О Свети Ѓорѓијо, Лукс, молим те, оди лапни еден хамбургер, олесни си ја душичката. Единствената разлика е што на втората си стегната од вежбање, а на првата не. Ооооо, ова ако е дебело, ќе мислите јас кит дека сум ако ставам стара слика.
И јас не гледам проблем кај Artemission... супер изгледаш девојко, дури и малку стомаче не би било на одмет... ама ти си знаеш како сакаш да изгледаш и готово. Ние жените сме навистина опседнати со изгледот, пред сè поради она што ни го наметнуваат трендовите, а се е тоа вештачки изградено, оти верувајте, ниедна девојка или жена не е совршена по сите критериуми. Од оние слики Лукс што ги ставила - Мерилин Монро изгледала како 4, да не речам и 5, па била секс бомба. Јас си изгледам како 5 со малку поголемо стомаче и малку повеќе целулит, ама тоа не е нешто што не се средува. Покрај редовните вежби и масажи што си ги правам, си купив и ваучер за електростимулации и микромасажи, па ај да видиме дали ќе се намали салото на стомакот. Стриите немам намера да ги средувам некако, сами ќе избледат со тек на време, ама во принцип, не ги сфаќам премногу трагично. И за лебот - Џинџер, ти треба Б витамини затоа ти паѓа косата. Во лебот ги има. Инаку, не се лажете дека интегралниот леб е поздрав од белиот - тоа само ако сами си го правите дома, од интегрално брашно без адитиви и конзерванси. Индустриски прозиведените лебови се полни со нив, па нема врска дали се бели или црни или какви и да е. Кога вработен во Жито Лукс вели дека не купува од нивните лебови оти не се здрави (ова важи за интегралните лебови на парчиња особено), што останува за другите... јас одамна такви не купувам, ниту јадам. Само бел леб печен во фурна... и тоа едно парче наутро, и едно за ручек. И толку во денот. Доста е. ЛУКС - немој, немој, немој те молам... ти слаба си моме, слаба... немој да се водиш по кг, тоа е само бројка... не си свесна колку тежат коските, мускулите... стави и малку салце девојче... и нормално е телото со годините да се менува.
Леле јас да се сликам ќе ме запалиш на клада, посебно ако се сликам од позади Абе супер си девојче и ти и Артемисион (или Артемишн, како сакаш да те викам )- стегнати жени, посебно Артемишн го нема тоа внатрешно салце знаеш горе на ногата под вагината, тоа е најтешко да се отстрани, а ти го немаш и затоа ми се иде да дојдам и да ве размавам жими мене.
Hе дузи, ти си како делфинче Jас знаев и знам дека Лукс, Артемишн и тие како нив, нема зашто да се замараат со диета, баш се слаби, послабо од ова јас не знам што сакате, ни сало ни спојлер ни бут ни ништо. вие вежбајте си само Ете Најискрено кажано без лице
Абе конзумирам витамини, ама лебот не ми е на одмет. Не сметам дека од него дебелеам, нит ќе ме спречи да изгубам килажа, инаку и јас почнав да си практикувам домашен леб.
Абе да си пред мене кога ќе ти мавнам еден шамар! Ти ли си бре дебела, па и Медобил пиеше . Лукс најдобронамерно, бегај од диетите, вежбај само. Од искуство ти зборам, јас завршив на психијатар, оти бев како тебе, а се мислев дека сум дебела.
Ах Лукс преубава си, мислам дека тебе ти фали една вистинска љубов која ќе ти ја крене самодовербата. Јас мецана ама љубена! И да мене ми се секси девојки со стомаче и листови на нозете! Даски многу не љубам да гледам! Туку денес сум на мусли со кисело млеко, за ручече рипчиња си спремам си ги донесов од Охрида града.. ма почнуваме посериозно малку плус со трчањево и планирам со вежби за стомак па ако има некој да ми предложи нешто што веќе пробала, некои вежби значи за целиот стомак.. Иначе јас сум 4-ката чуби! Аххаха ...
