Еве јас да ви кажам мелено ленено семе имате во Тинекс во тегличка - 180 грама, 40 денари (или 40 и нешто). На Виталиа е. Јас порано или го грицкав добро или пак го носев во Лептокарија во една продавничка за здрава храна да ми го сомелат, а вака веќе сомелено е супер, барем не мора да се маткам од место на место. А вие за ова ли зборите цело време дека го јадете? http://www.vitalia.com.mk/seminja-mk-ns ... minja.nspx Барем и јас да купам ако е ова тоа. Едит; Што сум толку ќора бе, сега дури видов дека Сесилија го постирала истиов линк. Епа и јас ќе го купам, ќе го сматам некако со малтексот
Моментално имам внес од 20 гр. ј.х. на ден (погодувате - чичко Аткинс на мени, да да децо, за ќотек и стап сум), ама си имам друг план овојпат - 5-6 дена Аткинс и еден ден на семки, млекце и овошје, за прочистување на организмот. Нема да ја терам бесконечно долго, за да осетам несвестица, мачнина и болка во бубрези. Инаку, мерак си е диетава, барем првите 3 дена мака си нема, 10 пати сум ја проколнала и пак сум ја започнала, си имаш мевце, салата, сирење до 100 гр. на ден, јајциња - пржени, варени, абе ко човек да се најадеш. 2 пржени јајца - 4 часа рамно да не ти текне за храна... со 2 овошки за 1 час сум гладна. Друга, МНОГУ важна работа, од килограмите сум горе-долу задоволна, добро се држам, ама од изгледот не. Незатегната, не сум вежбала салам скоро 2 месеци, ми виси спојлер, опаднат тонус на мускули, ко мала пифтија сум... вежбање под итно, само млатам празна слама и не почнувам.
Јас од Аткинсот бегам како од чума . А се слабее, ем најаден си . Јас колабирав на 18 ден, а веќе на 12 бев со -5 кг. Сите ми рекоа дека сум стопена. Ама и крвта ми се стопи. Тренди добро е што не ти е страв, јас мислам дека повеќе психата ќе ме мачи отколку нешто да ми биде. А реално од 5 дена ништо нема да ти е. Исто ко за Божиќ 3 дена месо да јадеш и 2 дена да дојадуваш . За 5 дена 2 кг секако симнуваш.
здраво девојки на темава ве следам редовно и читам. на секоја од вас посебно се воситувам , толку многу жени собрани на едно место со огромна упорност браво. јас сакам да се посоветувам со вас. мене многу кризи за јадење и пробување на се и сешто ме фаќаат навечер откако ќе дојдам од работа. сакам се да пробам и така се прејадувам а несакам да вечерам што да правам за да не јадам навечер? се колнам дека би се придржувала до тоа , кога би добила искрен совет и препорака. фала ви жени , жени за пример , чувајте се
se слабее само од УН диетата, и не се вракаат килограмите, проверено, јас лани ја држев и ослабав 7 кг за неполни 3 месеци и од тогаш јадам нормално, и сите ми се чудат како сум толку слаба, во последно време јадам ептен се, нешто ми се отвори апетит ... и не јадете леб и благо, јас лебот речиси и ен го јадам, благо чат-пат аа и заборавив по еден цитрон дневно, и 2 шолји зелен чај, ако имате проблем со столицата може и киркулина, не е штетен, а ако сакате ептен брзи резултати, секое утро пијте по 2 лажици јаболков оцет растворен во чаша вода... резултати 100% сите имате фб, па ако може ве молам подарете zvezda na sledniot link https://www.facebook.com/DormeoMk?sk=ap ... 1215038247 благодарам, и со среќа во борбата со килограмите
Мене најефективна до сега ми била диетата на Жан Митрев ( малку е ригорозна ама не е страшно). Не се придржував скроз на неа затоа што холестеролот од толку јајца ке ми рипне . Јас си ја комбинирам таа со диетата според крвна група што е и мене супер ми делува. Само некако од млечниве производи тешко ми оди да се откажам ама гледам колку можам со помалку масленост да ги купувам
Аман кажувајте како да стојам настрана од ајвари, малиџана, мармалади и остали зимници? Од се' можам да се откажам и да избегнувам, ама со овие некако ептен тешко ми оди. Боље да си речам премногу тешко ми оди, да не се залажувам само... Се мислам само зимово што ќе правам кога сите ќе јадат ајварче? Се поправив 2 кила само од ајвар со леб и сирење. Се тешам дека се само две, и дека неделава со вежбање и нивно избегнување ќе ги симнам, ама некако ич психички не сум мирна. Изедов многу леб, многу ајвар и многу сирење последниве 4 дена! Затоа неделава што следи ми е прочистувачка! Еве си ветувам тука... Инаку нема да се осеќам воопшто убаво. И сега нормално секакви мисли ми летаат низ глава, што ако сум огромна, што ако пак се здебелам како порано и што ако не успеам да одолеам на искушенијата?! И само прашалници. Утре правам тест, а не сум воопшто сконцентрирана на тоа, паметот ми е цело време тука.
