(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Марбела, и јас истото си го имам ветено и заколнато.
    Треба да сум будала за да ми пропаднат овие парчиња облека што ги имам.
    Има да влезам во нив, па мајка Јана нека е.
    Поголема мотивација нема од нив, затоа ги ставив овде, да ме потсетуваат која е мојата цел.
    Ќе успееме, немој да дозволиш никој и ништо да те демотивира. :*
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Женски, сакав да прашам, има ли некоја од вас трчано боса? :D Озбилно ова прашувам.
    Осеќам дека така најкомотно ќе ми биде ради ногата, ме боли во патики, ама не знам колку е паметно... Кај би трчала, на стадион или на трева? :?: А ми се трча, се токмам веќе неколку дена, се ради ногата се предомислувам.

    Уште некој крлеж да закачам од тоа тревата или нешто да ме испоапе... :?:
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Немам трчано боса, на асфалт не ми е изводливо, ни на трева не би трчала, не знам на што можам да згазам, не дај боже на срча и да се пресечам.
    Ако е проверена тревата може да трчаш боса, зошто читав баш на форумов дека се препорачувало да се трча бос зошто цела тежина се распространувала по телото или како беше.
    Ако не ти е проверена не трчај, облечи си квалитетни патики и шибај. ;)
    А, и да ја искористам приликава и да ти кажам едно големо БРАВО за упорноста. Треба да се гордееш со твојот успех, а ти посакувам уште многу успеси. Само напред, продолжи така. :clap:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. attias

    attias Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Ако сакате да ослабете, треба само да си ветите дека ќе успеете во тоа, никако нема откажување... Запомнете дека вие сте борец и дека го можете ова... Темата убаво и е името ама забележав дека не коментирате според имато туку колку и како сте ослабнале... :)
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Епа немам квалитетни патики, затоа сакав да трчкарам боса... :worried: А моментално ама ич не сум во можност да купам некои убави за трчање, на сите гужви дома, па кај и телефон и документи се ми испокрадоа, не можам и немам лице да барам патики од 50 или 100 евричи. :D

    Ајде ќе пробам баш утре, ќе ви кажам што сум направила. Па тоа патеката на стадион не ми изгледа толку трагично, сега малку ќе вртам во круг, ама тоа е. :?:

    п.с. Фала ти Лукс, сакам још малко, ќе видиме до кај ќе стасам. :) Денес овошниот ми беше благо кажано, трагичен... Не толку во смисла на утка на намирници, не утнав ништо, ама не ми отиде по план. Планирав цел ден на овошје да го поминам, и после кај 9 кога ме фана еден глад, испојадов патлиџани, краставици, растителна урда, и малку пинџурче си земав дури. Страшна работа ми е ПМС, па и ми дојде денес, уф. :tmi:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Вака јас да си ги сликнам сите што ми се големи, па пак на дебелеење, ептен дека греота е. :D
    Шала на страна, исто би постапила да сум на твое место. :)

    Инаку слабо ме има во темава по одморот, ама уште сум под истиот режим. :) На одмор направив пар грешки, ретко јадев протеини зошто немав услови, еднаш јадев ѓеврек и еднаш туна, единственото кардио ми беше вртењето педаљинка (ако пешачењето од еден до друг крај на Охрид не се важи :D ) и пак симнав две кила за пет дена. :)
    Од септември планирам да пијам протеини. Салото ќе бега, мускулите ќе остануваат, а и многу ми е попрактично за на училиште кога сум втора смена, отколку да влечкам стек со мене. Башка што и со вкус на чоколадо е. :D
    Идеме до крај, цврсто сум решена на мојот роденден во октомври да носам фустанче. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=77LViL84wSA

    Како тргнало песнава при срце ќе ми застане. Цело лето опишано во 2 минутки. :rofl:
     
    На astra20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    денеска цел ден утка. трагично е колку јадев, ама нервоза ме утепа и на мене има такво влијание што можам супер тинекс да го изедам.
    од утре со нови сили, смирено.. :?:
     
  8. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    оф феминки таман се стокмив за нова диета зошто за другите две ми пројде меракот и кога озабјле гледам сум добила менструација и сега стомак ме боли.Да ве прашам ке има ли ефекти ако ја дрзам диетата ???

