^^ Бисквитите се ептен калорични- баш видов синоќа дека тие од Кам маркет се над 400 калории на 100 грама, а пакувањето е 400 грама. Во една така поголема шолја слободно се собира 1/4 од пакувањето, што значи над 400 калории и плус млекото над 60 на 100 мл, па вие пресметајте дали ви се исплаќа ем да внесете многу калории, ем да не сте најадени како што треба.
Абе вака...сеа нели одмори..Како поминувате со диетата на одмор? Како проаѓате на плажа ,после бањање трошите калоории си ви се јаде..и шо ќе јадете овошје??..ќе поминеш покрај некои ресторани па ти мириска на гирце,на пица..па ќе видиш сладолед... уше сеа го пишувам ова и ми течат лиги...
Овошен сладолед ќе си купиш, по 60 калории имаат, вода замрзната, ќе лижеш ќе пустиш. Пуканките ти се исто нискокалорични, можеш едно шољиче пуканки.. лубеница, овошје некое ако толку не можеш да издржиш да не јадеш ништо, барем одбирај некоја пониско калорична храна. Кисела вода наместо газирани сокови, прави некои замени.
^Јас се стегнувам сега, а на одмор планирам малку полабаво. Планирам да каснувам нешто овошјесто во текот на денот. Ако не издржам, барем да не мешам јх и протеини, поарно да јадам празни кифли цел ден отколку све и свашта, и кога ќе се вратам, сиот труд да ми пропадне.
Не му ја мислете толку, па нели сте на одмор? Пливате, (ако не знаете да пливате а си лежите на душек тогаш мрдајте со нозете, правете вежби за нив), пешачете, истражувајте го местото- со еден збор не бидете пасивни и на тој начин колку и да јадете барем нема да се здебелите, а огромна е можноста и да се вратите со некое кило минус. Ако сте со партнерот, тогаш сексајте се повеќе, со акцент на ваша доминација за трошење повеќе калории- јавајте го диво(си знаете вие како, да не бидете како Бриџит Џонс во некоја од нејзините шашави сцени) така ем ќе полуди, ем вие ќе истрошите многу калории кои претходно сте ги внеле јадејќи гиро или нешто слично кое содржи многу калории, а и ќе набиете повеќе кондиција. Ако сте со друштво, немојте цело време да лежите на плажа- спортувајте, дали одбојка, дали додавање со тие рекетите како за пинг понг- не сте свесни колку енергија се троши при овие активности. Нема смисла и таму да сте на диета нели? Зошто е одмор, ако и таму цело време пазете? Ви посакувам убаво да си поминете сите што допрва ќе одите на одмор и заборавете таму на оваа тема
Еве една неверојатна приказна и вистинска морална поддршка: http://style.mnogoo.mk/mk/articles/lich ... -sega-foto Секоја чест за девојкава, треба да служи за пример, ако она може зашто не вие?
Ако имате страв дека ќе се здебелите, пред јадење напијте се една чаша ракија. Ракијата ослободува од стравот!
Ако дојде да се зезаш тука на темава, воопшто не ја правиш вистинската работа. И не те сфатив сериозно ама ако даваш поддршка давај асално. Ако не, не ти е местото во темава. Некој се мачи да ослабе, а некој ќе игра мајтап на сметка на тоа. Не го сфаќај постов ко навреда инаку.
^^ Хахаха и ако те фати од една чаша ќе заборавиш што си јадел и нема да стравуваш Извинете на оф топик. Дузи многу ме искара,ама сепак фала Од постарите се учи
Чим те кара Дуза, за арно те кара. за арно може и да те истепа. Се шалам, Дузо доџи да те пољубим она сака само да бидеме слабички ко мачкици Него...јас денес одам на вагата, и наместо да имам симнато кило, јас сум качила кило. Ама сигурно е од вежбањето, барем тоа знам. Еднаш Анатх имаше спомнато дека при градење мускулна маса вагата може да покаже повеќе. А и башка стомакот и нозете ми се видно намалени, така да не се секирам, од шо се билдам ми е.
