1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    ЈА даваат во 18 и 30 секој работен ден и да ептен е корисна,а и плус некои движења,вежби ги прави полесно да изгледаат низ играње и слични вежби.Јас едно време престанав да го гледам,но сега пак почнав и секој совет си го следам.Девојки би ви го препорачала и вам стварно е преубава емисијата.
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.198
    Допаѓања:
    24.607
    Пол:
    Женски
    Је је предобра емисија, јас скоро 1 година ја следам ;) и предобри совети дава за се. А иначе турчин е Мехмет Оз.
     
  3. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70

    На јутјуб има видеа за face yoga exercices за затегнување на мускулите на лицето. јас од вчера почнав да ги применувам затоа што биле добри и за спречување на бори на лицето...пробај ги, лесни се и доста смешни :lol: ...и најубаво е да ги правиш пред огледало, така најдобро ќе имаш контрола правилно да ги работиш
    еве линк од едното, па по него ќе ги најдеш и другите ;)
    http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=7WO ... =endscreen
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Едно прашање за тие што почесто се мерат. Во ПМС вагата покажува некоја бројка плус или тогаш само се стагнира со тежината?
    Вечер сум на гости кај што има па вага се мислам дали да се качам :) а плус што почнав да отекувам од ова ПМС - от
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Баш деновиве читав дека за време на ПМС девојките качуваат по 2-3, дури и по 5 килограми. Тоа била некаква вода задржана во организмот. После 5 до 7 дена пак се враќа на онаа правата тежина, нели, од кога ќе заврши циклусот. :)
     
    На Alesii и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  6. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Луѓе деновиве пошо имав добиено ме фати една мрза,абе не се мрднав од двоседот |(
    денес малце повежбав..
    него утре идам на одмор,и многу нормално дека ќе пливам..може ли салцето и целулитот да исчезнат со пливање околу 10-12 дена? :^)
    и после од септември планирам да се запишам на пливање со една другарка..

    иначе мислам дека малце ги зацврстив нозеве,и малцеее сосема малце ми се ослабени :D
    Ајде сеа на море,идеме понатака :muscle: :rock:
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас појадував слива, една мала омекната смачкана праска, и една кифла без ништо.
    Ќе сркнам леќа после кај 5, и еден краставац, и толку. :D


    И да ве прашам, колку калории има една пирошка? :^)
     
  8. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Денес си каснав малку
    за доручек изедов пола пченка (ми остана од вчера :D )
    а за ручек си каснав од ручекот имаше летна манџа или сатараш како и да се вика без леб ама си лапнав цела чинија а во нејзе има и кобасички :|

    епа да после ако ми се јаде ќе земам диња и вечер ако не сум уморна кога ќе се вратам ќе повежбам нешто!
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денес јас за доручек дека од вчера од 4 не бев јадена каснав едно лепче интегрален леб со домат,пиперка похована една и сиренце ама комбинација убиствена :tmi:
    Ама затоа за ручек јадев ориз без леп и месото што беше пилешкото внатре го тргнав на страна
    За вечера ќе јадам љубеница :dance: :party: :D
    Денес од физичка активност ќе ми биди кревање-поможвање во дрвата :D Химен ќе бидам :muscle:
    А луѓе јас во стомакот ослабнав прилично си осеќа,но во нозете некако цело време ми се исти,а правам вежби секакви за нив и трчам и се и никако да ослабат :@ .Како ви успева вас :?:
    Инаку знам дека во Пмс килажата кажува овеќе килограми јас пример пред да влезам во пмс имав 56 килограми,а за време на пмс 60.Сега пак ми се врати на 56 до душа се немам мерено недела време но,тука негде сум :)
     
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Eве јас се осмелив да ставам една Before и During компарација на моето тело :rofl:
    Првата слика од лево оградена со црна линија е од пред некое време, а овие двете се од денес. :D
    Ако некој ме познае, гајле ми е, само нека не ме замара и нека се прави дека не ме познал, оти ова е форум. Не дека кријам нешто од некого или се прам паметна тука, ама сепак. Нека си ќути. И јас познавам многу од тука па не кажувам. Нели, така е фер. :D



    П.С. Занемарете го држачот од микрофонот, он е послаб. :rofl:


    P.S. Илипили, јас па какви и вежби да правам, за што и да се прво нозете ми слабеат.
    Пробај скокај, трчај рандом, не со некои конкретни вежби.
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam, Alesii, tessi и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.846
    Допаѓања:
    163.361
    http://www.superskinnyme.com/best_workout_songs.html
    Деци,повелајте,правете плејлисти за ѕенѕање газиња.

