - ќе бидам стрплива. За мотивација - не купив едноделен костум за капење, иако сакав, цел ми е да си ги носам дводелните Јас покрај секојдневното пешачење, почнав редовно со вежбите на Fitness Blender на Youtube, и тоа кардио вежбите, вежбите за стомак и вежбите за задница. Ама не вежбам секој ден исто, комбинирам, оти не е убаво истото да се прави секој ден, бидејќи мускулите паметат - мислам дека ова го прочитав на Фемина, во статијата за стомачни вежби. И, крвта ми е пак слаба ... нешто си бев мног уморна, проверив... и низок Хгб... дополнително си зедов Фероглобин капсули и Ц витамин... само се надевам дека нема да ми се лоши од нив...
И јас би го рекла истото што и Анат - пополека, подалеку. Кога пресметав колку време сум на диета (со кратки паузи нели) и колку кг сум изгубила, испадна дека губам само по 2 кг месечно. Мислам дека многу од девојките би се откажале веднаш со вакви резултати, ама се исплати да се издржи на подолги стази. Ми се случувало да јадам два-три дена баш од се, и да си приуштам и алкохол во тој период, а вагата да не покаже некои страшни драстични покачувања.
http://www.youtube.com/user/TiffanyRotheWorkouts/videos Ако досега не сте ја знаеле женскава време е да ја запознаете,од што ја гледам колку е среќна кога си вежба и мене ми е мерак.Многу интересни вежби има кои ќе направат да се почувствувате секси Ем секси ем се затегнуваш. Топло препорачувам за сите кои тепаат време на компјутер,вака барем забавно ќе им биде.
10тта ден денеска. -Скробен ден. за мени си имав: Појадок - 2 праски Ручек си направив гравче тавче и салата од краставици со много оцет, киселина. За вечера ке каснам половина од тоа. Овие денови го отстранив лебот, целосно. Се надевам дека со исто темпо ке продолжам и понатаму. Во обем сум намалена 1 цм, заборавив да ви кажам. Не е за смеење, јас се радувам. Не се палам на коментарите дека сум заслабната, ама јас сум среќна, премногу. Се чуствувам поубаво , во своја кожа. Покачена самодоверба, не дека пред тоа ја немав него сега само си ја билдам, повеке и повеке. Секако од овој 1 цм што заслабнав во обем и 1кг не може да даде видливи резултати но итекако ми дојдоа добредојде бидејки јас веке бев на некој мој режим на исхрана, месец дена. Ослабнав така 3-5 кг. Продолжуваме понатаму.
Денес за доручек не јадев ништо ручек-варена боранија значи манџа со салата Денес ќе вежбам малце дека сепак втор ден ми е од теткава А за вечера или ништо или чаша јогурт,овошка некоја или нешто зеленчук
Jaс денес појадував лубеница и диња, од двете по малце, ќе се собере едно парче дињолубеница. За ручек имаше пинџур, а вечерав половина свежа краставица, и вежбав 2 саати.
Девојки, јас имам едно прашање до вас, ако сака некоја да ми одговори, ако не ќе вртам по темава. Некаде прочитав дека ако некој сака да почне со диета, ако сака да го исфрли лебот од исхраната, нека го замени со компир. Сакам да знам колку калории има компирот, затоа што јас стварно уживам да го јадам и сакам да знам колку има. Ви благодарам. Плус, јас редовно ве читам тука и сте за пофалба - мене пример, многу ми влијаете и сте вистинска подршка и мотивација за ослабнување.
^ http://caloriecount.about.com/cc/search ... pro=potato Овде имаш баш за секаков вид на компир колку има калории, печен, пржен, варен, со сол, без сол...Ама просечно мислам дека има накај 150 - 200 калории еден компир. Јас денеска за доручек 2 резанчиња шунка, за ручек 2 пиперки полнети, за вечера чајче и едно резанче шунка. И сладолед изедов. Од вежби - пешачење само. Ама утре ветувам дека нешто потешко ќе вежбам.
Доручек:пола динче Ручек:Пилешко мевце Вечера:/ После 19.00 нишо у уста и немам веќе стомаче ..затоа во недела ќе си се опуштам да си каснам што ми душа сака Па пак од по ноово..
Јас вчера во еден ден, со три кардио тренинга, протеинска исхрана и многу одмор успеав да симнам 2кг за еден ден! Јупиии!
