Еве и јас како повекето имам вишок некаде 10 килограми и се надевам ке ослабнам.Имам 14 години па дали мислите дека сум доволно голема да ја почнам Ун диетата (само еден-ипол месец)? Сакам да кажам дека ке ја држам строго диетава,без никакви прекршоци-ако ја почнам.Затоа што оваа некако најмногу ми се допадна.
Емче Кремче јас мислам дека не си малечка, плус УН диетата не е строга диета супер е. Само не сум сигурна дека имаш вишок, оти на твоите години мислам скоро секоја девојка мисли дека има вишок Јас бев бетер од тебе, во 8-мо ја држев онаа медицинската диета заедно со брат ми, и додека тој ослабе 10 килограми, јас не ослабев ни грамче Вистината беше дека јас всушност и немав што да слабеам, сега ги гледам тие слики и си се чудам на умот. Ако сакаш стави слика од телото како изгледаш сега, или пак ако не сакаш слика пиши колку си висока и тешка и дали спортуваш нешто редовно?
Цуци, вежбај си ти, само не се форсирај. Одма нозете нема да ти ослабат, тоа да си го знаеш. Немам искуство со Орбитрек, ама знам дека подоцна ќе се види ефектот од вежбите. Од самите вежби може да ти изгледаат дури и подебели, ама тоа е затоа што се формира мускулот - а тој ја троши енергијата од масните наслаги кога ќе е убаво оформен, активен и навикнат на редовно вежбање, што значи дека ќе работи и кога спиеш - е тогаш ќе има резултати на нозете. Ама зависи од конституцијата. Јас сум мало, набиено и мускулесто - штом почнам да слабеам, се ми излегува на видело, секое мускулче, без разлика што не сум толку активна. Нозете ми беше најтешко да ги средам. Ама еве, почнаа да ми се намалуваат. Секојдневно пешачење, вежбање кардио и вежби за стомак (што ми се чини, џабе се), и редовни масажи против целулит. И се намалуваат. Инаку, вчера првпат се соблеков на плажа, по дводелен костум за капење. И сфатив, по не знам кој пат, дека никој не ми ги брои стриите, ниту ми го мерка целулитот или стомакот. Ама морам да си кажам дека подобро изгледам сега отколку пред еден месец Од денес јас почнувам со масажи во салон (конечно). Па ќе ви кажам дали има ефект (за стомакот ми е најмногу... другото се средува).
Јас оваа недела додека бев во охрид припазував, не вечерав, и јадев помалку леб, и еден килограм сум ослабена, ама тоа сабајлево се мерев гладна, па и не е многу меродавно. Ќе си мерам обем, па што си е сигурно, сигурно си е. Имаме две соби во куќава на спрат што не се направени, само празни седат, и едната денеска свечено стана моето катче за зумбање. Рака на срце едвај 10 минути издржав, ама за прв пат е добро, ај ем прауд. Приквечер ако не ме мрзи пак ќе зумбам, и планирам да си продолжам со намалена исхрана за почеток. Гледам дека вие сите добро се држите, брависимо, не може човек да не се мотивира покрај толку цврсти девојки. Сега ќе јадам сливи а после печени макарони и вечер не знам што.
Позитивна работа од шокот за качените кило и нешто минатата недела е што толку се изнервирав што земав да вежбам. Тоа е голем чекор, многу тешко се терам да вежбам, а ептен ми треба раздвижување. Еве веќе трет ден вртам орбитрек сабајле, а се надевам дека ќе ме држи расположението Барем до одмор, после тоа ќе го заменам за омилената активност - пливање. Прво на одмор, после на базен. Се надевам дека оваа година ќе одат работите според план, и нема да правиме толку големи паузи заради разболувањата на децата. И со јадењето се средив, и што е најважно, сите договарања за кафанче почнувајќи од вчера ги трансформирав во дружба на кафе. Им објавив војна на кафаните, како смртен непријател на слабеењето
Јас појадував корнфлејкс, и две-три голтки блуткаво Нескафе. Ручекот ќе ми биде дури во 4ипол, и ќе биде мусака, а бидејќи јадев во седум, за ужинка си земав овошен сладолед со неверојатни 60 калории. После ќе залади па ќе вежбам саат ипол-два. и така.. имам уште 20тина дена да се доведам у ред.
Темава не ја отварам многу често, особено не периоди кога сум „грешник“, и дури сега налетав на приказната на Анабела. Толку ме заинтересира, што и ги „прочешлав“ скоро сите мислења во темава, и се запрепастив! Анабела, браво девојко! Од денес па натака ти си ми инспирација Имаме иста висина, и иста цел, само што ти веќе си ја достигна, а јас имам уште 7-8. Инаку продолжувам без некој посебен режим, ама главно храната ми е сведена на: наутро овошје, на пладне житарки со јогурт, и после работа некој ручек, ама гледам да е нешто полесно - главно некое печено месо или риба со салата. Навечер ако ме пукне криза за јадење - чаша јогурт. И нема веќе кафанчиња, чесен титов пионерски збор!
