(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    A сега па со презла да не се претерува. Aјде ќе си земам деновиве, утре печено пиле ќе јадам, заборавив тоа месото какво беше :lol: денес овошје и зеленчук
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Леле луѓе што ми се случи денес. :tmi:

    Седам и се потам, седам и се потам и поминува саат време пред јас да укопчам дека седам под клима на 20 степени а вода тече по мене. А така ми се случува кога ми паѓа шеќерот, притисок, сеќавам ми се врти, Бог да чува... Мерам притисок, 90 со 70. Ми се дигна косата, во живот не ми бил толку низок, ги испаничив баба ми и дедо ми тука, ајде се напив пола чаша кока кола, парче солено сирење и две маслинки. Сега се стабилизирав, 120 со 80 ми е, добра е.

    Не знам дали е зш вчера не ми се вечераше и ја прескокнав вечерата, а последниот оброк ми беше чинија супа (чорба всушност, имаше компир, брокула, морков, магдонос, целер) за ручек со краставица и два патлиџана, којзнае. Ама па се напив едно нескафе, ај седнавме, ај си викам, не вечерав секако. Ама арно си знам иначе, до 20ч уште една салата, пола од ручек ако ми се јаде ептен, па не си легнувам во 22ч, вчера пред 3 речиси заспав.

    Ами од друга страна, сабајле имав добар појадок, диња, мала банана и праска, тоа се скроб е, не е некое овошје, водлесто. Којзнае, можда така се погодило. :x

    Веќе прескокнување оброк - не! Можеби не ми е од тоа, ама... Ќе бев негде испадната или со маливе низ дома сама, бегај таму, беља ќе направев. :tmi:

    Ова како поука нека ми биде, и мене, а и вас. Јадете редовно, до 20ч барем е океј една салата. :!:
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    876
    До пред година дена барав поддршка за дебелеење,сега ќе барам за слабеење :sweat: Сите ми викаат сега си таман ова она ама не бре јас се неќам ваква јбг. Ама ќе се контролирам.... нема пак да направам глупост како пред неколку години кога станав анорексична :!: Висока сум 1.66,а имам 55 кг.Демек идеална тежинава... ама според менe сликата во огледало не е идеална иако сум затегната а не со сало да виси ама сепак ;) Јас ја поддржувам Лукс,бидејќи и јас сум таков човек што кога не сум задоволна самата од себе... никој не може да ме разубеди...

    Вежбам дома,одам на трчање 2-3 пати неделно.. планирам да купам јаже и да скокам... Во Битола кај можам да најдам? Од оние со бројач? :)

    Денес пиев нескафе и изедов две парченца интегрален леб од жито лукс со дукатела и краставичка.Ова кај 9 часот. Сега изедов 3 сливи.
    За ручек ке јадам туна од малите со едно лепче и малку салата.
    Вечерата веќе 1 недела за избегнувам... пијам само млеко со мед.... ама ајде можи ќе каснам малку шопска... многу касно легнувам дека :)

    БЛАГО нема да ставам во уста,чесен збор... само заради тоа се здебелив! Може ќе се почастам со малку сладолед 1 неделно...


    Одам сега ќе се наоблечам со дуксерка и тренерки и ќе трчам в место 15 минути...

    Со среќа на сите! :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Doozy и јас сум денес таква никава, се движам како зомби..
    Овошен ден ми е ама не се оставив гладна, дали е од времево или тоа што одамна немам јадено нешто помрсно па ми паѓа притисокот
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Ова никако :o :x
    Можеби времево не е топло како што беше пред некој ден ама наоблечен да вежбаш сред лето е еднакво на колапс. Нема да издржиш ни 5 минути, а да не зборам каков товар е тоа за организмот.
    Ако имаш желба за трчање облечи се лесно и трчај. Ефектот е ист.
     
