Анат од тие на Виталија мравки испаднаа , и ние бевме благо шокирани . Затоа раскрши ги пред да му ги даваш, оти детенце, нема да го видиш, а он не знае што е тоа, ќе му бидат интересни, ќе ги изеде сосе мравки. Крејзи ами на 19 години ли бе метаболизмов ми забавува? До 40 години тенк ќе станам со ова темпо... Како и да е, не планирам да прекинам со пазење цел живот, сега кога ќе почнам на факс сум со намера да појадувам мусли или овес (ако може Анабела да го сподели рецептот и дали може мед да му ставам), па за ручек што има, вечера полајт... Плус Скопје, многу пешачев лани, многу одев, веројатно и годинава така ќе биде. Абе малку разочаранка бев, и уште сум, ама Боже мили, па ако ослабам наеднаш, после нема да ми биде интересно, ќе немам што да правам.
Дузи, овесот (овесните снегулки) јас насабајле ги јадам со малтекс, кој за некоја нијанса е поздрав и помалку калоричен од медот. И му доаѓа на крајот како житарица од видот Витанова(само дааааалеку поздрава), така нешто . Ставам 4 до 5 големи лажици овес и максимум 2 мали лажички малтекс/мед. И убаво го мешам тоа минута време за да се соедини. А инаку овесот може да се јаде и со сок од јаболко пример. Правиш во соковник сок од јаболко или било која овошка (ама со јаболко е највкусно) и го соединуваш со овесот. Чекаш 5 минути отприлика колку да омекнат тие, и готово е . И браво за сликиве бе девојки. Секоја од вас изгледа екстра! Разликата од пред и потоа и те како се приметува! Многу ми е мило!
Бидејќи се во спојлер,скриен текст за да не фаќат многу место,само кликни на нив и ќе ти се отворат.Инаку Геа само пофалби за достигнатиот успех ,прекрасно изгледаш ,сега си тип -топ
Дузи не си единствена. Мислам дека нема таков како мене што слабее толку бавно. До сега само 3 кг и толку. Една недела ни грам немам мрднато. А ми се брза, ми треба што побрзо да ослабнам, плус не смеам да прекинам. Ах, аман веќе на сите маки па и тежината ми е на товар . Сеуште ги имам оние 63 кг. Не се многу, ама јас морам да дојдам до бројка од 55. И како? Ун диетата ја држам со сите правила и прописи, и многу бавно ми оди. Друга диета не ми одговара, заради тоа што одам на работа, а и страв ми да почнам нешто ново и ете веќе 19 дена да отидат во неповрат. Дечко ми ме пофали вчера, вели дека ми познава дека сум ослабнела, ама вагата бре не мрднува . Секој ден сум гладна бидејќи јас ручам во 11 часот, најдоцна 12, а вечерам во 18-19 . И не знам што да правам, да бев во Ск ќе купев од оние третманите или ќе одев кај Тања или Цеце. Друго решение не гледам. Нема, а јас сум очајна.
да ги имам гледано незнам вакви толку онолку за толку пари толку вида на третмани....ама незнам колку имаат ефект...сиурно треба повеќе за да се има разлика. Ахх таа моја пуста половина.
Има ефект Сноу, протарашкај назад, пишував јас... Само ако имаш ептен за слабеење, ќе те смалат, а за 3-4кг вишок, џабе ќе си ги дадеш парите. Јуле потполно те сфаќам, кога последен пат сум се почувствувала најадена и сита, а да слабеам истовремено, не знам. Мајка ми вика дека не гледа веќе разлика во моите денови, сите и биле овошни и патлиџанести, само со уште нешто измеѓу. Едно добри 99% сум решена да прекинам со УН и последните две недели од септември да ги терам само на овошје, зеленчук, јогурт, месо, јајца и растителна урда. Вежбам, а налет тоа, значи ретко кога не сум испадната и не мериме улици, ама тоа е. И дури вака од страна кога се замислувам како изгледа кога некој ме чита, си вика, види ја оваа, слабак, една диета не може да издржи, само се префрла и никаде нема да стаса. Од ова на она, од тоа, на воа, и така во круг. Можеби не сум доволно упорна, кој да знае.