Да те лажам дека немаш вишок нема, зашто имаш, јас со 1, 73/74 имав 73-74 кила (твоја возраст сум)и дебело си личев доста, све што треба и не треба ми рипаше. Ако сакаш држи ја УН, доста здрава е, ама сепак имаш таму ограничувања на скробен, протеински, јагленохидратен ден, а ова време одмори, кафиња со другарки, гости ова она не ти бегаат па незнам колку ќе можеш да се придржуваш, ако сметаш дека можеш држи ја, но со вежби обавезно. Ако пак неможеш, скрати леб, благо, газирани сокови и грицки - пак ќе имаш резултати во комбинација со вежбање, јас вака за месец ипол 8 кила ослабев. _____ Него, дојдов во темава да ви кажам за тепање сум. Освен тоа вчера што ви кажав дека јадев, во доцни вечерни часови сум се разлапала и 2 топки сладолед, оној чипсон од 5 денара, и лиснато со виршла Ако не качив едно кило од вчера па на еве. Денес сум само на овошна салата од сабајле (2 голи праски, 2 сливи и една банана) и сеа ајс кафе пијам, доста ќе да е за денеска ова.
Добрата страна на тоа што ќе одам дури крај на Август на одмор, имам време да ги скинам уште овие 5кила што ме мачат... Вчера се мерев после дооолго време и конечно ја видов 65ката (плус имам добиено!) Сега сум на рамно 175 со 65, ама си имам бааги вишок, на стомакот, бутчињата. До 60 да стигнам до Септември, зошто после од ново на факс, помалце време за внимавање на исхрана и вежби.
Ако имаш 14 години..Јас бев и помала 11-12 кога прв пат ја почнав таа диета...После некое време ја престанав и пак се вратив на старо и еве сега после 1 и пол пак си ослабев и сега веќе нема правење грешки..Диеткава ќе ми биде цел живот..Само што ќе имам еднаш до два пати неделно олабавување..Да си пробам се што ми се јаде
Леле не знам што ми се случува, но имам неверојатна потреба за благо. Многу ми се јаде, денес ми е прв ден без благо и ужасно ми де. Може зависност ми се створила, а порано не бев толку зависна од благо. Инаку, моето мени денес: Појадок - една праска и две парчиња лубеница Ручек - летна манџа со две парчиња црно лепче За вечера планирам шопска салата да си правам. Се надевам ќе ја издржам оваа желба за благо и нема да подлегнам до вечер. А утре со нови сили Од вежбите само јогата ја вежбав. Баш денес ми дојде менструација, па немам волја за другите вежби
При вакви напади за благо, не се измачувај земи си црно чоколадо поздраво е, а со текот на времето и оваа потреба (навика, зависност, што и да е) гледај да ја намалиш, се е до мозокот ...јас бев толку навлечена на благо што ако не каснев нешто после било кој оброк, како недојадена бев ама постепено се одвикнав, сега ми е ок...
^^Касно е веќе, си изедов јас еден еклер вчера Ама ајде, се надевам денес нема да ми се случи истото, а ако пак ми се појави желбата, ќе каснам црно чоколадо макар што баш и не го сакам многу Инаку, за појадок денес една чинија диња За ручек ќе видиме, а вечерата стандард шопска салата. Плус, денес планирам кардиото и јогата да ги вежбам. Па ќе видиме до вечерва дали ќе го исполнам зацртаново
Денес е нов ден, појадував кифла. За ручек имам чорба грав, салата не знам дали ќе можам за ручек, а вечера ќе гледам да нема или да биде минимална. Сега да се подрасонам убоо и ќе повежбам 40 минути, и после ручек уште саат време. Тоа ми е планот за денес. П.С. Да се затворат сите кафани, оти Ариел ќе тргне на криви патишта, кои сепак ќе ја донесат до вагата, ама може нема да биде задоволна. ајде Ариел, с'ржи и на кафаната! Ју гат мај супорт.
А ај уант то ит евритинг ин д фриџ Најубавото чувство во последно време што ме снајдува.. среќа од шо пак сум на правиот пат со здравата исхрана, иако како слон гладна. Појадок диња малку, ручек компир со салата, па фаќам бус за Ск, мора малку сексче, екстра калории да мавнам!
Џабе пола ден млатам грозје, после ќе колвам и житарки, кога после работа сум договорена да одам на кафе, под закана пак да се трансформира во кафана, како и сите претходни денови. Се трудам сега грозјево да го јадам што е можно подолго, за житарките да ги кркнам пред да си одам, па да не ми се јаде после работа. Џинџер, мене само синџири ме спасуваат од кафани. Ебате тоа карактерот. Ако ги нема децата - кафани. Ако се тука - чоколино и нутела. Никако да се победам сама себе. А сум успеала во повеќе наврати, и од полош старт, и во потешки периоди, ама еве сега не оди и не оди. Слабо нешто волја, треба да удрам еден обид за шопинг, па да ми помине желбата за јадење и алкохол кога облеката ќе почне да ме бира мене, а не јас неа. Жени, утре ако пријавам дека пак сум била во кафана, сите да ми удрите по две заушки и една пуна. На мое големо изненадување, барем секој ден си станувам и си вежбам пред работа. Тоа е гооолем успех
Пресреќна сум денес. Имам 2 цм ослабено во стомакот за 2 месеци . Баш сега се мерев. Па и тоа е успех. Јупиии .