(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Лукс ако сакаш на глава почни да одиш и да плачеш, ама ти душо не симнуваш килажа оти НЕМА што да симнеш. Јас си мислев којзнае колкав проблем се јавил и затоа пишуваш овде, ама да плачам оти имам 58кг? Девојко, колку помалку сакаш да имаш? :o Абе за ќотек сте, и вие и домашните што ве поддржуваат во диетите. Ама озбилно ова. :!:

    Баш стави слика од пред и потоа, да видиме како изгледаш со фамозни 50кг. Јас би рекла дека немаш никакви облини тогаш, рамна си и однапред и одназад.

    Немој како тоа фуфите од салонов кај што одев на третмани, идат да им го топат салото и нема, едноставно НЕМА што да се стопи. И се нервираат, препаѓаат таму, дебели биле. Бог да чува.

    Јас не знам зошто толку ви се важни бројките. Мислиш дека посреќна ќе бидеш со 50кг? Не баш. Па јас ја користам вагата чисто ориентационо колку сум изгубила, а имам и порано речено, ќе слабеам додека јас мислам дека е потребно. Ако јас изгледам како што мислам дека е океј да изгледам, две бројки ама ич нема да ми го сменат животот. Па и сега не се доживувам нешто трагично :^) , откако ги симнав 5кг, си стојам комотно на прслук и гаќи, си ги гледам нозите, газот, стомакот ми се смалил...Пу, лепотица бе, па гајле ми е оти имам стрии на стомакот и лав хендлс. Гледај да не не се соблечам на купаќи на одмор, аха. :D

    Боже Господе, да имате вие колку мене снага ќе се самоубиете значи. :^)

    п.с. Требни ти се стари алишта. Купи си нови, помодерни и поубави. :D
     
    На JoxyTheFreak, Trendafilka, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Не е дека нас не замараш, работата е да се свестиш на време дека нема потреба.
    Еве сега ме наежи кога прочитав дека си била анорексична.
    Ти не си свесна, ама и сега одиш опасно по таа удолница, со кола што не е ставена во брзина.
    Сфакаш што сакам да кажам нели?

    Ајде сликај се по купачи и стави ја сликата, сигурна сум, значи сигурна дека сите феминки ќе ти кажат дека си супер и дека немаш потреба од вакви тортури.

    И јас во 2010 бев 53 килограми, ама тогаш сите ми велеа дека делувам измачено, некако немав свежина, и навистина беше така, а сега еве близу 60 сум па од вежбањето телото ми е баш стегнато и добивам многу повеќе комплименти отколку тогаш.
    И јас сакав да дојдам до таа бројка, ама кога размислив, навистина нема потреба, доволно ми е само да продолжам да си вежбам и да си продолжам да бидам посакувана :emo: :lol:
    Не е клише дека килограмите се само бројка.
    Едноставно ти си стегната и си изгледаш убаво, зошто се опседнуваш пак ќе кажам за некоја тежина која си ја имала како дете.
    Зарем пак сакаш да станеш анорексична, да си го измалтретираш организмот со ова гладување.
    Јас од тоа гладување си направив страшен проблем, косата ми опаѓаше како луда, крвта ми беше ептен слаба, а навистина немало потреба.

    Се уште е екстремно не е нормално, било слабо, било дебело- а ти си нормална, нешто што грото од девојките тука се стремат да го постигнат и би биле среќни да имаат тело како твоето.
    Прифати го, не го измачувај, нема потреба навистина.

    Едит- Еве и Дузи го кажала истото.
    И сакаме слики :P па после да дојдеме Кичево и да те истепаме оти не си нормална вака што се мачиш.
    Па после Дузи ќе те земе на моренце, да видиш таму дали некој нема да го посакува твоето тело :D
     
    На Bright, JuLleE, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дузи тврдам дека ИМА што да симнувам и си стојам до тоа. Да немав, немаше во темава да окапувам. :(
    Мислам, реална сум, не се трескам од земја за џабе. Слики имам ставано во модни критики и лани па можеш да видиш како сум изгледала, а слика од сега немам, треба да правам специјално, а не ми се прави, ама ќе ви ставам една од пред и потоа, така да ви доловам се, ќе ставам ПРЕД, ПОТОА И ПОТОА.
    Фала Сеси на поддршката. Ту мач ми е да се сликам во купаќи, ама за месец дена до два ќе ставам слики и ќе видите што сум ви зборувала.
    Сега терам по мое, можеби не сум којзнае колкава, ама имам лав хендлс, имам бутчиња малку поголемки и ич не се бендисувам, ама се ќе се среди. :!:
    П.С па ко ќе се средиме сите заедно групно ќе отидеме на моренце. :)
    [​IMG]
    Ја су скоро колку 4тата слика со малку поголемо стомаче. т.е толку како на сликата.
     
