1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Дузи едно големо БРАВО :clap:.

    И дај не зезај бе, на втората ми изгледаш како 60 кила да имаш минимум. Ама можеби таква ти е градбата, штознам. Како и да е, ептен си згодна станала. Честитки за истрајноста и постигнатото :) .
     
    На midnight.flower и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Еве уште една слика од бифорот :D
    Чепкајќи низ сликите ја најдов,мислам повеќе се забележува :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo-0013О.jpg
      Photo-0013О.jpg
      Големина на фајлот:
      87,7 KB
      Прегледи:
      682
    На Smileeee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    Doozy браво и за трпението и за упорноста u r my idol :) :rock:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Уште на почеток да ти кажам диетава е цар многу лесно се ослабнува и да го сонував ова немаше да верувам.....јас правилно не ја дрзам мора некоја утка да направам али ако и ти ми се придружиш валјда ке се стегнам иначе ме праша што јадам
    Доручек- ништо дека до касно спијам и јас додека да станам ке дојде време за ручек
    Ручек- денес јадев риба,туна мислам во конзерва и сиренје вчера јадев кајгана од 2 јајца ,сиренје и малку пушен свински врат
    дека ме фака криза за благо негде окулу 4-5 саат јадам благо и послем пијам многу вода,под многу мислам на 1 литар одма послем благото и одмарам негде 2 саати за тоа време моцхам на секои 15 минути :D али шо да се прави мора да се ослабне послем тие 2 саати ке јдам несхо може сиренје и мевце или лубеница ,лубеница несме али дека има само 30 калории јас ја јадам послем тоа пак уште кило и пол вода и толку со јаденје

    пиши ако почнуваш а и кога од пприлика се укл на фемина за да знам да си се тешиме позз :*
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Axaxaxa,дузи фаза кит бре :rofl: Kај ти текна моме? :) браво браво на упорноста :) се приметува доста разлика од последниот пат кога те видов :rock:
     
    На Ammy.Lee и Doozy им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене... евалуација на резултати - слики не ставам, ама ќе ви кажам што и како правев.

    Ама прво, морам едно да кажам - девојки, за Аткинс диетата - ако имате под 18 години, немојте со неа. Ако веќе сте решиле да ја држите - сувомеснато никако, само месо и риба, плус од јајцето само белка, жолчката не ви треба. Ама убаво е да ги примените сите фази, не само првата, оти може да си ги зезнете бубрезите. И не само нив, цел организам. Многу е зезната таа диета, дефинитивно, иако навистина има резултати.
    Медицинската или кардио диета исто не е добра, посебно на ова жешково не е препорачлива. Уште еднаш ќе кажам, не брзајте да ослабите, лека полека навикнувајте се на режим на исхрана кој ви одговара вас и на вашиот организам без да си ускратите нешто. Клучот е во умереноста, но и она до кое јас се придржував овие триесетина дена - „Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателите, вечерата дај му ја на непријателот“ - ако сте спанковци и касно станувате, тешко е ова да го примените, ама верувајте, има најдобри резултати.
    За оние девојки чии родители се противат на нивното слабеење - убедете ги мајките дека сакате здраво да се храните затоа што пазите на своето здравје - и заедно планирајте што и како ќе јадете секој ден, обидете се да готвите здраво и јадете умерено. Дефинитивно помага - ем нема родителите да ве караат што сте на диета, ем ќе си слабеете.

    Ај сеа, доста солење памет, јас да си кажам за мене. Вака, после месец дена на умерена исхрана во која не се откажав од благо и леб, ама претежно се базираше на месо, млеко и млечни производи, плус зеленчук и некое чоколатце :$, без вечера и со помош на антицелулитни масажи и детокс третмани (во салон), малку потење (вежби и танцување), отидов во минус некои 4-5кг, ама тоа не ми е важно колку тоа што прилично сум намалена во обем - нема спојлери :rock: , во најширокиот дел на колковите сум во минус од 5-6 цм (може не е многу, ама за мене е успех), и најважното - кожата на бутовите и задникот ми е стакло, измазнета и затегната како никогаш досега. Разбиен е длабинскиот целулит (не сте свесни колку боли кога ќе ве грабнат со тоа масажите :sweat: ), и јас сега само си продолжувам со масажер и антицелулитен крем во домашни услови, плус вежбање кога ќе ми дозволи малиот. И искрено, задоволна сум. Сега планирам да го одржувам ова, плус да си продолжам со истиов начин на исхрана, без вечера, со многу движење, вежби и масажи. Дали ќе успеам, ќе ви кажам. Кај моите ми е полесно, ама дома во Скопје е поинаку, па ќе видиме како ќе биде од наредната недела.

    И да додадам - браво за упорноста девојки (Дузи, Џинџер, Анабел-а, Ејми Ли и останатите)!!! Репер сте ми, да знаете!
     
