Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Лелее едвај чекам да дојде време за ручек....завчера само супа од зелка, вчера цел ден овошје и некако гладничка сум :(
    Сабајлево испив сок од цитрон со лажичка ленено семе...а за ручек ке си правам потпечен спанак и со него таратур со пола канче кисело млеко (со о.9 масленост) и 50г растителна урда.

    Само не ми е јасно како може во киселово млеко да има повеке јаглехидрати отколку протеини :^) а во растителнава урда обратно
     
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    15.455
    Прв пат слушам дека постои и растителна урда, многу ме интересира од што е направена, дали е од ист состав како и растителниот кашкавал?
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не туку се мери секој ден, дај си луфта барем 10 дена. Во тие 10 дена стварно почитувај и ќе видиш резултати. Или па јас, ако се чувствувам поправена, не се мерам. Ќе се изнервирам само. Прво диета и чистење 5-6 дена па после вагата. :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    луѓе растителниот кашкавал има повеќе калории од млечниот :!: Hемојте да мислите раситителен е и ајде :D башка е и по грд! јас кога не знаев за ова, си купив таков, демек диетален ау бу, толку ми беше тужен одма го фрлив! после дознав дека има повеќе калории!
    а за урдата не знам... прв пат слушам дека таква урда постои :D
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Таа растителната урда нема баш никаков вкус, ја јадеш а не знаеш што јадеш :^)
    Ужас, одврантно :shake:
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ете и јас да си го кажам моето, се надевам на еден начин ќе биде и нечија поддршка. :) Јас ја имам држено УН диетата, пред 2 години чинам беше. Ама држење на диетата, без буквално ништо додатно да јадам. Три месеци се сеќавам дека единствено отстапување ми беше пола часа Кока кола, бидејќи изгубив на кладба па мораше. Освен тоа, друго ништо ни една смока вишок во уста не ставив.
    Јас сум многу упорна и кога нешто ќе зацртам така ќе биде. Ма на свадби сум била само со кисела вода, родендени, на забави.. Јас си знам како ми беше ама се исплаќа, ако ја држите дисциплинирано многу ќе ослабите. Јас сакав да ослабам некои 6-7 килограми а за тој период многу повеќе и ослабев. Ми викаа земи јади ептен си слаба. Ама си ја модифицирав диетата, немаше кај мене ни леб, ни благо чоколада илли сл. , ниту некакви млечни производи. За тоа ако го интересира некој ЛП. Сеа пак имам накачено нешто, сакам да ослабам 3-4 кила и сум постојано на режим, а се мислам пак да ја почнам оваа диета и така да ја држам пак 3 месеци.
    Битно е да се придржувате, а не ај уште денес па од утре ќе јадам. И ќе дојде тоа утре, а тогаш пак од утре :^) И пред да изедете нешто, запрашајте се дали тоа што ќе го јадете ќе ве направи поубава. Верувајте чувството кога јадеш добра храна не може ни одблиску да се спореди со чувството кога си задоволен од својата линија.
    Не за џабе викаат - Ако сакаш да бидеш бобма однесувај се како бомба :wasntme: Затоа се умерено и во некои граници, па гарантирано се слабее.
    И плус физичка активност, тоа е неминовно секако :)

    Со среќа дечки, па да слабееме.. лето иде :lol:
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Инаку, не знам која е поентата да се јаде воопшто кашкавал во диета :^) некои комбинации тука ме зачудуваат, но... секој веројатно си знае најдобро за себе и своето тело.

    Знам дека е тешко, некогаш и премногу, ама мислењето на сите убави јадења како пица, сладолед и компанија воопшто не помага.
    Поентата е на подолгорочни стази да се скратат таквите оброци, па за почеток би било убаво да не мислиме на нив и да не ги споменуваме на секои 15 минути.

    Наместо тоа, да се сконцентрираме на здрави навики и нискокалорични рецепти.
    Мене денеска ми е овошен ден, секоја недела ќе имам по еден таков.

    И погрешно ја избегнувате бананата, била калорична, бла бла.
    Подобро банана па дури и две, отколку житно чоколатце и некои слични закуски.
    Барем ќе ве држи сити, и нема низ глава да минуваат други јадења.

