Па што знам, печурките ти се протеини ко што знам, од растително потекло. Инаку паштетава е совршена, ја јадев во пост, поубаво нешто мислам дека не сум јадела, со дечко ми полудевме по неа. Прочитај си убаво и ако ти паше на диетава слободно јади си ја за ручек, одличен избор.
Ѕиркам во темата шпионски, со страв да не примети некој дека сум тука Што да кажам, срамота е. Таман стигнав до бројче кое ми развлече насмевка од уво до уво, ме спопадна некој лош ПМС, на кој се надоврза тридневен тим-билдинг (читај:товење) со колегите, со секакви национални специјалитети на кои човек тешко е да им одолее... па уште во друштво Резултат: + 4 кила за десетина дена. Е па со здравје да си ги носам! Од понеделникот се заозбилив, реков дека не може веќе вака, свадби идат, една за три, друга за шест недели, треба да се упристојам. Сега за сега добро ми оди, сум немала никаква криза, ама кај и да е ќе дојде пак тоа ПМС-от, а мноооогу ми се тешки за пребродување. Сабајле пијам некој цеден сок. Гледам да е од некое цитрусно овошје, ама може и друго, ако не стигнам да си исцедам, или ако не најдам да купам баш таков. На работа јадам овошје и житарки со јогурт. Кога ќе се вратам дома јадам некој ручек, ама гледам да не оптеретам, или ако немам ручек тогаш конзерва туна со салата. И ок е сега за сега, од понеделникот навака ослабев едно кило, и плус уште едно викендот, се потрудив да припазам. Уште две, па да се вратам на почеток. Бек ту д фјучр. Ич не сум истрајна, преку недела ми е лесно, ама знам дека на првата собиранка ќе се разјадам. А многу лоши навики имаме со друштво, секој викенд некој прави ручеци и се собираме на целодневни дружби со предјадење, главно јадење и десерт, и многу, многу алкохол. Сега берем по кафанчиња не одам Еве сега ќе земам да вежбам на орбитрек. Ај чао.
Од денеска сум на диета. Нема јадење од Софи и Двојка, нема пиење Синалко ниту јадење Сириус од јагода. После 6 нема јадење! Само пиење вода и чај! Секоја вечер и наутро пешачење!
Јас од денес се ставив на режимот на Дајмонд - не диета, туку начин на исхрана. Најмногу ми одговараше, па решив пак да го применам. Главното тука е правилното комбинирање на храната (немешање на групите намирници). Секој ден се јаде овошје до пладне, се почнува со природно цеден (домашен сок) и овошје по избор. Околу пладне се јаде леб намачкан со маргарин на пример, и со салата. За ручек месо со салата или компир со салата. За вечера мислам дека беше исто, ама не сум сигурна, треба да ја видам книгата (ја прочитав пред повеќе од десет години). Повеќе ми одговара од ОН диетата или било кои други диети, бидејќи не морам строго да се придржувам до одредени артикли во одредени денови. Еве на пример, утрово пиев домашно цеден сок од јаболка, цвекло и лимон (морам цвеклото иако не е овошје), и јадев јаболка посипани со цимет и мешавината од 4 семиња за која што кажувавте тука. И еве, уште не ми се јаде Ќе видиме до вечер како ќе биде, мене обично кризи ме фаќаат кога гледам филм или серија откако ќе заспие малиот. Сакам ова да ми стане начин на живот, а не да ми биде диета или режим. Кога можам да се трудам на малиот да му создадам здрави навики за јадење, зошто тоа да не го направам и за себе? А од кого ќе учи како правилно да се храни ако не од мене?
И јас сакам да ослабнам..... едно 20тина кг.... 10 од првата 10 од втората бременост дојам и нема да можам некои ригорозни диети ама физичка активност може, треба да се качам на орбитрекот....е сега не знам колку да чекам да помине од породување
Правилна одлука, и ние дома (јас и мм) бевме на овој режим кога почнуваше да јаде ќерка ми, дома немавме нездрава храна од типот на грицки и благо или сокови, па и таа се научи да јаде цвекло, јаболки моркови, брокули и сл. И еве до големка уште обожава овошје и зеленчук, баш пролетва ми вика - леле мамо едвај чекам да созреат црешнички и вишнички само ми е страв од јо јо ефектот кој и после година и пол кај мене се осети, односно веднаш штом почнав да мешам
Верувале или не од сабаље изедов 2 крофни со еурокрем потоа сендвич ...и кога си влегов дома мусака а нема ни 3 часот сега се казнувам до утре нема ништо да јадам срејќа што не се фака се за мене инаку досега ке бев КРАВА ама пак 170 со 63 кг таман е само стомачево што мие 5 мин напред ако не и повеќе :/
Девојки да си го кажам проблемот можеби полесно ќе ми биде на душичето. Откако се породив за 10 дена симнав 12 кгр и до денес (за 6 месеци) ниту еден кгр -. Неколку пати почнував со УН диетата, за 4 дена (еден циклус) ќе намалев 2-3кгр, па се откажував, па пак и пак, одново и одново пробував, но за жал не можам да се воздржам. Не е дека немам желба ниту пак услови, едноставно сум си стрвна, се си сакам да си пробам. Еве од утре пак ќе почнам со УН. И заборавив да кажам дека УН ја држев пред 7 год. За 3 месеци симнав 20 кгр. Поточно вака од 01.06 до 30.09 имав симнато 20 кгр. следните 4 месеци појадував овошје или мешавина од семки со сојино млеко и не вечерав покасно од 8 ч/ Се надевам на Вашата поддршка да си ја вратам старата линија. Читам девојките си прават некој вид на дневник што и кој ден јаделе, па и јас ќе пробам ама ќе си запишувам во нотес да можам да си прелистам. Поздрав и ако ме фти некоја криза за грицки веднаш тука на форумов за мотивација.