Женски, јас реков редовно ќе пишувам ама ништо...Пуста мрза...Инаку редовно ве читам...И да ви кажам сум симнала 2 килца за 2 недели со здрав начин на исхрана...Почан да ја држам Ун - диетата ама ништо работава беше одзапни запни и ме убедуваа не била здрава и ја баталив. Значи јас за доручек јадам овошје било какво тоа што ќе ми дојде при рака.Ова зборам кога ќе станам кај 10 или 11 сатот а ако станам кај 12 или 13 сатот тогаш до 3 или 4 саат односно до ручек пијам само вода и Nescafe Cool 3in1...Поточно вакво: Го пијам со млака вода и многиии мраз. За ручек тоа што ќе се прави по дома без леб или некогаш со 1 кришка бел (еднаш на 2 месеци) или почесто со 1 кришка Нутри леб од Жито Лукс. Слушнав многуу здрав бил. Скоро никогаш не вечерам така што може да се напијам една чаша Balans + јогурт, а сего му порачав на татко ми од скопје да ми донесе ленено семе... Така што и тоа ќе се вметне во вечерата а евентуално може и во доручекот. Вежбам во неделата 4-5 пати по 1 час. Поточно вежбам 20-30 мин. на Орбитеркот мој, 2 серии од по 30 стомачни и чучњеви, значи 30 сабајле и 30 навечер... 1ипол рунда од вежбите на Дузи (ама не секој ден зошто убитачни се), и комбинација од вежбите ан Јулијана (bulletbody) и вежбите на Викторија сикрет манекенките. На пр менито за денес ми беше: ручек една мала туна со 1 кришка бел леб, вечера нескафе или салата со патлиџан и кромитче...ќе видам Не доручкував пошто во 1 станав И нормално се во комбинација со вежби
ЈАс мислам дека има минимални калории пченката и е многу здрава за организмот така да слободно јади си. Јас денес за доручек не јадев ништо ручек-леќа со салата и пиперки печени со лукче сега смрдам на лук ЌЕ трчам денес и кардио малце да го спотнам газето За вечера-многу вода Толку за денес
Деновиве гледам едно британско тв-шоу што се вика Supersize vs Superskinny. Пријавените имаат проблем со храната, едните јадат ПРЕМНОГУ, а другите ПРЕМАЛКУ. Е сега, на 5 дена, си ги заменуваат оброците, дебелите живеат речиси на воздух, а слабите не можат да го дојадат јадењето. Мене ми е прилично интересно, или досадно ми е летово не знам , ама баш те тера да се замислиш. Има преслаби кои се хранат ептен нездраво, по триста чоколади на ден и се товаат со кока кола, а и предебели кои не јадат којзнае колку погрешно, туку јадат само многу. Па после зошто не слабеам кога јадам здрава храна... Епа кило банани за појадок и многу нормално дека нема. За жал, не ја даваат храната која им ја даваат на крајот на емисијата, т.е. распоредот за хранење, зш по 3 месеци, речиси сите се дебелеат/слабеат нормално. Дури се мислев и дали башка тема да отворам, затоа што читам има на форумов луѓе што сакаат да се здебелат, а од друга страна ние, диеталците. Има мноооогу за дискутирање, што, како, зошто... Еве линкче, видете. http://www.youtube.com/user/ErmmTV п.с. Има и други вакви шоуа типов ставено, јас сега ова го гледам, после на другите преминувам. п.п.с И не е по американски терк, нема беспотребно драматизирање и траќање. Барем не дотаму јас каде што сум.
Јас пред десет дена ја почнав ефикасната седумдневна диета Не одев баш по правилата, ама пак избегавав благо, леб и јадење после 7. Вагава покажува 3 кила помалце, па тоа ми е мотив да продолжам. Ама нема да ја продолжам оваа. За доручек и вечера се трудам да јадам салата и овошје, за ручек нормално, што има тоа, само без леб и благо не јадам. Тешко ми е леле, све ми се јаде. Дефинитивно кога нешто ти е забрането е послатко. Поздрав до сите колешки
дузи ја имам изгледано таа емисија, да ти кажам мене не ми се свиѓа концептот па тој ги тера шок да му прават на организамот, од една страна на дебелите им вели не јадете лошо е, а на слабиве ги тера да бутаат нездрава храна. а вака интересна е емисијата земено се на се, нема што,ако се скоконе нездравиов начин на исхрана подобро гледај го бигест лузер, Aвстралиското го имаш цело на јутуб, ептен е јако и интересно, 4 сезони на јутуб
Си извежбав денеска наутро и доручкував овес и јогурт во 11:30. Треба да внимавам во иднина оброкот секој ден да ми биде во исто време. Инаку морам да ви кажам една имав уште една фејл рецепта за ориз. Ориз со сосема малце соини трошки (само набабрени во врела вода), лешници, бибер и малце оцет. Ужас. Да не беше без сол ќе беше топ, ама вака, во грло ми остана.
Ајдееее вагава не ми се гледа.сега па имам 54 кила пред една недела имав 52! значи не е можно да сум здебелена!прочитав дека е од мускулна маса.Секој ден вежбам,ама сеа ме фати малце мрза па почнав секој втор ден да вежбам.Си доручкувам мусли,или што ќе ми дојде при рака,ручам тоа што ќе спреми мама -без леб,а вечерам или лубеница или чаша јогурт..еднаш неделно јадам за вечера лепче со домати и кашкавал значи,решив од септември да одам на пливање.Не сакам онака да идам како за припреми за натпревари туку рекративно..Ама па од кошарка ќе треба да се откажам,од тимот.. Добро,не ни играв нешто баш најдобро хехе ми се смачи веќе едно исто.Епа на пливање решив да одам.Препорака каде да одам?Негде кај што нема машки по можност,несакам целулитот да ми го гледаат сите нозеве каде-каде ми се малку подобрени од вежбање,ама и гледам мускул ми се познава.Ама стомаков луѓеееееееееееееее Ако се исправам убаво и ако го соберам стомакот знаете колку совршено изгледа?Стомачни ми се познаваат,све затегнато ле-ле.Ама кога ми е пуштен,сосема малце се познаваат мускулчиња и салцето виси ли виси.
^ Најдобронамерно ти кажувам, овошјето не е убаво да се јаде по 16:00. Има фруктоза, која не е добро да се внесува во вечерните часови. Инаку може да ти е мускулна маса. Ако ти оди пулсот многу нагоре дур вежбаш, вежбањето ти е за кондиција, а не за топење сало. Може да е до повеќе работи. Како вака за малце ве фаќа мрза не сте ми јасни. Да знам дека за 3 кила ќе изгледам топ, па ако треба патлиџани и вода цела недела ќе јадам само и ќе вежбам ко луда.