    За мене супата е must, ја јадам задолжително пред ручек, многу топла, т.е. врела со јаболков оцет и ручекот ми е скоро половина од порано.
    Желудникот е полн со течност и создава илузија дека е преполн, т.е. најаден.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.630
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се чудиш Трендафилче, кому како му одговара, си прави. Мене искрено, во слабеењето ми помага ако внесувам повеќе протеини - како Аткинсовата диета (не ја применувам), може затоа што сум 0 крвна група. Паметам, кога ослабев едно 15тина кг пред неколку години, во најголем процент во исхраната ми беа застапени месото, млекото и млечните производи и јајцата. Ама не ги јадев ко луда, туку во мали до умерени количини, и доста се движев, иако не вежбав нешто особено. Единствено благо што го внесував ми беше крем бананче кога ептен ќе ме фатеше криза, и лебот наутро, и тоа бел леб, не интегрален. Житарките слабо ми одговараат, ги јадам додуша, ама не е тоа тоа... а од ленено семе никако не се откажувам. Овошје ич не сакам, со сила го јадам, цреши и јагоди ми се врв, а јаболка исклучиво во периодот октомври - декември. Ама па затоа, се давам во зеленчук, нема што не јадам.

    Ајде девојки, има напредок, нема откажување! Браво за оние што ослабеле некое килце. Јас не сум се мерела, ама по алиштата - напредувам. Иако е малку, сепак ми е доволно, барем во овој период.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    да да, супата е многу важна, топи сало и целулит, и те заситува! :D Aма домашна супа, купечкине се полни со маснотии :)
    Cпоред моите видувања, за мене лично диета е млечно(кисело млеко, јогурт, кравјо сирење) (без кашкавал и павлака, зашто имаат доста калории :( )
    јајца,салати, печењаци од зеленчук како турли тави спањаци итн...овојшје HE освен цитрони и тоа по некогаш!
    и никако ама никако
    -ориз
    -компир
    -грав леќи
    интегрални работи
    -макарони
    -мусли житарки....
    A сега нити месо во оваа диета! порано знаев виршли да јадам, ама сега ни тоа! не знам, мене ова ми е најлесна диета, не сум гладна, и супер ми е! Hе можам да ги оставам млечните продукти, само јајца и салати ли ќе јадам :D
    Hе очекувам да ослабам 7 кила за 7 дена, ама неделно по 1-2 кила да слабеам, јас би била пресреќна :)
    Jез да вчера јадев црн леб, но, од денес ни тоа! строго на протеини ќе се мавнам, и строго на салати и јајца! (мене јајцата воопшто не ми пречат, ме најадуваат, и секогаш кога сум на диета ми се битен оброк, едно јаце зависно од типот има од 70 до 90 калории, што е ништо!) по 2 јајца јадам сега на ден стриктно во таратор со ротквички краставици и магдонос!
    Cекој си знае како му е најубаво да ослабе, а мене ми е вака! само прашањето е да издржам подолг период, не само 11-12 дена и ајмо на весеље со пиците итн!
    можеби ама можеби после 2 недели ќе внесам 1 неделно јаглехидрати како варен ориз, варен компир итн... Aма сега не! :D од денес ова ми е целта, и не се мерам 20 дена бре, не можам да се разочарувам :rofl:


    едит-Aна и јас сум 0, затоа оваа диета највеќе ми прија :lol:
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Нека е калорично, ама да е здраво и природно. Не се најбитни калориите на еден производ. Подобро бројте колку калории внесувате, ќе си имате граница, ама тие што ќе ги внесете нека бидат преку здрави продукти. Едно јаболко има 50 калории, една банана 100, голема работа....треба најмалку 1200 да внесуваме