Денеска јас за доручек Една праска ручек-пиперки пржени со домати и јајца,тиквиња и таратор Вечер нема да вечерам никако А подоцна ќе правам кардио, вежби за стомак,нозе и некои други вежбички
Јас денеска малце си претерав со јадење, ама ќе си простам. Си се казнив со вежбање троа поинтензивно, ако траеше безмалку 50 минути. Не си бранам немало ова, немало она, па да се мачам што ќе јадам за појадок, што да крекам дома да биде за ручек. Што има - тоа. Ама по малку. Поинтензивно вежбање, и ќе биде. Колку повеќе си забранувам, лично мене ми е полошо. Кога си бранам нешто да јадам, ем ми свират цревата до ручек пример од сабајле - ем тоа шо сум го каснала не ми е ни по ќеиф. У секој случај се држам повеќе со салати, свежо овошје и вода. Освен денес, денес си ја земав мерката, може и шамарче да си опнам. Ама од една страна да ви кажам, гајле ми е дека си приуштив повеќе од вообичаено денес, така нема да ми е мисла, ем од утре пак ќе си почнам по старо ко до вчера. Не сум стрвник да каснам од ова благце, од она кифличе, ама ко ми се јаде нешто, ми се јаде, стварно ми се јаде. Денес, на пример еве благото. И така. Не се притресавам многу. Знам дека ќе биде. Упорна сум јас. среќно слабеам, не на судни маки да се туфкам оти треба да вежбам и слично.
Јас повторно си се вратив на стариот Ун-режим. Што убаво ми беше порано 3 кила за 15 дена.Сега со нови сили повторно се вратив и нема откажување. Преѓе правев стомачни,грбни и си пуштив на јутјуб нешто зумба и си скокав. Денес за појадок си каснав едно морковче оти не бев снабдена со овошје,за ручек леќа и еден домат,за вечера леќа и салата зелка.Иначе денес скробен Ајде сите еден ден ќе си ја постигниме посакуваната цел
Ејми мој совет околу стомачниве е да ги баталиш додека да го понамалиш мешето, да не ти се набијат мускулчиња и после потешко да ти оди слабеењето у тој дел. Скокај, рипај, поти го, со стомачни не се мачи многу, бар сега за сега.
Еве уште еден калкулатор,можете да ги пребарувате македонските производи според нивното име.Мене ме интересираше за Чоко Стоби Флипс на Витаминка.Во Јагленохидратниот за вечера ќе ги правам со нескафе. Рецептов е совршен Ладна вода,неколку коцки мраз,нескафе од 3 во 1 и внатре од нив ставам цело пакетче.Преубаво е Има 156 калории,знам дека премногу е ама па да се најадиш некоја торта со 300 калории уште полошо. Еве го http://www.myfitnesspal.com/food/calori ... tion-facts
Имам напишано и во успешни стории,ама ајде и тука да ве мотивирам со мојава трансфомација. Врвот го достигнав мислам пролетта 2010,со 88 кила.Инаку бев околу 175 и уште сум толку уствари,сега плус,минус не знам точно. Да ви кажам тогаш и не се осеќав нешто дебела,т.е не бев свесна се додека не ми се засвиѓа еден перфектен дечко што пробав да го импресионирам ,штета имаше женска.И така,почнав да слабеам ослабев премногу,отидов до - 29 кила.Се соочив со многу здравствени проблеми - ослабена крв,недостиг на хормони.Не дека бев многу слаба, 59/60 кила со 175 си е таман,ама за мал период ослабев,од неколку месеци.Така да,морав да се здебелам,па сега имам 6-7 кила повеќе,ама според мене сум добра ОСВЕН стомакот,кој ептен ме нервира,испрчен напред ама това е. Немам слики од порано,не обичав да се сликам а и немав фејсбук,па сите слики ми се на хартија.Сега исто не сум баш по сликањето ама напраив една слика специјално за мотивација. Е до сликава замсилете девојче од 90 кила.
Розич баш ти стои оваа тежина, згодна и таман, браво за упорноста. Spoiler Него, мооорам да бидам офтопик и да те прашам од каде ти е сукњата? Љубов на прв поглед
Розич алал да ти е, незнам како си изгледала порано ама сега си бомба! И Вајлд да ја пофалам за 2 кила во еден ден, браво! Јас денеска пустата сирота одсабајле имам само 310 калории , и тоа едно Метро и еден ЧокоБисквит што изедов, и сега да се поправам јадам салата со краставица, кисело млеко и шунка малку, знам дека е касно, ама денес ептен малце јадев.
колку кг ќе симнам за 20 дена ако: доручкувам: 1 праска,10-тина бисквити ручам: манџа без леб (меѓу доручеко и ручекот една-две салати) не вечерам и возам ролерки на кеј2-3 саати ??
Ангела кај секого е различно. Не сакам да те демотивирам ама ќе си кажам од лично искуство. Првин зависи колку килограми имаш. Ако си потешка повеќе калории согоруваш при некоја активност, движење што и да е. Јас се придржував на диетата на Ирена . Eве ти линк dieti/dietata-na-irenna-t10798/ . И плус секој ден еден час возев велосипед ( поминував околу 20 тина км за еден час, при согорување калории не е важно само времето туку и брзината) и уште саат време или вежбав аеробик или трчав . Замисли за 20-тина дена симнав само 2 килограми. И не се откажувам ! Задоволна сум. На почеток резултатите за симнување килограми се подобри На пример во првите 6-7 дена можеш да симнеш и два килограми , а наредните 13-14 само еден Зависи кај кого ( ова за мене кажувам). А и уште нешто, бисквити за диета не би ти препорачала. Калорични се.