    и најдов едена страна за слабеенје http://flatbellyprogram.com/ еве ја кој не ја знае нека види обавезноо
     
  9. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.666
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ви се придружувам после долго време не бев тука па со тоа и ја прекинав диетата ама сега повторно почнувам со здрав начин на исхрана. Почнав и да постам за Голема Богородица па со самото тоа јадам т.е започнав да јадам само салата и риба. Држете ми среќа............................................. :worried:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Зошто да нема ефект? Држи ја диетата, само не вежбај интензивно. И пиј течности ;)
     
  11. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    ке ја дрзам диетата али не везбам дека многу ме боли стомакот па ке ви казам колку и дали ослабнав позз
     
  12. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Зошто да нема ефект ако имаш добиено? :^) Нема врска тоа, нормална работа е аманте.

    А Дузи, јас не само што имам трчано и стално вежбав боса ама многу ги тегнев жилите долу на стапалата па неможев да цапам после ме болеа, па одев на жулење и триста ми ти чуда, затоа со патики е најарно, сега дома си вежбам во соба,ама убавезно со стартки на мене, иначе од тепихот една жештина ко ќе добијам во стапалата од шо се жулат тоа е невероварно :@ а со патики немам гајле.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Почнав да се враќам на стариот режим, шуќур. :whew:
    Вчера додуше, послабо, зашто јадев одсабајле перек, па сладолед, па за вечера затворена пица и 2 Пингвини чоколатца, за разлика од денес.
    Денес јадев одсабајле овошје (пола праска, пола цитрон и една банана), за ручек гравче тавче и морав пола кришка леб да изедам татко ми ме натера |( , и вечер еден сладолед што изедов.
    Правев чучњеви, стомачни, планк вежби, кранчес и уште едни вежби за стомак, и се убив од пешачење!
    И да се пофалам, стомакот веќе ми е тврд, ептеен малку сало се допира, и спојлерите почна да ги снемува! :rock:
     
  14. ripkata

    ripkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    Jaс ја почнав диетата и утре не само што ќе ја држам туку и физички ќе се активирам :)
    Орбитрекот нема веќе само да собира прашина. Секако нема многу да вежбам оти си се познавам себеси после многу ќе ме болат мускулите.
    Утре со нови сили !!
     
  15. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Јас во неделата направив 30 стомачни и добив мало воспаление на муакулите, па затоа од понеделникот наваму правм само чучњеви, и вежби за задникот и то два пати на ден по 15 минути некаде и супер е... а ко ќе ми се поднамалат болките од стомачните ќе почнам пак да ѓи прам:) иначе од понеделникот и диетата од иренна ја почнав,па иако не забележав некоја промена заовие три дена, се надевам за еден месец сите ќе забележат подобрување кај мене:)
    иначе да ви кажам поттик ми е “другарка ми“ која цело време зборува како сме дебели и двете (двете сме околу 155 високи со таа разлика што таа има 75, а јас 58 кила). Епа ќе ги скинам тие 9 кила, и до почетокот на октомври 49 има да станам па Јана мајка да е:)
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум ^_^
    Спојлерите почнаја полека да се губат :)
    Со оглед на тоа дека понекогаш јадам и по малце леб и благо сум задоволна.
    Одам по режимот на ирена и се чуствувам полесно.
    Еве една слика ќе ставам,малце е незгодна ама сакав да видите дека веќе не претекувам од сите страни,и плус фармеркиве ми паѓаат за разлика кога ги купив ги исполнував целосно дури и салцето ми висеше над нив. :)
    Еве ќе ја ставам и сликата кога бев најдебела,ја имам предходно ставено,ама чисто за споредба за да не пребарувате наназад ;)

     

    Прикачени фајлови:

    • IMG3995A_01.jpg
      IMG3995A_01.jpg
      Големина на фајлот:
      28,3 KB
      Прегледи:
      504
    • Photo-0013О.jpg
      Photo-0013О.jpg
      Големина на фајлот:
      87,7 KB
      Прегледи:
      503
    На Buttterfly, Ariel, Bright и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Епа жени, и кажав чао на осумката! :D :clap:
    Не сум точно 79, нешто над 79, нешто под 80, ама битно осмицата ми отиде на десно!!!!!!

