(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Има ли некоја опција на одредени членови да им се забрани пристап до одредена тема?
    На Лукс треба да се додели свечен бан за темава, не и е тука местото и им го расипува раатлакот и трудољубивоста на луѓето што сериозно имаат мака.

    Кажав еднаш, некој сериозно има проблеми со тежината штом дошол тука утеха и лек да бара. За мене килограм, два, макар 5, не се проблем, ниту поголем Цацко пак или целулит. Сум видела и знам дека проблем се многу килограми и многу масни наслаги.
     
  2. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Постојано среќаваме прашања од типот дали ова дебелее,колку калории има,која е ефикасна диета и така натаму.Постојано има забуни за тоа како треба ние да ослабиме и така натаму.

    Да претпоставиме дека некоја девојка држи строга диета еден месец и успева да симне некој килограм.Пресреќна ,се враќа на секојдневниот режим на исхрана и килограмите се враќаат.Значи , одговорот не е во држење строга диета која го истоштува организмот.Најдобро би било да се смени начинот на исхрана.Сметате дека би било тешко?Воопшто не е.Се е навика.Некој е навикнат да јаде мрсна и пржена храна ,некој не може да ја поднесе.

    Постепено можеме да ги замениме лошите навики со добри.Верувајте кога ќе се навикнете на здрава храна,ќе ви биде лошо ако изедете мрсно парче месо.

    Освен што ќе бидете витки,ќе бидете здрави и витални.Многу болести се резултат на јадењето нездрава храна.Јадете природна храна која ќе биде соодветно подготвена.Тука спаѓа свежо овошје и зеленчук,компири,ориз,соја,спанаќ,мешунки(грав,леќа),семки.

    Вегетаријанството,од лично искуство го препорачувам на сите.Но доколку не ви одговара задржете се само на конзумирање на пилешко и риба,и не јадете црвено месо.

    Голема забуна е дека еден оброк на пример ориз со зеленчук нема да не најаде.поентата е да се внесува лесна храна повеќе пати во текот на денот.така ќе бидете сити.

    Многу е важно да избегнувате преработени производи како на пример сувомесни,слатки,грицки.Сите тие содржат штетни конзерванси и адитиви.

    Заслепено од медиумите,конзумираме се што ни е "вкусно".Многу производи се промовираат како здрави,но тоа е само лага на компаниите за да заработат.Тие се богатат, ние се дебелееме и разболуваме од таа храна.

    Време е да се освестиме.Овој текст го напишав за вас,се надевам дека некој ќе го прочита и ќе ја сфати суштината.Јас не сум некојси доктор,немам никаква диплома за ова.Пратам емисии,гледам документарни и почнувам да ги поврзувам работите.Ваше е дали ќе прифатите или ќе се изнасмеете и ќе продолжите да го јадете чипсот до вас.

    Ако нешто сакате да прашате слободно.Како што спомнав не сум специјалист за оваа област, но би ви помогнала ако можам

    поздрав
     
    На Ammy.Lee и babybelle им се допаѓа ова.
  3. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Јас вчера бев на крштевка пак и малце зафрлив на страна уфф само нешто излегва за да не можам на рает да си го водам режимот :( ама затоа пак денес дупли вежби и минимална храна
    За доручек-полојна крастајца
    Ручек-турлитава ама :!: без месо
    Од 6 и 30 д0 8-кардио,вежби за стомак и нозе
    Вечера-од тирлитавата две,три виљувчиња боцнав и мноогу вода
    Инаку Lux те пратам долго време на темава и ќе се сложам со другите феминки дека ја претеруваш со диетата и килажата кој што сакаш да ја достигнеш.Камоли да имав тело ко твоето ни секунда не би држела диета.Сепак тоа е твое тело и ти си знаеш што е најдобро за тебе,но и самата кажа дека си била анорексична,тоа е се во психата.Мораш да си задоволна од самата себеси секоја мала утка да не ја разбираш толку трагично бидејќи тоа веќе се одразува лошо на тебе.Подобро сега обиди се да го спречиш ова отколку подоцна да ти е потешко.
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на моето You are what you eat, јас ќе ја изедам Лукс чим така, она е згодничка, слабичка, само нешто се занаса и за ќотек е. :D Па и јас да подослабнам, де. :rofl:

