^ Има едни од Виталија, ги има по супермаркетите, се продаваат во тегла, колку што се сеќавам баш тој состав го имаат.
Колешки на мајка ми си ги купувале веќе готови од некоја продавница за здрава храна во Буњаковец, а мене во Бисер ми измешаа од се' по 100 гр. Сусамот, ленот и сончогледот се евтини, во просек од 20-25 ден. за 100 гр. единствено семките од тиква ме изненадија, беа најскапи 75 ден. за 100 гр., целата мешавина ме фати 134 ден, ама имам полна тегла. Инаку вкусно е за со јогурт, а мислам дека со лажица малтекс или мед не пречи да се помеша и со млеко, некоја поблага варијанта на оброкот. Убава работа.
И јас истава комбинација ја купувам од буњаковец, гледам многу го купуваат. Продавачката ми рече се конзумира за доручек или вечера со чаша јогурт или млеко а намалува масти и триглицериди во крвта.
Се мислев долго време дали да продолжам со УН диетата, дали да ја прекинам, па сумирав резултати и дојдов до заклучок кој уште на почетокот на летото го имав, ама не знам што ми стана, дека јас НЕ слабеам од диетата. На сликата која ја постирав овде имам околу 67/68 кг . Го достигнав врвот. УН ја започнав со 66 и некој грам и ослабнев точно 3 кг за 21 ден, каде што во последните 10 дена стагнирав, ни грам не изгубив, ми се чини и дека накачив. Целта ми е 55 значи 8 кг. По сите направени пресметки и анализи, решив да слабеам со сопствен режим, да консумирам храна од која слабеам. Зимава најмногу ослабев од протеинската, што значи месо и млеко позитивно ми влијаат при симнувањето на кг. Па затоа од утре почнувам со рецептот што го пиша Трендафилка, мелен сончоглед, семки од тиква, од лен и сусам, во чаша млеко или јогурт и лажица мед. Ова ќе пробам да го јадам пред работа, подоцна ќе каснувам и по некоја овошка и семки од тиква или лупен сончоглед. За ручек претежно готвена храна, и така мајка ми секој ден готви, а ќе се обидам позастапено да биде месото. За вечера чаша јогурт, краставица или домат. Некои денови ќе ми бидат налик овошните, притоа ќе вметнам салати и супи, заради прочиствување на организмот. Планирам да јадам и непечени бадеми и лешници. Се надевам дека ќе се придржувам до планот и конечно ќеги имам посакуваните резултати. Сега треба само да ги сомелам семките и да ја направам смесата. Кај нас нема продавница за здрава исхрана па морав посебно да купувам. Јас семките од тиква ги купив од КАМ и чинеа околу 25 денари мислам. Целото ме кошташе околу 100 денари, најмногу до 120 . Да кажам дека голем удел има и темата која ја отвори Спаркс, во која зборува за здравата исхрана и нејзината улога при слабеењето. А ја читав и темата за Дајмонд начинот на слабеење кој се базира на здрави навики. Мислам, всушност сум сигурна дека конечно го пронајдов решението како да се ослободам од вишокот. Без песимизам и брзање, со промена на начинот на исхрана, кој планирам да ми стане начин на исхрана со оглед на мојата здравствена состојба. Па со среќа нека ми е .
