(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. la.lori

    la.lori Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    6
    кога ќе те фанат кризи за благо купи си чоколадо за готвење земи само 2 коцки ,самата психа ќе поверува дека јадеш благо и јас ги имав тиа проблеми со благото па го користев овој метод гледав во текот на денот да јадам 6-8 коцки и ништо повеќе.
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Јас да си ги напишам гревовите може? Затоа што од мака ќе си пукнам. ;(
    Денеска покрај печена пастрмка и салатата што ми беше на репертоар)изедов една ипол осмина бурек, полна чинија чипс и сендвич. И чаша кока-кола. И многу ми е криво. Ете и јас попуштив после долго време. До сега плачев од мака. Не можам да сфатам само што ме натера да го направам тоа?!?!!?!?

    До вечер нема да јадам ништо, сега ќе одам на зумба и од утре по паузата со орбитрекот почнувам интензивно вежбање на него, комбинирано со зумба! ВЕТУВАМ!
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.711
    Допаѓања:
    162.340
    Тоа е така зошто ти се *јадат* и мускулите од диетата. Ако почнеш да вежбаш, може ќе стагнираш со слабеење во килограми (во обем може уште ќе симнуваш),ама барем ќе ставиш мускулна маса.
    Епа штом стигнавме сите за со 4-5 килограми до крајот,мислам дека се стегнавме сите со легитимното право кое беше толку дискутирано,дали смееме ние да пишуваме на темава или не! :D
    Браво женски,само напред!
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    ^^ Анаблче не се разочарувај!
    Па ти ова не го правиш секој ден,еве денес ти било царскиот ден :)
    Немој многу да попуштиш,продолжи си.Па идат и такви денови,луѓе сме ни се каснува..Не ќе живееме цел век,и неможе цел живот да сме на диета.Некокаш построго некогаш поопуштено..
    Ти не јадеш секој ден вака,ова верувам ти се случило еднаш во овие 3-4 месеци.
    Кулирај :* :rock:
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Те натерало нештото што не тера сите нас - човечкото во нас. :) Е сега некој има повеќе, некој помалку дисциплина, ама кога-тогаш, ќе сакаш бе да пробаш, да си каснеш. И тоа е НАЈНОРМАЛНО.

    Ние не сме машини и нема да можеш да го поминеш цел живот без да си лапнеш малку чипс или малку бурек. Само види, има разлика од тоа да јадеш еден сендвич на ден (зависи каков, земи интегрален леб, стави повеќе краставици и патлиџани, малку сирење, оригано и едно танко парче шунка, па имаш супер оброк ;) ) и од тоа да се прејадуваш по 4 сендвича на ден со кока кола и мајонези и кечапи внатре.

    Нема ништо за плачење. Човек си, нормално е да ти се јаде и да сакаш да јадеш. Не можеш цел живот УН да ја тераш. Ајде жено, ајде не се потресувај, најслаба си тука од сите и плачеш оти си јадела сендвич. :D Сфаќам дека мислиш оти ќе се вратиш на старите патишта, ама не е баш така лесно со сето вежбање што го правиш да се поправиш. Плус ти треба повеќе храна сега кога вежбаш.

    А можеш да се регистрираш на некои од овие бројачи на калории, одбери опција дека сакаш да оддржуваш тежина и ќе си броиш отприлика што и како си изела на ден. Подруго е кога се запишува јадењето и онака те гледа и те зјапа. :D

    Иначе Лилит, да видиме седмиче напред и до него едно четворче или петче :wasntme: , и почнувам со Орбитрек. Таман ми го направија сега. 8)
     
    На Trendafilka и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.711
    Допаѓања:
    162.340
    Јас сега ја гледам сликава... Лукс...искрено речено,анорексија е состојба на ум,те психолошка болест. На втората слика изгледаш како што сака било која тука да изгледа,а овие трескања од земја што ги читам тука искрено, ми се како некое 5 годишно дете кое не умее да процени кога претерува,па се инаети и рика,а не плаче. На страна тој муабет, чуди се или не,ама секоја анорексија започнува со траскање од земја со нереална слика во глава и опсесивно броење калории и вежбање и никогаш нема крај и доста.

