Оф јас де стагнирам, де диетирам Нигде не одиме вака Денеска за доручек каснав половина едно ко сукано со сиренце како мазниче.Ручек јадев ориз со салата,а за вечера љубеница.Физичка активност половина час трчање и половина кардио. ОД утре почнувам уште пожустро.
Решив да ви се фалам со поголеми бројки, ама пусто срце јуначко не издржа. Ви пишувам за да ви кажам дека за 20 дена изгубив цели 2 кг. Скромна бројка, но доволно ме мотивараше за понатака. Знаев дека диетите не ми штимаат нешто, мојот режим се покажа најефикасен. Камо да го почнев порано. Уште едноцифрена бројка ме дели до мојата идеална тежина. Одиме понатака.
http://hajdpark.mk/6-napitoci-od-koi-se-slabee/ Девојки, еве најдов една статија каде што пишува дека млекото не дебелее напротив кај возрасни придонесува за полесно губење на килограмите. Јас пак секогаш сум мислела дека млекото дебелее. Инаку јас со мојот здрав начин на исхрана, кој го имам неколку пати наназад пишувано за околу 3 ипол 4 месеци успеав да ослабнам цели 11 килограми. Значи до мај некаде стагнирав со тежина од 75 кг. потоа малце пазев на исхраната и во јуни бев 71 кг. а понекогаш и 70. Од јуни месец па до крај на август успеав да стигнам до 64 кг. Намерата ми е да дојдам барем до некои си 62 килца. Мислам дека толку ми е доволно. Слики неможам сега да ставам, не сум дома, ама ви ветувам за 2-3 дена обавезно ќе ставам пред и потоа. И уште нешто, не се откажувајте, еден ден сето тоа ќе ви се исплати. И исто така слабејте полека, но сигурно. Значи, ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ!
^^Па јас најмногу имам ослабено кога во исхраната ми беа најмногу застапени млекото, јогуртот и сирењето (нешто повеќе од 20 кг). Млекото заситува прилично, па ако сте гладни, подобро испијте чаша млеко отколку да јадете овошје барем кај мене тоа пали Инаку женски, јас малку стагнирам со слабеењето, иако не јадам ни пола од она што јадев, едноставно откако сум во Скопје немам апетит. Прикаснувам кога јаде малиот, понекоја овошка ќе гризнам, и пијам вода, само вода. Вежбањето ми е забрането, исто и кревањето на тешки предмети, вклучително и син ми за роденденот си добив подарок - дијагноза дископатични промени во седалниот дел на 'рбетот, па морам да мирувам и да примам терапија против болки, и после на физикална терапија... уф не можам да седам, имам ужасни болки, при лежење исто, па прекинав со вежбите за да не ја влошам работава. Може и нешто сум зезнала со вежбите, којзнае... ама ќе биде подобро! Браво за сите оние кои беа упорни и истрајни во својата намера, и само така продолжете!
Е јас па обратно, ако каснам сиренце знам дека во наредните три дена нема да мрдне вагата, можно е дури и да се здебелам. За слабеење, тотално треба да ги исфрлам од исхрана, иначе, не оди. Инаку, јас сум мнооооогу, ама многу голем љубител на млечни производи и млеко, и многу ми е тешко оти треба да се откажам од нив. Како алтернатива, купувам едно посно сирење/урда, спакувано е како сирење ама уствари е урда... којзнае што чуда има во него, на Типтоп, 60 денари е 400гр, ама кога го јадев тоа, слабеев. А баш е убаво, малку поблаго е само. Сега одамна немам најдено такво, дека имаше пости и цел град го вртевме со кола, ама такво сирење не најдовме. Се случува да каснам сирење чат-пат, ако имам протеини дента, и знам дека од тоа проклето сирење стагнирам во слабеење. А времето си мине, еве го септември дојде.