Не знаев кај да го поставам прашањево, па решив овде зашто знам дека ќе биде видено. Женски, како го јадете лененото семе - цело/во зрнца или мелено и како е подобро да се зема? Купив пред некој ден од тоа на Виталија, па реков да прашам за сигурно.
Јас го јадам во зрнца, си го грицкам. Ми рекоа дека треба во млака вода да се стави да отстои, ама мене така ми е лигаво и неубаво, а другиве девојки читам дека го мелат. Јас исто така за салати користам масло од лен, не е лошо.
Барам некоја диета ама неможам да најдам. Најдобра е УН диетата,ама не личи на диета,некоја построга барам?
Анат ме инспирираше и јас да си ставам тикерче, кое се надевам дека ќе ме мотивира. Сабајле кога го видов нејзиниот многу ми падна смешно тоа што пишуваше дека води здрав живот 0 денови, затоа што тогаш го имаше поставено. Ептен се најдов во приказната, и јас исто, здрав живот - 0 денови Јас веќе 4 дена добро се држам. До сега криза за благо не сум имала, ќе видиме до кога. Што подалеку, тоа повеќе шанси да ја надминам.
Од утре почнувам со Ун диета и никако НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ!До нг имам скоро 3 месеци,а до тогаш можам да ослабам барем најмалку 10,а најмногу 15 кг.Доволно се толку.Можам 15 кг нели? Можам,храбра сум јас,ке успеам. Ама доручекот ке МОРАМ да го прескокунвам бидејки ке немам време кога да доручкувам.Сабајле кога ке станам не ми се јаде,а со сила неможам,во школо неможам да јадам,дома доагам во 1-2 саат баш за ручек.И вечера во 7,тамам. Ама не сум сигурна колку ке можам да бидам физички активна.За време имам, можам да одвојам и 40 мин за тоа,ама не сум сигурна колку ке можам бидејки во последно време сум мнооогу изморена,ама ке се трудам,макар и 15 мин дневно,подобро нешто,отколку ништо. Од утре и јас почнувам и се надевам дека СИТЕ ке успееме!
Дузи верувај со ова пешачење што и да јадам не може да ми се фати и да сакам и да неќам. Минимум ми е час и 20 минути пешачење, така да и ми се забрза метаболизмов, се си јадам освен благо и пак не се дебелеам. Многу сум активна и мислам дека тоа ќе ме ваѓа, храната и не е толку пресудна колку активноста. Ама ќе има денови кога ќе си дозволам нешто повеќе, ама затоа следниот ден построго и така, инаку нема да посегам по храна од стрес или не знам што, испит нема да се спрема со храна, туку со учење.
Happy...girl, ако го прескокнуваш појадокот не очекувај резултати. Појадокот е можеби најважниот оброк во денот - со него се разработува метаболизмот, а тоа е потребно кај диетите, без разлика за која се работи. Не за џабе е речено - појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателите, вечерата дај му ја на непријателот. Ариел - мило ми е што те мотивирав, ама од некаде мора да се почне, нели? И нулата е почеток
Појадок - МОРАШ Јас па најдов да зборам, но единствено кога доручкував успевав да намалам килажа. Ти ја препорачувам и Месечевата диета која by the way ја имаш и на сајтов. Од Нова година до Март ослабев 10 кг и досега успешно ја одржувам килажата (висина 172 со 70 кг што за мои години е идеална тежина) Било која диета е беспредметна ако не е комбинирана со физичка активност. Јас многу пешачам, но еден период одев и во теретана. (пред одмор - признавам но вредеше. плочици, ово оно). Thnx na Treki за советот за Ленено семе. Мислев дека само јас имам проблеми. Неможев забите да ги очистам.
Напротив храната е пресудна. Џабе ти е вежбање ако не внимаваш во исхраната. Најбитна е, за жал. А тоа дека испитот се спрема со учење е точно, ама кога учеш огладнуваш побрзо. Тешко е да учеш гладен, речиси и невозможно. Затоа почекај, прво земи да спремаш испит па потоа коментирај. Средно и факултет не е исто, освен ако не си на приватниот на туризам и да полагаш од материјал на 2 листа А4 формат. Тогаш и на вода да си цел ден ќе положеш.