    ... немам зборови... искрено... запрепастена сум. А од друга страна,таа ти е градбата на телото која не можеш со ниту една диета и вежбање да ја промениш,не ти останува друго освен да ја засакаш,а рака на срце, ти е одлична...
    Да си ми при рака искрено,ама искрено би ти мавнала една чврга. Скроз е ок да тежнееш кон совршенство, но има една МНОГУ,МНОГУ јасна граница до каде е нормално и како е нормално...

    И Артемисион е тука. Жено, ти немаш што да слабееш. Колковите ти се такви,со се нозете,тоа е градба, не можеш против неа,крај! И тие стегнати тела што ги гледате не се со изгладнувачки диети туку план на исхрана кој дури има и по 2000 калории и 3 часа вежбање на ден по посебна програма. Не се залетувајте дека е лесна цел и дека се што треба е да гладувате и да вежбате... Немате поим што правите со себе...

    Искрено,ги сфаќам сега зошто се лутат некои жени... Да се сликам јас да ви покажам пред (слаба), потоа (буци), па потоа (пак слабичка онака),па сега потоа (пак буци,ама не многу,но со тенденција), да видите што е мака да се возиш на ролеркостер,ама секој со својата мака. Вие две освен потенцијал да развиете анорексија,ништо друго...
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Девојки, да ве прашам нешто... Дали ќе згрешам ако додека не симнам парем уште 5-6 килограми да не вежбам? Зошто и јас како Дузи кога вежбам споро слабеам. А, кога ќе дојдам до посакуваната тежина да почнам да вежбам за да изградам мускул. Сега додека не дојдам до саканата тежина само чучњеви ќе правам и ќе вртам на орбитрек по 20-30 мин. и тоа не секој ден. :D :D
    И уште нешто... Кажете ми кое време се мерите? Сабајле или навечер? Јас се мерам на сабајле. Вие? :D
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мори и ти почнуваш коо Лукс. Ај бар ти триесет и кусур кила скина, кажи ми сега од едно јадење хамбургер, чипс и кока кола ли се здебели толку, па да ослабеш, или секој ден си кркаше така па се здебели? :^)
    Не туку ми плачи да не те треснам, шо дека си изела хамбургер, бурек, чипс и кока кола, ако ти се јадело си си изела, си се почастила, нема сега пет кила да качиш. Боооже Анабело, оди удри си шамар. :^)

    Знам дека од диетава уште си имаш ригорозен ред у главата ставено, ама заврши со тоа и во ред е да се почастиш со некој мрсен оброк од време навреме коо и сите нормални луѓе, исто како шо е во ред и по пола саат дневно да продолжиш да си вртиш на орбитрек.
    Јас некни се изнајадов ко свиња така ко ти денес, и утредента кило имав симнато. :rofl: :rofl:

    П.С. Не си пишала хамбургер, мене од негде ми се виде.. изгледа ми се пријаде. Јас никогаш не сум го сакала дека има плескавица, ама еве гледаш од диетиве се ми се присака више. :rofl:

    Редактирам во последен момент за да ви кажам дека симнав уште едно кило. :rock:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Девојчики, јас да прашам - би требало да прекинам со вежбање? :^)
    Еве Дузи вели дека побрзо слабеела без орбитрекот, јас без него не можам да се замислам, вежбам значи 4-5 пати неделно, во просек по 30 минути на орбитрек, ништо пренапорно, комбинирм напред-назад, малку повеќе ми се фаќа вртење нанапред од минутажата.

    Правам вежби за нозе, раце (со тегчиња од по 3 кг) и стомачни и такви step ups на скала (си комбинирам, де овие со оние, или тие со тие, се надевам сфативте, мешам де) :D да не е секој ден ист и монотон за телото.

