Се задржува, и тоа како се задржува. Со внесувањето на сол и вода се прави заддршка на течности. Чисто само сол исфрли од исхраната и ќе видиш дека за 2 недели ќе ослабеш доста (зависи од тежината). Само што не е трајно, зошто не е сало. Може одма да се вратат.
Annath тоа не ми е инспирација јас сакам да ослабам ради себе и поради здравјето бидејки несакам за неколку години да имам проблеми кога ке се погледнам во огледало да сум срекна и задоволна а не насекое да ме фака депресија. Тоа предходно го наведов бидејки бев присутна во една таква ситуација токму пред да писам на темава... а исто и на моја сметка сум трпела навреди. И нормално кога ке ослабам автоматски ке ми се зголеми самодовербата која би рекла дека малку и ми фали заради изгледот.
Јас си се држам на умерена исхрана и редовно вежбање, благо речиси и да не јадам, и пијам многу вода. Утрово си каснав половина парче леб со една малечка шољичка јогурт. Spoiler толкава чашата. Ручав чорба со ќофте од соја, половина чинија, и една краставичка, и ако не можам толку до вечер без јадење, ќе сропам уште една краставица.
63.5 на апсолвентската екскурзија, 58 на прославата со гладување и апчиња , а сега се измерив на работа 55 ми се познава ептен, фармерките на сестра ми кои не можев да ги облечам сега ми паѓаат Мислам дека е најмногу поради тоа што лебот целосно го исфрлив од исхрана , Spoiler ич не ми е убав , благ леб бе ?! и дека многу работам.Најсреќна би била ако до крајот на летото стигнам до 50ка
Ајмо цурице, ајмо дечаци, на рапорт . Појадував леб и маргарин со половина патлиџан. Да не речам патлиџанче, колку тениско топче беше малиот. За ручек најверојатно ќе има компири со ориз, ќе си штрбнам со салатка, и за вечера краставац брате. Вежбав 40тина минути од сабаље, се запотив убоо, после ручек пак ќе фатам некоја друга вежбичка, поконкретно за ноџетинките, а вечер таму за мешко, и така.
Абе со целосно исфрлен леб од исхраната се здебелив и сеа како да верува дека лебот дебелее? Ако верувате, трошка леб немав каснато во рок од 7 месеци и пак се здебелив.
Jас си мислам дека не е лебот тој што не дебелее секако во нормални количини.Потребен е на нашиот организам оти содржи некои си влакна.(барем така имам прочитано) Она што не дебелее е неправилно комбинирање на храната.. Благодарение на Дузи го сватив ова,и после долгите совети преку лп,кои почнав да и ги применувам за шест дена ми се намали и стомак и бутови.Ја држам ун диетата ама во сооднос со нејзините добронамерни совети . Тенкс Дузо
Така е, содржи хранливи материи кои ни се потребни, ама ако е во прекумерени количини дебелее. Јас скоро три години не конзумирам леб ако не се смета еден период т.е лани црниот леб по едно парче на ден и после го заменив со двопек за скроз да го исфрлам. Открив дека и овошјето дури дебелее ако го јадеш премногу. Се што е претерано не чини тврдам. И кило краставици да изедеш не е здраво. Во мерата му е мајката! Умереноста е злато бе!
Јас една недела без леб, и фатални резултати. Косата почна да ми паѓа. Буквално со рака да поминев, еден куп влакна падната коса. Се чудев од што ми е, и у една консултација со доктор спомнав каква е работата, и ми рече да не одбегнувам леб. По кришка дневно најмногу си каснувам, најчесто за појадок. А црниов леб, не верувам дека е толку понискокалоричен од белиот, има и индуструски варки на кои ние подмижуваме и цврсто се потпираме у тоа дека некоја храна е здрава, ја јадеме со уверение, а уствари не е. Од се умерено, лебот не е толкав непријател. Помислете само колку сте го јаделе претходно со друга храна, и ќе видите дека од прекумерно конзумирање е. Не знам што сите се фатиле за лебот. Насабајле ќе изедат еден кроасан и мислат дека подобро направиле, отколку кришка леб. Не го одбегнувајте до толку, дури и да сте на диета. Особено ако баш леб ви се јаде. Не дебелее само лебот.
Јас потклекнав еве на одмор се олабавив и козумирав леб, и две кила плус сега 69.. до 63 малеееее. Ама досега не бев физички активна, патики нови за покрај кеј, и од утре почнувам..срам ме фаќа кога гледам другарка ми што ме сликнала со ќерка ми на одмор, перници на сите страни... Туку браво на упорноста, Вајлд осбено!
