Морам да ви кажам кога ве читам тука на темава, ми давате мотивација .. фала ви девојки ! Spoiler Многу ме интересира анабела како изреагираа сите во школо кога се врати згодна лепотица. Сите што ти збореле гарант останале ( ма нека пукнат душманите )
MolikaMk убаво што си се отворила на форумов и ни ја кажа твојата мака со нас, горе-долу сите што пишуваме во темава сме ја искусиле истата или слична, па затоа си на вистинското место каде што си се обратила. Tука на форумов ја имаш најголемата поддршка и мотивација да успееш во намисленото, ти треба само план, трпение, добра волја и упорност. немој само да се обесхрабруваш и самопонижуваш уште во старт, запамти дека слабеењето е долготраен процес кој понекогаш знае да биде измачувачки и напорен и досаден, но ако правилно му се пристапи на овој таканаречен проблем ќе видиш дека ќе му изнајдеш решение. Tатко ти треба да се преиспита со тоа негово понашање кажи му дека не му личи на годините и дека те навредува, прашај го како би му било нему во твоја кожа. нека се стави еднаш на твое место и после нека кажува, тој треба да те разбере и да ти биде една од најголемите подкрепи кои треба да ги имаш. поработи си на самодовербата и не дозволувај вишокот килограми да ти влијаат мног врз неа, на крајот на краиштата размисли си само дека еден ден ќе ги снема, а додека да ги снема, за побрзо да си заминат, научи да ги прифатиш и сакаш додека се тука, за да имаш самодоверба. замислувај се со неколку килограми помалку и постепено таа слика ќе ти се оствари ако работиш според планот. не е тешко доколку цврсто се сака, ако цврсто сакаш не би требало ништо да ти се испречи на патот кон поубаво и позгодно тело. :up: така, послушај ги моиве совети и секогаш постапувај свесно и пред да направиш нешто или посегнеш по храна размисли претходно за последиците. да не дозволиме да и бидеме роб на храната, ние сме газда, а таа ни е гориво за да можеме да го храниме нашиот храм, а не да ја прејадуваме и да јадеме што ќе ни дојде при рака. секогаш внимателно одбрана и умерена храна се клучот на успехот, другото е маркетинг. поздрав и ти посакувам среќа во борбата, запамти, долга е, но вреди ако се бориш до крај.(а само неколку девојки на темава се имаат изборено до крај и докажуваат дека вреди да се бориш до последните сили) Aјде те молам поткрепи го мислењево со аргументи, зошто јас баш се најдов во твојов пример и треба да очекувам брзо да ослабам, а еве веќе 20 дена сум студент во друг град, а тоа не се деси, на кој основ го тврдиш ова?
Лукс...што си така осетлива човече?! Дај малце смисла за хумор и сфати што сака да каже девојчето. Многу сте осетливи бре,аман.
Женски, мајка ми држи една диета, ослабе 2кг за една недела, ама за да не отворам посебна тема, да си прашам, дали може да ја пишам овде, или? Ако сакате, нормално...
Ги разгледував до сега сите теми за диетиве, и ја најдов ипак, 99% е слична со онаа на Жан Митрев, со некои мали измени... Ништо од бизнисот.
Не сфаќам што сака да каже и не сум осетлива по ова прашање, него сум љубопитна и барам да ми го образложи ова што го тврди зошто не ја сфаќам, ако знаеш кажи на што мисли девојчето, немав никакви лоши намерни кон неа.
Јас па мислам обратно се случува со девојките што доаѓаат да студираат во друг град. Искуството со блиски така ми покажало. Цимерки, 2-3-4 заедно, на едната ќе ѝ текне нешто во 2 по полноќ, компирчиња, јуфки, чоколатце и нормално - сите на трпеза. За друштво де. Храна им праќаат од дома, значи сите имаат резреви на лагер обично, поретко се на манџички, кој ќе вари сега, повеќе на тестенини, сендвичи, посува храна.. додади му на ова грицки, блашко, родендени, и неизбежни пијанки во прва година на факултет... жими се, јас не познавам многу девојчиња што се исушиле откако тргнале на факултет во друг град. Секогаш е - обратно.
Ако се доволни свесни и одговорни нема да дозволат да им се случи да се здебелат пу пу не дај боже. Ми се има случено само еднаш во 11 да јадам и тоа супа, навистина е потешко да гледаш како во 12 сатот цимерките ти варат јуфки или макарони и јадат, ама можеш да избегнеш и да не јадеш и ти со самоконтрола.
Ако се доволни свесни и одговорни нема да дозволат да им се случи да се здебелат пу пу не дај боже. Ми се има случено само еднаш во 11 да јадам и тоа супа, навистина е потешко да гледаш како во 12 сатот цимерките ти варат јуфки или макарони и јадат, ама можеш да избегнеш и да не јадеш и ти со самоконтрола.
