Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Пробувам...барем 2 или 3 кг. да симнам...и да зацврстам ова газиштевоо мое ...и рачиШТАВА си ги мразам :lol: :lol: комплексчиња ми се
     
  2. tananka

    tananka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    ако сака некој апчиња за слабеење :)) јас ги порачав без да знае мајка ми но ме забележа и сега не ми дава да ги пијам затоа што сум си била таман ахахха ако сакате кажете ми иначе цената и е 2100 ден а ослабнуваш многу и го губиш апетитот многу брзо
     
  3. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Слим лајн? - Не благодарам :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tananka

    tananka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    зоштоо :) а да тие се
     
  5. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Ете и јас да се придружам :)
    Искрено мора да ослабам барем 10 кила ;( , шо е многу многу е а искрено убаво ми беше ко си лапкав се и сешто, во секое време и што е најбитно без исав, абе со еден збор претераност...
    Е сега уште некој ден ќе започнам да одам на зумба валда и то ќе помогни..
    Ете за денес да си кажам немав време за доручек така да само кафе се напив кај 12 сатот, после ручав кај 3 сатот павлака, пиперки, домат и леб, во меѓувреме едно јаболко и за вечера туна без леб и вечерав кај 7 или 8, така да од денес сум задоволна, па со тек на време ќе си намалвам. Оти сега ако одма почнам со ептен малку храна по некој ден ептен ќе умирам за јадење и ќе почнам по старо.. Искрено многу повеќе мотивација имам за слебеење вака ко ќе знам дека и други тоа го прават, оти иначе ќе си мислам ајде сите јадат, оти ти да не јадиш...тешка работа оваа слабеењето :sweat: ...
    Сега за сега нема да држам некоја диета само ќе внимавам на храната и ќе вежбам, па ќе видиме дали ќе оди..Верувајте кога читам дека сте ослабеле барем едно килце се радувам и јас и уште повеќе се мотивирам..
    Со среќа на сите нас, ќе ни треба и среќа и упорност :lol:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Морам да ослабам 4-5 килца до 11ти!
    Од утре 5 дена на јаболка, една детоксикација убаво ке ми дојде... Башка испробано ми е...
    Се надевам пак ке ми успее :P
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    E сега се разочарав :| |(
    вчера сабајле се мерев и ми вика 3 кила сум ослабена, денес, само 1 :?: !
    а пак си бев на диета ко и секад! е не се мерам сега едно 2о дена :devil: а не вака да се разочарувам :(
    еден ден едно ми вели друг ден друго ми вели, па не е фер!
    инаку за појадок ќе си го изедам спанаќот од вчера, ми остана :lol: и чаша јогурт, а за ручек ќе видиме има време!
    и још мало па идам да попешачам малце :D се нафурав со вагава значи
     
    На Dafinka0909 и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    А имаш ослабнето барем 1 кило? :?:
     
  9. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Продолжи со диетата, можеби резлутатите се по долготрајна диета.
     
  10. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Еве од мое искуство ќе ти кажам. Колку почесто се мерев, толку често и се откажував. Затоа сега мм ја сокри некаде вагата и нема мерење. Батали ја вагата ќе си видиш по облека. Пред извесен период имав здравствени проблеми и си набацив некои 20кг вишок, зошто бев приморана само да лежам и да бутам нешто |( Почнав со една диета, после 2 недели се откажав и нормално имаше јо-јо ефекат. Си вратив дупло од тоа што ослабев, почнав друга и пак се откажав поради таа мочана вага и пак истото, се додека не си расчистив со самата себе. Дојде момент кога требаше да се купува облека и низ градов ништо неможав да најдам. Е тогаш решив дека нема да бида "среќна а дебала", туку ќе бидам слаба и пресреќна :D Дома од фрижидер буквално се што е салама, мајонез,залихи на благо, чипсови и остало џитнав и со мм го наполнивме цел фрижидер со месо, зеленчук и овошје. Па сега сакала нејќела тоа е и да сакам нема друго. На работа си носам за јадење и пари минимално за да не паднам во искушение. Сега за сега мојава тактика се покажа како добра.