Мене млечните производи мислам дека ми одговораат за слабеење. Ги немам исфрлено, ама не ги конзумирам толку често. Апетитот ми е тотално изгубен. Не јадам после 6 ништо и кога ќе станам не сум гладна. Можам цел ден само со урми да бидам. И ми одговара така зошто не се измачувам со гладување. А килцата треба да си одат надолу. И читав пред некој ден статија од доктори.мк дека водата не би требало да ја пиеме по 8 чаши на ден како што секаде се пишуваше и сите викаат за слабеење по 2литри ако можеш и 3л на ден да пиеш. Тоа било само смислено од компаниите кои продаваат вода за да имаат поголема продажба. Џабе пиев по 2,5л литри некогаш и 3 и пак не ослабев. Значи не е до водата. Без пиење вода(само кога ми се пие) пак си ослабев две кила. Значи треба да гледаме што ни бара ораганизмот, што му е потребно и што му одговара. А ние самите со проби ќе си дознаеме се. :up: Знам дека благото ме уништува па еве веќе долго време не го јадам. Грицки и такви работи скроз исфрлив. Овошје престанав да јадам како што си имав навика сега се случува само со едно јаболко на ден да поминам или без ич овошје само со урми. Се одвикнав од јадење многу овошје, ги прејадов изгледа и се заситив за цела година ми се чини. До 16.06.2013 благо в уста нема да ставам. И тоа е тоа, видете што му треба на вашиот организам, како реагира на одредена храна. Проценете која храна ве дуе, ве дебелее, ве заситува побрзо, не ве најадува. Направете си сами режим и ќе успеете. Ете, кај мене мојот режим си делува, не ми се потребни диети. Уште ако вежбав можда и повеќе резултати ќе имав. Заборавив да кажам дека и метаболизмот ми е забрзан со ова нејадење после 6. Одам во веце по голема нужда најмалку еднаш до два пати на ден. Обавезно на утро после пола час од будењето. И тоа е тоа, од мене ја имате најголемата поддршка, само бидете упорни и истрајни.
Јас се вратив од одмор. Како што претпоставував, многу јадење и многу алкохол, а пливав помалку од вообичаено поради некакво солзење на очите, ама и не беше малку. Се вратив со точно иста килажа како на одење. Сега треба да почнам да се спаструвам. Два дена сум дома, а на диета не ми се помислува. Некако неорганизирана сум, се чувствувам изморена, уште не сум распакувана, на работа ме фатија гужви, и не можам да се скрасам да направам план што конкретно ќе правам. Веројатно ќе биде нешто слично на диетата на Ирена, зошто УН ја имам држено неколку пати, и преку глава ми е. Има резултати, ама не ја можам. За појадок житарки со млеко или јогурт, или некој геврек, а може и нешто благо. Аууу, сега се сетив дека ќе бидам на нова локација на работа, а во новата околина диетата ми е под сериозна закана За ручек може и да се претплатам на кујната на моите, луѓе во години, лесна храна јадат. Само искрено, така момакот ми е проблем. Децата ручаат во школо, и не сакаат пак дома да јадат класичен ручек (читај: манџа), јас ќе јадам тоа што зготвила мајка ми, а тој не сака ни да чуе за лајт јадења, човекот сака класични ручеци, со месо и запршки, без компромиси . И многу е среќен кога му готвам, а јас многу сакам да го правам среќен, АМА кога треба да готвам само за еден човек, некако немарна сум. И не знам како да го надминам ова, не можам и не можам. Мислам, и кога не е само за еден човек, маката ми е што треба да готвам навечер после 10, а кога станувам во 6.30, во 10 навечер креветот ми е многу помил од шпоретот, особено кога знам дека децата ми се подмирени со ручек. За вечера ништо, или јогурт. Има три позитивни моменти: 1. Ќе почнам редовно да одам на базен. 2. Почнувам со редовната животна динамика, и нема да имам време за кафанчиња - мојот најголем непријател 3. Свадбата на другарка ми во ноември. Свадби на блиски другарки посебно ме мотивираат да слабеам, којзнае зошто. А, ми текна зошто, затоа што сакам да си најдам убава облека, а големите броеви посебно ме фрустрираат. За претходната ослабев 5 кила, и уште не сум ги вратила. Може и нема баш од утре да почнам, ама најдоцна од понеделник - ќе биде, ако не и викендов. И да, ќе ми треба поддршка, а повремено и ќотече. И сакам бе да пишам едно мислење во успешни стории, мерак ми е!