Jas mozebi imam 100 kila .sakam da oslabam ama nikako ne mi uspeva ke moze li ako znaete da mi kazete nekoj nacin za da oslabam.VE MOLAM BILO KOJ I DA ZNAE NEKOJ NACIN da mi kaze BLGODARAM ODNAPRED
А каде поточно од Буњаковец го купувате тоа со семките ? Ми изгледа како супер комбинација,баш ќе ми се погоди. Инаку,качив 3-4 кг и тоа ми се чини преку ноќ Сите ме пофалија дека вака сум поубава ,исполнето ми е лицето и ми се враќала задницата-што воопшто ја немав ,ама јас си се сакам слабичка.Се дебелам во стомакот и струкот и ми смета,не за друго,навистина ми смета еве седната на биро,на тесни маички одма салце ми се познава,дури дел од гардеробата не можам да си ја носам Значи,приметив дека лебот е тој што ми смета.Не јадам ни цела кришка,ама цеднаш штом почнам по малку одма оп килограми.И ме мачи што често сум на пат,па морам со колеги на ручек,порачуваат се живо и диво,а што да правам кога сум стврла и сакам од се да си пробам
Смесава ме изненади пријатно . Се трпи, вкусна е дури и со јогурт. Може и со млеко, така? Од утре така планирам. Јас додавам и лажичка мед. Прочитав дека се ставаат две супени лажици во чаша јогурт или млеко. Сакам да прашам дали може три бидејќи сакам да ме држи до кај 16 часот? Покрај кашата каснав и банана, а исто така јадев банана и накај 13 и 30 часот. Ручав туна, плус каснав и четвртина парче торта. За вечера домат или краставица. Како за прв ден добра сум, многу малку отстапки. Самоконтрола ми треба, а оваа тема ми е слаба страна.
Мене смесава со млеко многу ми е грда, некако семките од тиква во комбинација со млеко ич не ми одат, со јогурт ми се многу повкусни. Инаку оваа мешавина порано редовно ја имав на работа, за „не дај боже“, т.е. во случај на изгладнување, стварно многу заситува.
јас ја користам подолго време, многу е добра за регулирање и на столица и плус за добра крвна слика... иначе со јогурт е дефинитивно супер, а не знам како додавате мед внатре ако ја мешате со јогурт?!?! инаку може да се додаде и 1-2 лажици пченични трици или никулци, кои исто се многу добри и здрави намирници. Инаку на зелено пазарче ја купувам, во продавничките за здрава храна, последниот пат кога ја земав беше 100 ден (од сите семиња по 100 гр.).
Само со диета и вежбање на долги стази, не со изгладнување, туку со здрава исхрана.. ќе исфрлиш од исхрана се што е преработено, и ќе конзумираш свежа храна, манџи, салати, овошје... за се има замена.. само со силна волја и желба можеш да успееш во тоа што го посакуваш.. исто ти препорачувам еден чај за слабеење кој се купува од Билната аптека спроти ЗОИЛ, има 6-7 вида на чаеви кои се мешаат и чини околу 450 ден, трае отприлика 1 мес и се пие 1 литар на ден. Ќе ти го забрзаат варењето на храната и исфрлањето на токсините.. во слична ситуација бев, и затоа ти го препорачувам ова... се е можно доколку вистински си посветена на тоа, ти посакувам многу успех...
http://www.kafepauza.mk/zivot/shto-ne-s ... -na-dieta/ Случајно наидов на статијава, па ми еве може ќе ви помогне на оние кои се во борбата со вишок килограми.
Пробај со ун диета,нема што да изгубиш,освен килограми.Барем за мене, немаше никакви негативни промени,туку напротив, подобрена крвна слика и изгубени килограми.
Пред да ме избркате од темава, молам да ми одговорите Се решив тоа да одам на скроз менување на режимот на исхрана и исфрлање на јадењата кои намногу ми сметаа. Од оправдани причини Со тоа се лишив и од слатките. Инаку не ми минуваше ден без пола чоколадо или најразлични тортички, наполитанки и слично. Денес прв пат ме фати криза (а верувам дека и не е последен), се осеќав како наркоман во фаза на апстиненција... За малку не посегнав по чоколадо. Тоа што сакав да прашам е дали на сите им се случува ова и дали е ептен често ? Можеби најголемата причина е тоа што бев ептен навлечена на слатките Пребродив со една житна плочка, па се изнапив вода и пробав да го тргнам умот... можда е малку глупаво, ама ми треба одговор Едит: Јасно ми е дека ова е почеток, ама охрабретеме дека не сум единствена
Во моменти на таков нагон и желба за благо, јас си имав секогаш урми, суво грозје, суви кајсии,смокви или некое друго суво овошје кое е без шеќер, природно исушено.. знам дека и тие се калорични, но сепак не е исто како чоколадо, сладолет, колачи.. пробај.. заситуваат и ја убиваат желбата за слатко...мислам дека е ова подобра варијанта од мусли бар кој содржи шеќер...
