@jasmina00 -Јас мислев истото но обратно, јас можам без благо но неможам без леб. Еве десетина дена место пола кило леб да јадам за ручек, јас зимам само едно залче на крајот од јадењето. Со тек на време ќе се навикнеш и ти и твојот организам. Немој да се откажуваш од ништо што многу го сакаш. Никако одеднаш, така ќе направиш спротивен ефект, ќе мислиш цело време на тоа и нема долго да издржиш и после одеднаш ќе набуташ гоолема количина. Наместо цело чоколадо од 100грама изеди 1 ред. Знам дека сега ти изгледа невозможно, но верувај дека можеш! Се е во главата!
Јасмина, мислам дека за зависници од благо најдобра е диетата на Ирена, само треба да видиш дали ти одговара, т.е. да ја тестираш и да видиш какви ќе ти бидат резултатите. Во неа секој ден можеш да јадеш нешто благо, само мора да е наутро. Ова многу помага кога попладне или навечер ќе те фати криза за благо, се што треба да направиш е да почекаш до сабајле. Многу полесно се надминуваат кризите и помали се шансите за саботажа, отколку ако воопшто не смееш да јадеш благо. Плус со тек на време организмот ќе ти се навикне на помалку благо, затоа што сепак само наутро можеш да го внесуваш.
Сè е навика, така и потребата за благо. Зависност е тоа, и мора да помине кризата. Првите три-четири дена се најтешки, ако успеете да ги издржите, после ќе ви биде многу полесно. Јас имав еден период од две години кога благо немав во уста ставено, дури ни на родендени, слави и слично - едноставно, не чувствував потреба да јадам. Ама, помина тоа време, сега пак маки мачам да се потрудам сосем да го исфрлам благото од исхраната иако не го јадам баш многу, и секогаш само претпладне. Spoiler Ама, ова 24Kitchen ќе ме убие
Мене па не ми е проблем благото, мислам, кога ја држев УН цело време се силев ова ќе јадам во ЈХ ден, она ќе јадам... И на крај пак не ми се јадеше благо и немав идеја што да јадам, т.е. што ми се јадеше не знаев. Некогаш порадо би изела чинија од ручекот, барем сита ќе сум. Благото е моментално задоволство, мене не ме држи долго најадена, напротив, после уште погладна станувам. Слаба сум на јадења кои знам дека не би требало да ги јадам - макарони со сирење (избегавам сирење, го јадам тоа растителното), лазањи (цело лето пекам за лазањи), пирошкички ( ), селско мевце со печурчиња или само печурчиња полнети со кашкавал, ама тие печурчиња од КАМ, свежите... АЈ доста, диеталци има во темава. И тако то људи мои, да не ме мислите, си одржавам јас тежина , проблем ли е. Некна се напив пола чаша газоза, некако ми дојде желба и викам де баш... После имав киселини цел ден и сфатив зошто прекинав да пијам газирани сокови. А девојките погоре, само напред... 100 кила и не се некоја бројка па да не можеш да ги симнеш. Плус како песна ќе симнете дестина барем, само ако скратите на исхрана, некои работи како леб, сокови... Не мора веднаш со некои строги диети да си стварате одбивност. Ако ве фане криза за благо, подобро сркнете си лажица-две домашен мармалад (пр, баба ми става ептен малку шеќер во нашиот) отколку да му се навалите на еурокремот. Ее какви луѓе има, со 150, 160 кила, што уште две-три деца од нив може да испаднат ако им се извади салото, вие за 20-30 кила проблем правите. Само напред, уште еднаш ќе речам.
Ај и јас нешто да шткаркнам, по темава. Поточно да се пофалам. Имам ослабено 16 кг, некои како што знаат.. 10 се од Ун, а 6 од ЖМ. Е сега, од 7 септември, цело време варира 15-16, ама тука е негде. Но, не беше тоа, она што сакав да го кажам. Денес си купив фармерки, и од бројот 56, мрднав на 52. А едни фармерки, што ги имам уште од пред две години, ми се број 60, тоа зависи од материјалот. Сега ептен ми се клатат. Без каиш, ќе ги изгубам. Мислам дека добивте претстава, колкава бев, и колкава сум. Всушност, и тие 16 кг, не се голема бројка за мене, јас имам уште многу за симнување. Но како за почеток, мислам дека е ок. И да, конечно најдов фармерки во боја! Па 3 пара имав, сите исти, темни-црни, ми се смачи. Исто како еден пар да имам.. И некој нека ми каже, дека за по крупните имало повеќе избор. Ова го прочитав уште одаааамна, ама ми остана во паметот.
anabel-a,sekoja ti cest za postignatiot uspeh i dali mozi podetalno da kazis so jadese za pojadok,za rucek i za vecera,otkako ja zavrsi un dietata i dali koristese maslo
Woooooowww!!! Анабела, среќо изгледаш фантастичноооооо!!! Го знам чувството да изгубиш 25 кг, ама 40 - секоја чест. Разликата е огромна, како нова личност си, целта ти е постигната, преубава си и не ти треба да симнеш ни грам повеќе, само одржувај си ја сегашната килажа. Ме остави без здив! Ти праќам милиони гушки и бакнежи!