    На Lolipop23, JuLleE, Ammy.Lee и 4 други им се допаѓа ова.
  7. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Едно големо браво на Мона, Џинџер, Дузи, Анат и сите останати :clap:
    Многу ми е мило што сте силни и што издржавте до крај. Сега некако полесно е да се одржуваат килограмите, барем мене ми е :wasntme: .

    Мене ме нема многу во темава бидејќи сметам дека завршив со задачата. Не беше којзнае колку голема и нема некоја голема разлика за да ставам слики, ама мене ми беше многу значајна :!: .
    Горда сум на себе што кажав ДОСТА кога требаше да се престане. Ако продолжев да јадам, е дури тогаш ќе видевте слики со бифор едн афтр со голема разлика :tmi: .

    Сум пишувала веќе колку и како ослабев, па да не се повторувам сега. Веќе ќе се префрлам во темата Фитнес и ќе си работам на зацврстување на телото, ќе си продолжам со контролирана исхрана, ама нема да бидам толку ригорозна.
    За сите што сте да кажам на некој начин почетници и сакате да ослабете, ние не можеме којзнае колку да ви помогнеме освен да ви даваме поддршка и совети. Проблемот е во главчето, во издржливоста. Ако сами не престанете да се храните нездраво и почнете да се храните здраво и да вежбате, тука нема многу што да се направи. Клучниот фактор сте вие, никој друг.

    Ова не е збогум, ние пак ќе си се читаме, само сакав официјално да ви кажам дека УСПЕАВ !
     
    На Monna.Monna, Ammy.Lee, gingerchild и 5 други им се допаѓа ова.
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас да споделам од вас едно мое ново откритие што ќе ви послужи и на оние кои броите калории, и на оние кои не броите бидејќи е нискокалорично а на сите ви се јаде :rofl: -чоколадо :rofl:

    40 денари е, во кутивче, има четири чоколатца мислам. Едно чоколатце има 87 калории, на база на ориз, темно чоколадо и арома на банана е. Многу се вкусни, ем заситуваат.
    Јас ги најдов на рафт на Виталиа у Жито маркетите. :D

     

    Прикачени фајлови:

    • IMG0919A.jpg
      IMG0919A.jpg
      Големина на фајлот:
      192,2 KB
      Прегледи:
      386
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Честитки Doozy. Прекрасна си станала навистина некогаш се исплати истрајноста и мачната диета :tmi: . Секоја труд си има и свој плод. А на втората слика не ми изгледаш како да имаш 80 кг.. околу 50-60. Која разлика има од првата и втората сликаа ц'ц'ц навистина упорноста се исплати. :clap:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SUMMER.OF.LOVE

    SUMMER.OF.LOVE Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ме интересира дали некој ја пробал АНГЛСИКАТА ДИЕТА, се држи 21 ден, се губи до 10 кг. При не толку строго придржување кон диетата може да се намалат 5 - 6 кг.
    Оваа диета спаѓа меѓу оние строгите и затоа е неопходно за време на спроведувањето да се земаат мутливитамини.
    Најдобро е да се спроведува еднаш годишно бидејќи на еден начин претставува стрес за организмот.
    Во што се состои диетата:
    1 - 2 ден
    Појадок: чаша млеко и кришка леб
    13 часот: чаша млеко
    16 часот: чаша млеко и 1 кришка леб
    19 часот: чаша млеко
    Пред спиење: една чаша сок од домати
    3 - 4 ден
    Појадок: кафе со млеко (без шеќер), 1 кришка леб, 1/2 лажичка маргарин, 1/2 лажичка мед.
    13 часот: чаша супа од месо или риба, 150 - 200 г варено месо или риба, 2 лажици варен грашок, 1 кришка леб
    16 часот: една чаша млеко или чај, 1/2 лажичка мед
    19 часот: 2 тврдо варени јајца или 50 г кашкавал или месо (риба), или посна шунка, или чаша млеко, 1 кришка леб.
    5 - 6 ден
    Појадок; 2 портокали или две јаболки
    13 часот: супа од зеленчук (без компири) со 1 лажица масло, салата со масло, 1 кришка леб
    16 часот: овошје, но не и банани
    19 часот: салата, 1/2 лажичка мед, една шоља чај
     
  11. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Девојки сакам да ве прашам нешто...Држам дитета година и пол ( диетата на Цеце-нутрициониската-незнам како се вика :tmi: мислам дека нема име :wasntme: )..Меѓутоа веќе ептен ми здосади...Дали можам сега да почнам друга и притоа да нема несакани дејства..(наместо да ослабам повеќе, да се здебелам)?И ако нема несакани дејства,ќе можете ли да ми кажете која диета најдобра и носи најдобри резултати? :wasntme:
     
  12. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Девојки, секоја чест на сите вие што сте го постигнале посакуваното, и секоја чест на оние кои сеуште се трудат и не се откажуваат.
    Ја разбирам вашата борба со килограмите, и се надевам и јас наскоро ви пуштам некои фотки before-after!