  4. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Јас не ве разбирам повеќето од тука ама не е проблем ќе се поддржуваме како и да е ;) Најверојатно вие истите мене нема да ме разберете...
    Мислам јас летав до таван викендов кога се погледнав во огледало кога видов како кг се топат полека од мене. А знете ли дека не сум ни приближно до -10, всушност никогаш ни во моите најслаби денови не сум била толку а ниту се стремам кон тоа. Златна 0 за мене, е да де да тоа си го барам со -2 би била :rock: , но не се проптеретувам со тоа. Па јас и со +2 би била среќна. Па веќе нели се зборуваше да не се слабее за другите да се слабее за себе за да се чуствуваме ние убаво и здраво, па не верувам дека ако некој не е -10 од својата висина туку е -5 може таа тежина да му наштети на организмот :?:
    А сега гледам во овие младиве што ни шетаат по улици постои натпревар бе да натпревар е кој има позатегнат задник, кој е послаб кој има стомачни... Мислам сето ова е за женски очи не е за машки, бидејќи веќе се знае дека поголем процент од мажите не уживаат да гледаат и да фаќаат -10 ки :D
    Колку се повеќе се палат на задниците на Ким К, Ј.Лопез... Ако вие продолжете со диети ама не заборавајте нема да живееме 200 год, па ни 100 дајте и малку одмор на душичката, ухуу какви ли болести нема по денешницава ги гледам постариве и да сакаат докторот веќе им забранил, благо, мрсно ова она, не, не е тоа дека многу јаделе како млади тоа ти е од стрес, нервози... ама ајде не е тоа за оваа тема
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Леле инает тежок.
    Овен, Бик или Лав, нема што друго да е :D

    Ајде стави баш, што ќе ти биде, нема да ти се открие идентитетот ако се сликаш по купачи.
    Или ако сакаш јас ќе се сликам па да доживееш нервен слом од големината на моите бутови :D

    Мислам дека се плашиш од тоа што сите ќе ти го кажеме, дека само се филмаш.
    А да не ти е огледалото од оние што шират :wasntme: ? :D
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Лукс колку си висока, и колку години имаш?
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    А заборавив да ти спомнам, ти многу вежбаш и сигурна сум дека имаш мускули. Не заборавај дека мускулите тежат повеќе од салото. Порадо би тежела 60кг со мускули, отколку 50 и да бидам млитава.

    Иначе, не знам дали го погледнавте тоа Суперсајз вс Суперскини, ама докторот многу убаво објаснува.

    Дојде едно ПРЕСЛАБО девојче, и се гледаа ребрата, и мислеше дека така е згодна и такви ми ти бакрачи. И докторов и вика, добро вика, еве некој ден ќе се повредиш, кое сало ќе ја ублажи повредата и нема да те спречи да ти се скршат сите ребра и да имаш повреда врз сите внатрешни органи? Баш овака и кажа, дека не е грешно да имаш малку (нормално количество) сало на стомакот, тоа си е таму со причина. Уште поубаво е мускули, мускулите директно ги штитат коските. :!:

    Ама дека скроз ќе го снема стомакот, нема, затоа што, пак ќе повторам, се си има причина.

    И мислам дека многу те демотивираат сликите што ги гледаш како мотивација. Жено, сите се ФОТОШОПИРАНИ! И тоа го даваа во емисијава, Ана Ричардсон имаше фото-шут и снимаа како ја спремаа за една обична слика кај што е облечена. Одеше на истите третмани како и јас, ја прскаа во солариум, а најголемиот дел дојде во фотошоп - и ги смалуваа рацит, нозите, градите, и го поправаа фустанот, стомакот... Не ги гледај таквите глупости, гледај се самата себе, гајле ти е оти некоја имала коски од страните на стомакот. :)