    Затоа нема разочарувања, ако се сака се се може. Еве и мене на 29 години не ми е лесно да се мотам со најлон вреќи и да вратам на орбитрекот по еден час или кога пешачам шушкам како огромна црна вреќа луѓе се вртат по мене, кучиња ме бркаат ама јбг кога не сум мислела на време сега ќе си се мучам.

    Среќно девојчици на сите и се надевам дека само ќе се фалиме :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Лудо јас одамна веќе не сум се качила на вагата, си ја ставив под кревет и не ни ја чепкам.
    Одамна не и верувам :lol:
    Приметувам кога сум ослабена по фармерките најчесто, позади на нозете ми стануваат како торби :lol:

    Инаку ако знае некоја каде да си најдам вакви згодни кукли - нека каже.
    Да си ги ставам на маса, да ме придружуваат додека јадам за да ми даваат мотивација :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • Pink.jpg
      Pink.jpg
      Големина на фајлот:
      41,5 KB
      Прегледи:
      378
    На figgiMK и ludoto19 им се допаѓа ова.
  12. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Се пријавувам и јас!
    Не сум на некоја строга диета, само јадам пола од она што сум го јадела претходно. Еве веќе две недели, пијам зелен чај, вода, многу јогурт(Баланс + ми е ем најубав, ем најдобар), не јадам леб, благо само по едно залче ако има нешто, зошто ако само го гледам ќе мавнам се наеднаш. За појадок јадам нешто лесно, колку да се рече, за ручек и вечера исто. У меѓувреме, зошто сум премногу стрвна, морам да бутнам нешто, на секој саат. Тоа може да биде бисквита, јагоди, една резанка кашкавал или сирење, марула, краставица, или нешто такво.
    Исто така, сум физички активна. Не нешто многу, зошто кондицијата ми е на нула, 20 минути најмногу можам да издржам вежбање без прекин. Рипам едно 2 минути(не можам повеќе :?: ), па правам 20 обични стомачни, 20 стомачни за долниот дел, 20 mountain climbers, па пак го повторувам истото, едно 5 пати, и повеќе не можам. Ги правам само овие вежби зошто ми беше спор нетот, 5 саати ми се полнеше едно видео, и немав живци така да ги гледам оние видеа со вежби. Дојде први, фала богу, сега пуштам јутубот и вежбам со тие типките.
    One, two, three, good, five, six, you're doing great, seven, eight. Now the other side!
    :D
    И обавезно откако ќе ги запамтам вежбите, си пуштам музика. Некоја брза, црнечка, рнб песна, кај што се збори за некоја јака типка(или кај што пеачката си кажува колку е она јака), и си се инспирирам така :D

    Се мерев пред недела дена, имав 63 кила на 170 цм. Сакам да стигнам барем до 58. И да, заборавив да кажам дека завчера се изгорев... дечко ми ме частеше пица во Ања и мавнав пола пица наполитана! ;(

    Ама нема да се повтори. Промис! :!:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Ајде и јас да ви се приклучам во групава :) Не сум дебела, дури некогаш се тешам дека сум тамам, нит слаба нит дебела. Ама, кога ќе размислам подобро и не е баш така. Ако сум ок, треба да ми стојат секакви алишта така? Но во бели хеланки нозете ми изгледаат дебели. Некња пробував светли фармерки и изгледав огромна во колковите. Можеби беше до материјалот, не знам, ама битно не ми стоеја, на крај пак си купив потемни фармерки.