Јас сум упорна, ама се разочарувам кога ќе видам некој колку повеќе јаде од мене, а слабее. Ни леб не јадам, од ориз и компир ли се дебелеам. А некни во овошниот изедов две банани, диња и бадеми, и утрото стомакот ми беше ко на трудна жена . Другиве што слабеат јадат, а јас си легнувам секоја вечер гладна, по цел ден сум гладна и пак не можам да дојдам до оние 55. И кога ќе слушнам не јадев леб и благо и ослабев. Не знам дали да верувам, не знам. Ќе кажете во УН се јаде. Не, не се јаде. Зарем чинија ориз или компир ќе те најадат и ќе те држи цел ден? Или 2 ѓеврека? Или парче стек? Јас сериозно имам во план да испитам тироида. Ова не оди вака. А ако ја прекинам диетата, па ни грам нема да мрднам. Не оти вака мрдам, ама имам некоја надеж. Само од Аткинсот слабеев, ама и се разболев. Фала ти Дузи што можеш да ме сфатеш, не сум единствена .
Сакам да ви дадм поддршка на сите што сакате да ослабете јас вчера бев на лекар нешто срцево ме боцкаше,а и бремена докторката со која разговарав е кардиолог и баш и кажав за диетава Ун и ми рече многу е ефикасна таткоми е 70 години и од неа ослабе 20 кила. И јас морам да бидам на специјален режим на исхрана слична е на Ун диетата но е наменета за трудници се со цел да не поправам многу и да не го покачам притисокот од храната. Затоа не се разочарувајте сигурно ќе упеете во тоа што сте го замислиле зошто упорноста и истрајноста се клучот на успехот. Јас кога учев средно бев дебела и како мајка им бев на моите врсници и ништо не ме збираше сите си носеа дуксери со фармрчиња или некое тексас сукњиче јас морав да шијам нешто широко,а во него изгледав уште поголема и еден де решив да слабеам и ми требаше 1 година за да ослабам 35 кила и затоа знам колку е тежок патот за да се потигне убава фигура затоа ви давам максимална поддршка да ослабете и да игледате шик и убаво.
Јас те сфаќам, што ослабев - ослабев, ама таа мојата слика пред&потоа е во рок од скоро година дена, не е од УН диетата само. Браво, алал нека им е на сите оние што успеваат да симнат 5 или повеќе килограми за месец, без око да им трепне, мене не ми оди. Пресметав на крај дека ме фаќале во просек по 2 кг месечно за слабеење. Со невидена мака, жално е тоа. И реално, животот и менталитетот кај нас е тој, се' е врзано за храна - излегување без мезе и кафанче нема, после дискотека без сендвиче не оди, на едно кафе обично по дома ти вадат грицки и некое тортиче или ресана, сокче ако ништо друго, на свадба - јадење, на роденден/крштевка/мекици - јадење, дури и на погреб има јадење, човече... Мислам дека да се родев во друга држава каде не се врти се' околу таа проклета храна ќе си истерав полесен и полаган живот, тука храната е врв, светиот грал, причина за постоење, среќа и радост. Ќе умрам, да го видам дедо Господ и да ми рече - имаш 3 желби, бирај, една од нив ќе биде - Дедо Боже да гнетам се' што сакам, кога сакам, колку сакам и вечно да сум 56 кг. Фала, поздрав. Се' ми е јасно во теорија, знам се', ама човек сум, ми се сака да јадам, сакам пица, сакам тесто, и за кока кола дури пројавувам некогаш желба, за алкохол па муабет да не правиме, патам, буквално ПАТАМ, ќе приплачам од што ми се пие некогаш... Мислам (без претерување) дека цел живот ќе сум на диета. Ама цел. Смачено ми е.
Јас веќе бев спремна да се помирам со оваа тежина, бидејќи и јас сум човек. Цело време сум на диета . Сама на себе си станав одвратна, а како им е на оние околу мене . Но за жал морам да ги симнам и оние 7-8 кг, кои ми се толку невозможни. Сега и се жалев на мајка ми, и таа ми предложи да држам некој сопствен режим. Дури тогаш ни 0,5 грама нема да ослабнам. Излегуваме друштво, јас пијам вода, јадам шопска или салата од зелка . Другиве на масата гнетат пица и палачинки, а се послаби од мене. Имам проблем со симнувањето, ама се чудам каков. Ми се смачи, ми се повраќа од диетава. Не можам да ја држам, ама друго решение не гледам. Нема резултати очигледно. Па еве 20-от ден ме фаќа веќе и едвај 3 кг. Едвај, а се мислам дека и не се 3, бидејќи се мерам во облека, па оваа е заокружено. Да се тешам себеси дека се добри резултати кога не се. А гладна сум постојано. Знам дека сум очајна, ама си имам мака која не ми дозволува да живеам нормално.
