(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.903
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога имам слободно време ја читам темава и искрено едвај чекам да Ви се придружам.

    Со бременоста качив 17 кг. повеќе од мојата идеална тежина, од кои 10 кг. ми останаа во вид на сало на стомакот и бутините
    и дојките ми се огромни пак :|
    (имам 68 кг.), а сега поради доњето не можам да ги симнам затоа што морам да јадам за да имам млеко.
    Инаку ептен се приметува колку сум поправена (јас си приметувам и затоа ме нема во Модни критики :( )), не си се допаѓам како изгледам и си се тешам дека еден ден кога малиов ќе почам да го дохранувам, ќе ослабам и пак ќе си бидам згодна и убава. ;( ;(
    Кога ќе дојде време ќе Ви се приклучам и ќе Ви покажам и слики пред-потоа.
    Се надевам ќе имам успех со слабеење.

    Девојки, од мене ја имате најголемата виртуелна подршка, иако немам време многу многу да пишувам. Имам само да Ви порачам да бидете упорни и да не се откажувате од вашата намера и предвреме да не се разочарувате...едвај чекам заедно да се бодриме. ^_^

    Голем поздрав и огромно браво до Илипили, само напред девојко :clap: :clap: :up:
     
    На Lux, Witchy-style, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.216
    Допаѓања:
    258.629
    Јас да можев да вежбам, мислам дека нема да ги имам овие маки.
    Но јас не смеам.
    Физичката активност треба да ми е сведена на минимум. Има посебни вежби кои треба да ги правам, но прво треба да ослабнам. Кај мене тоа е маката.
    Не смеам да вежбам вежби од типот на орбитрек или трчање.
    Пролета одев на аеробик, и завршив со воспаление и потечени жлезди.
    Сега ме чека преглед, па ќе знам што смеам да вежбам.
    Диетата не ја прекинувам. Ќе ја држам барем еден месец, па и ако тогаш стагнирам и не ослабнам ни грам, ќе ја прекинам и ќе барам друго решение.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    А девојки, има ли некоја од вас која со стомачни дошла до супер ефект за половината? :doh:
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Ова звучи ко измотавање, али ај, јас да си се „оправдам“ :| Значи јас не седам, напротив, физичката активност последниве месец дена еве посебно, ми е сведена на максимум, имам барем едно добри три четири саати интензивно лупање, и не без врска него еве да речеме трчање и чучњеви(најблиску што можам да објаснам :$ ) АМа време за стомачни, склекови, не знам ти што НЕМАМ :angel: Немам ни орбитрек, па да застанам еве да речеме пола саат па да испотам добро. Одвреме навреме знам да се изнамрдам со зумба, ама тоа повеќе ми иде ко релаксација искрено, зашто по неколку минути збивтам ко прасе, преморена сум и онака тоа ми е само дополнително изморување. Мене ми е ептен чудно, олку глуп организам ни било ни ќе биди, јадење ич, али резултати само првите три недели, после се наназад |(
    Јас само уште ќе ви кажам, многу се радувам за повеќето од вас, браво, јас сеуште ќе се трудам, но колку што ми изгледа ќе се трудам да си останам барем на оваа тежина, битно сум здрава права, ништо не ме боли, полека се помирувам со тоа дека нема да бидам 1.83 и 73 кила таман, али што е тоа е, упорноста белким некогаш ќе ми се исплати, ако не за многу за малце барем :D И свечено си ветувам себеси, дека кога ќе имам слободно време, од декември некаде, ќе почнам барем половината од она што го постираше Лилит да го практикувам. Можда е до фитнесот, не е до мене :wasntme: :$
    Сега, само напред вие девојки :!:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Абе јас би вежбала секој ден, ама немојте да ми се смеете... :rofl: Кога ќе ми текне мојата коса секој ден да ја мијам и да ја пеглам, и вежбање и се ми се одмилува. Во јуни мислам дека по еден шампон неделно трошев, секој ден на орбитрекот, вр вр вр по 1 час, и само 2кг ослабев. Цел месец. :D

    Сега еве па трчав, ми се собра неделава 3-4 пати, и така ми е океј. Умерена активност, умерено јадење протеини во последниве две недели од септември :D ... Ај налет.

    А да ве прашам, зошто имам толку малку кг ослабено, а толку многу намалено во обем? :?: Изгледам преполовено. Значи стомакот, зборувам за мишелинките, т.е. делот под папукот, ми е намален цели 17цм, што е мноооогу за моите 7кг. Изгледа тоа третманите ептен помогнаа. :D
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^лелеееее само јас ли неможам струкот да го симнам.....ми се плачеве веќе у депресија ќе паднам.
    4,4кг симнав ама па стомачето стои ;( ;( ;(
    Да се прашувам јас мене не ми треба уште да симнувам од килажата, мене тој дел ми е само вишок....ама како како да го симнам.Лелееее и вежбање со фолија и сауна бел купив и пазам што јадам колку јадам.
    И па само таму не се симнува ;( ;( ;( зарем нема да успеам да го симнам до крај на Јануари
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Сноу ма, не викај така, ќе ти спадне. :D Камоли јас 5 кг да ослабев а да појадувам тост. ;( :D Мене ми стои меот уште, само смален ми е. Струкот ми е 12цм смален, како, и јас не знам.