    Инаку, цело време се движам помеѓу 55 и 59 килограми. Но под 55 килограми не мжам никако да дојдам, ама баш никако. Секогаш кога ќе почувствувам дека сум качила 2,3,4 килограми, јас се ставам на диета, успевам да стигнам до 55 без проблем, а за потанаму никако. Продолжувам со истиот режим, но безполезно. Фактички, режимот за слабеење сега ми станува режим за одржување. И цело време сум вака, секогаш внимавам што јадам, читам декларации, калории, па не мешам храни, а па за благо, сок и грицки да не спомнувам колку ретко конзумирам. Ми се случува некогаш да каснам чоколадо, па во иста ден да каснам и грицки или нешто друго калорично, што значи, да претерам и после три дена имам грижа на совест и јадам ептен по малку. А малку се опуштам, веднаш накачувам килограми и тоа во рекордно време. Среќа имам вага дома, па навреме се свестувам и не сум преминала над 59 килограми.

    Само се прашувам како ќе живеам вака целиот живот. Сега, на млади години имам бавен метаболизам, ами натаму не знам што ќе биде. Од една страна навикната сум да внимавам, ама од друга, кога ќе видам послаби девојки од мене како гнетат се што им дошло при рака се нервирам и искрено, им завидувам. Ама тоа е, кај мене фамилијарно се со вишок килограми. Мајка ми била слаба како млада, ама сега не е. Исто и татко ми, слаб бил, ама после 30-тата почнал да се дебелее. А кај мене и кај брат ми бавниот метаболизам се манифестира уште во рани години. Брат ми има вишок уште одамна, уште од втора година средно, само јас успевам да одржувам каква-таква линија, ама прилично е тешко, башка и ја немам посакуваната килажа, туку морам да се задоволам со минимум 55 килграми. Толку сум и сега. Друга негативност е што имам стрии на бутовите и задникот, среќа немам на стомакот и на градите и како што кажа Дузи, рацете ми се како на билдер. Можеби тоа е заради активното вежбање во младоста(не дека сум стара сега), т.е. од 7 години па до крајот на средното јас се занимавав со спорт.

    Како да симнам под 55 килограми? И како да ги намалам стриите?(кои патем, се бели). Ова 55 дури ми делува како некоја психолошка граница дури :^) Патем, висока сум 161/162 цм, да не мисле некој дека се занесувам, бидејќи 55 кг, како бројка звучат малку, но не и на оваа висина :)
     
    На ludoto19 и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. Dafinka0909

    Dafinka0909 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    9
    Дефинитивно вагиве не се точни, лазат :^) Јас многу се нервирам со мојава или не е точна или плачи за нова па две недели не мрдна а јас си бев на диета (добро е што не се откажав) после две недели мрдна едно кило и јас кејфој :D
    Не се разочарувај после помалку ке ти каже :)
    Повеке не се мерам и јас секој ден се депримирам
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А се искака ли пред да се мериш ?? 8)
     
    На LivingGlam, lolyta777, melanie27 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.628
    Пол:
    Женски

    Нема што да се разочаруваш. Скриј ја вагата некое време. Прво се губи водата и затоа привидно изгледа дека слабееш. Кога ќе почнеш со вежбање, и тоа активно вежбање, прво ќе ти се зголеми тежината, но без очајување - тоа почнуваат да се оформуваат и да се зголемуваат мускулите - со самото вежбање се забрзува метаболизмот, односно мускулните влакна ќе почнат да ти ги трошат наслагите, затоа што тие ќе работат и после вежбањето и ќе ги согоруваат масните наслаги. Организмот ја добива енергијата од јаглехидратите. Затоа треба да ограничиш нивно внесување, а не сосема да ги исфрлиш. Кога ќе се искористат оние што се внесени со исхраната, се преминува на оние што се добиваат од масните наслаги во телото - колку си поактивна физички, толку повеќе ќе се топат масните наслаги. А за тоа треба време, не ден-два или недела-две. Првите вистински резултати се добиваат за три до четири недели со активно вежбање секој втор ден по еден час. Намалена исхрана (помалку леб и благо) и активно вежбање, за 6 месеци можеш и до два конфекциски броеви да намалиш. И не гледај по тежината, таа е релативна - не тежат само масните наслаги, тежат и мускулите и коските ;)
     
