(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Истото и јас и го реков ама со други зборови. Дека ок е што сака се доведе до соовршенство ама дека пристапот и е лош.
    Некои не ја разбираат нејзината потреба да слабее уште, а некои пак ја критикуваат за нејзината опсесивност. Јас спаѓам во вторите, само и делам малку позитивна критика и ја молам да престане да пишува на темава инаку ќе има судири :)
    Лукс пишувај еднаш неделно, доволно ти е, онака да известуваш до каде си, инаку ќотек ;) или па оди на фитнес предизвици, најпогодна ти е, а и твоја си е :) ќе те дружам и јас :P
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Мене ме фаќа паника и губам воља скроз. Ми се споија некои жички, некои проблеми, психички многу слабо стојам во моментов. Ми доаѓа да се нагнетам. :(
    Уште 20кила имам за симнување, а ненормално многу тешко оди сега. Ептен ми е лошо. :worried:
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Вајлд. Сети се дека си пример за многу форумџики тука. И помисли на она што сакаш да го оствариш, ама со сета сила помисли. И немој да ставиш нешто у уста, нели е малце глупаво да се тешиш од диета БАШ СО ХРАНА? :^)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  4. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Вајлд, Нормално е да се има и такви денови кога се изгледа црно, но утре е нов ден :!: Нека те фати малку и инат, речи си дека и 10 години да ти треебаат да ги ослабиш-ќе издржиш :) И наместо да се нервираш размисли малку да не правиш нешто погрешно или можеби можеш нешто плус да додадеш...
    А сега, пушти си таму некоја комедија или пак разгледај ја темата Насмевка тука на форумов... мене тоа секогаш ми помага, ем ќе ти ги оттргне мислите-ем ќе се расположиш и ќе видиш како работите ќе ти изгледаат поинаку ;)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    И јас сум на некој режим на исхрана но решив да не пишувам низ темиве затоа што имам вишок кој само јас го приметувам, во очите на другите сум нормална тежина па дури и слаба...Би се чувствувала како да се потсмевам со вас ако бедосувам за килограм, два или три додека некој си има вистински проблем со тежината, па дури и да ставам слика од мене така слаба и да пишувам како ми е тешко...што тогаш да помисли некој со 20 кг вишок, каква тоа морална подршка ќе му бидам јас? Озбилно треба да се размисли за бан, претерувате...
    btw која е Цеца и што е работата со неа?
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Фала ви. :hug:
    Не знам што да правам повеќе стварно. Непцата ми се со рани од стекот денеска, на 2 саати, пукнав. Многу монотоно ми станува, 5-6 јадења веќе уште малце 5 месеци ги бутам. А тек кога ќе ми текне дека уште толку ми останува. |( |( |( |(
    Се мислам дали да си земам протеински шејк, бар да не се залажувам со две јајца варени грозни несолени. И тоа белки само.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.718
    Допаѓања:
    162.417
    Уајлд,не знам зошто толку строго... Читав нели,процесот на слабеење не ти пречи да е долго. Во ред, штом е така, зошто не си ја зачинуваш храната со некој зачин?! Кари, оригано, сенф, лимон, имаш еден куп идеи. Јајцата се ужасни,прееска јадев јајца,ми се чини ќе повратев,ама со малкуцка сенф,малкуцка кари, чудо се случува. Побарај си вкусни,диетални рецепти, или симни некои од оние програмине инсејн или п90х,таму имаш и препораки за исхрана,па примени некој од тие рецепти.
    Не се обесхрабрувај заради невкусната храна, може да биде вкусна со малку креативност.
    Мене на пример свежите домати не секогаш ми се јадат,па си правам сос,со него го посипувам стекот,малце оригано или босилек,може и рузмарин,уала...

    Јас би одела строго,само на куси стази(пошо овај нали кажав...од кои причини,тоа на мене функционира и баш не сакам да робувам на нешто ко диета,ама тоа сум јас,на некој друг друго му одговара и тоа е во ред...)...ама вака не. Стварно диетата психички истоштува колку и да не си опседнат со неа... Ама си дошла до еден степен,не се откажувај сега. А башка вечерта е најтешка секогаш. Утре сабајле ќе бидеш среќна што сега си одолеала да не јадеш.
     
    На Annath, Doozy и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сенф не смеам, а кога имам ден со само протеини буквално не смеам ништо друго освен чист стек, риба или белки. Нит домати, нит било што друго.
    Не знам што ми стана одеднаш, ме нема до сега ваков момент мавнато. Не ми пречеше во почетокот ич, ама во моментов чувствувам толку многу замор, како никогаш до сега.
     
  9. antoanets

    antoanets Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Уф, јас мака мачам со + 10 кг. веќе 2 години. Пред некое време за прв пат си го забележав целулитот на газето. Бутовите ми се зголемени, имам неколку попуштени вени, градите ми се енормно пораснати, рацете јуху ќе пукнат. Јас си купив орбитрек и вежбав ама некако сега немам воља. Имам некои проблеми со депресијата (знам дека смешно ви звучи на многумина) и поради тоа јадам како луда.
    И во големи бедови сум... Не си се допаѓам многу многу ваква. Ве молам да ми кажете некоја диета која сметате дека ќе биде ефикасна. И едно потпрашање, дали ако пијам алое вера самото тоа ќе ме поттикнува на повеќе јадење?
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.718
    Допаѓања:
    162.417
    Зошто не сенф?! :^) Искрено,немам прочитано дали одиш на нутриционист,не знам кој ти ги прави плановите,ама ако ова е вака,алал да ти е 5 месеци што си издржала... Ова ми делува ко програма за спартанци. Сум читала секакви програми,луѓе од 300 кг,па вака не ги терале да се хранат... Да не се мешам кога не знам,ако така треба тогаш играј со зачини. Карито и онака го забрзува метаболизмот,а дава вкус. На крајот на краиштата,немој да ми кажеш дека не смееш и кромид?! :D Море со свеж кромид како може да направиш бљуткаво јадење вкусно,а плус помага во слабеење кромидот! :!: На рибата секогаш можеш да и капнеш сок од лимон и малку лукче за вкус (не многу де).