    А зошто бе не си купиш таков третман, плус си во Скопје, баш денеска на Групер гледав понуда... 2000 денари, 20 третмани. Не е скапо, таму си, пробај си... Ќе им кажеш дека сакаш на стомакот да се фокусираш. :?:
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^па незнам колку се ефикасни....нон стоп ги гледам тие третмани има и по 1200/1500 се начекуваат по 20 третмани.
    ама многу сум тажна.Цело тело слабо само стомачето.Не е големо,ама ми смета па и дека немам струкче,ухххх да неможе човек тесна блузичка да облече
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.775
    Допаѓања:
    162.932
    Сноу,ако имаш поголем стомак,кавитација да не ти паѓа на памет. Знам случај,од скоро,со смкнат стомак до меѓу нозе...тоа само оперативно се средува.Ако имаш мал слој,тогаш може и да е ефикасно За тебе се само кардио вежби повеќе и инсулинот да го држиш во баланс, со малку природен шеќер,без леб и повеќе протеини.
    А Дузи и мене ме нервираше истото што морав да мијам коса секој ден,ама јас па и онака ја мијам секој ден или па втор. Сега си купив од ДМ шампон за суво миење и барем на секој втор ден ја мијам или си ја собирам. Не можам за една коса, да трпам нешто кое не ми се допаѓа на себе. Имаше една слика, девојка држи портокали и пишува под неа,ова е салцето кое го зазима местото околу стомакот,тука имав не знам лупам,60 кг, на другата слика држи мандарини и пишува,ова е просторот кој го зазимаат мускулите,тука имам 65 кг. И таа е таа аналогија...

    А и од ова мини режмче, извадив горни стомачни на несакајќи,ама сеа ќе ги снема знам,зошто некое време сум тро така поболна,па...јбг,живот. Мојата иронија е што постигнувам ефект увек после одмор!Никако пред! Така и со целулитот! |(

    Ајде бре малце попозитивно. Како стари баби сте од вчера! :D Цело лето бевте енергични и оптистични,едно дождче,малце пмс и одма плачките!
     
    На sesilija, kate21, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Во врска со миењето коса секој ден и вежбањето, еве и јас сум тука. :(
    Секој божји ден ја мијам и пеглам после зумба. Едноставно што вика Лилит ради косата не можам да престанам со физичка активност. И во последно време мислам дека само шампони купувам. Па така јас фино - лепо си отидов до ДМ и земав еден шампон за 100 денари на Балеа, 500 ml. :D Ќутете ми го прифати косата, да не го урочам пу, пу :rofl:. Шала на страна, добар е стварно. ;) Еве го.
    [​IMG]


    Инаку не губете волја.
    Ве читам низ темава и последниве страни се со разочарувачки постови (потполно сфаќам какво е гадно чувството). Бидете попозитивни, поистрајни и поупорливи. Се ќе биде :).
     
    На Trendafilka, Doozy и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Од утре и јас ве дружам, се одлучив, конечно, што се мора - се мора, а она што мора не е тешко. :?:

    Имав денеска слободно време, па си направив мој режим на исхрана, нешто слична со онаа Ун диетата. Моментално можам да си приуштам да си ги купувам потребните намирници... па доволно е веке. Се надевам ке успеам, ако не, ондак ке идам кај чичко Нутри, да видеме што е „проблемчето“. :drunk:

