Aбе зависи Tрендафиљ Aма ок, за вечера не се јаде јаглехидрати, насабајле е најубаво, најбрзо се трошат! Aма викаат дека со еднолична исхрана побрзо се слабее, ама разновидната е секогаш по здрава! Jас претежно на салати и јогурти сирења сум кога сум на диета, т.е не јадам ориз,компир,грав,грашок, т.е се што е скробно и ј.х! Aма јас сум 0 крвна група, затоа мене вака ми е најубаво! Tи сама треба да си го најдеш тоа највеќе што ти одговара Aко нејќеш не мешај, јади си исто што си јадела за ручек и вечера! како мислиш дека ќе ти биде полесно! Aма што знам јогуртот е многу лесен, бар за вечера, така да, кај мене таратор мора да има еднаш во денот едит-иако месото и рибата се протеини, решив тотално да ги исклучам од диетава, не ми се вкусни само така варени (во хамбургер лазањи тостови само јадам месо) не сум некој голем љубител на месото, а и плус 100 грама месо не е баш дека нема калории, и те како има 350 и некоја калорија +, ако добро памтам... пилешкото е нешто помалку, 310 калории така нешто
Здраво другачки Јас сум данас ок. кризи ме тепаат ама мушки издржувам. Од сабајле јадев перек, сега ќе јадам марула со туна и вечер истото. Spoiler А како би мавнала една везувио, и 3 топки сладолед пууу А може и милкиче мх мх денес не вежбам. Немам сила бре, сонцево ме утепа. И такој. Гледам и вие сте арни супер. продолжете така. Јас не се мерам на вага, тоа е страхотно, ќе се претвори во штоперица, ама се измерив во обем. На наредно мерење ќе ви кажам колку е намален.
Се сложувам со @Trendafilkа и јас не мешам храна. Тоа ми остана од УН диетата. Мислам дека полесно организмот може да се справи со еден вид на храна пример денес да обработи само јаглехидрати, а утре скроб. Знам дека е тешко но мора да знае организмот кој е главен, не дозволувајте тој да управува со вас, што ќе му дадам јас тоа ќе биде а не она што тој сака. Порано бев во конфликт со самата себе, се нешто само ми се јадеше, стрвна за се и сешто. Ама си реков доста е. Ќе јадам колку да преживеам. Секое уживање во храна доведува до вишок килограми. Инаку за поддршка, ете ќе ви кажам дека трчам на кеј секој ден на утро.Четири дена трчам еден одмарам. Трчам 3,5 км за 25 мин, значи полека но без одмор. Ако се одмарате на неколку минути само потешко ќе ви биде бидејќи само што ќе се навикне организмот на тоа темпо па и работата на срцето вие застанувате. Нема одмарање. И немој да се залажувате дека немате време, имате секој има еден час од денот да одвои. Ви посакувам успех на сите
Jac денес направив грев,зедов цела шака грицки Hе дека држам некоја диета или исхрана,но по мое си комбинирам,еве за вечера јадам марула,морков и младо кромитче-салата,ама мака ми е како дебела се чуствувам сега Cе вртаив од зумба,леле боже жива вода сум,море секој ден зумба да правиш 1 чац,чепкалка ке се направиш,а мене ми се фака 3 одења на фитнес по пола сат,за да се испотам волку A лудо и јас сум нулта знали што да одбегнувам?
Драга колешке те подржувам во држањето диета иако лично спрема мене воопшто не си дебела. Додека трае диетата ке се воздржувам и јас и нема да јадам пред тебе. Денес те почастив со едно варено јајце а утре морам да смислам некое овошје. Биди упорна и истрајна...
Јас сум на диетата од ирена. Доручек ѓеврече, ручек 3/4 шоља (од 250 мл.) боб и пола краставица без ништо, вечера планирам цела краставица и цело кисело млеко.
Можеби на прашањево овде не му е место но ајде да ве прашам... Бидејки не јадам благо а во денот доколку не апнам барем малку благо се сртресувам добро ли е наместо парче чоколадо или нешто друго да изедам едно до две од житаркиве на витанова не е многу нели Spoiler
Кенди јас мислам дека може... Инаку да се пофалам, денес се мерев и галиба сум заслабнала...3 кг. Добро е... се исплатеше гладувањево Три гоес, сикс реду то гоу, ју кант стоп ме!!!
Види колку калории имаат тие...не се баш ниско калорични. А да пробаш со темно чоколадо или чоколадо за готвење??? едно редче ништо не штети. Или пробај ако ти се пријаде благо, апни си од оние орбит бомбоните без шекер. Мене ако ми се пријаде благо, лапнувам мастики без шекер..(ташнава ми е полна со разни вкусови )
Кедни,земи од Виталија ем се поздрави,ем имаат витамини или протеини +.А и некои се прелиени со одлично вкусно темно чоколадо па ми ја снабдуваат и потрабата за благо.Ем вкусно,ем здраво. И воопшто не пречат на диетата,но во некој нормални граници,секако дека ќе внесеш многу калории ако изедеш 10 такви,две на ден воопшто нема да пречат.