    На macysh, Springy и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  6. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Купи си ново огледало и решен проблем! ;) Сериозно, со тие бројки (висина, тежина) и таа физичка активност не верувам дека изгледаш дебело. Најверојатно вината е во огледалото!
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам право сум задоволна од моево губење килажа.
    Си јадам што ми се јаде, што има дома, ама :!: во умерена количина, и во одреден дел од денот кога е време за тоа. Овошјето и нешто благо од сабајле апнувам, навечер кркам салатки, за ручек ако ми се јаде компир - компир печам, ама малце компир и повеќе салата, и така.
    Си јадам и леб.
    Не чувствувам глад, ниту се чувствувам заморено, истоштено.
    Вежбам редовно.
    Во огледало да ви кажам право, нозете си ги гледам и чувствувам ослабени, ама стомакот, струкот тука тој дел никако. Се си мислев таму никако да ослабам, се до вчера кога облеков едни панталони во кои речиси и не ме собираше, и ги облеков и закопчав без проблем. :|
    Си се чудев како не приметувам а ме собира у алиштата у кои не ме збирало претходно.

    Башка треба да ми дојде на 29ти. Можеби од промена на режимот на исхрана и вежбите и да ми доцни, од кај да знам :emo: ама стомаков те подуен - те нигде го нема. Ме нервира више. |(
    Добро е само шо не ме фаќа криза за благо, се надевам нема ни да ме фати :drunk: , пиемесот лоша работа е. :wasntme:

    Се надевам вака ќе продолжам до крај на летово и ќе си стигнам до посакуваната тежина. ]:)
     
  8. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    876
    Не велам дека изгледам нешто многу дебело... ама не е тоа тоа... не сум навикната на ваков изглед.Сакам до 52 да стигнам како пред 2 месеци,доволно е.
    АА девојки многу мразам што имам дебели образи.. добро не предебели ама онака полни уфф.. како да ги ослабам се чудам :D
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Денеска за ручек јадев варени јајца со салата од домати и оригано и погодете што - ептен вкусно ми беше. :D
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.865
    Допаѓања:
    203.002
    Пол:
    Женски
    Вајлд, нормално е да те дрмаат кризи, човек си... особено кога храната што ја јадеш скоро и да нема вкус. И јас би ти рекла, слободно ставај зачини - оригано, рузмарин, босилек, кари, коријандер и сл. значи сè што мислиш дека може да го јадеш (не секој зачин можеш да го поднесеш, ниту пак секој зачин се става во секое јадење). Ако ништо друго, барем вкусот ќе ти биде поинаков секој ден :)
    Стигна дотука, не се откажувај... макар и побавно да ти оди слабеењето понатака... поддршка имаш :)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Перење теписи... то е то! :whew: Мама само ми се смееше бидејќи и додатно скокав како жаба, зајак (..ватевер) за да излезит шо е можно повеќе :lol:
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Доручек две банани , сега јадев две пченки клавчиња и то , денес ме утепа вруќинава по град имав нешто работа па после може ке вежбнам нешто :D

    И да заборавив моите си кркаат дома хамбургери од жужу а јас клавчиња па да бе :D И уште ми се смеат , ќе се смеам јас на крај 8)
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    По пауза, и јас на темава се вратив. :lol:
    Деновиве (од петокот поточно) на гости отидов и морав да јадам, тетка ми ме натера, сум ослабела многу ваму таму |( и што не ти јадев: пици, мекици, пирошки...
    Уствари се тешам дека ова покалоричново за доручек го јадев, ручек манџа без леб си јадев, како и дома што си јадам...Кога отидов таму бев 65 кила, сега може некое сум качила...
    Ај со Господ напред си се враќам на диетава, сталово да го стопам, и до 62 да стигнам. :geek:
    Иначе идол ми е девојчицава од Pumpin'...
     