Млечните производи го поттикнуваат слабењето зошто содржат калциум и магнезиум,кои се забрзувачи на метаболизмот и му овозможуваат на телото полесно да ја црпи енергијата од храната која ја конзумираме. Пресно млеко,особено јогурт се нужни во секоја диета,а можете и како суплементи да ги земате. http://www.livestrong.com/article/30304 ... ight-loss/
Дечки, не е лошо да отвориме една тема како што предложи Анабела/Јуле/Трендафилка/Миднајт флауер, не знам која од нив беше ... Што после диета? Факт е дека сме луѓе и дека не е возможно цел живот да се контролираме, да пазиме и да броиме калории.. Одиме на факултет, работа, училиште, сите имаме обврски и навистина е тешко да се балансира со исхраната. Некогаш и парите се проблем и ако немаш што друго, ќе јадеш што има дома и тоа е тоа, јасно е како ден дека не може секој по две јадења да прави. Ќе има и свадби и венчавки и крштевки и излегувања и погреби мајке ми, а цел живот многу тешко дека ќе ја одбегнувам невестинската торта или свинското печење. Кој како се справува, кој што јаде, планира да јаде, да пие. Навистина, еве и да ја терам УН целосно, 90 дена, сепак се броени денови и како викаат, брзо ќе летнат. Не сум спремна пак да стасам до 100кг, ќе дадам се од себе никогаш да не бидам тоа што бев. Ама секогаш го има тоа АМА, оти не знаеш што може утре да се случи. Не е лошо и да се посоветуваме околу физичка активност, некои локални теретани, зумби, фитнеси, аеробици, па макар и споделувања на километража што сме ја истрчале. Оти тешко нас зимово.
Еве и јас откако завршив со УН диетава и дојдов до посакуваната тежина, и јас не знам сега што понатаму. Се би дала да не ги вратам килограмите зимово и пак да се чувствувам тромаво и да се чудам што да облечам затоа што ништо не ми се допаѓа како ми стои Сега сум презадоволна од својот изглед и не сакам тоа да се промени затоа што пак сум изгубила контрола над себе и над исхраната! Јас продолжив да се хранам според УН режимот, без мешање на намирниците, ама ете сега полесно ми е да направам прекршок затоа што не сум на диета нели???? и не пишувам тука мени, па нема кој да ме кара дека сум згрешила! Ајде отварајте таква тема Што после УН диетата? и јас ќе ви бидам редовна
само ќе речам дека на 14ти август имав точно 71,3 денес се мерев имам 67,9 .... не зборам ништо повеќе да не се подречам......продолжувам понатаму
За 2 недели сум на свадба и дотогаш ми треба да симнам барем 3 кг, макар нека се и 2 ама да ги симнам. Гледав по странава диети кои ветуваат добри резултати но колку е точно тоа не знам. Па затоа би сакала ако може да ми препорачате некоја диета со која вие сте успеале да симнете толку кг за 2 недели ????
^тебе не ти треба диета за тие 2 кг. едноставно стави се на прост режим, и за 10дена ќе ги симнеш. Сабајле лесен оброк. Ручек нормален,колку што си јадеш. Но намали леб. Дури ако можеш со 1 кришка црн леб да поминеш би било одлично. А вечера не многу јака, и не после 20h. Пиј многу вода, и преполови ги газираните сокови. п.с. и не претерувај со благото,јади во нормални количини
За 7 месеци ослабев 20кг Сега ќе одам на факултет и ќе биде малку потешко да се внимава на исхраната ама ако ослабам уште толку до следното лето ќе бидам пресреќна
Уф јас денес каснав за доручек љубеница,за ручек полнети пиперки,а за вечера ништо. Кај мене проблем е тоа што престанав да имам физичка кативност Од утре почнувам пак дек вака нигде не одам ако продолжам со ова темпо,а и од режимот чат пат забегавам
Крај. Крај на прекумерените благи и грицки. Стварно ми се преку глава. Од утре почнувам диета, било која некоја ефикасна, само да има ефект, инаку ќе полудам. Малку самодоверба ми требаа,ми треба да бидам задоволна со моето тело, а не да го вовлекувам стомакот на секоја слика или било каде. Доста е, крај! Од утре.Почнувам.Нема прекршоци.Само ефекти.Ветувам.
Кристи е повторно тука со маките со нејзината килажа.Ослабев како ослабев,но никако да ги задржам посакуваните килограми.Последно време се поправив,почнав да си јадам како порано,доцна на вечер,и тоа леб,тесто се нешто што дебелее.Мотивацијата за вежбање на 0.Па од сега понатаму изгледа дека пофторно ќе се дружиме на оваа тема драги мои феминки