(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Благодарам за одговорот. :*
    Не сум имала проблем со тежината, но последнава година морав да пијам хормонски апчиња и качив 10 кила и ми беше многу тешко да ги симнам, цело време варирав со килата. Прв пат ова лето целосно се посветив на здрав начин на исхрана и вежбање и промената беше неверојатна, а јас бев уште помотивирана. Ама ајде, се случи да ја скршам ногата ама не е ништо страшно не верувам дека 6 месеци во кревет ќе поминам, ама два да. И мајка ми е на диета и се договоривме да готви поздраво и за двете и да не ми дозволува да јадам од досада. :D
    Честитки на сите за идржливоста, верувајте вреди.
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Here I am :)

    Па така Сега си имам околу 55-56 килограми . Не сум којзнае како разочарана , ниту сум прерадосна. Но , крај краева што и 3-4 килограми за месец и пол се некој успех. Болје ишта него ништа. Што знам, за три недели ми е тешко да скинам уште три килограми. Ама за 4-5 килограми ќе ги скинам. Крај краева се замислив и си реков : Па што сум јас толку будалесто, не сум толку дебела. Додуша таква ми е градбата и стално си искажувам дека сум буцко . Да , тркалесто симпатично буце :D Така ми имаат речено барем. И таман за матура со висина 158-159 сантими и со 52-53 килограми се надевам нема да ми се прелива салото на половината. Предизвик : 3-4 килограми за 9 месеци. Ќе биде ? Секако дека ќе биде , ако не и повеќе.
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ќе биде ќе биде, дури 9 месеци ти се многу за 3-4 кг. Пет би биле идални, или четири, по кило за месец да симнуваш. Јас за матура имав некаде 54-55 и не сум изгледала ко буце. Баш ги глеав сликите и сега сум подебела од тогаш. Не се секирај, до матура има да се стегниш, штица да се направиш.
    Јас не се стегнувам за матура, јас за Нова година ќе се стегнам, пошто таа иде сега. :lol:
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Не се секирај, јас такви апчиња пијам добри 6 години и повеќе, малку потешко оди слабеењето ама не и невозможно. Шта је ту је, не може да не ги пиеш кога ти требаат. На крај краева, гледај си здравје, мирувај, одмарај, нека ти заздраве ногата, па после ќе му ја мислиш. :)
     
    На FlameFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Кога може она,зошто ние да не можеме ;)
    [​IMG]
     
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    261.157
    Пол:
    Женски
    Конечно да се пријавам на темава ама онака озбилно :$
    Го знаете она чуство кога ви е страв да и се приближите на вагата...е јас го имав денеска :tmi:
    Во последниве месец ипол јадам како да ќе е крај на светот, и одма се приметува на мене. Не се повеќе од 2-3кг плус но мене ми требаат 20 минус! Не дека претходно бев слаба но добро ми одеше слабеењето. Плус подпомогнато од доењето(некаде прочитав дека така се губеле и до 500калории дневно) навистина бев на прав пат. Ама бре брате апетит како на аждаја :devil: и сега во периодот кога има патлиџани овошје јас јадам бурек и салами :envy: Што не го бива не го бива!
    На сите им кажав од утре сум на диета, па еве и на вас! Мене добро ми делува онаа чудната на Жан Митрев па таа ќе ја држам. Свечено ветувам со чашка Бејлис у рака :d: така да ако не за лепота бар за здравје да ослабеме! (нели секако сме си убави)

    п.с. размислував да ја држам ун со сите вас ама таа не ми е строго контролирана со намирниците а јас не сум послушна така да ќе ја следам оваа на ЖМ каде точно си пишува колку и кога!
     
    На Annath и Doozy им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Не сте свесни моментално со кои сили се држам да не отидам и да не го изедам цел фрижидер, и тоа не од стрв туку од глад. Јесте дека треба да ми дојде, ама па три менструации истерав откако сум на диета и никогаш не ми било вака. Чиниш цел ден залак не сум ставила, ми се превртува стомакот, ми кркорат црева... Чудо невидено. :(

    Одвај се држам тука, не ми се спие да си легнам, само ми се јаде и ми се јаде. А ем испаднав на кафе, као демек да не мислам на јадење... Ма џабе, да ми донесат пред мене тепсија бурек ќе ја изедам сосе рачки. :puke:

    Едит - Јадев краставица со вегета, малку растителна урда и две-три сушени парченца папаја. Уф. :whew:
     