    Прашањето ми е - да ги прекинам ли?
    Тоа ми е малтене единствената физичка активност, освен лесна работа низ дома, а и не се некои вуху претешки вежби за да набилдам мускул, м? :?:
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.711
    Допаѓања:
    162.340
    Трендафилке,јас ти препорачувам да не. Штом дојде до тука,поарно поспоро слабеј како што ти одеше,ама ставај мускулче,отколку да ги абиш само со диета. На крајот,поголема мускулна маса,води до трошење на повеќе калории дневно и без особена физичка активност(нали за да ги одржиш мораш да вежбаш,но сепак ти остава простор кога ќе го постигнеш својот оптимум и да птокаснеш нешто повеќе или да паузираш од вежбање ден два без да имаш грижа на совест). Мускулите практично ги јадат калориите,вака би рекла дека е само привидно слабеење...
    А реално орбитрек и не е не знам каква физичка активност... така што... тоа што Дузи го троши,не се масти, туку губи мускулна маса и заради тоа одат килограмите... за жал.
     
    На Annath и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Мене ме има мавнато страшен умор. Ме болат рацете од справата за стомачни, нозете што од орбитрек, што од точак. Веќе оди се` потешко и потешко, а си поставив цел до септември да симнам уште 10-15 и да почнам со тегчиња. :(
    Не можам воопшто да спијам деновиве, а рано одам да вежбам. Хипофизата не може да ми лачи доволно хормони и ми е страв да не трошам од ензими. Така не правам ништо.
    Точакот до таму ме цеди плус, излегува како еден кардио тренинг да ми е час и половина.
    Денеска и тие два тренинга ме исцедија тотално, само на протеини сум, а не преспав. Лошо. :x
     
  12. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    8км трчање/брзо одење. 2 часа. :rock: :clap:

    Неможам да се мерам ми се расипа ова вагата, но мислам дека имам некој напредок. :)
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.381
    Допаѓања:
    142.754
    Трендафилке, јас најмногу ослабев кога вежбав, исто така на орбитрек, 30-60 минути, зависи колку време имав.
    За жал сега никако не можам да се натерам да вежбам.

    Вајлд, немој да се преоптоваруваш, беља ќе си направиш. ОК е да вежбаш секој ден по малку, ама не треба со ништо да се претерува. И не си ставај такви цели, многу се 10-15 кила до септември. Полека, ќе биде.

    Минатата недела не ослабев воопшто, секој ден по софри бев, ама барем не се ни здебелив, зошто сепак пазев. Важно почнав да јадам помалку, главно исфрлив благо, освен во пмс, и намалив алкохол. Слабеењето оди се потешко и потешко. Секоја година, секоја нова тура е помачно. Порано вака да јадев како сега, слебеев по кило неделно ко од шала, а сега ни грам. Ајде, ќе биде.
     