Ајде и јас да ви се придружам. Мојата цел е да ослабам 7-8 кг, ама мотивацијата ми е на 0 Во принцип многу брзо слабеам,ама исто толку брзо и се здебелувам...а, богами и гурман сум си и сакам да си к'снам Пред 3 недели си стаив мотивациски позадини на ком., си напраив список на работи што ке си ги купам кога ке ослабам, се подготвив психички и почнав да слабеам. Успеав да ослабам 4-5 кг за 2 недели, со тоа што внимавав на исхраната и пешачев ( и трчав по малце) скоро секој ден и ми фалеа уште само 3 кг да стигнам до целта, но незнам ни јас самата зошто, наместо да продолжам така од пред една недела престанав да внимавам да исхраната и пак си вратив назад 2 кг сигурно (страв ми е да застанам на вага ), а можеби и повеке. И така функционирам цело лето, ке симам 3-4 кг, ке си ги вратам пак назад со + 1 гратис. Мислам дека вечно ке се борам со тежинава. Единствено добро е тоа што некако успеав да си створам некоја навика за физичка активност, и ако не сум активна неколку дена веке почнувам да имам грижа на совест. Овие денови имам страшно голем апетит, јадам се што ке видам, а и се нервирам поради мојата неиздржливост и некако нервозата ја потиснувам со храна. А и ко за беља денес бев на лекар и ми рекоа дека сум го изместила левиот колк и дека не смеам да се движам додека не се опраи, значи не можам ниту да пешачам (само се надевам дека нема да ја изгубам желбата за пешачење додека ми се опраи колков). Ама , морам, морам, морам да ослабам! Затоа и пишувам овде, ова е на некој начин ветување, овде пред вас мои диеталки дека од денес 21.09.2012 ке внимавам на мојата исхрана и ке се трудам да ги симнам тие проклети 8 кг. Аман веке! Значи моментално сум 68 кг (сега се измерив) и секоја недела ке ве известувам за мојот успех или неуспех. Мојата цел е до Нова Година да бидам 60 кг. Со срека нека ми е И најбитното од се Да стекнам навика да се хранам здраво и да си ја одржувам таа килажа, без вакви измачувања
И -7 кг. Само времево ме зафркава, уште малку нема да можам надвор да пешачам. Ќе треба или во теретана да се оди, или орбитрек да се купува. Бидејќи никој не ми одговори и тука ќе си се цитирам
Види на Пазар3, продаваат половни и може да се најде за 3-4000ден. Золва ми го зема за 4000ден. Вежбаше месец дена за мерак и ете го сега на поткровје собира прашина.
Знам дека на Пазар3 има, ама ми е страв колку ќе трае, дека веќе е користен. Затоа прашував, гледав на Нео во Техномаркет и многу ми се бендиса, не беше многу гломазен, а ги има истите функции со тој од Топшоп (кој се покажа многу квалитетен кај сите што го имаат)
Искрено освен оние што се по теретана и максимум искористени не верувам дека овие што ги чуваат по дома толку многу се искористени . Знам многу луѓе кои ги користат како закачалка за алишта а и тука по форумов читам . На крај краева одиш видиш
Мое искуство во врска со справиве толку пекав им се качив на мојте на глава да ми ја купат од топ шоп и се одлучив за една друга иста како неа само што има уште едни рачки и вежбав првите 2 месеца и ја баталив више служи како закашалка низ дома бидејки е мн досадно башка и нема некој си резултати летово скокав на јаже и повеќе се покажа тоа корисно...Само пари ке се лупнат