  14. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Доручек:Две бананки и една праска
    Ручек:2 варени компири
    Вечера:/(ништо не јадам после 16.00)
    Оффф...толку ми е тешко веќе,стварно не можам ;( ...Нонстоп се осеќам гладна,нонстоп...После година и пол диета не можам повеќе..Ама ако ја откажам диетата и ако продолжам да јадам како што јадев..Ќе биде џабе маката после година и пол и ќе бидат вратени 22-3 килца а може и дупло па да бидат 44-5..Башка се осеќам ептен психички изморена..Некако чустувам дека диетата психички ме убива...Имате ли вие феминки мои некој совет? :?:
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски

    Јас имам совет за тебе. За доручек да си апнеш рибанче леб, за ручек да си апнеш што има дома и за вечера да си јадеш салата. Кога ти се јаде чоколадо, јади чоколадо, еден ред само, не цело.
    И умерено. Нема да се здебелиш ако јадеш умерено.
    Вежбај и апнувај си што ти душа сака.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денез за бреквастот јадев варено јајце едно ама вредно :D
    ручек-си каснав пржени тиквиња и пиперки поховани онака со слаата со пиперки ,домати и кромид и сега смрдушкам :doh: :wasntme: :D
    Вежбав денес час и половина
    Вечер ќе шетнам тро па можи да се почастам со пуканки или нешто друго освежително. :?:
    Денеска гледав емисија каде што 27 годишна девојка од 135 килограми за 4 години достигна тежина од 64 килограми.Ја откри нејзината тајна во која што кажа дека белиот леб го заменила со 100% интегрален, масните киселини воопшто не ги апсорбира,а нив ги има во чипсот, слатките и ред други такви прозиводи кои што ги заменува со кикрики,бадеми,лешници кои што не се препорачуваат во диетите но јас знам дека многу се поздрави и не толку калорични. Навечер или за ужинка јади исклучиво овошје,а наутро овесна каша.Мислам дека овај режим на сите би ни одговарал,а да заборајв да напоменам :!: таа си дозволувала дури и чоколадо бидејќи не можи да се откажи од благото,но како што еднаш напоменав се во одредени количини.Се е во психата драги пред да се почувствува дека е сита си кажувала дека е доста и да престане да јаде,па мислам дека секој од нас го може тоа за да успее да стигне до посакуваната цел. ;)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Ќе пробам едно време вака..па ако се здебелам 2-3 килца пак по старо..Иначе стварно фала ти многу за советот :*
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    И јас ја гледав таа емисијa, илипили. Со Д-р Оз е, ја даваат на ХРТ. Многу добра емисија за сите кои сакаат да ослабат. Баш сакав овде да ви ја пишам, не знам само од колку часот ја дават. Има доста корисни совети и разни искуства на луѓе со вишок килограми. Гледајте ја, сигурно ќе научете нешто. Мислам дека ја дават секој ден, дали од 6 часот не ми текнува.
     
  19. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Да не го гледаше ДокторОз. :wasntme: :D

    Денеска за појадок јадев лепче со маргаринче,а за ручек шопска салата.Нема да вечерам,бидејки ручекот ми беше во шест часот. :tmi:
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Абе рано ти е во 16ч да прекинуваш со јадење, не си легнуваш во 21 часот... :^) Бутни го до 20ч и нема да имаш вакви проблеми. Појадувај повеќе овошје, вклучи повеќе овошје до ручек. А и како да не бидеш гладна, ништо не си јадела денес, еве бананите по сто калории, двеста... плус 30 од праската, 230 и уште 300 од компирите си внела, 530 калории. Ами каде ти се хранливите материи, од воздух и вода не се живее. Стави плус најмалку две салати на ден, една со ручек и една за вечера... Ама големи салати, краставици, патлиџани, натрупај внатре, малку сол и готово, сега барем е лесно.

    Нигде со тоа нејадење не стасуваш, на долги стази дури и организмот се навикнува и намерно го успорува метаболизмот оти се прегладнуваш. :!:
     
    На babybelle и Alesii им се допаѓа ова.