    Ептен ми е ќеиф, и тоа од одмор килце-две симнав, и ова сега... Абе до септември, октомври, ехеееее. 8)

    Оу, хепи дејс. :D

    Иначе, почнав да применувам едно нешто, што очигледно има ефект и тоа голем, а и брз. Најдов режими што се со цели недели протеински или јагленохидратни. И пример, кога имам протеини, си дозволувам нескафе со млеко, а кога имам јх, може малку чоколатце или сладолед. Повторно има ефект, ради тоа што еден тип на храна е, желудникот побрзо ја вари. Знам дека не е здраво да се лишуваш по цели недели од одреден тип на храна, ама времево ми мине, за еден месец почнувам со факултет и мора брзо да се симне тоа што е вишок... Малку е помачно кога си со обврски. :)

    Абе гајле ми е. :rofl:
    Ептен ми е ќеиф. :D
     
    На babybelle, Ariel, Artemission и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Браво Amy Lee ептен се познава во половината и стомакот, само така продолжи понатаму, полека но сигурно. ;) И Dozzy јааа море, де сподели тие режими по ЛП за понатаму ;) да си ги имам предвид.

    Јас со УН симнав скоро 9 кг, се вртам околу 61-62 кг, мислам дека кога ќе доживеам инфаркт од среќа кога ќе ја видам напред бројката 5, па макар да се 59. :D
    Ама ќе биде и тоа, воопшто не се тревожам.
    Сабајле си купив панталони М, и L и XL ми беа преголеми и си се насмевнав онака од срце. :$
    Мојата диета завршува во вторник, ама јас ќе ја продолжам уште 3 дена до следниот петок.
    Тогаш ќе биде официјално готова, па за понатаму ќе мора да се скрои поинаков план и режим на исхрана и да се удри повеќе на вежбање од септември, за затегнување и обликување.
    Ќе следуваат фотки следната недела. ;)
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Две слики од летово.

    Започнав со диетата на ирена пред 4 месеци со прекини, се префрлив на УН, варирав со тежина и цел ми беше од скоро 70 кила да имам 60. Одреден период имав 58 кила :)

    Ете бидна, со малце гладување, малце вежбање и то.

    На сликата каде што сум по купаќи имам 62..
    На втората незнам, ваљда две кила помалку.

    Иако не пишував на темите пошто ми беше глупаво, држев тоа диетите прописно само имав денови кај што ме збиваше глад па прекршував. Инаку, бев прав спартијанец.

    Немам стари слики бидејќи ми е форматиран компјутерот, ама во секој случај...

    Wishing you girls good luck! :) И без нервози :emo:
     

    Прикачени фајлови:

    На Buttterfly, moliv4e, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Браво, мило ми е што си ја постигнала својата цел...
    Ех, како само си го сонувам тој ден... Пред 2-3 сати кога вежбав,почнав без некоја волја и дури вежбав си викав, го можам јас ова, ќе го постинам она што го сакам и си се чуствував посамоуверено и имав повеќе сила,многу влијае на психата ако некој те бодри,па макар и сама на себе да си кажуваш дека можеш да успееш... Несакам само да си сонувам за убаво тело,сакам да го живеам тој сон ;) и нема да се откажам си ветив... Се надевам дека до недела вагата ќе кажува некое килце под 80, не е битно и 1 да е само да не е осумдеска :@ :lol:, можам да кажам дека под 80кг не сум била едно добри 3 години... се надевам дека и 70 ќе ги заминам и ќе им мафтам кога ќе си одат :D , ох едвај го чекам тој ден кога овде ќе ви пишам дека успеав! А до тогаш,здрава исхрана,диета,фитнес,многу пот :sweat: и јака волја!
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.