Мене па никогаш во моиве скоро 10 години не ми се десило некоја да ме насска така да ми се пријаде, а се јадело, се јадело и сендвичи и макарони и јуфки и пици, јас само ќе си кажам не ми се јаде и готово, абе карактер, за што, за ништо. Инаку на факултет кога се дешаваше да останам во цртална до сабајле обично јадев чоколадо за енергија или пиев многу течности и кафе, ретко да ми се има десено да идам до ГироМанија по пица или од Вили да купам сендвич, воопшто на една рака се брои кога сум јадела нешто после 8 во сите овие години. Инаку имав братучедка која во 12 јадеше сендвич од цел еден леб (со пресечени крајчиња само) и пак имаше одвај 50 кила и кожа на стомакот залепена за цревата, абе милина. Кога ќе се потсетам кога одев на фитнес ми се дешаваше навечер да ми се пријаде опасно и си каснував, ама на пример салатка или јаболче, геврече или нешто такво лесно., и ослабев, цели 16 кила, ама беа тоа времиња кога бев средношколка, без обврски и со многу слободно време
Јас сум од оние што кога отидоа да студираат во друг град се здебелија. Значи отидов со 55, а качив едно добри 15 кг. Може и повеќе. И уште маки мачам да ги симнам. Јадев претежно сува храна, чоколада во изобилство, кока кола стандард како вода ми беше. Во 7-ца јадев речиси секој ден, Вили исто. Милки јадев не од 100 грама туку од 200 . Од дома постојано ми праќаа храна, Жу-Жу ми беше во комшии. Јадев најчесто навечер, бидејќи си легнував наутро. Кога решив да слабеам, прв чекор што го направив е што зедов сама да си готвам, од дома престанаа со праќање на храна, и се скарав со Вили и 7-ца, се гледавме еднаш месечно . И не сретнав студент кој откако отишол во друг град да студира се вратил слаб. Ретки се тие, и оние кои се воздржуваат. Барем не првите 2 години. Е после тоа ви светнува колку е часот, фино ќе се погледнете во огледало и откако ќе заклучите дека сте се претвориле во свиња, останатите години од студирањето ви поминуваат во држење на диети.
1.Потребен е редовен внес на овошје,зеленчук и морска храна.Плус по некој лешник,кикирика... 2.Бели пецива,пици,бурек итн.,како и благо се најголемите непријатели.Не значи да не се јаде воопшто туку да се избегнува.1X неделно е ОК. 3.1.Проблемот е што многу поединци и поединки за симнати 3-5кг., слават со 1-2л.алкохол,торта наполитана или дупли хамбургер. 3.2.Потребна е дисциплина,а не цмиздрење. Поедноставно од ова здравје. На страна диетиве,телешка плескавица на скара со Тhe Smiths-Meat Is Murder у позадина е нешто посебно...
А да почнам да пијам Л-карнитин и амино кисилини во комбинација со диета и аеробик? Штетни ли се овие чуда?
Ааааа кога викав јас дека брзам да ослабам до октомври, сега гледате зошто. Лукс, да не ме сфатиш погрешно, ама тука си само еден месец. И јас бев топ прв семестар, скинав дури некое кило, ама после дојде испитна сесија и се отиде во... во знаеш каде. Сега ти е чудно, ама кога ќе полагаш шест предмети во шест недели, ќе видиш што зборувам. Ни на крај памет не ми беше да мислам што да јадам, јадев што има. Плус, прв семестар не појадував, многу ретко, ама веќе не се издржуваше. Одев на факултет баш во тоа време кога ти се пријадува, од кај 10, 11 па се до 16, 17 часот и верувај дека со две јаболкца или со урми не се издржува. Јас одам таму да бидам активна и да следам што се случува, а нејадена, искрено, само ми кркореа цревата и мислев на тоа колку ми се јаде. Цимерките па друга работа, едно време лани јас носев павлака, другата носеше домашен мајонез, и ви се верува дека во секое можно јадење ги стававме овие? Мусака, сарми, грав, стекови, компири, абе на се, се... тури павлаката, тури мајонезот. Не вечеравме, точно, ама за ручек натовај се милион калории и не вечерај после. Па ќе спомне некоја, абе мене ми се грицка, и друг ќе рече, ајде и мене, па ако имаш супермаркетче во близина, охооооо, Веро на памет го научив... Јас како викам, кад је бал, нек је маскенбал. Па ако се испадне некаде, во ресторанче, пабче, охо... Само не жалам за добро поминатото време, налет нека се некое кило плус, тоа се вика, дебели и среќни. Дружбата во овие години не се повторува, после и колеги и цимери, сите по својот пат си одат и затоа сум порелакс. Ако сите пијат, пијам и јас. Ако се јаде, се јаде и крај. Друга работа е што студентскиот стандард тешко дека може да си дозволи да се исхранува здраво. Едно лепиње ваму карши мене е пеевче, а јас со педесет денари ќе си купам литро јогурт... па кога ќе видиш што повеќе ќе те најаде, богами ќе се подразмислиш што да купиш. Муабетов ми е, океј е да сакате да се воздржите од искушенија, ама ќе има. Не е ништо страшно ако ви пукне филм и пиете кога се пие, или јадете кога се јаде, што знам, се преживува.
За Л-карнитин во комбинација со интензивно вежбање имам видено е ваков резултат Не си го препознав другар ми после три месеци. Тој не беше на некаква пишана диета единствено си ги елиминира стандардните леб, слатки итн. Не знам баш за комбинацијата со аеробик, мислам дека треба кардио вежби за со Л-карнитинот, ама дефинитивно треба да се пие само кога се вежба! Се мислев и ја едно време за ова, ако имаш време за интензивно вежбање пробај
Јас да живеам со некоја другарка загарантирано за месец, ако не и помалку, се праиме прасиња. Во друштво секогаш е најслатко, а и секогаш кога кај мене спие некоја другарка или јас спијам кај некоја, ќе се вратиме вечер од искачање, не ни се спие и што ќе праиме - ај ќе јадемее. И секоја вечер така да е.... Затоа вака сама кога сум секогаш се воздржувам и топ.
Си купив денес ваква вегетеријанска паштета на Виталиа. Со соја, компир и печурки. Уште ја немам отворено, планирам да ја јадам во скробен ден, а така ме привлекува, чиниш некое димено месиште ќе јадам. Арна ли е, смеам ли да ја јадам во скробен, или да ја давам на моите да си каснат?