    На Annath, Wild.Child и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Извини да те прашам Трендафилка а зашто да престанеш да си вртиш на орбитрејкот?
    Јас немам дома и искрено многу жалам што не земавме на времето еден на старо ефтино го продаваше една моја комшика. Јас да сум на твое место би си вртела секоја ден како што и до сега веројатно си вртиш по 20-30 минути доволно е, супер ако можеш и повеќе.
    Кога одев во теретана јас лично бев најзадоволна од своето тело, ем никогаш не бев гладна дека јадев ем имаше разултати видиливи, ем поубаво се осеќав. Нема подобро од физичка активност, ако ти стане посебно навики и рутина секој ден да си вртиш, без да ти биде тешко и мачно.
    Продолжи со исто темпо, ако ти ваља јас не гледам причина да менуваш.
    Ако знаете некој да продава орбитрејк кажете ми, јас па барам некој на старо да си земам да си вртам дома, секако во теретана најмногу на орбитрејк и на точак се оставав.
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите на критиките и советите, ми помогнаа колку толку иако и дома истото ми го зборуваа.
    Нема да пишувам многу во темаа за да не се замарам до толку, ама никој не може да ме спречи да пишувам и слабеам. ;)
    Лилит, Сеси, Дузи, Јуле, Мерлин и другите фала што ми дадовте искрен коментар, ама нема да се направам анорексична, не целам кон тоа.
    Анабела, Ливинглам, Џинџер, Артемишн, Лакигрл, Анат, Ејми ли фала ви многу и на вас за големата поддршка.
    Убаво е да знаеш дека и на форумов имаш искрен муабет кој е без позадина и цел со форумџики кои цврсто газат на земја, знаат да ти отворат очи и да те замислат кога најмалку очекуваш, тоа го ценам кај вас, несебичната искреност. :emo:
    Продолжувам понатака, сега ќе си симнам вежби и ќе ги ставам на цеде и 4ри дена во неделата покрај орбитрекот и велосипедот ќе ги вежбам и нив. :)
    П.С постов го пишував за да кажам нешто друго, ама излезе вака.
    Сакав да кажам дека ВО СЕКОЈА ДОБА ОД ЖИВОТОТ човекот може и има способност да ослаби.
    Без разлика на години и тежина на физичката активност, можеби има малечка вистина дека се слабее полесно пред 20тата зошто нели телото е повитално, помладо, ама тврдам дека како што може да се слабее тогаш може комотно и на да речам 56 се ослаби.
    Не е за чудење како жени изгледаат одлично баш на толку години, и Мадона е пример иако таа има поголема леснотија за слабеење и тие вештачки препарати, ама човековото тело е програмирано така што во секое време можат да се симнат кг-те.
    Дедо ми на пример цел живот е вит, слаб, има едвај 65кила и е здрав. Сеуше вози мотор и велосипед на скоро 70 години.
    За ЗДРАВ ЖИВОТ и физичка активност било и пешачење и пливање НИКОГАШ НЕ Е КАСНО. ;)
     
    На lackygirl, Annath, Ammy.Lee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Некое време сум на Диетата на Ирена и забележувам дека стомакот ми е малку намален.
    Најголем проблем ми е што секогаш ме фаќа криза во вечерните часови.А се стемне на мене ми се јаде благо,леб,грицки.. |( И сега имав ваква криза.Но,јас не се давам толку лесно. ]:) :lol: За вечера само чаша млеко.Подобро ќе слабеам бавно,но сигурно отколку брзо,а потоа да ги вратам дупло.
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денес како и секо јден за доручек каснав две кајсии и една праска
    ручек-пиперчиња печени со сирење полнети и доматчиња
    Вечера-ништо
    Денес физичка активност ми беше тоа што кревав дрва,им помагав на моите и се билдав :muscle: :muscle: :D
    Трендафилке јас мислам дека не треба да престанеш да вежбаш,но да правиш полесни вежби некои кои што ако не сакаш мускули да не ти направат. Сепак тоа си е твое тело и знаеш што е најдобро за тебе.Тоа е мое мислење,па изборот е твој :)
    Вајлд не се оптеретувај толку,сепак 10,15 килограми се многу за месец да ослабиш.Нормално е да се слабее по половина килограм неделно.Тоа е препорачано од доктор и така не му се прави шок на организмот бидејќи ако ослабиш 10,15 килограми за толку краток период тоа ќе се одрази лошо на тебе и ти ќе си имаш проблеми,а сигурна сум дека не го сакаш тоа. Затоа подобро слабеј полека,но сигурно отколку брзо,а со подоцнежни последици по твоето здравје.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sweetgirz

    sweetgirz Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    Здраво на сите еве ви една многууууу ефективна и интересна диета :D


    Морате да запомнете дека секој ден за доручек се јаде овошје во пар (две јаболки, два портокала...), а ако се јаде зрнесто овошје тогаш една шака. За доручек не се јадат само банани и грозје (освен четвртиот ден)

    Прв ден:

    Ручек: месо, било какво и било на каков начин подготвено (варено, печено или динстано), со две парчиња леб и салата во неограничени количини. Овој ден може да се јаде и супа без фиде.

    Вечера: Пола од ручекот

    Втор ден:

    Ручек: зеленчук, било каков и било на кој начин подготвен (варен, печен, динстан), со две парчиња леб и салата во неограничени количини.

    Вечера: пола од ручекот

    Трет ден:

    Ручек: тестенини(макарони,шпагети, јуфки, тесто за пица премачкано само со кечап)

    Вечера: две парчиња торта (или две колачиња) и еден ред чоколадо за готвење



    Четврти ден:

    Цел ден на овошје. Овој ден можете да јадете овошје во неограничени количини.