    На Ammy.Lee и wolf4e им се допаѓа ова.
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Деновиве кај баба ми бев, и бре ако не ме поправи женава 2 кила па на еве.:headbang: Секој ден јади, јади, касни си ова касни си она ми вика ти си ми ослабела, морам да те поправам па и вика ако нејкам да јадам.Више јас не и идам на гости - часна пионирска реч. :bow:
    Од утре мора строго, цел ми е до 62 да стигнам до септември а имам (додуше не сум сигурна веќе дека имам |( ) 65.
    Со Господ напред во нови диети и искушенија. :geek:
     
  9. Maja06

    Maja06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    od koja dieta tolku oslabna,i kakvi vezbi
    За доручек само овошје и мед со семенки од сончоглед и лен бидејќи имам проблеми со желудникот, за ручек тоа што се готви дома ама не мешам јадења на пример само компир или само месо или само манџа со салата без леб и за вечера или салата или ништо!! А вежби си симнав од интернет зумба и на орбитрек ама сега почнав откако изгубив 15кг.
     
  10. Maja06

    Maja06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Искрено од искуство ти кажувам немој да ја држиш таа диета навистина се слабее јас за три недели во февруари месец изгубив 7 кг. ама после тоа вратив 10 кг!! Поубаво ти е да бидеш на некоја балансирана диета да си го промениш нацинот на исхрана јас така направив и за 3,5 месеца без гладување изгубив 15 кг. а имам уште 10 за губење!! Со среќа и верувам дека ќе успееш ;)
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Пак ќе кажам, многу се оптоварувате со килажата - може да имате 50 кила, а да изгледате како свиња (простете на изразот), или да имате 60 кила, па да изгледате како секс бомба. Сè е до градбата на телото - водете се по обемот. Ете јас, во обем (стомак, бутови, колкови) сум прилично намалена, ама во килажа не. И ај сега?

    Женски, сите оние кои сакате да намалите килограми, преполовете ги порциите за почеток, полесно ќе ви биде да го исфрлите благото и лебот кога ќе ги јадете во помали количини. И јадете повеќе зеленчук, не овошје. Оти овошјето сепак има шеќери ;) А ако повеќе го сакате овошјето, јадете го до пладне, најдоцна до 16:00.

    Јас се доизрамнив во стомакот за викендов. Во петокот ме фати некоја настинка, вирус ли беше, што ли беше, се исцедив, што преку уста, што преку г'з |( а саботата и вчера ништо в уста не ми се ставаше, освен вода (дури и водата ме тераше на повраќање). Денес се поправа ситуацијата, лека полека, ама од помисла на некоја конкретна храна ми се гади.
     
    На Bright, kate21, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Да се биде "свиња" на толку кила под еден услов- да не е повисока од 150 сантиметри.
    Да се биде секс-бомба на 60 кила само ако е повисока од 160 цм, од искуство го кажувам ова. :)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    261.157
    Пол:
    Женски

    Кај мене оваа диета нема јо-јо ефект. Ја држев и порано и ми се чини дека ми се навикнува организмот на помалку храна па и кога ќе ја престанам јадам умерено.
    Сега ќе ја издржам неколку циклуси па потоа ќе продолжам со умерена исхрана. Мора малку поригорозно :hai:
     
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас овој производ на виталиа го имам пробано уште зимата. Поубаво ми е тоа со бело чоколадо што е. Инаку на виталиа сите чоколадца им се убави. Јас дури од што ги јадам нив многу, сум го заборавила вкусот на чоколадото ( повеќе од година и немам купено чоколадо)
    Инаку леб, газирани пијалоци, благи работи(освен тие на виталиа) немам пробано со недели и можам да кажам дека од тогаш до сега имам ослабнато 5 кила. Си јадам три пати дневно, не пијам многу вода дали по едно литро на ден, јадам повеќе зеленчук и овошје. За доручек јадам мусли со леб, а за вечера јадам корнфлекс со јогурт со мала масленост. За ручек го јадам тоа што е приготвено дома, но не јадам пржено и не практикувам леб при ручекот. Лани со истиов режим и плус со вежбање и трчање ослабнав 10 кила, оваа година ослабнав уште 5-6 кила само со ваквиов режим на исхрана без вежбање :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  15. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Хелоу :) Јас се вратив од одмор и можам да кажам место за 14 дена да ослабам,и да се затегнам,јас се здебелив :(( Незнам дали сум здебелена ама нозеве ми изгледаат побуцкасти,или пак можда е од мускули што знам.. :?: Да,затегнати ми се нозете,но не ми се ослабнати -.-
    Немам вежбано за стомак 2 недели,и сум пуштила стомак . :headbang: и се трескам од земја моментално ради тоа.
    Епа,сега ќе дојде 1 септември,учење и такви други шитс,ќе немам баш време за вежбање и слабеење,па затоа решив да се префрлам на здрава храна,благо и леб воопшто нема да јадам,освен сендвич-ужинка за во школо.Ќе одам на одбојка,и ќе си правам по 30 стомачни дневно. :)
     