Анабела, мислам дека најмало зло е да јадеш ајвари и слично наутро, за појадок. Така ќе ги потрошиш во текот на денот, а за вечера се разбира нешто лесно, како салата или јогурт. Не сум некој успешен пример, веќе некое време се обидувам и се откажувам, и никако да стигнам до целта, ама имам богато искуство со диети и можам без колебање да кажам дека народната „Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателот, а вечерата дај му ја на непријателот“ е клуч до успехот. Ти имаш огромен резултат што не се уништува туку така, и не се оптоварувај со црни сценарија, ама добро е што си свесна дека треба да се внимава. Јас не сум ослабела никогаш колку тебе, ама едно 3-4 пати сум качувала и симнувала по 10-12. Чудно е што може човек да си направи за многу кратко време.
Знаеш Ариел, добро е кога ќе добиеш било каков совет или едноставно повратен одговор од некого. Те смирува. Мене фидбеков од тебе необјасниво ме успокои и ми отвори очи, особено последната реченица.
И јас маки мачам со ајверот. Јадев само првиот ден, и после тоа се ставив на диета. Сега кога ме маваат кризи или ме фаќа стрв, каснувам сосема малку и тоа само ајвер и сирење, без леб. Неколку вилушки и 3 дена не ми текнува за ајвер. Значи умерено и помалце од се .
Ве пратам многу долго на темава сите, иако не пишувам баш и само ќе ти кажам БРАВО за успехот, не е воопшто лесно да се постигне тоа, да се има таков мотив и желба.. бев во слична ситуација како тебе, имав доста кг кои ги симнав со многу труд, вежбање и откажувања од храна.. тоа беше пред неколку години, можеби 4-5.. но можеби потешко е да се задржи таа самоконтрола. Ти викаат- да јадеш демек “нормално“ а со секој ставен залак во уста на нешто “лошо“ имаш огромна грижа на совест, иако едвај чекаш да го вкусиш тоа нешто, после се каеш... јас едно време ја одржував таа килажа, но последнава година се опуштив и ете се вратија дел од кг, кои сега пак пробувам да ги симнам...и таа борба секогаш мислам дека ќе трае.. за оној кој е склон кон дебелеење тоа е животот.. дозволи си да каснеш, да пробаш, ама следниот ден или вечерта потроши го, знам колку е тешко да се одолее на некои работи кои ги немаш вкусено со месеци..пробај да пиеш чај, било зелен, магдонос сушен, внесувај зрнеста храна која ќе ти го помогне варењето..Голем поздрав
Ее Анабела, па тоа бе во ВЦ ако не отидеш качуваш две кила , што се засекира толку. Плус вежбаш, нема така лесно да си ги вратиш килограмите. Мене ми беше таман и со 75, така да имаш фора дотаму да одиш. После ќе те карам јас. Јас ајвар јадев само првиот ден кога го направија, заедно со лутеницата. Јадев што јадев, ме стегнаа киселини од него, скиснав цела... и сега не помислувам да се доближам до било што од тие работи. Слабост ми се мармаладите, ама бреј, подобро лажичка мармалад да си скрнам ако ме фане криза за благо, неголи нешто друго. Пак ќе речам, ако се домашни, вие си го регулирате количеството шеќер. Баба ми става многу малку и повеќе е превриено овошје тоа што го јадам. Ново откритие - а јадам ко што треба, а не јадам, па исто си стојам. :geek: Некна јадев нешто мрсничко (пржени кромпири де, ете, признав, тоа