    Се осеќаш така заради нискиот внес на јагленихидрати... И ако вежбаш секој ден. Практично секој ден го носиш телото низ фаза на регенерација и рехабилитација и се истошуваш едноставно. Но,тоа и не е така страшно. Ако ја пребродиш сега кризата, понатака нема да се каеш, ако подклекнеш...ќе се каеш... така што,не губи храброст,сфати како да имаш право да се осеќаш така едноставно и остави да помине без да подгледнеш на искушенијата,само нив контролирај ги и сети се што те мотивира најмногу.

    Ама те молам напиши ми кој ти го дал планот и што точно јадеш секој ден. Љубопитство,ништо повеќе... или ако имаш пишано ќе развртам по темиве.
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Инструкторот во теретана ми го даде планов. Смеам кари, само не смеам сол. :)
    Сабајле јадам јагленихидрати (овесни снегулки, граноли од виталија, ориз) или овошје. Попладне јадам протеини и зеленчук. На риба не сум љубител ич, ми се гади кога ќе помислам, од мај немам риба јадено.
    Ќе пробам со ова со карито и лимон, па ќе видам што ќе биде.
    Највеќе ми е на психа мавнато ко што реков од други проблеми, па навртено на ова. До утре ќе се средам, ќе зборам и со инструкторот од сабајле...
    Фала ти. :)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Лукс имаш прекрасно тело сега,немој повеќе да се обидуваш да ослабнуваш бидејќи ако станеш анорексична после тешко тебе.Води си нормална исхрана,јади си тоа што ти се јаде и најважно-спортувај!
    И немој девојката на аватарот да ти биде идол во однос на телото.Поздрав. :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    24.350
    Пол:
    Женски
    Оваа диета ти е УН диетата :D види во диети. Најпрва е, и навистина е ефикасна. ;)
     
  14. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    94
    Еве ви некои слики за дополнителна мотивација :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  15. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Девојки прво голема подршка за за оние кои се на диета. :)
    Сакам да ве прашам што мислите за комбинација - варени компири со сирење и јогурт? Цел ден ги јадам и не ми е доста. :D
    Со дневен внес на 1200 калории, за еден месец колку кг може да се изгубат?
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    ^^
    Правиш тотална утка.Скроб со протеин не смее да се меша,го забавува варењето на храната и затоа се дебелееме.Компирите јади ги со салата,во никој случај немој со сирење и јогурт.Сирењето и јогуртот јади си ги во комбинација со салата,на пр.шопска и чаша јогурт.
    Иначе со вакво темпо за 1 месец нема ни кило да симнеш,можеш да накачиш.
    Затоа запомни важно е како ја комбинираме храната.
    Понекогаш не е вкусно знам,но тоа што е вкусно не дебелее :!:

    Денес овошен ми е :rock:
    И + ми дојде тетка ми ]:) ]:) |(
     
    На Wild.Child и Calypso им се допаѓа ова.
  17. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70

    Од УН Диетата најдобро ќе научиш како да ги комбинираш намирниците ;) Јас сум на неа веќе извесен период и топ ми е, а се надевам дека и по завршувањето ќе продолжам со тој начин на исхрана (секако не толку хард кор :rock: )
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Аха ја видов. :)
    Ме интересираше со тотален внес на калории дневно до 1200 за месец колку е возможно да се ослабне. Инаку компирот во комбинација со сирење и јогурт ме прави сита и до 6 часа дневно. Морам да напоменам дека пет пати неделно трчам и ми е потребна енергија што ова навистина ми го дава. Е сега остатокот од диетата ми е варени јајца, варено пилешко, варен ориз, салата и секако компир, сирење и јогурт, понекогаш и варено геврече.

    Се придржувам на ова темпо затоа што ми има многу помогнато во губење на поголема телесна тежина. Е сега проблем ми се последните 5 кг. :(

    Ако имате уште некој предлог за додаток во исхрана навистина ќе биде добредојден. ;)

    Ќе пробам од утре компири исклучиво со салата. Ми спомнаа и оцет и црн пипер за вкус.
     
    На babybelle и ludoto19 им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    http://www.vitalia.com.mk/soya-chunks-g ... tekst.nspx

    и овие соја шницливе се добри, вкусни се, а и малку калории имаат, ја чекаме сега Анабела за рецептот за печени шницли :) :)
     
    На babybelle и Calypso им се допаѓа ова.
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Како што реков, денеска ми е далеку подобро. :)
    Зборев и со инструкторот, ми рече да си купам мултивитамини, за да не ми ослабе крвта и да пијам калциум. Мајка ми после ќе ми донесе кари, па ќе изигравам Џејми Оливер по дома. :D

    Инаку соини шницли ми се јаде, ми се плаче, ама немало никаква корист од нив. :?:
    Лудо, мама тие прво ги вари, па после ги става во рерна да се потпечат, едно време и со презла ги правеше. Ептен се убави. :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.