    Јас ќе ви пушвам само на одредени персони бифор и афтер 5 години уназад, да видите што е ролеркостер,ама за едно месец дена. :D
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Денес посабајле една соленка со внатре пица состав изедов, for lunch една виршла и јајце, за вечера лубеница (не треба шеќери навечер али што да правиш кога нема ништо друго разумно дома |( ) и сега чајот си го допив. :coffee:
    Физичка активност една што убава сум имала 3 саати шетња по топлоно во 12 саат, жива вода се направив. :whew: А и прееска си шетав онака лајт низ населба.
    А вака, just talking :wasntme: :
    Пробувавме со другарка една сукња, ама имаше М и XL бројче, и она М-от го зема и точен и беше, јас XL-от и широк, М-от после го пробав, како ми стоеше, ау ау. :angel: И ќе си ја купев, али само еден М беше број, да не се искараме со другаркава за една сукња де. :rofl:
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Децо, дада Дузи да ви каже - прекинување со вежбање, НИКАКО! :!: Нозите ми станаа како кратери, речиси ми се исчисти целулитот до пред една недела... Сега сВе е дупка до дупка, дупка до дупка, дури ми е одвратно и гадно да си го гледам. :@ Многу мразам површини со дупки и дупчиња, ме нервираат и ми се гадни. :devil: И сега БАШ пред одмор најде ова да ми се случува, ај да речеш да го стиснев па да се познава, не бре, стојам право, не мрдам и ова како војник се појавува, пу бе, пу. :envy:

    А ќе си пукнам од мака, порамни ми станаа нозите од некои слабички девојчиња. :(

    Или е ова контраефект од третманите, или слабеам па се познава повеќе, или ради престанување со вежбање. Едно од овие три е. Или уште полошо, ради трите наеднаш. :|

    Отидов на четвртото дупче отпозади на каишот. Добрата вест. :D
     
  14. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам да ослабам, ама сакам да си кажам како ослабев. :D
    Значи јас одсекогаш бев со нормална тежина, некаде накај слаба и си држев некоја линија.Е сега, минатата година, некаде накај мај месец значително ослабев без диета, од стрес и разни други икс причини, и затоа летото есента и зимата кои следеа јас окуражена од фактот дека сум слаба јадев ко ненормална се додека не почнаа да ми кажуват дека сум се здебелила, дури и меше пуштив.Па така се освестив.Не држев диета, ама си го регулирав режимот на исхрана.Белиот леб го заменив со интегрален црн леб, слатки никако, значи благо не јадам, освен житни чоколатца од Виталиа, шеќерите си ги внесувам на природен начин-од овошјето(се трудам да јадам што е можно повеќе овошје), многу салати и навечер не јадам освен овошје или нешто зеленчук ама не во салата или пијам јогурт Баланс.И уште го држам тој режим на исхрана.И вежбам.Трчам три пати во неделата, си купив пилатес топка и правам стомачни.Битно мешето го снема, сега се трудиме да дојдеме до секси тониран стомак.И потенка половина за нијанса-две.

    Ете ова е мојот совет за оние кои сакат да ослабат-вежбајте и хранете се здраво и се ќе си дојде на свое место. ;)
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Дузи жено, ај не се стресуј почнуваш и ти ко Лукс, ќе те карам и тебе. :wasntme:
    Сал туку наоѓаш некоја маана мури :devil: оди таму опни купача, апни еден хамбургер, пополни ги дупките од нешто такво ти се изгледа, од шо се акаш цело време и ко треба и ко не треба :emo:

    ај те мољам не седи тука не се жали, видиш дупка со дупка се наплаќа, една на ногата, една на каишот, кога ќе престанат на каишот и ногата ќе ѕвизне, ќе крене раце од тебе и ќе се бетонира :rofl:

    Бегај ајде, спремај се за пливање и гледање риби :geek: :rofl:
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Сигурно досега на телевизија сте ја погледнале емисијата 8-ка со д-р Јадранка Бибан. Еве им го сајтот, ги најдов рецептите што ги прават. Стварно има многу убави и слатки и солени работи, разлистајте низ страните сигурно ќе најдете нешто вкусно, а сепак здраво и со мал процент на калории.

    http://www.8ka.com.mk/vkusotnazdravjeto ( официјален сајт )
    http://www.youtube.com/user/STSmkd?feature=BF ( youtube account )

    Еве мене што ми фати око:
    „Твиги“ ќовтиња
    Можеби ви остана од оризот подготвен за ручек или за вечера? Не сте сигурни дали ќе може да го понудите и следниот ден бидејќи вашата фамилија не би била воодушевена ако двапати и се понуди исто јадење? Што би можеле да направите, за да го искористите оризот подготвен во тавче, а сепак да имате нешто ново и вкусно, и пред сè здраво „веган“ јадење?

