Дечки, ај да ве прашам нешто....дали во текот на диетиве конзумирате ленено семе и како го приготвувате? И кој е периодот од денот кога го јадете? Не сум го конзумирала до сега воопшто, а морам..демек го забрзувало празнењето на цревата, а имам голем проблем со тоа. Се извинувам ако не му е место на прашањево тука
Мелани можеш наутро во чаша јогурт да ставиш, или во мусли. Една лажичка е доволно. Има и мусли што си имаат и ленено семе, па не мора да мешаш.
Мелани, прво пробај некоја вечер или утро кога си дома, за да видиш како ќе ти делува. Убаво е да го растопиш во нешто, ко што ти вели Ливинг. Освен ленено семе, користи си цимет и ким како додаток во храната и тие прилично помагаат. Јас долго имав проблеми со желудникот, т.е варењето на храната и исто конзумирав ленено семе, цимет, ким.. бидејќи чаевите не ми одговараа баш баш .
Ленот е убаво да се пие науто, една лажичка мелен лен или ленено масло во цеден лимон. Ем ленот помага, ем лимонот помага за слабеење. Јас така го пиев и така почнав пак да го пијам. Ама одма откако ќе го испијам во истат секунда со другата рака ставам цреша, јагода, или било што во уста зашто не ми е многу симпатичен.
фала ви многу за одговорите..... за наутро во јогурт, ке почекам...да завршам со диетава... ке го пијам со лимон...и така наутро ми е дозволено само овошје инаку овој што го купив е цел, сушен некој (јас пробав и така си го грицнав прееска ....па гладна сум што да правам...овошен ден ми е)
дечки да ви кажам нешто кој сака да си вклучи во диетата. денес е 1 јуни, според лунарна диета млада месечина. Од вечер од 11 часот, до утре исто време, 24 часа, кој сака и може нека внесува течности во организмот. Јас не се заветувам ама ќе пробам.
Аааа се утепувам од јадење , така ти се чини, мртва гладна сум За ручек малку мусака без леб и салата краставица, а за вечера 250 гр. чаша јогурт Биоактив и пак краставица, а доручкував 2 банани. Цел ден само тоа, многу вода и 2 кафиња без шеќер.
Мене диета зборот ми е непознаница ... И тие што ме знаат можат да потврдат. Ама девојки имате морална поддршка од мене! Само со голема волја, верба и едно јако и силно свое ЈАС за да истраете во она што сте го намислиле и да стигнете до посакуваната цел.
И мајка ми и дечко ми ме искараа за зденката, јас прв пат слушам дека била толку за нигде, башка една, мала И за Бејк Ролсот си викам ај ова ќе му дое нешто како двопек, ама чим била ваква работата, не јадам веќе... Инаку зеленчук и овошје јадам секој ден, така се погоди денес, мртва гладна бев не ми се спремаше ништо, а и тоа што го изедов ме прејаде. А да си прашам, смее да се јаде краставица или јагоди ова време? Касно е, а не сум јадена ништо после леќата, почна да ми бара стомакот
Касни краставица и прилегни си порано,зошто ќе те фати гладот покасно пак. Eте ви ново диетиче,ако не ме мрзи покасно ќе постирам уште едно.Ако не денес,утре пак,има неколку.
Е ќе си умрам. Почнав да вежбам пред неколку дена, почнувам со таа УН диета од утре и чисто информативно застанувам на вага, со колку кила почнувам да си знам и што да видам.. 2 кила плус. Е ми се плаче, ми се рове. Се тешам дека не сум какана цел ден, ама јбг, знам не е тоa. Почнав да се чувствувам неудобно во своето тело и нема веќе забушавање. Си ја сакам старата килажа
Девојки мене пак ми е лошо ко вчера Али незнам шо е проблемот, али можда калориите дека ушмукав 770 калории.
О, мене и те како ми е потреба поддршка. Држете ми среќа јас од утре започнувам со диета, односно не е диета туку е гладување .Само овошје и зелечук по цел ден, а да и вода во големи количини.Вежбање зумба и некои други напорни вежби се надевам дека за една недела ке симнам некое кило. Wish me luck
Јас вчера си легнав и гладта исчезна а и лошото чуство. Денес пак на диетата, геврече ќе си изедам а за ручек ќе видиме. Вечера мислам краставица со стек приготвен со MAGGIE. Дали во тоа има многу јаглехидрати, дека ако има да земам кисело млеко.
Се препорачува месото да е варено или на тостер печено. Јас не би јадела месо приготвено во маги, подобро кисело млеко. Доручкував банана и сега јадам мусли од Виталија со млеко, а за ручек пире со салата без леб.
Јас не доручкувам, ќе си сварам покасно ориз и ќе каснам едно патлиџанче И приквечер пак пола порција ориз со патлиџанче. Тоа ми е денес на менито. И нешто овошје измеѓу.