Јулее не губи надеж и биди упорна. И јас се пронајдов до некаде во твојот пост кога пред 2 год држев диета и плус тоа вежбав на Орбитрек скоро секој ден и пак едвај успевав да симнам 2-3 кг за еден месец. Како и да е, некако успеав да симнам 15 кг ама за подолго време. Мачно е знам, ама тоа е , таков ни е метаболизмот. Затоа ич не му се секирај и биди трпелива и упорна, кога тогаш ке го симнеш вишокот кг...
Јас почнав да пешачам (и трчам) рано наутро, кога сум без обврски сабајлето. Да ви кажам право, многу поубаво се чувствувам. Свежо, лесно, со апетит 0. Се навршува еден месец како почнав со диета и вежбање и сум ослабната 6 кг. Вежбам секој ден, евентуално 1 ден во неделата одмарам. Грешки со диетава гледам да не правам, ама на пример ако прекршам со пола ред чоколадо во овошен ден, не земам при срце. И онака ќе го стопам вечерта . И јас пијам хормони, и јас имам мали проблеми со тироида. Па слабеам. Здраво го потам газов секој ден, буквално алиштата можам да ги цедам. Далеку сум од целта, сакам уште 10ина кг да симнам, ама не се брзам. Нека не ви мава толку на психа диетата, не се замарајте до толку да не прекршите ништо, живи луѓе сме побогу.
А јас пак мислев дека стварно сум единствената што мрчи цело време (среќа што не ве труев овде вас ) Јуле, спомнав во неколку наврати, мене ми се смачило од враќање на килограмите, значи ќе се трудам, се арно, ама после првите симнати 3-4-5кила максимум, стагнирам, ни угоре ни удолу, стомаков не мрднува наназад, ништо веќе не се случува, џабе гладувам. И само што ќе ја прекинам диетата, значи не она нагло прекинување, него ај ќе си речам од денес нема да се замарам што и како, само ќе гледам да јадам количински доста помалку, за една недела не колку што сум симнала туку дупло килоограми враќам Е па не е фер! И така со ред неколку години Патем, стомакот ми е нешто слично ко твојот зависи од облеката и зависи од подуеноста кога ми се познава и кога ми е рамен, али не е тоа тоа, што арна си бев пред едно 4 години, таман, рамен стомак е се она што навистина го сакам И физичка активност, а бе од 5 насабајле до 9 навечер, нема ред кај мене, по цел ден сум машина, ама ете, не бива, само што често знае и да ми се снеарни од што сум гладна Значи, чаре нема, дали е до стереотипите за совршена женска, дали е до нас, до јадењето, до апетитот, до мрсното, веќе не знам... али тешко е да ти е јад кога не можеш да постигнеш ни цел од само неколку килограми, тешко
Може ли да ви предложам нешто,ал да ме послушате. Не бара многу,не бара не знам какви вежби,ама кај мене има ефект. Ниту еден ден од неделата да не сте без активност. Сите го имате видено планот,ама сто посто никој не се нафатил да го прави. Јас го правам уште,со тоа што две недели си го вежбав онака како што е,потоа две недели тегчиња си додадов,па две недели без тегчиња ама по два пати турата,па две недели два пати турата,ама со тегчиња. Три пати неделно на орбитрек по пола саат, на отпор 2-3. И бидете истрајни. Јадењето мање-више. Целиот период,јас обично сум џангризало,знаете,немам трпение,ама сеа си јадев што сакав,ама до 8,подоцна не. И тоа доручек овошје,ручек тоа што има,чак што више со се леб,па пак овошјенце. Не ви гарантирам,ама виииише да не се повторувам,знаете дека имам мега спор метаболизам,штом кај мене успева... Мора и кај вас нешто од нешто да има. Еве и Тинкербел ја знае маката,па пак упорноста се исплати. Јас примам поголема терапија,плус новост е што имам и срцева маана,ама ништо не ме спречува во истото,напротив, ми ја подобрува состојбата каде-каде. Не се обесхрабрувајте. А да,пропуштав и денови,ама после тоа,во ист ден,три дена вежбав. Така што ова ќе ве натера да бидете редови или да не пропуштате. Балансот на крајот од неделата ист е,часови на вежбање и стопени калории... Леле само се редактирам,да се дополнам. Јадев и пица,јадев и лесковачка,арно ама тој ден дента само овошје јадев,па вечерта ко ништо го сварив и немав мачнини утредента,од пиво не се откажувам па што сака нека биде! И не е као да,тоа си ти,ние сме друго. Туку сфатив дека муабетот е да го одржам шеќерот стабилен со оглед на тоа што хипотироида маааалце води кон хипогликемија, а стабилен ми е само коа си кснувам и лепче и благце ако имам потреба,ама не го сакам благото,така што... со лепче,корнфлекс со лажица мед завршува работичка.