    Ништо полесно:

    Земете две свежи тиквички, излупетете ги и изрендајте ги на ренде. Истото направете го и со 5 – 6 свежи моркови.

    Тиквичките оставете ги неколку минути да се исцедат од вишокот течност, или едноставно – истискајте ги на цедалка. Изрендајте една главица кромид и ситно исецкајте половина „китка“ магдонос. Исецкајте и 50 грама маринирани шампињони.
    Измешајте ги сите намирници заедно (тиквичките, морковите, кромидот, шампињоните и магдоносот) и додадете го оризот кој ви останал од претходниот ден.
    На целата смеса додадете и 50 грама „тофу“ сирење, кое претходно сте го измиксале со малку соино млеко. Ова има за задача покомпактно да ја сврзе смесата за ќовтиња.

    Смесата зачинете ја со „гомасио“ – зачин од интегрален сусам, малку био – зачин, црн пипер и буковец, по желба. Измесете сè убаво со дрвена лажица, а потоа со рака формирајте ќовтиња. Ставете ги во тавче, на алуминиумска фолија, и печете ги во рерна на 200 степени, околу 40 минути.
    Ќовтињата можете да ги сервирате со домашен сос од домати.

    Не стеснувајте се да изедете онолку колку што сакате од овие брзи „твиги“ ќовтиња. За разлика од ќовтињата на кои сте навикнале и кои ги подготвувате од мелено месо и зачини, од овие ќовтиња вашата „твиги“ линија ќе остане иста, или ако сè уште не сте ја достигнале, во тоа ќе ви помогнат токму ваквите „твиги“ ќовтиња.
     
    На sunfemina и tessi им се допаѓа ова.
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Вежбиве многу ми го олеснија периодот пред менструалниот циклус. Еве денес ми дојде, не сетив никаква болка СЕ ДОДЕКА не ми дојде. |(
    Здрвена сум сега, укочена, не можам да мрднам и се ме боли. Ебате мензисот, ебате.
    Ќе одмарам овие два дена од вежбање. Не сум подвижна. :emo:
     
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Аман, више знаете она, доста ми е со тие мали финтички како ова имало шеќер, онаа вежба требало вака или онака, или гуглаш и гледаш статија ЛЕБОТ УБИЕЦ НА СОВРШЕНАТА ЛИНИЈА.

    Мислам више преку таквото. |(
    Зошто толку (се) комплицира(те), појадете, ручајте, ВЕЧЕРАЈТЕ, во помали порции, вежбајте подолго време, и готово.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Вчера ми кажуваа некој тип што ослабел 20кг од јадење аронија и овес насабајле. Јадел по 20-25 зрнца. И по игра на случајот, оп, смрзната аронија во фрижидерот кај баба. :D Мене и на Серафима ми текна, таа кажуваше дека ослабела од аронија. Еве ако прочита нека каже подетално. :?:

    Мислам дека не е скапа, пробајте, видете... :geek:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Нема штета да се проба со аронија, не за друго и крвта ќе биде супер, мислам... ај ќе видам и јас... нашите дрвца во Скопје уште не даваат плодови, ама мислам рано е.

    Инаку, мене овој стомаков никако да ми ослабне :( малку ми се намали, ама тоа беше сè. Нозете слабеат, рацете слабеат, целулитот се намалува, ама стомакот стои. Џабе и вежби и сè. Ама :!: не се откажувам од вежбите, никако.
    Ај ќе видам дали ќе имаат ефект масажите, ако не, друго чаре ќе си барам. Се изначекав за да го искористам ваучеров, аман. Ама кој знаел дека госпоѓата во црвено ферари ќе подрани |( ај тоа, толку подуена одамна не сум се чувствувала. Ко да имам наставено десет кила плус само во стомакот |(