Ииииииии истрчав 3км! Хахаа не сум знаела дека можам, трчав 3, одев 1. Откога си дојдов дома и одморив 5 минути, сфатив дека сега можам да истрчам уште ако не 2, ама уште еден сигурно. Не е нормално ова, се самоизненадив од тоа дека јас имам кондиција. Временцето петка надвор, Сонце има, а не пече, свежо, само за трчање. После ќе застуди, сега е идеално. Тинкербел, мој совет, не е исто трчање и Орбитрек. И Орбитрекот врши работа, не викам не, ама друго е бе... Од трчање 1км се зацрвенувам повеќе отколку од вртење 1 саат на Орбитрек. Подобро инвестирај ги парите во фитнес, зумба и слично.
Aјде и јас малце да се пофалам во темава Еве ќе ви кажам дека фармерките сите ми паѓаат,и мора деновиве да идем у шопинг.. Буквално тонам во нив,кај нозете ми се ептен широки,јаоо исто како 100 броја поголеми на носам.. Ај ем вери хепиии Сите ме пофалија дека сум ослабнала,затоа си продолжувам со исто темпо како и досега Ви посакувам успеси и задоволства на сите Илипили Рипчики
А која диета ја држеше? Инаку и јас имам доста ослабено едно 14кг али не се забележува на мене истите алишта ги носам се е исто само бројките на вагата
Еве и јас да ви се пофалам, се надевам ќе биде мотивација и за другите. Си купив фармерки 2 броја помали. јухууу . Многу се израдував, знаев дека сум ослабена 13тина кила ама на стариве фармерки не се приметуваше толку, малце беа широчки си викав не е до мене, пушта материјалот. Амааа одам вчера во продавница и барам на продавачката бр као секогаш што си носам и ми вика аа не девојче големи ќе ти бидат..иииииии ете стварно. Леле пресреќна сум, се надевам ќе продолжам вака и понатаму. ( им посакувам на сите што се обидуваат да ослабат да бидам истрајни и ќе има резултат )
Цел - 4 километра. Мотивација - Клучните коски на Анабела. Бонус поени за остварување на целта - топла лутеница со две лепчиња и сиренце. Мисија успела!
Денеска си купив сини фармерки, сон се. Одамна ги меркам и убаво би ми стоеле да имам некој килограм помалку. Сега ми е мотивација што се вели да спијат на мене кога ќе ги облечам. Од понеделник пак ќе бидам активна во делов на слебеењево по форумов, се со цел да ја исполнам желбата. Имаше и поголем број ама за инает ги купив овие, во спротивно нема да се активирам. Иф ју нол лат ај мин. Spoiler И да, Анабела секоја чест на изгледот и постигнатиот успех. Дел сум од сите оние што ти се восхитуваат. Сакам и јас
Каде можам да ги видам резултатите кои ги постигнала Анабела? Иначе мој најнов мотив за вежбање... фацата на бившиот кога ќе ме види послаба и поубава од било кога
Еве ја Анабела пред точно 9 месеци, со цели 102 кила. Во улога на дворски шут. Молим лепо да не ми се смеете Spoiler А еве ја и Анабела денеска - со минус 40 кила, т.е моментална состојба од 62 кг со желба за нивна што подолга дружба и вечна неповрат на загубените. Амин! Spoiler п,с Намерно што понимално го сокривав пределот кај лицето и во двете категории, за да ја видите и разликата во лицето кое мислам дека ми се намали скроз. Ма да, не знам на сликиве колку добро се гледа и приметува.
^ Анабела, идол си ми бре девојче. Ете така да знаеш. На сликите во модни критики од порано, најверојатно веќе имаше започнато со слабеење. Браво, браво
Не држев диета,пробував со Ун али не ми одговараше затоа почнав да го сменувам режимот на исхрана. Нешто слично како режимот на Ирена,наутро јадам јаглехидрати,за ручек то што има дома (најчесто грав,манџа,компири варени/печени..Навечер протеини и така. Ама задоволна си сум,освен пешачење немам некоја друга активност А ти како осаби 14 кг?
