(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Мене страв ми е да пишам :wasntme: :D
    Стагнирам, значи моево тело толку има можност за варијации, пет килограми и ни грам помалце. Барем уште во оние фармерки да влезев :doh:
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Tag Team back again! |(
    Очигледно сум ја прошишала темата Што после диетата?

    Јас народе, едвај чекам да ослабам за да се најадам ко човек.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Jас пробав да ја држам Тридневната диета http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 1%82%D0%B0 и не можев ни да ја издржам целосно до крај...После тоа не знаев за доста, ништо не ме заситуваше, ко да не сум јадела ништо 10 дена.. Така не изгледа малку храна ама незнам што е работата, или јас имам многу голем апетит или таков е распоредот на храната ... Има ли некој друг искуство со оваа диета да сподели???
     
  4. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    Јас девојки не знам што како ќе биде со диети .. летово ич не ја посетив темава не дека толку не можам де .. ама не прибирање дома јадеш кај стигнеш и што стигнеш и тоа е резултатот. Не се здебелив многу само некое кило оти и доста бев активна а сега кога активноста ќе падне на нула .. олеле мајко. Затоа размислувам да се запишам на играорна, оти и не ме бива баш за спортови и се нервирам само а по играњето богами сум си бааги. Мислам дека ќе биде одлична физичка активност за мене и таман ќе ми биде забавно. Што велите вие?? Ќе ми помогне ли тоа? :)
     
  5. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    еве ме мене пак, а почне школо одма кратам со јадење, се враќам во нормала, не толку колку што пазам туку што немам толку време. Не сум дома по 8 саати, и коа ќе ми дојде нешто да си купам нејќам да се овам да јадам глупости тостови и сл. и дома некоја салатка ќе си напраам и толку, одма полесно се чуствувам ама не се преоптоварувам како што знам.
    а да, мислев дека ќе забегам викендов, ама не ми се јаде ... :)
    и вчера баш пресметував на нет по колку калории смеам дневно за да стигнам до килажата од 55-56 , што значи 4-5 кила мање, треба по 1290 калории некаде дневно демек до ноември би требало, не се брзаме ..
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    JuLleE не се секирај, не си сама. ;) Ние сме феминска банда која на есен и на зима ќе слабее, а на пролет и на лето се дебелее, само не пишуваат сите, некои од страна си читаат, мудро си молчат и слабеат. :D
    Ние сме погласни вака и мака си немаме да пишуваме.
    Продолжувам понатака јас со режимов колку да потсетам и како што пишав во другана тема, ако не ми успее слабеењево со режимов(само нека проба да не успее) од 1ви Јануари ќе ја држам Ух диета, ама мислам дека нема да има потреба, ама си имам план за секој случај.
    Со вежбањево мака си имам, почни три дена, четвртиот одкажи се, или ќе почнам да вежбам редовно или ич нема да вежбам, морам да најдам некоја средина, вака не го бива, мада и без вежбање тврдам дека се слабее, ама побавно. :emo:
    Порано повеќе вежбав и повеќе мотивација имав, сега знам дека можам и без вежбање да ослабам и си викам, ајде ќе вежбам утре и така секој ден.
     
    На JuLleE, Doozy, kristii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам еден совет
    Дали ако навечер јадам само салат или мусли со млеко мозам да ослабнам??(а руцекот е нормален со една криска леб).Дали има некое искуство слицно некој да ми даде поддршка
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Секако дека можеш, ама претходно да не си јадела нешто калорина храна за ручек.
    Поарно само една салата или мусли со млеко него ли тост да речеме или сендвич или некое благо кое дебелее.
    Само запамти, се што конзумираш да го конзумираш во нормални количини, ни премногу, ни премалку да јадеш. И секогаш јади кога си навистина гладна, а не од досада. За време на досада или стрес знаеме да посегнуваме по храната, а воопшто да не ни е потребна.
    И ја да ви кажам дека поголема мотивација и желба за слабеење сум немала.
    Има да ослабам бе! Тешко ми оди, се правам како што треба, од кои причини не знам, ама ќе бидам старарта јас која ќе влезе во старо-новите фармерки ветувам!
    Греота е да пропаднат 15 пара фармерки и пантолони од глупави 8 кила вишок.
    У п.м нека одат. :devil:
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.774
    Допаѓања:
    162.925
    Мојата диета деновиве,вчера две палачинки,денес чипс и сникерс,секако и сокче,а силом прилике стигнав до стадум,горните стомачни да ми се познаваат. Тоа се вика фак мај лајф! :D
    Ај утре ако ми се добри резултатите,ќе си редуцирам.
     