    [​IMG]
     
    На L-enna, Cakica, Alesii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Со активно вежбање и диета успеав да изгубам четири килограми, а сакам уште толку. Но, вчера ми се случи најужасното нешто што можеше- си ја скршив ногата. Многу ми е страв дека пак ќе се здебелам зошто не можам да се движам, некои ќе речат претерувам ама не знаете колку бев инспирирана и вежбав во 2 часа дневно и се чувствувам прв пат по долго време одлично а сега не можев да престанам да плачам. Ми треба вашата поддршка да продолжам да се хранам здраво иако не можам да вежбам.
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    ^Ќе почнеш да си ги намалуваш порциите. Кога воопшто не се движиш, мораш што е можно помалку да внесуваш. Не викам да се прегладнуваш, ама 6 месеци во кревет... Уф. :tmi:

    Јас кога имав лонгета, баш пред матура и цел месец не можев од кревет да станам, јадев само овошје, супи и салати за да не се здебелам и да не ме собере фустанот, чувај Боже. :D На крај се испадна супер, ама морав да пазам.

    Ама чим имаш само уште 4-5кг за слабеење мислам дека не е веројатно толку трагично, па да качиш 20,30...? :?:
     
    На FlameFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе решам да држам диета нешто ме попречува.
    Ќе држам два три дена па после се откажувам!Сакам да ја држам диетата до крај ама не можам! :(
    Нема потреба од држење на диета само јадете здрава храна зеленчук,овошје и течности!
     
  16. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Браво женски за вашата упорност,и сликиве што сте ги поставиле даваат дополнителна мотивација,дека она што се чини невозможно,не е недостижно.Ејми ли,Џинџерчајлд,Дузи...леле Дузи колку голема промена,браво девојко,ете така се слабее полека но сигурно,само упорно.
    Јас кога почнав да слабеам прво во лицето се исушив,а после почна и останатото. Не сум којзнае колку ослабната но се приметува и по облека и јас лично поубаво се чувствувам некако :) Ќе продолжам со физичката активност ,ма зима ли било снег,студови,пеколни горештини,не се откажувам,не сега кога сум на вистинскиот пат. Немам многу за слабеење но ако залегнам полошо ќе биде. Колку сака нека е потребно,година,две,но не се давам,подобро полека но сигурно,отколку да ослабам 10 кила за 1 месец.
     
    На Annath, Ammy.Lee, Lux и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Самоконтролата, трпението и упорноста СЕ ЛЕКОТ !!!
    Ова запамтете го.
     
    На Annath и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    И јас ова го откив пред неколку дена,има уште едно овакво,со 90 калории(зелено паковање беше мислам),мене ова второво ми е повкусно,ако има 3 калории плус (кај биле кај не биле :lol: ).
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Алал да ти е Дузи! :clap: :hug: И на сите други девојки кои го исполнуваат она што го замислиле!

    Е сега сакам нешто да кажам во врска со дигиталните ваги. Пред 3 дена се најадов убаво, се измерив и имав 56 кг. Пред 2 дена дена се мерев имав 55.5 кг. Вчера јадев леб (корката, крајчињата) и 2 чаши чај бидејќи ме фати стомакот и не бев способна очите да ги движам; се измерив имав 55 кг. Сабајлево се мерев одма кога станав и имав 54.2 кг. Заклучок? Не се радувајте на ваквите бројки бидејќи не се веродостојни. Особено кога сакате да изгубите 2-3-4 кила. Мерете се по обем! На пример пробајте стари фармерки (океј, не од 5то одд!)...

    Ете така ве советува и поздравува Брајт.

    [​IMG]
     
    На Annath, Ammy.Lee и Doozy им се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Девојки, мене одамна ме нема да се распцујам на себеси на темава :D
    Прво, браво за сите вас што ден за ден постигнувате успех, упорноста ви е најголема доблест, браво, маникенски сте запнале сите, тоа е став бре :clap: :D

    Јас сеуште си се борам, сум заслабната доста, арно ама оние неколку килца што моево око ги гледа не биле баш неколку зашто со секое изгубено чинам дека ми останува уште едно плус, во скоро два месеци јас ослабнав околу 5 килограми, што е добро со оглед на тоа што брзо се откажував :$ :tmi: . Стомаков ми е позарамнте, облеков едно фармерки што пукаа на мене, сега целам на едни други(за што малце потешко :tmi: :rofl: ) и си се држам на страна кога се гнети :D малце и времево ми помогна, од топлово в уста залак не ми се става, па плус и сега гревота е да трескаш слачки, сендвичи и пици кога има доматчиња, лубеница, се што е здраво и вкусно. Е, и доста сум активна, стомачни си правам, ама и работам салам со изморување, па се е само на успех тргнато. И ако полека, не се добило ова за три дена па да го тргнам за три дена, ова се таложело со месеци, сега месеци ми требаат и за да излезе, ама битно здраво се осеќам и намалувам. Вака ко да се видам во огледало скокам, па камоли да се направам баш баш манекенски :wasntme:
     
    На Annath, Doozy и Lux им се допаѓа ова.