Дааа...цели 3 кг. замисли колку јас бев изненадена...рипав и скокав... Ама пак и сеуште сум гладна... Сонувам пици, лазањи итн.итн. веќе не набројувам за да не скоривам јадови и да не правам лиги
Околу штанглите со житарки,да здрави се,ама се многу калорични.Тие новите прелиени со чоколадо имаат околу 100 и више калории,па боље кркни еден ред милка чоколадо,има 125 калории и има какако кое е силен антиоксидант.Па и оние без чоколадо се полни со скриени шеќери.Подобро изеди нешто свежо овошје и тоа има природни шеќери. Не е дека не можеш без благо и дека се стресуваш,се ти е до психа. Јас гласам за ред црно чоколадо со 75 проценти какао во него!Навечер со моите имаме навика и какао да пиеме,јас го пијам без шеќер и погусто.Супер ми доаѓа.
Калорични се ...јас би ти препорачала кога ќе ти се јаде благо да изедеш еден ред црно чоколадо... Касно видов и @Lilit истото ти го препорачала
Денес денов го терам супер, во 12 јадев Бејк Ролс, сега во 4 една чинија леќа, една зденка и чаша јогурт. До вечер ќе апнам уште нешто, и тоа е тоа. Вежбав 20 минути сабајле, душата ми излезе, колку ми е слаба кондицијата Туку, прашав еднаш и во СДП, ама никој не ми одговори. Зошто се вика дека кардио-вежбите се најдобри за топење на салото? Не можам да ги поврзам забрзаната работа на срцето со салово... Ениуан?
Ми се јаде ми се плаче !!! А зобам краставица. У пм. Дојдов тоа да ви кажам јас, и одам да се просветувам. Инаку ручекот ми содржеше марулче со туна, киселинка, и јодирана сол. Веќе во стомак марули ќе ми пораснат испреплетени со туна. Викаат првата недела е најтешка, јас сум 4ти ден, ај нека не ми се занесуваат цревава. Ми креваат тука востанија ... будали. Ништо нема да добиете освен поплава од вода
Браво бе лолита, јас кога ти го прочитав постот вчера - ме мрзи да го барам - си викам што диета е ова, се пукнуваш од јадење. Ама ете, очигледно успешна! Ајде, каде три, таму пет. Каде пет, таму осум. И да какате пред да се мерите. Можеби работава е кило мање више, сепак многу значи за мотивација. Тедимече би стронг, ајде не е ништо. Не мисли на тоа, измиј се заби и седни си пушти филм или некоја игричка. Немој да мислиш на јадење, никако. Ама немој да си викаш не ми се јаде или не мислам, за инат ќе ти се пријаде дупло и ќе почнеш да мислиш. Ју кен ду ит грл, јес ју кен!
Кхм...да не ти кршам филм,ама од друга страна подобро да ти го скршам...со вакво мени,ништо не правиш и тоа што ти се јаде ти е зошто мислиш дека слабо јадеш и си на диета,ова е сосема солиден,нормален оброк. Бејкролс...никако!Не е диетален оброк и има околу 350 калории,а плус што се празни,изобилуваат со маснотија и сол.Леќата е ок,јогуртот е ок,зденката...никако!Ем си немала потреба,ем е смртен грев за секоја диета,не е здрава храна.Премногу масна и калорична.Не е до количината на храната колку калориите и нивниот состав и процентуална застапеност на маснотии,јаглени,протеини. Немаш овошје,немаш сиров или варен зеленчук,немаш салата...подобро банана за доручек (да,да сите диети викаат не банана,демек најмногу шеќери,ама не ми се верува дека ќе ме убијат 20 калории повеќе,а најмногу заситува),место зденка салата и јогуртот разреден со вода.
Најбитно е да не се мешаат јаглехидрати со протеини итн итн .... За сите они кои сакате да си јадете(мислам на неизгладнување) најдобро ви е да си броите калории, Пресметајте си BMI -BMR - TDEE и според тоа ќе видите колку е дозволен дневен внес на калории. Ем не се лишувате од многу работи, ем ќе се слабее(сеа бааѓи поспоро него со некоја поригорозна диета). Јас сега за сега се држам солидно. Еве мм ме става пред тест - Јаде пред мене пастичио и пие кока кола, ама јас карактер и јадам мусака од тиквици И јас така би играла, би изела коцка,две црно на Горенка 75% какао, јас незнам зошто ама не ги мирисам баш тие житарици. Само упорно, ниту една борба не е лесна, ама затоа крајот е сладок