    Лукс, јас си мислам кујзнае колку имаш за симнување, а ти скоро па ич.
    Мајката, шо се косиш толку? :D
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  5. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Ве читав и прегеска, не знаев дали да прокоментирам или не. Ме испровоцира коментарот на Marilyn-Monroe . НИКАКО не се сложувам со тоа дека Lux треба да биде банирана од темава, бидејќи имало подебели од неа (со свои зборови кажано). Се согласувам со LivingGlam и ја подржувам Lux да си ја врати формата како на втората слика. Не дека на првата слика не е убава, но на втората мене повеќе ми се допаѓа. Е сега, јас сум подебела и со полоша конструкција на телото
    имам пошироки колкови, и некако не ми се пропорционални со остатокот од телото
    и од првата слика на Lux, па би била пресреќна доколку добијам изглед на телото како на таа слика. Но сосема ја разбирам што сака да има тело како на втората слика. Е сега факт е дека тука нема ништо за плачење, трескање од земја, гладување и пиење медобил- за тоа Lux воопшто не те оправдувам. Ти и онака убаво изгледаш. Добро е тоа што сакаш да изгледаш уште поубаво, но немаш причина да се трескаш од земја и да те фаќа депресија заради тоа. Размисли си девојко, млада си, така ли сакаш да си ја поминеш младоста? Броејќи калории и плачејќи? Тебе ти е доволно тоа што вежбаш, може и по малку да внимаваш на храната (знам дека си на УН, и дека долго време се зае*аваше со медобил, скокаше по 2 оброка во денот - тоа ич не ти чини), но никако да гладуваш! Поздрав и секое добро!
     
    На babybelle, Doozy и Lux им се допаѓа ова.
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Lux, ја читам и јас редовно темава, ги видов и твоите слики и те разбирам и поддржувам што сакаш да си ја вратиш формата но сигурна сум дека тешко ти оди бидејќи гледано вака од страна премногу очигледно е дека си преоптеретена психички со тоа и мислам дека додека не се опуштиш малку вака ќе биде. Ова од искуство ти го кажувам, дури сега ја имам идеалната тежина во бројки, откако престанав да се замарам дотолку и да се комплексирам :!:
    Поздрав и со среќа :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    :P
     

    Прикачени фајлови:

    На aleks26 и Abeja им се допаѓа ова.
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Midnight.flower, ако реално те интересира што мислам, имав раце и бедра и задник поголеми, а сеуште имам поголем стомак од оној на Лукс на првата слика. И види... не се жалам, не пишувам во темава, освен ако се бара податок за кој имам познавања и искуство.

    Да имаш тело како 5 и 6 девојките на погоре прикачената слика, ќе знаеш што е проблем. Очигледно не сте поминале низ фаза ни на онаа категоризирана како дебела, па не знаете што зборувам.

    А за банот... смисла за хумор, нешто...? :^)
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Лукс земи пример од девојкава
    http://www.kurir.mk/magazin/zivot/78798 ... -privlecno
    Типкава има дури и дечко, ама само затоа што не се замара како изгледа(што во нејзин случај не е и баш најдобро).
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    ^ Ова дефинитивно не е пример што треба да се следи, за никого :!:
    Да, секој треба да се сака онаков каков што е, но треба да се има одредена граница што е нормално, а што е претерано. И не ми е јасна поентата со дечкото, демек ако го има она по автоматизам е привлечна и самоуверена, а ако раскине пак ќе биде старата дебела мома? Убавината доаѓа од внатре и тоа чувство треба човек сам да си го створи, а не некој друг.
     
    На nela.oh и Lux им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Баба ми имаат една вага во ќошот и секој ден ме повикува на мерење. Како и да е, јас сум уште кило и пол смкната, остануваат уште 500г до одмор! Сепак мислам дека со ова темпо ќе бидат барем уште кило-две. :D

    Заприметив многу интересен феномен - побрзо слабеам откога престанав со вежбање. Во обем ненормално многу бргу губам сантиметри, одам назад на каишот речиси по едно дупче неделно. :tmi: Е сега, не викам дека на сите вака би ви одело побрзо, ама пробајте, не губите ништо.

    Јас се враќам на вежбање уште 4-5кг, ситно се брои веќе, ситно. Едноцифрена е бројката, не е веќе двоцифрена што треба да се симне. :D

    п.с. Ако некој сака, слободно нека ми пише, ќе му ги напишам на Цеца режимите, не е проблем. Само без експериментирања и слично, па јас да испаднам крива... Со усул, по списочето и сите ќе ве биде. :!:
     
    На patika19, simoncelicius, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Денес сум се испотила убаво добри 2 саати со паузи вежбам :sweat: . Уште не сум јадена на кафе сум не е убаво ама стварно неможев да јадам сабајлево
    Одам сега на еден добар туш и после ќе си мавнам лубенче хуху :D 8)
     
  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Moре ако зеам една суровица ве заплускам ви шо сте ѓоа стапчиња.
    НЕ СИ НАБИВАЈТЕ КОМПЛЕКСИ!!!
    Артемишн,Лукс,таман сте.
    Не дозволувајте идоли да ви бидат девојки од weheartit. Нив облеката им виси ко на закачалка.
    Има нешто секси тука?
    [​IMG]