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Женски мене ме немаше две недели ама овде сум се вратив.Малце бев на одморче,малце шеткав ама секој втор ден трчав.За жал некако скршнав од режимот на исхрана кој што го имав и самата си сум виновна зн ам :@ :devil: .Малку повеќе калорично јадев,но не ставив ниту еден килограм. :clap:
    ОД денес пак си се вратив на стариот режим на исхрана.Во меѓувреме имав ослабено 6 килограми,не се многу ,но сепак се добар почеток.АЈде со нови сили кон нови победи одиме :D
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Морам да ти кажам дека ова нема врска - јас сум 157цм висока, а најдобро изгледам со 60-62кг и тоа затегната од вежбање и правилна исхрана, а не растресена и опуштена. Во моментов имам некои 64-65кг (имав 70 пред месец и пол), и искрено, си се бендисувам како изгледам и во облека (и гола де :P ), затоа што критичните места ми се прилично намалени (стомакот, целулитот, а особено спојлерите кои веќе ги немам). Сè е во тоа како е килажата распоредена на висината. Башка што коските кај некого тежат повеќе, кај некого помалку ;)
    Некој да ме види, сигурно ќе рече дека сум дебела за манекенски стандард, ама јас не ни сакам да бидам манекенка... јас само сакам да сум здрава и да си се бендисувам како изгледам. Со 55 кг бев страшило, ама буквално.
     
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Зарем има подобра мотивација повторно да влезам во олку пара фармерки.
    Верувале или не, сите овие не можам да ги носам, плус едни што не се сликани. :(
    Па 16 пара греота се да пропаднат в регал неизносени така? ;(
    Специјално за тука:
     

    Прикачени фајлови:

    • farmerki.JPG
      farmerki.JPG
      Големина на фајлот:
      367,1 KB
      Прегледи:
      336
    • farmerki2.JPG
      farmerki2.JPG
      Големина на фајлот:
      424,1 KB
      Прегледи:
      336
    На La.Reina.Del.Sur, Sweety-Tweety, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ех Лукс, само јас си знам колку пара фармерки така стојат, само што ќе ги купев, после 1 недела не ми чинеа, и си ги складирам :D ... Ги имав во пакет и однесени на горниот спрат, ама ваш преска ги слегов и си реков има да влезам во најмалите,шо сака нека е !
    Си се заколнав во се што ми е најмило,се заколнав во себе, ќе докажам дека имам карактер и нема да ја прекршувам ни диетата, ни вежбите. Бев на одмор, па празници слави родендени визити,дома е се во месец август ;( и се нервирам дека јас на диета а луѓево ништо не касна, не се страми од нас и ти ја бута виљушката до уста :devil: а мразам да им објаснувам дека сум на диета, сите ми викаат зошто ти е диета, супер си а јас имам 20 кила вишок, сериозно сум супер :@ ... Ама сега нема ни слави ни родендени ни ништо, никој жив на светов нема да ме натера да прекршам диета, ми е гајле дали кенлерите ќе ме гледаат ко чукната кога ќе порачам вода, најбитно ми е да успеам!

    Бај д веј: денеска пред да вежбам се сликав, за кога ќе ослабам да ви постирам слики. Гледав ама никаде неможев да најдам слика каде сум целосно сликана, само од градите нагоре се сликам секогаш,во телото никако... :( и сега се сликав специјално, и би ги споделила тогаш кога ќе ја достигнам мојата цел.
    Да се надеваме дека ќе ме бодрите тогаш кога ќе заглавам и ќе паднам во депресија, зошто знам дека ќе има и такви денови,се надевам дека ќе се помалце :*
     
    На Doozy, Lux и Angel.Heart им се допаѓа ова.