имаше за ручек ), и воопшто не ми се допадна ефектот што го имав на лицето наредниот ден. Мрсно, со две бубуљици кои ќе станат големи и болни, и три мрсни, белки топчиња на носот, спремни за пукање. Ако тоа се случува со лицето, којзнае што ми се случува во телото внатре. И чудна работа, кога ќе станам насабајле ич не ми бара организмот некоја тешка храна... веднаш ми иде да се напијам кафе/јогурт и да каснам парче овошје. Е што ми се пријадува по два саата, е голем проблем, затоа што кога ќе почнам со предавања, не знам што ќе правам. Лани почнував во чкљ време, кај 11 и до 4, 5, бев на факс. Таман кога си расонет и ти се јаде. :geek:
^Абе јас ќе скренам вака, по природа сум си гадливка, и цело време ќе мислам дека косата не ми е чиста, ќе ме чеша потта цело време, ќе се нервирам и знам дека по десет минути пак ќе се измијам. А па да ја сушам и фенирам немиена, а испотена... Ноу, ноу, ноу.
Девојки ај и јас да си олеснам душата и да ви ја кажам мојата мака. Веќе едно 6 години, можда и повеќе имам проблем со дебелината. Кај е мене е само ослаби, вратиги и се така во круг се вртам, тапкам во место. Имам 87 кг, и незнам веќе што да правам. Сакам да ослабам , ама ако ме верувате немам ниту желба ниту ништо зошто знам дека нема да успеам . Немам подрршка од никого, и згора на се татко ми се почесто ми се обраќа со свиња дебела,ме споредува со другите, се чувствувам безвредно, душата ме боли. САмодовербата ми е на 0, и во последно време скоро и не излегувам од дома. ДЕвојки ве молам дајте ми некаков совет, ми треба вашата поддршка, зошто неможам повеќе вака.
Јас дојдов да ви се пофалам . Едедн килограм минус . Знам не е голема работа, ама јас се радувам и на еден. Кога си очаен, не пребираш . Инаку во вторникот започнав со режимот, пишував како се хранам, од ништо не се лишувам, само јадам умерено и правилно, и по малце. Така некни јадев и пица (пола), ама останатиот ден бев цел ден на кашата. Обично одбегнувам да вечерам или ако каснувам навечер најчесто ја јадам кашата, и не покасно од 20 часот. Не мешам јаглехидрати и протеини во еден оброк. Советот на Лилит го практикувам, ако еден ден јадеш повеќе, другиот гладуваш. И има резултати. Фала Лилитке .
И јас започнав со аеробик. Девојки убави, првпат во живот одам на аеробик и дефинитивно не е лесно. Сите налево, а јас надесно. И си се смешев сама за моите утнувања. Да ви кажам моето стомаче постоело секогаш, ама овие 3 години се зголеми баајги. И малку страв ме фаќа кога ќе се видам во огледало. Нозете од ок ми станаа со мали бутки. Најголем проблем ми се здебелените раце и зголемените гради. Не се сакам ваква. А и лицето малку ми добило облик на напумпано бумбарче. Имам 63 кила. А константно со години имав 55. И тие ми беа ок мене. Знаете другите и тогаш ми викаа како сум имала стомаче. Најмногу ми пречеше кога сестра ми ќе ми кажеше дека сум дебела. И знам како е со килограми +. На сите ви посакувам да си зацртате граница колку сакате да ослабнете и да ја достигнете истата. Инаку само г`зето ми е слабо. Тоа никако да ми порасне. И никогаш не е касно да почнете со вежбање, возење точак, танцување... што било!