Епа ајде кажи тогаш зошто тешко слабееш?! М?! Не ти укажува на успорен метаболизам?! Правиш инсулински шокови со тие концетнрирани наводни 150 грама јгх,па уште и од урми... Прекрасно,тамам за да не ослабеш никад,да ти се складира околу стомак,а да го истоштиш организмот со нејадење на друго. Па на крај да завршиш со сериозни недостатоци на важни витамини и минерали. И не знаеш,многу анорексични девојки мислат дека знаат,ама немаат поим. Направи си друг план и вежбај повеќе. Мерлин,шо е Цаци леба ти?! Стомакот?! Ако конзумираш млечни производи или некои житарки, или си нетолерантна на лактоза или на глутен. Истото ми се случуваше се додека престанав да јадам мусли со пресно млеко,а самите мусли ги заменив со корн флекс кој не содржи глутен. Ако е до толку земи некој рупурут нешто такво за киселини. Си ја имав истата мака,а до душа и се уште ја имам од време на време. Одвратно чувство небаре си балонче.
Не ми укажува на успорен метаболизам, напротив, среден ми е, ни премногу брз ни спор. А дали никад ќе ослабам, ќе видиме. Ако ослабам и мојов режим се покаже ефикасен, што правиме?
Цаци е меот. Побргу би помислила дека од некоја агресивна овошка ми се случува, отколку од млека. Со житарки слабо контактирам, па не е од нив, сигурно. Искрено, желудечни болки имав и порано, ама ова дуењево во последно време ме убива. Не толку за изгледот, колку што не можам да диша; што би рекле стариве - не можам да се владам.
Па не е као мене ми менува нешто у животов или се кладиме. Лудост е ако помисли дека ми значи,само добронамерно ти кажувам,ама попозната си по нерационалната тврдоглавост. Ајде,ти си знаеш,ама некаде си скокнала во лекциите што си ги читала. Не ќе се инаетиме сега. Ааааа Мерлин,не грешиш чедо,тоа овошките,особено некоја праска или слива,леле,леле... Едно незгодно прави,јас мавам витамини и љокам вода,го префрлам проблемот во уринарен тракт! Се осеќаш као да се постилаш на се околу тебе во радиус од 5 метри.
Најидеално време за мусли е сабајле,навечер пред спиење можес само млеко со мед да си земеш,али тоа пред спиење,а последното јадење гледај да ти е најмалку 3 саати пред спиење и што полесна храна навечер,дека метаболизмот тогаш е најспор.И практикувај овошје да не јадеш навечер,да речеме,ако стануваш кај 11 саат,не јади после 17 и разликувај здрави калории од штетни,разликувај заситени масти од незаситени,разликувај прости јаглехидрати од сложени.Здравите калории се во незаситените масти,сложените јаглехидрати и во протеините,а тие се наоѓаат во храната од растително потекло,во јаткастите плодови,,пилешкото и телешкото,во интегралните зрна како кафеавиот ориз и шеќер и интегралниот леб итн.Нездравите се во кој било сок од вива,гора,браво до сите газирани,зејтинот.сувомесните производи,чипсови,смоки,благо итн.
Епа девојки,поддржувачки мои и диеталки, конечно по 4 месеци и јас можам да се пофалам дека стигнав на пола од посакуваната килажа и изглед кои што сакам да ги достигнам. Сега сум 7 кила помалку. Кога ја почнав диетата,односно режимот на исхрана бидејќи не држев некоја посебна диета имав 63 килограми,за некои тоа не се многу,но за мојата висина од метар и 57 се и тоа како многу.Сега имам 56 килограми.Во продолжение следат слики како изгледав пред да ја почнам диетата и како изгледам сега: Следните две се пред,намерно ставени во спојлер за да оставам повеќе простор Spoiler Spoiler А овие се сега Spoiler Spoiler Сеуште треба да работам на тоа да ослабам колку што сакам јас,но моментално сум задоволна од самата себеси и од својот изглед
Браво Илипили, честитки на успехот, продолжи понатаму. Го забележав прогресот и јас, посебно се забележува на последната фотографија
Oк, да се пријавам за денес па и да се пофалам дека добро издржав. појадок - чаша млеко и 5 бисквити, ужина 1 јаболко, ручек- зелена салата, 2 јајца, патлиџан и 1 парче сирење, ужина - 1 интегрално колаче и зелен чај. Вечера- истата салата + 1 јајце, пола краставица, два крекера и 1 парче моцарела. Немав многу големи кризи за глад, оти јадев почесто, т.е. имав ужинки. Одиме само напред, не се откажувајте. Утре е нов ден, а сега бегам на спиење додека не ме фатиле кризи. едит- не можам да не ви кажам се осеќам лошо дека и 1 пакетче чипс ми се лизна пред јаболкото беше, знам дека е грев, ама ветувам од утре нема
Ilipili,на последната слика си сосем ок,според мене доволно е,а и премногу слаба не личи. Браво и од мене
Инспирирана од Илипили и јас решив да проговорам за себе и да ви го покажам мојот резултат. Повеќето од вас ја знаат приказната за мојата бременост и тогаш успеав од 58 кг. да отидам сосема во аут. Почнав да варирам со килажата, за да последнава година, посебно јануари, ја достигнам својата кулминација на тежината. Хипотиреозата додаваше само масло на огин во целата ситуација. Меѓутоа,цврсто решив дека сакам да се вратам пак на старата килажа и со броење калории почнувајќи од 17 јануари, успеав да симнам преку 25 кг. Еве ги и моите фотографии пред и потоа.