Од утре и јас почнувам со диета.Имам 50 кг,157 цм сум висока и сакам да има најмногу до 40 кг,па 10 кг треба да ослабам.
Елена, ако не е тајна колку кг имаш сега? Јас веќе 2 месеца не сум на диета, си јадам нормално кога се мерев последен пат на крај на август исто килограми си имав (65) ама сега ми е страв да не си ги вратам зашто нормално јадам а не можам сега диета да држам, на школо сум и + нема толку избор на овошје, а и немам време за физичка активност ама ИЧ и тоа ми е најкриво.
аааа од утре и јас ке почнам да се дружам со вас пред 1,5 година имав 84 килограми и после сите диети и изгладнувања паднав под депресија и си купив едни капсули од нив за 2 месеци ослабев 14 килограми и дојдов на 70 килограми сооглед на тоа дека имам мускулесто тело големи гради и сум висока 1,70а при тоа позади мене се 2 бремености таа тежина ми беше доволна да речиме на некој ке му изгледа многу али на мојата конструкција беше задоволително во текот на овие 1,5 година се држев некако 70-72 али сега летото на одмор сум ставила 4 килограми и сега сум 74 очајна сум и сакам бар тиа 4 килограми да ги намалам ако не повеке така да од утре ке почнам некој си мој режим и се надевам ке ве израдувам понатаму со добри вести се читкаме наскоро
Браво Анабела !!! Ти ми беше мотивација во периодот дури ја држев УН , а и понатаму си ми мотивација ! Прекрасно е чувството кога ке ја постигнеш саканата цел , тоа го постигнав и јас и ви посакувам на сите да го почувствувате тој миг што поскоро !!!
Зезаш така? Ти ова со нас мајтап играш, признај, ама сериозно. Девојче, не се глупирај, знаеш девојче со 40 кила на што личи? Знаеш кога ќе ги симнеш тие 10 кила? Никад, пошто не ни ти требаат да ги симнеш. Ај провери си ги книгите за утре за у школо дали ти се наредени, напиши си домашна и поретко на темиве, не за друго, навистина ќе си напраип беља и ќе ги симнеп тие 10 кила па после ќе треба да се простиш од нормалниот изглед. Што ти мислиш ќе бидеш поубава кога ќе личиш ко скелет од кабинет за биологија? Шипинки ќе бидеш поубава, нема погрдо нешто од анорексичен изглед. Навистина никогаш не сум била волку груба, ама ти дете единствено што сакаш е да си го уништиш животот, алоооо, свести се, во развој си, можеш да се уништиш, што сакаш после да те сожалуваат.
Здраво девојки, ете ме и мене од денес во клубов , имав 54-55 кг кога ѓавол ме натера да пијам слим лајн апчиња. Од кога ги испив и приметив дека сум поправена отколку ослабена се распрашав и добив до знаење дека се хормонски апчиња. Добив пореметување, косата почна да ми паѓа повеќе и се поправив многу. Сега сум 75 кг. Знам, нема да ви се верува. Но бидна. Не знам што да правам. Која диета да ја започнам..
Решив да слабеам со семки . Значи наутро ја јадам кашата со млеко и мед. За ужина каснувам банана и житарка, а глад убивам со лупени семки од сончоглед или тиква. Уште не сум ручала, па затоа пред два часа каснав уште една житарка од виталија, од оние со портокал, која ми е омилена . Сега си варам компир. Вечерва ако многу ми се јаде може пак од кашава, ама не верувам, бидејќи касно ќе ручам. Така, се е здраво и семкасто. Па и внесот на калории ми е мал . А и оброците ми се повеќе, а мали.
Анабела, пак ќе кажам секоја чест. Пресреќна сум за тебе, ама си се колнам што го немам твојот карактер и твојата издржливост. А дека имам желба да ослабам, имам преголема. Сега само сватив колку мизерно се чуствувам. Иначе пак сум на Ун-2 ден. Милиони пати ја почнав и ја прекинав. Во ужасна депресија сум. Опседната сум со слабеењево, сакам се одма, ама нема додека не се помачиш. Од дома никој не ме сваќа, никој не ме бодри, мислат дека не е важно да си слаб- тие се слаби, ете затоа. Само ми треба некој да ме подржува и да ме потсетува секој ден колку ќе ми се подобри животот по диетата и изгубените килограми. Ми треба некој да ме бодри.
Еве јас те бодрам иако и јас сум постојано на дитеи и глупости ослабев 14 кг но не се забележуваат воопшто на мене и најмногу што ме повредува што дечко ми не ги забележува ми вика дека сум требала да ослабам,а само чоколади и бомбоњери ми купува од пат кога се враќа Инаку девојко кога те фаќа криза за јадење и благо глеј да излезеш од дома јас така правев,исто и кога самои јас си знам дека сум на дите повеќе ми успеваше,а ако знаат повеќе лиѓе секогаш ја прекршував ми викаа ај ма што тие само на диета си ај ништо нема да ти биде и оп јас ке се подлажам