Абе луѓе, тие Мерц дражеите дебелеат ли, само апетит отвараат ли? Ај да е само апетит, ќе контролирам, ама ако ме здебелат.... Славица ме заплаши мене вели апетит отвараат, а таа аптекарката ништо не ми кажа,мочла
Да ви кажам искрено моментално дојдов до 64-65 кг, ја чував страшната бројка од ланскиот септември кога започнав со диетите како изненаѓење на крајот од мојот финален рапорт, ама еве ќе ви ја кажам, без срам и перде - имав 83 кг, а мајка ми вика да не се занесувам, сум имала 85 ко ништо. Tough love од страна на мама - never fails. Можеби мојот коментар подолу ќе забега и ќе се допре со психолошкиот аспект на темата слабеење, но сакам да го споделам со вас. Искрено, не можам да сфатам како има пар девојки тука кои мислат дека - ако и кога ќе го симнат вишокот на килограми, светот магично ќе се стори од црн - розев. Сериозно ли сте убедени дека сите проблеми ќе ви се сторат ПУФ, само затоа што сте симнале 5, 10 или 20 кг? Пред цели 10 години сум помислила така, дојдов до 57 кг, освен моето ново тело ништо не се смени, менталниот склоп ми беше ист, душата ми беше иста, никој нема да ве перцепира поинаку само затоа што сте слаби (ова не е поттик да се удри на ненормално јадење, демек - јади си, што те боли), ова е само обид да ви доловам дека е невозможно ЕДНА ИСТА ТЕЖИНА и бројка да ја одржувате целиот свој живот, треба да научите да си се носите гордо со килограмите и самите со себе и својата кожа. Добро, размислувате ли на тоа дека еден ден ќе бидете мајки, и тежината и телото ќе се променат поради бременоста или моментот кога ќе ве акне менопауза, или недај боже ќе се пројави некој здравствен проблем кој ќе ви донесе некој кг вишок? Што ќе правите тогаш самите со себе, сериозно прашувам, ќе се мразите ли поради вашиот изглед, ќе се изгладнувате ли, ќе се самоубиете ли? Убаво и човечки е да се тежнее кон прекрасен изглед, но не по секоја цена, не по цена на вашето здравје и нерви. Никогаш ама никогаш не сум си го мразела телото, не сум рекла - види ме, крава сум, свиња сум, одвратна сум (сум си рекла шифоњерче и гуде од милост) ми било мака фармерките да не ми стојат онака како што посакувам, или да не можам да најдам бројче, ама да плачам и да запаѓам во депресии поради мојот вишок, да се преколнувам со таква омраза самата себе... Првенствено мојот wake up call дојде поради фактот што се заморував од најнормални работи како брзо одење, качување по скали, срцебиење, и сфаќаш дека - здравјето ти е во прашање. Да не се лажеме - не дека нема удел помалото бројче фармерки во желбата сакам да сум послаба, ама не се пристапува кон проблемот така грчевито, со исполнување по секоја цена. Слабејте со ум и разум, а во меѓувреме поработете си на самодовербата и научете да се сакате во секакво издание, животот е пред вас, ќе ви донесе многу различни бројки на вагата, ако на секој вишок се потресувате толку многу, ќе си цркнете од психата која ќе ве дотепа, не од вишокот кг.
LaBella мојот проблем како што кажа Sesilija се нозете, всушност се' од половината надоле. Знам дека никогаш нема да изгледам ко што јас сакам, ама сигурна сум дека можам да го оправам ова, колку толку. Салце имам, ама среќа имам и цврста градба па многу многу не се приметува. Сликата ја тргнав, не сакам никој да ме теши и да ме разубедува. Ние жените сме претежно искомплексирани кога станува збор за изгледот (блазе оние кои не се) и џабе муабети кога ако сам не се свиѓаш никој не може со сила да ти ја натури таа мисла. Факт е дека голем дел од нашите "проблеми" се решаваат само со вежбање и здрава исхрана и од таа причина не пишувам повеќе овде.