Па без диети и фитнес,значи без ништо ослабев две кила.Сега сакам уште едно-две и таман сум ко за висината. (иначе имам 50кг и 167цм сум висока)
Кога ве гледам тебе Геа, Илипили, Анабела, Трендафилка, добивам уште повеќе волја. Браво 26ти ден и скоро 6кг помалку.
14.08.2012. - денот кога започнав со мојата борба против килограмите и облините > 14.09.2012. - точно еден месец како ја започнав мојата борба со килограмите и облините > >> >>> >>>> >>>>> на 14.08.2012 имав 71,4 а денес точно после месец дена имам 66,9 ....успеаааав 4кг и 400грама симнав за точно еден месец а мојата конечна цел е 63....што значи повеќе од 50% сум надминала јухууу многу сум среќна. Иако знам дека како се оди надоле е се потешко за симнување, ама па е и помотивирачки.
Кога ќе осетите чувство на глад, пробајте, земете од оние оризови тортички. Еве вакви Едно парче има околу 30-40 калории максимум, а гарантирано ќе ве засити. Може да ги јадете за појадок со овошје и мед, фантастични се, и заситуваат прилично. Има во КАМ, обични и со сусам (јас ги сакам обичните). Инаку, има и во сите поголеми маркети во делот за здрава храна, 40 ден. максимум е едно пакување.
Аман бе Сноу, те читам и јас што јадеш, јас на тоа јадење ќе се здебелам. Ајде, шала настрана, терај си ако ти одговара. Инаку пазете од овие оризовиве, другарка ми купи и и испаднаа мравки внатре од самата плочка. Значи спакувани, вакумирани, а полни со мравки. А јас ја посоветував да ги купи, другачка на место сум, нели. Друга работа, до денес точно три недели како ја држам УН и изгубив само 21 ден. Како вицот воа. Имав еден прекршок кога бев на семејна прослава, после бев на именден мада што не јадев којзнае што.... Ама кај се останатите 19 дена, а а а а? Едно кило да видев минус. Плус трчав и уште трчам, 3-4 пати неделно. Сепак, времето ми истекува, наскоро почнувам, факултет, обврски... Некако и се помирив дека летово на сета мака само 7кг симнав. Побрзо слабеев пред матура, жими се, најозбилно ви кажувам, тогаш најбрзо ослабев, а ич ама иччч не се замарав. И тоа ми викаат другачките, на психа ми било мавнато и не слабеам ради тоа. Си појадував житарици со млеко, овошје, јадев се за ручек и нешто полајт за вечера и 15кг бе, од јануари до мај. Барем во обем се смалувам, ако ништо друго и ми викаат другачкиве дека не личам за 80кг. На петтото дупче отидов на каишот, ако рачунаме дека на почетокот бев одвај на првото. Да речеш да не одам во ВЦ, бавен метаболизам, не е до тоа, цревата си ги истурив од тие патлиџани. Купив (мада Тинкербел ми рече не) еден чај за слабеење, Коро слим, ептен ми го испофалија и очекував револуција во цревата... Кога тоа, ми го стабилизира проливот! Озбилно ви кажувам, три дена немам веќе пролив а изедов можда 2кг патлиџани. Борбата продолжува....
Леле, што малер ќе да беше таа другарка ти... мравки јас од КАМ ги купувам и на Виталиа најчесто, па немало досега проблем... и на малиов му ги давам, многу ги сака. А за УН диетата, Дузи, зависи од организмот. Кај повеќето на почетокот има изразено губење на килограми, а после некое време стагнираат, па подоцна уште повеќе да изгубат (секако, ако не се откажат разочарани од стагнирањето). Ама главно е дека колку повеќе кг сакаш да намалиш, толку повеќе слабееш, кога ќе дојдеш на 5-6 кила од целта, потешко е.
Се забавува метаболизмот Дузи, со секоја наредна година како што „старееме“ е се поспор. Памтам јас во средно јадев голем тост со кока кола на секој голем одмор и за десерт сладолед или некое чоколадце, па после школо пак на кафе и сладолед, па после во Мекдоналдс па не мрдав од тежината. Сега имам плус едно кило на килажата од средно ама дефинтивно пазам што јадам, а кога не пазев имав +6 кг. Може сум за нијанса поулежана сега ама далеку од тоа дека воопшто не сум активна. Возам точак, одам пешки, трчам секој втор ден по внук ми едноставно си имам некои ситни активности, ама веќе не можам да јадам секој ден тост или хамбургер со кока кола, а килажата да ми е иста..