Малце офтопик ама, Ејми, честитки девојко браво на упорноста! Колку што гледам ти веќе си ја постигна целта. И очекувам слики, да ме изненадиш и мене.
И по којзнае кој пат, БРАВО АНАБЕЛА, или АНАБЕЛА БРАВО!!! Девојче, ти си пример за упорност и силна желба, а резултатот е во сликите пред нас. Ме потсетуваш на една американка, која патем сега е мис во својата земја Абе шта речи, кад очи говоре
Јас кога трчам и кога ме боли слабината при крај си ја враќам фацата на Анабела со цвеќе и како и се рипнати клучните коски и тоа е тоа луѓе, трчам шпринт до крај, нема зајебанције. Шала настрана, знам дека имаше плус мотивација од некој што се правел паметен и те вреѓал... Мене живо ме интересира како изреагираа тие ,,паметњаковичи,, кога те видоа и дали се заљубија во тебе? И мислам дека уште малку мајка ти ќе треба мужи од пред врата со метла да брка.
Јас од јануари до сега леб мн реткојадев,јадење доцна исто али благо неможам без него 9кг симнав со апчињања слим што се зелени али испив само една лента толку имав купено за проба али мн ми паѓаше косата најверојатно од апчињата и одкога ги прекинав,не држев диета не ни внимавав толку што јадев почнав и прекршоци но само по себе слабеев и ме радува тоа што не ги вратив кг но искрено не се забележуваат на мене тие изгубени 14 кг ни па има разлика во облеката само на вагата. Инаку ме интересира анабела како ослабела и колку време и требало???????
Анабела секоја чест ! Само ме интересира што вежбаше за да се стегнеш после слабеењето, пошо мене се ми е океј само рацеве мн ми висат некако
Ја држев Ун - диетата (ја започнав на 1-ви Април, а ја завршив крајот на Јуни) со која во комбинација со континуирано и редовно вежбање симнав 23 кила ми се чини, останатие кг ги намалив само со здрава и избалансирана исхрана и нормално повторно вежбањето е тука, како неизбежен дел. Вртев саат време на орбитрекот едно три месеци по ред, одев на зумба, пешачев по 3/4 саати во слободно време.. И така
Имам проблем со килограмите! И само викам, од утре од утре - но проблем ми се слатките работи, јас неможам да одолеам на чоколадо, на торта, на сладолед...немам потреба од солено, од леб, од месо...ама од благо ќе полудам, мислите ми се таму. Благото многу ме кочи. Еве ќе тргнам на диета, еден ден супер се, ама веќе вториот ме фаќа паника, и одам купувам милка од 100 грама и во еден залак Дајте ми некој совет, како да се одвикнам од благото...а треба да намалам на килограми
@јасмина00 исто како да ме цитираш, значи извесно време го следам форумов поготово темава, и добив голема мотивација од сите успеси, браво девојки само напред така. Иначе исто и јас години наназад се обидувам да ослабам и никогаш да си ја одржам тежината, моментлно имам тежина од неверојатни 101-102 кг. Значи успеав да ослабам 6 килограми, предходно 108 кг, а висока сум 1,71-2. Минатата недела се придржував кон исхраната, ама викендов ме фати некоја настинка и малку немам ентузијазам . Амаа од утре продолжувам со нови сили. значи се надевав дека ќе продолжам полека но сигурно ќе си ја остварам целта. Значи не држам некоја посебна диета туку нешто сличбо како диетата на ирена, насавајле јадам или овошје или овењна каша со овошје, потоа џа ручек што има по можност без потпршка ако е манџа со многу салатa, вечера салата. Измеѓу оброците аки ми се пријаде благо јадам или урми или суо грозје а исто и непечени бадеми. Семки од тиква и слично. Ќе се придржував и понатака на ваквиот нљчин на исхрана со вел да се одвиккам од зависноста од благо и да си ја достигнам посакуваната тежина. Иначе уште еднаш краво девојки и вие сте ни дополнителна мотивација да издржиме. Поздрав