  10. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Да ви се придружам и јас на темава, зашто навистина ми треба морална поддршка. Јас се стремам да ослабам 8 кг што за мојата висина би било идеално. За диети не сум за, оти ми е тешко да се придржувам до шеми, за апчиња никако - оти ја топат само водата од организмот а не мастите и многу повеќе штетат отколку што користат.
    Многу се слабее со броење на калории, јас видов резултати, ама многу е напорно, да внимаваш колку калории па колку протеини, белковини, јагленихидрати си внела и тоа според твојата висина и тежина и дневните потреби и физичка активност. Слушнав една мисла пред некое време- се што е слатко е калорично. Како и да е, сите ќе се сложиме дека е макотрпен процес слабеењето.
    Е сега и мене физичката активност не ми е јака страна, слабо се движам. После, не можам да се воздржам од благото, леле колку ми се поткаснува благичко. Лебот го исфрлив, пржената храна и ништо сокови. Јадам тоа што има за ручек и вечера, ама напола од што јадев нормално, ама по нешто соленко и благо поткаснувам постојано :worried:
    Како вие се справувате со овие напади на глад ? Пробав да пијам вода кога ми се јаде и пијам пијам вода, пијам кафиња ама џабе. :emo: |(
    И за крај во прилог ви праќам некои сајтови што на мене ми се најдоа корисни - Колку калории сте согореле при вежбање - http://www.bitterpoison.com/calories-exercise/
    и уште еден добар - http://www.nutristrategy.com/index.htm
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Шајнингстар ја имаш мојата целосна поддршка, добредојде во клубот. ;)
    Мене не ме фаќа некоја желба за благо, а долго време не го јадам, што знам, кога ќе ми се пријаде благо или пијам шумечи или си јадам сушени урми, тие ми се прекрасна здрава замена за благо. Каснувам на два пати, еднаш насабајле 5-6 во зависност од колку ми се јаде и уште толку некаде крај 5 и 30.
    Инаку јас немам кризи воопшто и немам апетит, последниов месец в уста ништо не ми се става, јадам колку да преживеам, па пак тешко слабеам.
    Ама златно правило ми е да не надминам над 150 грама јагленохидрати, не мерам, ама така од око, од некоја моја проценка не внесувам повеќе од 200г сигурно.
    Многу битно :!: за слабеење е да се ограничи внесот на јх во организмот.
    Едит: и една чаша јогурт или млеко кога ќе те фати криза и ќе помине. Или зелен чај, тој од што горчи, го убива гладот.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    shiningstar,добредојде во "клубот"
    Со 2 тркалца Велнес или О кејк - кексови од житарици, ми ја убиваат гладта.

    Инаку и моја цел е -8 ... почнав 14.08. па сега ќе видиме за два дена на 14.09. после еден месец какви се резултатите.
    Имав 71,3 а сакам да стигнам до 63 со што сметам дека на мои 170cm висина е сосема одлично. Е после ако и на таа килажа се покаже некаде вишок, ќе треба дебело вежбање за затегање.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.610
    Сноу ти ги гледав сликите во Модни критики и јасно е дека немаш вишок.
    Остана уште овде да пишуваш, уште темите за диети ти останаа, па ајде сега и овде да напаѓаш.
    Ја претера веќе, ај остај не нас диаталките, и оди си во свадбите и трудниците.
    И така ги окупира сите теми таму.
    Не си воопшто интересна и не знам како веќе не сфати кога сите ти укажуваат.
    Патиш за внимание, или што?
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Абе што и се нафрлаш :D Како којзнае што направила.
    Ако смета дека има вишок слодободно нека си пишува, не можеме никому да забраниме да пишува.
    Сега што има многу мислења направено и што е активна во сите теми не можеме да го оспоруваме тоа, активна си е, ама тоа не и забранува да пишува кај што сака.
    Да бидеме малку по фер. ;)
    П.С и се согласувам дека нема вишок.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.610
    Лукс не и се нафрлам туку коментирам дека веќе ја претера.
    Некогаш треба да постои и таа опција, да му се забрани на некој да пишува.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    JuLleE, јас најубаво си го знам своето тело....сметам дека имам вишок и дека морам да симнам 8кг.
    Внимавам многу на исхраната, и вежбам....каде и во која тема се пронаоѓам тоа е моја работа.Вие со тие ваши коментари многу повеќе ја претеравте...што толку се замарате, јас ниту гледам кој колку и во која тема е активен, си читам само тоа што ме интересира...ни кој колку мислења има. Абе не се замарам, како можете алал да ви е капа ви симнувам.
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.213
    Допаѓања:
    258.610
    Ние ја претеравме?!
    Па не би рекла така.
    Ти ја претера, ти. Не се мешај секаде.
    И во труднички муабети пишуваш, поактивна си од трудниците дури.
    Секаде те има.
    Ај да имаш искуство, да те мачи тој проблем, ама не бре.
    И од фрижидер ќе почнеш да излегуваш.
    И да не сакаш мора да те приметат кога секое второ мислење е твое.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.774
    Допаѓања:
    162.925
    Лукс си си го средила метаболизмот. Кога ќе дојдеш до моментот кога ќе продолжиш колку-толку нормално да јадеш,ОДМА ќе се здебелиш.
    Секоја чест,ама искрено ти кажувам поим немаш што правиш со себе,ама ти си знаеш.
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Зошто, кај правам грешка?
    Ајде кажи ми кај виде дека сум го средила метаболизмот? Како можам да немам поим што правам со себе?
    Секој ден нормално си одам во веце, немам потреба за многу храна, не ме боли желудник...
    И сега јадам нормално, не јадам ненормално, се чудам најискрено, во што грешам?
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јас имам сериозни проблеми со Цаци.
    Пречесто, толку ми се дуе, што воздух не можам да земам. Да речам дека е од некоја храна - не ваља, се нормално јадам колку што ми е речиси доволно, без претерување, а и немам додадено некои сомнителни супстанции.
    Станувам од спиење и си е таман, јадам нешто, се дува како со велосипедска пумпа, некогаш боле :| , а вообичаено ми смета и 10 раце полнам со него.
    Чаре? Да спијам почесто? :D