    На ludoto19 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Не се разочарувај де, тоа нека ти биде мотивација уште повеќе да вежбаш и да бидеш поактивна. :) Братучедка ми вежбаше се гледаше ослабена и тоа добро ослабена,а на вага здебелена 3 кила. Сакам да кажам дека вагите не се секогаш точни така да не грижи се. :)
    Инаку јас не ја сфаќам работава со апчињата кои го намалуваат апетитот па не е финтата залак в уста да не ставиш, туку здраво да с ехраниш. |(
     
    На ludoto19 и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    леле фала ви на поддршкава!!! :* :* :* навистина ми значи многу!
    и не не се искакав дози :lol: ќе да е заради тоа викаш а??? :D Aјде не се мерам 3 недели, за да не се разочарував!
    денес ова јадев

    појадок- во 08 часот си купив сендвич со црн леб со патлиџани краставици и сирење
    од 8 до сега бев на нога јако пешачење мавнав! во 8 го јадев така да веќе го нема во мене :D
    спанаќот ми беше во план, ама викам ајде за ручек, ама гледам мајка ми го изела :D

    сега во 13 и 30 моментално јадам салата со марули, јогурт краставица и едно варено јајце :D

    вечерата накај 19часот ќе ми биде и шопска ќе си направам со малце сиренце
    си купив свежо кравјо, најмалце калории има, и да Hе е солено и јас приметив ко Tрендафиљ, ама каде каде има помалце калории! :)

    Tова е за денес 10ти ден, што и како ќе јадам утре, ќе пишувам овде, полесно ми е :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ќе има за мене едно Welcome to the club? :wasntme:

    Епа ај да ви ги кажам муките.Јас си бев тамнка.Мислам барем според мене си бев топ,задоволна си бев од телото.Ама се разболев пуста јас,и од многу антибиотици и инфузии и чуда се здебелив едно 5кила,а и се улежав ептеен!

    Кога си се вратив на мојот нормален режим на искрана ослабев едно 2-3 кила.
    Е сега,сакам да ослабам уште плус 2-3 :rofl:
    И што ми е всушност и поважно од ослабнувањето,да се стегнам.

    Али пошто јас по природа имам мал апетит,дали јадам 2 пати дневно дали еднаш,и тоа што го јадам е во многу мала количина,на пример пола кришка и ја сум фул прејадена.И сега нема смисла и од тоа да се откажам :D Така да едниствен спас ми е -вежбањто.
    Симнав еден клип на Трендафилка за зумба па секој ден па планирам да играм.Имам кондиција прилично тоа не ми е проблем,порано долги години идев на денсање.
    И да си правам по минимум 50 стомачни и 50 чучњеви, за почеток па после повише,мислам дека ќе биде доволно нели?
    И многуу пиење зелен чај.
    Друго незнам што би можела да превземам?
    Од денеска почнувам,па ваљда ќе успеам :?: Со заеднички сили :D
    И им ја пружам мојата подршка на сите останати! :*
     
    На lolyta777, Trendafilka и ludoto19 им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    За мене лично, мешањето премногу продукти не ми е најдобар диетален план.
    Се ограничувам на една-две групи дневно и не мешам се' и сешто.

    Пример, појадувам овошје до 12.00 часот, тоа ок.

    Ама понатаму, која е логиката да јадам месо и салата за ручек, а да варам тестенини за вечера, или обратно? :^)
    Си избирам една група - или месо, или мешунки или риба и тоа е главниот оброк. Со салата.
    И до крајот на денот не вмешувам друга група на храна.

    Вечерата е само супа и салата, ми нема логика да јадам риба за ручек, а да вечерам јогурт или сирење. :^)

    Вие мислите поинаку?
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.