    Посебно ме мотивиравте девојки, читајки ги вашите успеси, големо браво за вас, и со среќа во понатамошните борби со вишокот на Кг. Ке ве известувам како ке ми оде, се надевам и јас ке се пофалам една ден, со посакуваната тежина. :geek:
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Уххх, дечко ми и другарките ме убедуваат дека со стомачни за 2/3 месеца ќе имало ефект....ама некако....знаете кога некако немате верба дека тоа ќе успее.
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Вчера јадев геврек, варен, со многу сусам, со путер и буковец и младо сирење - фрчеше од калории!!!
    По јадењето чувствував грижа на совест и иако сум свесна дека од едно јадење неможе да се здебелам, едвај чекав сабајлево да станам и да се качам на вага. Никаква промена во килажата, задоволство на моето лице и риба за ручек.
    Сноу, многу зависи и до градбата на телото. Ако имаш слаби нозе, а торзо без струк, колку и да си на диета, повеќе резултати ќе има на нозете и лицето, отколку на проблематичниот појас.
    Мојата колешка е на диета цел живот и еве конечно постигна резултат оваа лето, меѓутоа таа е многу несразмерно градена и има слабо торзо, пример да носи конфекциски број 36/38, а нозе и задник за конфекциски број 42/44. Кога почна да слабее, комплетно пропадна во лицето и рамениците, градите скоро и ги снема, но делот од половината надоле, споро напредуваше и пак отскокнува од нејзината фигура кога ја гледаш.
    Сите ние сакаме идеал и се стремиме да го постигнеме до максимум, но додека трае борбата, со некои трикчиња и модни додатоци, можеме да го прекриеме недостатокот. И затоа, главите горе и сакајте се самите себе си!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Од среда влегувам во клубов! :angel:
    Почнувам на аеробик, ќе пробам да не јадам многу нездрава храна и се надевам дека за месец ќе ослабам барем 2-3 килца. :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Gea, фала на убавите зборови....точно е токму така мене прво сите делови од телото ќе ми ослабнат на крај половината.
    Оххх пуста мака....ајде се надевам макар со стомачните да успеам, почнувам од утре со нив од утре поактивно.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    За стомакот само изразена физичка активност, со посебни вежби за секој различен мускул. Стомакот кај повеќето жени (и мажи) е најтешкиот дел за обликување - да не се лажеме, треба многу работа за убаво стомаче (добро, некаде и гените се пресудни).
    Мене стомачето видно ми се намали од боди врапинг третмани и од електростимулации. После тоа е убаво да се продолжи со правилно изведување на стомачни вежби и избегнување на храна која дебелее, односно ве дуе. Значи, без брза храна, правилно комбинирање на состојките и избегнување на тешко варливи артикли. Ама, кој да внимава на сè :sweat:

    Јас иначе сум во некој стагнациски период како и повеќето од вас... ни јадам, ни правам нешто, ама ниту мрдам во килажа, ниту во обем. Не знам што ќе беше ова...
     
  17. bamby

    bamby Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Девојки планирам да почнам со дуканова диета, но ми фали мотивација... Како вие се мотивирате за да издржите до крај со диета, и да не подлегнете на некое слатко искушение???
     
  18. zarah123

    zarah123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    42
    Здраво девојки ве читам скоро година дена конечно и јас дел од вас.Со години се борив со вишок килограми многу варирам со тежина имав десет кг вишок пробав секакви диети ,чуда гладував и ми се намали имунитетот и секогаш килограмите се враќа. :|
    Читајки по интернет налетав на фемнина отогаш со совети от тука и видеа од вежби Ги намалив кг и сега сум со идеална тежина иначе 166сум висина а54 кг имам,уште де се затегнам малце и таман сум сакав да го споделам моето искуство со вас и само со вежби здрава исхрана сум ги постигнала овие резултати и се разбира со голема упорност.Затоа не гладувајте хранете се здраво и вежбајте :D .
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Официјално престанавме со УН диетата, и секакви варијации на истата.
    Снемува овошје, наскоро ќе дојде сезона на јаболки (кои патем ни се прејадени и на мене и на мајка ми, и неомилени воедно), портокали и банани.
    Зеленчукот исто го снемува, а и поскапна, кило патлиџани нема веќе под 60 ден.

    Останува да се измислат нови комбинации на храна и поинаков режим.

    Многу ни ја пофалија комбинацијата од мелен сончоглед, сусам, лен и семки од тиква.
    Од сите по 100 гр., и по 2 супени лажици потопени во чаша јогурт насабајле.
    Со една овошка плус, и појадокот е готов.
    И навистина држи најадени и сити, минимум 4 часа.

    Опремени сме со житни плочки-гранола, темно чоколадо, а од утре ќе си купиме и малтекс и уште некоја житарка.
    Ќе се преориентираме на супи и повеќе манџички.
    Гледаме и понатаму да го избегнуваме благото, лошите грицки, нездрава храна, претешко и премрсно не доаѓа предвид.
    Продолжуваме понатаму, тие 5-6 кг ќе ги симнеме верувам до Нова година, полека, но сигурно.
    :)
     
    На Gea, Ammy.Lee, Ariel и 10 други им се допаѓа ова.
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Да точно со ова зеленчукот и овошјето како им растат цените, среќа што сум при крај со диетава и јас. После тоа овошје само насабајле не е страшно. Само се мислам што би јадела после тоа, читав за нетолеранција на глутен и лактоза, и веќе сум убедена дека тоа ми го направи проблемот што ги качив килограмите, скоро секој ден јадев житарки со јогурт, за тоа сега ми е потешко да одберам здрав и некалоричен оброк, барем за време на работа, после за дома е полесно со манџички и супи како што рече Трендафилка. Оваа комбинацијата со лен и сусам мислам ќе ми годи, не знам ама ако треба да го исфрлам и јогуртот тешко ќе биде :( , само да прашам сама си ја правиш таа комбинација или постои веќе искомбинирано само да се купи :)