И мојот понеделнички извештај. Уште едно кило во неповрат Моментална ситуација 56 и само си се смешкам отсабајле. Сакате совет? Бегајте што е можно подалеку од вагата. Леле кога ќе ми текне дека порано се мерев после секоја чаша вода, па ќе покаже повеќе па ќе се нервирам. Вака ми е најубаво еднаш неделно, највише двапати. Ајде ајде ќе биде работава. Само упорност!!!
Сега плачев, не можам да верувам, сум станала слабак, зар јас која мака немав во битката со килограмите и која еднаш им извојував победа Плачев од мака, луѓе 57-58 кила имам и многу ми се познава бе, стомачето се напрчило, рацете ми се зголемиле заедно со бутките, фармерките што ми беа широки сеа ми се КНАП ќе си умрам од мака, ааа, ама реков главата горе имам уште точно 35 дена и морам да ослабам во тие барем 5 кила друго ништо не барам. Ќе дадам се од себе, после орбитрек и едно денсање кардио од пола сат како вчера. Значи мора да се вратам во нормала каква што си бев, колку е тешко само да се гледаш во огледало и да не се чувствуваш убаво во своја кожа, измачувачки е, како ти да не си ти. Едвај чекам промена. А ќе се сменам, си ветувам на самата себе. Нема повеќе солзи, нема повеќе кукање, само акција за да си докажам на самата себе ако еднаш успеав, можам и пак, особено што цифрата е многу помала. Иако не се сакам моментално, ќе го надминам ова, ќе дојдам во фаза каде што ќе го обожавам моето тело ветувам! Живеам за денот кога ќе се погледнам во огледало и ќе речам ДА ТОА Е ТОА.
Лукс, те читам долго време и знаеш ли колку пати се воздржував да не ти пишам, ама ти девојче си имаш страшен проблем, не со тежината туку со самата себе, да не речам со психата. Аман, правиш ли ти нешто друго освен што си опседната што јадеш и чувствуваш грижа на совест за секој залак што ќе го ставиш во уста? И другите овде внимаваат, ама не припаѓаат во очај како тебе, не пешачат по 10км, едноставно се на диета и си имаат и живот. Ти што стори бре девојче? Се опседна страшно. Дај боже и понатаму во животот единствен проблем да ти биде симнувањето на тие неколку килограми што после толку вежбање верувам дека нема потреба ни да ги симнеш. А да пробаше да си купиш нова облека? Зарем не сфаќаш дека е нормално да не влегуваш во некои фармерки кои ти стоеле супер пред некоја година, кога се уште си растела, си се развивала, си била уште дете. Свести се, да не забегаш кон анорексија, ова твоето одамна веќе не е нормално. Да ставиш слика како изгледаш, сигурна сум дека сите би се согласиле со тоа. Дај опушти се, облечи купачи и оди на базен денес- кулирај малку и сончај се, место да се понашаш како некој војник. Кога малку ќе се опуштиш и нема да мислиш на слабеење, јас сум сигурна дека ќе има повеќе ефект, или можеби и конечно ќе видиш дека немаш ни потреба од ова мачење, навистина.
Сеси те разбирам, знам дека сум опседната и единствена преокупација ми е тоа во последниов период. Свесна сум дека ми е проблем, ама тоа е тоа, таква сум и се носам со тоа. Бев едно време анорексична ама сега сум далеку од анорексична И ајде нема толку да се оптеретувам, ама како кога секој ден се гледам во огледало, секој ден мора да се држи диета и да се внимава што се јаде, не е само еден ден. Ќе ми се исплати сиот труд и напор и одрекувања сигурна сум. Не сакам нова облека, си ја сакам старата и точка. И стари работи ми чинат, ама не ми стојат како што ми стоеа е тука е проблемот. Или ми се ептен затеснати фармерките и пантолоните, една блузичка ми се скусила, на друга стомачето ми се оцртува. Абе бруки, маки, проблеми. Да не сте во моја кожа, многу се нервирам вака, ама си викам ќе огрее сонце за мене еден ден. Оваа тортура ја имам само 3 месеци, а реагирав многу порано како да знаев. Отворив тема фитнес-предизвици кога бев скоро на идеална тежина за после тоа се да тргне наопаку и место плочка се претворив во сало. Ај не замарам повеќе, се надевам ме разбирате и ми давате поддршка.
Лукс од мене имаш подршка, ама се додека е во рамки на нормала. Не сакаме опседната анорексична феминка, тоа да си знаеш