    п.с. Боже, овие што си ги ставила, јас сум подебела од 5ката и сум опишана како ДЕБЕЛА; А девојчето е скроз нормално, мене другите ми се преслаби!!!!!! :o Абе батали ги глупостиве со слики. :x
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не бе, какво ширење :D Ќе ставам за месец дена па ќе видите што сум ви зборувала, во купаќи нема шанси. И не сум ни лав, ни бик, ни овен туку шкорпија. :)
    Не се филмам, напротив реална сум. Ај, ај ќе ставам за некое време па ќе видите кој бил во право.
    И во последно време немам многу вежбано од страв да не донаправам мускули. Имам и мускули ама одозгора со сало.На допир многу сум тврда.
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    И таа сликата шо си ја ставила, кај шо пишува Fat, на петтата слика. Тоа за мене не е дебело. Дебело е тоа на двете слики после нејзе. :^)
     
    На JoxyTheFreak, anabel-a и Doozy им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Се изморив да ти зборувам, очигледно е дека не допира до тебе.
    Можеби си веќе анорексична.
    Дај бре стави слика, што е проблемот, се плашиш дека сите ќе ти го кажеме истото.
    Се прашувам како можат да те поддржуваат твоите во овие глупости што ги правиш, кога еднаш веќе сте имале сериозни проблеми со истото.
    Јас си го кажав своето, барем немам грижа на совеста дека сум поддржувала некој кој оди кон пропаст на организмот.
     
    На Trendafilka, JuLleE и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не сум анорексична, ќе видите за месец дена. :?:
    А за дома веќе се навикнаа, и тие ме поддржуваа, сега знаат дека ми е проблем, сме разговарале многу пати и тоа е тоа се помирија и тие.
    Не се плашам од ништо зошто што и да кажете поврзано со мојот изглед нема да допре до мене. Јас како што сум зацртала така ќе биде, штом јас не си се бендисувам во моја кожа, за другите не ме интересира, можеби погрешно, :!: но таква сум јас кога е во прашање моето тело. Строга сум, го сакам најдоброто од мене, а го немам постигнато, го постигнав и баш дојдов до пропаст, се што сум постигнала е сега далеку, не се гледа повеќе, прикриено е со тенок слој на салце. :devil:
    Ајде, ја оптеретивме темава, развиме исцрпна дискусија, ама нема што да се убедуваме и докажуваме, ќе видиме црно на бело на слики за некое време и тоа е тоа. Немам што друго да кажам.
    ЕДНО ТВРДАМ: И две кила да се и дваесет да се за слабеење, МАКАТА Е ИСТА.
     
    На nela.oh и babybelle им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.132
    Допаѓања:
    257.852
    ^
    Па тврда ќе си на допир, затоа што си стегната и си набила мускули и затоа ТЕЖЕШ!
    И зошто не ставеш слика сега?
    Овде сите за твое добро ти зборат.
    Камо јас вака да послушав кога ми зборуваа, бидејќи со 55 кг мислев дека сум дебела и на крај завршив со дијагноза Булимија. Ти пак терај инает!

    Инаку јас сум како на сликата 4, со помало стомаче и повеќе целулит на нозете. Имам 65 кг и сакам барем -5 и да се затегнам, и тоа бидејќи морам, ради здравје.
    Не можам да ги имам оние 55 од средно, факт. Ми се промени и телото, а и годините се во прашање. Ова е многу бтно да се прифати, како старееш се менува и конституцијата на телото, а со тоа и кг.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Lux јас те сфаќам, има(в)ме сличен проблем. Всушност сега сум до некаде задоволна од изгледот, но тежнеам кон тоа да изгледам подобро и решив повеќе да не се замарам со вагата, туку да верувам повеќе на сопствените очи и огледалото. Луѓе што ме знаат ме убедуваат дека не сум дебела и јас сум свесна за тоа, ама не се задоволувам со тој факт. Не сакам да бидам супер скини, ама не сакам ни големи облини. Вежбам колку можам и од пред некое време решив да не пишувам во темава зошто можеби не е фер јас да кукам кога знам дека има некој што има далеку поголеми маки од мене.

    Едноставно веќе не се замарам, јас сум тоа што сум, ако биде подобро - супер, ако не, ќе морам да се задоволам и со сегашниот изглед.

    Ти ја разбирам намерата и незадоволството, ама здравјето е поважно од "совршениот" изглед.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Artemission извини вака што ќе те прашам, може сум слепа, ама јас не гледам каде е твојот "проблем"..м? :wasntme:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Епа Артемисион, за твојата градба на телото ова е идеално- затоа што не може поинаку, таква ти е градбата на коските.
    На сликава не се гледа, ама знам по сликите од модни критики, долу ти се мускултести нозете, како да кажам имаш пошироки листови, а горе во рамењата си потесна и тоа “те е*е“, ама не се менува.