    Јас имав 106 кила,сега сум 95. Тоа е многу за 15 годишно момче.
    Ама знаете што? Се чувствувам одлично!
    Сум зацртал нешто и сум го остварил.
    Немам совршено тело,ама имам резултати... :)
     
    На Alesii, Cynthia, Bright и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Денес станав многу рано, во 9 поручав, и сега пак ми се јаде ми цвичат цревата, а до 3 сатот ќе приумрам, а во УН несмее да се јаде ништо меѓу оброците... шо да правам, ем несакам да ја прекршам ем ми се лоши и од шо е жешко, нагони на повраќање имам, и ај сеа :@ ?! :doh:

    Патем Дузи ако не е тајна со колку кг почна, и до кај си стигната? уште колку до целта?
     
  15. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    марибелла , и јас ја држам УН , за 2 месеца ослабнав од 73 на 60 сум сега
    во вакви моменти ако ми беше тешко си грицкав красавица или домат
    мислам подобро тоа отколку нешто мн калорично
    сите имаме денови кога ни е тешко па мислам дека не е грев ако изедеш една краставица без сол без ништо
    јас така правев а сепак ослабнав :)
     
  16. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ау недај господ какво калорично :D ... муабетот ми беше шо правите вие кога ќе ве фати криза ваква некоја, ми се гади невероватно, а цревата се скренаа :lol: :( ...
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Џокси златен па и ти, не одам јас толку во крајности :D
    Немам комплекси, баш напротив, задоволна сум од моменталниот изглед (некогаш било многу полошо), но целам кон дополнително подобрување. Ниту мене не ми се допаѓа анирексичен и нездрав изглед, напротив сакам здраво и убаво оформено тело и овде сум за поддршка за да успеам да ја одржам тежината пред се, не за некои драстични промени.

    Од таа причина и решив да не пишувам веќе овде, не сум лицемер и не би сакала некој да се чувствува лошо заради мене. Како што кажа и Лукс, исти напор е потребен да симнеш 2 и 20 килограми, разликата е само во бројката, но сепак ќе ја прескокнам темава.
    Здравје се надевам само ќе успеам во зацртаното, макар и по една година, и ќе ви поставам слики пред и потоа чисто за мотивација на другите.
    :hai:
     
    На simoncelicius, Lux и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Почнав од мај со речиси 87 (донт џаџ, испитна сесија :rofl: ), сега сум 80.500. Планирам да одам максимум до 73-4, зш кога имав 69 ме прашуваа да не сум нешто болна, да не сум имала операција, пу, пу, пу... :rofl:

    Ќе видиме бе, како што реков, крупна згодноќа сум јас, ќе одам додека мислам дека треба. Чекам да дојдам барем до кај 75-6 па да почнам да вежбам и да се зацврстам дополнително. :wasntme:
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Немам ништо против тоа што Lux i Artemission сакаат да си го доведат телото до совршенство , а и не им треба многу работа за тоа, мој совет е повеќе да обрнат внимание на физичките активности затоа што ако го научат организмот на помалку исхрана со некои ригорнозни диети после тоа може брзо да ги вратат. Јас бев како нив и сега сум мнооогу далеку од сето тоа зашто си играв играчки со тие диети а и плус имам хормонско нарушување и се нагоив додека трепнам ми се чини. Сега работам на случајот што се вели ама треба многу работа ама ќе биде МОРА да биде !
    И нема ништо лошо во тоа што некој сака да изгледа уште подобро не значи дека сите треба да начукаат +++ како мене па да им дојде памет. Само не претерувајте девојки :D
    И од денес си се фоткам секој ден мислам за да можам да ви постирам пред и потоа за неколку месеци ама додека не дојдам до посакуваното нема шанси да се објават тие фотографии хахаха . Ајде се надевам секој од темава ќе го постигне тоа што го сака .. :) :*
     
    На Lux и Artemission им се допаѓа ова.
  20. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Знајте што мило ми е што кога ќе си облечам фармерки не ми се познаваат мевца на сите страни како што ми се познаваа,е сега неможи скроз да ми исчезнат спојлериве само од една недела ун диета,само сакам да гажам дека по не се видливи и стомачево ми е помало :)
    Лукс се согласувам да не држиш диета,но не се согласувам дека не треба да вежбаш.Вежбај си за да се затегнеш и да си ја задржиш формата.
    Сите во мозокот си имаме зацртано една мисла како сакам да изгледаме па затоа
    Ајде да го исполниме тоа и да си бидиме задоволни од своето тело,не за некој друг,затоа што ние така сакаме ;)
    Каман еврибади :rock:
    Артемишн и за тебе исто важи.Ако не ти ја видов сликата ]:)
    Имате од мене целосна поддршка :emo:
     
    На babybelle, Waka-waka, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.