Ве читам цело време, се согласувам со сите за Лукс, супер си не ти треба слабеење повеќе, само вежбај си. Јас дека вежбам сум постегната и потешка, за разлика од порано. Сега сум 60-61 кило и еве недела и пол исто сум не смалувам, ја држам Ун диетата и малку ја потпрекршив викендот ама од денес со нови сили продолжувам. Артемишн и тебе те видов на сликата прекрасна си незнам за кој проблем велиш, јас кај тебе не гледам проблем. висока сум 161 со 60-61 кило моментално ама се осеќам супер јас ако имам помалку од 58 кила не личам на ништо, и сега ми се ослабени ци*киве и се нервирам
Ајде ако може да не ставате слики, па да ги тргате. Ако немате храброст да стојат воопшто не ни ставајте, само ја реметите темата. Ќе чита некој после коментари, ќе пребарува по темата и ќе се чуди каде се сликите. Не е фер за другите форумџики, а ниту е убаво да се расипува темата.
Ги пиев јас минатото лето, поради косата. Е сега навистина отвараат апетит, ама се контролирав и не качив ниту едно кило. Не мора да значи дека ќе се здебелиш.
Hе ризикувам сега за сега дур сум на диета, после накај септември ќе би пијам, и така имам паќетче и пол фитовал, и биотин, а биотинот плус и за слабеење е добар, покрај нокти и коса го регулира и метаболизамот
Јас ја поддржувам Лукс да си ја врати формата од втората слика, затоа што има разлика и поубаво изгледа. Секако, не го поддржувам тоа што се опседнува со килограмите што ги накачила и што е претерано строга со себеси. Секој сака да го достигне својот максимум, нормално дека телото од првата слика изгледа совршено за некој друг, но ако таа се чувствува подобро кога е во топ форма, без стомаче и сало, сосем си е во ред ако сака да го постигне повторно истото. Само еден совет до Лукс: јадеш здраво, вежбаш? Да. Тогаш нема зошто да плачеш и да се опседнуваш и да драматизираш, затоа што немаш многу до целта и секако ќе дојде. Оди на одмор, облечи бикини - секако одлично ќе изгледаш. Не е нормално да си го расипуваш животот и да доаѓаш до опасна психолошка состојба само поради вишок што не е невозможно да се симне. Инаку, уште еднаш да кажам: те поддржувам ако сакаш да си ја вратиш идеалната форма, кој не би сакал? Само прави го тоа на здрав начин и поработи малку на психата, не е во ред да бидеш опседната и животот да ти се состои од грижење за килограмите и исхраната.
Сè е до психа, бидејќи нас жените ни е вродено да се заморуваме со секој еден детаљ на нашето тело и да се трудиме да го доведеме до перфекција. Ама како што кажав претходно, никогаш нема да сме задоволни, макар и совршено да изгледаме (ако е воопшто тоа возможно). Психата е наш најголем непријател кога е изгледот во прашање. А дали знаете, или дали сте се запрашале како мажите ја гледаат сликата во огледалото, а како ние? За тие што не знаат - ние жените ги гледаме деталите кои ни пречат и нивната несовршеност ја издигаме до огромни размери. А мажите ја гледаат целината, не се замараат со забележување на несовршености и нивна анализа - ако изгледа складно, нив тоа им е супер. Секако дека има и мажи кои ги забележуваат несовршеностите, ама тие се веќе друга тема.
Лукс, ар ју факинг сириас? ... Имаш совршено тело, дај не се заебавај, вежбај за да се стегнеш, не ја гледај килажата,ако имаш мускули нормално дека ќе тежиш повеќе отколку предходно... супер си, камо јас да имав такво тело па да се раслечам во дводелен костум... едноделен носам цел живот. со душа чекам бар приближно да изгледам како тебе !!!!
Се казнив за вчера..Шо се прејадов.. Па јадев многу малце!! Доручек:Една бананка и 5 праски Ручек:Салата(шопска) и малце лупен сончоглед Вечера:немаше(ништо немам ставено у уста од 4 саат) И вода испив преку 3-4l...