    Што би било поидеално од ова, кажи ми?
     
    На Doozy и JuLleE им се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Лукс, најдобронамерен совет ќе ти дадам.
    Јас сум сигурна дека ти немаш сало, туку дека имаш мускули. Како што знам, ти уште од мала вежбаш и имаш сменето многу справи за вежбање, така да сума сумарум - ти имаш висока мускулна маса. Значи не се раководи толку многу со бројките од вагата. Ма да, знам ние колку и да збориме овдека ти повторно ќе си тераш по свое тоа што си намислила, иста сум и јас.

    Него луѓе, мене ме загрижи, т.е ме замисли еден совет од блиска личност. Не би да кажам што ми рече, ама ме стави во длабоко мислење. Дури сабајлево во 4 саатот не можев да заспијам постојано размислував за тоа и решив дека јас немам повеќе што да слабеам. Ќе ја држам Ун уште 5 дена да завршам со циклусите, и толку беше од мене. Доста ми е. Не дочекав да поминат деновите како што си реков, па се измерив сабајлево и имам симнато уште едно кило. 67 имам, и земајќи го фактот дека сум крупна девојка, плус имам и висина - мислам доста ми е..

    Со симнати вкупно 35 кила, ја направив мојата најголема транформација досега. Не само гледано од физички аспект, кој нормално е најголем и највпечатлив, туку со самото ова што симнав толку многу направив такви драстични промени кај мене што ми се чини самата на себе да си дадам еден high five. :D Дури некои луѓе со кои до пред некој месец заедно сум била по цел ден, на улица кога ќе ме видат не ме познаваат и се осеќам како идиотка кога ќе ме поминат :D

    А, да и чувството кога во некоја продавничка за облека ќе ти речат: ,, Да не ти треба помало бројче? '' 8) :D
     
    На Saki15, Ariel, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Абе Лукс, види нешто да ти кажам. :) Мора да си свесна дека ти е проблем ова, без разлика дали ние мислиме оти се преопседнуваш или ти мислиш дека не изгледаш добро. Сесилија ти зборува така затоа што ете, таа е таква, поостра и подиректна е, и не треба погрешно да ја сфатиш. :D

    Чинам некаде спомна дека не одиш на одмор поради килажата? Женче, не е нормално тоа. Извини, ама не е. Не можеш да дозволиш до толку да ти управува изгледот со животот. Сакаш јас да ти покажам една стара слика од мене, имам преку 95-6кг и сум во купаќи и цел мев ми е на тацна и сум на плажа и имам еден осмех, ти се чини најзгодна рибица сум? :D

    Ама тоа е, јас сум таква и сум навикната дека сум дебелка. И извини, ама типката опишана како chubby не е уопште таква, прогуглај да видиш какви се тие навистина. :!: 4 и 5 се различни само во телесната градба, а се слични во килажа. Пак ќе ти речам, НЕ ГИ ГЛЕДАЈ тие американски глупости.

    Ние најмалку можеме да ти кажеме што и како да правиш. Твое си е, само немој да забегаш по такви патишта. Мава на психа. Живеј си го животот, уживај и немој во најубавите години 2, 8, 10, 15 или 30кг да те спречуваат да одиш на одмор, да излегуваш, да носиш тоа што сакаш или не знам... Алишта се купуваат, сигурно нема да носиш исти блузи од пред 3 години, барем нема сите исти да ги носиш? Опушти се малку, терај си магаренцето... И не се разочарувај кога не слабееш, оти нема што да се ослабе. :)
     
    На antonina и anabel-a им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Жени жени, Дузи била како 5ката(како па да не), Артемишн ептен е дебела, а и Лукс не забегава,и таа е дебела, имаше нели ставено слика во Модни критики, абре фустанот од сало не и се гледаше :D
    Факат е дека сите жени си имаме комплекси со телото,секоја чест на тие што си немаат.
    Епа жени , доста гледаме фотошопирани модели, и модели со 20 слоја пудра на газот, како оние од Вики Сикрет, а не дека па јас ги сметам тие тела за убави |(
    вашите се поубави!
     
    На Artemission, JuLleE, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Еве слика од 2010 и 2011. Специјално ја направив за овде.
    Сега изгледам малку подебело од 2010 а во кила помалку, па проценете зошто се нервирам. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    |( Не знам зашто се нервираш :D :D :D Ама најсериозно, џгољо си, слаба си, не ти треба диета ама ич
     
    На Monna.Monna, Ammy.Lee, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.