    По четвртиот ден, се почнува пак од почеток и така се во круг. Забранети се секакви видови грицки, алкохолни и газирани пијалаци. Дозволено е да се пие само чај и кафе без шекер.
    поздрав и со среќја
     
  19. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Лукс јас апсолутно ја разбирам твојата потреба и желба за совршено тело, впрочем и јас сум како тебе.
    Работата е што лошо ја презентираш тука таа желба и делува опсесивно и затоа сите форумџивки ти одат против.

    И јас сум како тебе, само што не пишувам по 5 пати на ден тука што јадам, не плачам
    и не очајувам.

    Пред 6 години имав многу лош период и на емоционална база јадев многу и се здебелив во една година 12кг, достигнав 67, а на мене тоа изгледаше многу. За други не е многу, ама за мене беше премногу. Моите критериуми се строги и нема отстапување.
    Со варирање горе-долу по некој килограм, останав иста две години. Пробав диети, екстремни, неекстремни, ослабнав до 59-60. Од тогаш решив дека ќе намалувам со здрава исхрана. Пак варирав на годишно ниво, ама во просек имав 55-56кг. Така години си држев. Се до пред две години кога ми кликна таа потреба за идеално тело. Одтогаш вежбам орбитрек, некои други вежби, внимавам на исхрана. Достигнав 52 кг со добра дефиниција. Значи за мене идеално тело не е слаба млитава, него нормална ама со мускул. Од мала возам ролери па во предност бев што имав малку мускулна маса, само ја доградував.
    А оваа година понекогаш и поекстремо вимавам на исхрана. Особено од зимата навака, после одреден здравствен проблем што го имав, а морав 2 месеци да лежам без никави активности и се трупав со инфузии, па се вратив на 56кг.

    Некое време веќе (околу 6 месеци) сум повторно на 52, се осеќам одлично и според мене изгледам скоро одлично. Ми фали малку позатегнат стомак, ама и тоа ќе биде... Не држам режим на храна и вежбање ради опсесија, ради други личности, туку само ради себе. Сакам да изгледам совршено, ради здравје а потоа и ради лична сатисфакција. Трчам некое време веќе и чувството кога го осеќам секој мускул како гори на мене и кога се гледам така стегната е незаменливо...
    Кога ќе речам на гости не пијам газирано, не јадам благо ми вртат очи како демек оваа уфилманава. Али тоа е мое право. Како што е нивно да си го упропастуваат телото со ѓубре.
    Не дека не и дозволувам малку благо одвреме, ама кај мене не постои поимот газирано и сл, против сум многу-од здравствени причини.

    Чувството на самозадоволство и самодоверба не се заменува. Затоа те подржувам, само смени си го пристапот за да имаш успех. Опушти се.

    И тоа што сме шкорпии има голем удел во истрајноста :D Кога те читав колку си опседната со изглед знаев веднаш што си... Само ние можеме да сме фрикови за вежбање и да целиме кон совршенство.
    Стегни вилица, скини го вишокот и прекрасно изгледаш така стегната како на 2рата слика. А после барем нема да се маткаш по темава и да ги иритираш жениве што не те разбираат. ;)
     
    На Artemission и Lux им се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Добро Нела, сите ние тука се трудиме да скинеме некое кило, не сме до толку неразбрани за да не ја разбираме. ;)

    Никој од нас не ја нападна оти сака да ослабне и да си го обликува телото, тука затоа што е премногу опсесивна, опседната со истото, и влијае и психички, плаче и се нервира. Тоа не е добро, не треба така да му пристапи на тоа. Ако слабее и вежба, треба максимално да ужива у тоа, у храната, у вежбите, у се. Дури и ако нема очекувани резултати у времето кога ги очекува, треба да биде трпелива и весела, а не депримирана. Пасијата кон добро тело никој не ја искритикува тука, ниту пак не ја разбра. ;)
     
    На Annath и nela.oh им се допаѓа ова.