    Јас 8кг ги симнував 7-8 месеци. Сега ги немам, комплет со целулитот. Знам дека е многу време, а малку кг (секој од вас сака толку за еден месец) ама не се откажав од ништо така наеднаш и воопшто не ми беше тешко, не ни осеќав разлика. Единствено мајонезот го исфрлив скроз, а многу го сакав, али ете се навикнав, сега го гледам и немам желба за него. И не ми се враќаат килограмите, си продолжувам со исто темпо, онака природно, не дека сум на диета
    Прво станувам со чаша зелен чај, па 10тина минути антицелулитна масажа, па доручек на виталија мусли. Ручек никогаш не ограничив, гиро, пица....само половина од оброкот, за една недела се навикнав и сега да ме утепаш неможам да изедам повеќе од четвртина пица или половина сендвич. А и овие не ми прават мерак, па си правам дома ориз, спанаќ....било што што ќе ми се пријаде. Али пак гледам да е поздрава храна, брза храна ми е дозволено еднаш неделно :) Вечер вежбам и после nestle fitness за вечера и пак масажа. Преку цел ден многу вода и овошје и зеленчук кога ќе ми се пријадува. Си дозволувам и коцка чоколадо, и сладолед и грицки. Ништо не велам неможе зашто знам дека тоа нема ефект.Леб не јадам, никогаш не сум го ни јадела, не ми е убаво, само ако мачкам нешто, многу ретко. И на мобилен си бројам калории и си имам и лимит, ама никогаш не сум дошла во ситуација да имам желба да го надминам, едвај стигнувам и до 1200 калории
    И така полека си дојдов до тежината, го мафнав целулитот (барем 90%), стомакот рамен, мусулите затегнати.....сега уште кожава на задникот да ја средам, со целулитот изгубив во обем :) и не ми е затегната

    И така женски, од мене имате: не се откажувајте. И немојте секој ден на вага, не брзајте никде. Строги режими и диети се кракотрајни, полека и помалку и - ќе биде. Ако некоја вежба паралелно со диета не и треба вага, зашто може да губи сало ама мускулната маса да и се покачува и на вага да и покажува дека не слабее и кило плус, а тоа е демотивирачко
     
    На Miss-Independent, Annath, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.176
    Допаѓања:
    156.614
    Алиса имаш апликација за броење калории?!Дај информирај ме нешто,да си инсталирам и јас!Полн ми е телефонов со тракатанци,па уште тоа ми фали...

    Три "ЗА" за црното чоколадо

    Иако докторите често советуваат чоколадото да се извади од употреба во исхраната, карактеризирајќи го како фактор за дебелеење, акни, предизвикувач цисти во дојките и слично, експертите заклучиле дека црното чоколадо е корисно за човековиот организам, пренесуваат француските медиуми.

    Според британските и американските експерти, постојат три причини ЗА конзумација на црното чоколадо: заштитува од стрес, го намалува ризикот од инфаркт и помага за побрзо согорување на масните наслаги.

    Луѓето кои јадат црно чоколадо се позаштитени од стресот на кој организмот е изложен при физичкиот напор.

    Сепак, експертите предупредуваат дека количината на изедено чоколадо треба да биде максимум 100 грама, и тоа од она кое содржи најмалку 70% какао и треба да се земе два часа пред почетокот на спортските активности.

    Чоколадото го намалува ризикот од инфаркт. Во одделни случаи, шансите за инфаркт се намалуваат и за дури 57% затоа што неколку коцки црно чоколадо дневно имаат ист ефект како и аспиринот кој се зема поради намалена коагулација на крвта и ризик од запушување на артериите.

    Лековитоста на црното чоколадо потекнува од присуството на флановоидите, антиоксиданси кои го ограничуваат ризикот од формирање на здебелувања на крвните садови.

    Покрај тоа, црното чоколадо помага и при слабеењето затоа што содржи кофеин и теобромин, материи кои помагаат при согорувањето на масните наслаги.

    Кофеинот е добар стимуланс при спортувањето затоа што помага да се согоруваат масните материи и до два пати побрзо.

    Но, чоколадна диета се уште не постои, и затоа експертите предупредуваат да бидете внимателни со конзумацијата, нагласувајќи дека два до три реда црно чоколадо дневно се сосема доволни.

    Преземено од зазабава.ком
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    За растителната урда(alternative whey cheese)....има 117 кал/ 100г. Мене ми е ок, зашто сум гооолем љубител на млечни производи, а оваа барем има помалку калории, и не е толку лоша, како на пр растителниот кашкавал или растителното сирење. Тие неможам да ги смислам.
    Ја има во тинекс, и не е скапа...мислам дека беше 50 ден 1 канче како кисело млеко.

    А инаку знам што е убаво....полно масно ...јако...плаво сирење....ммм :) ама нема сега
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.176
    Допаѓања:
    156.614
    Нешо да ви ми кажам...ок,калориите...калориите морате да ги борите и имаат улога,арно ама вака сеа...Подобро да каснете нешто што има повеќе калории,во помала количина ради тоа,ама заради неговата збогатеност со минерали и витамини.Кравјата урда можда се фаќа да е покалорична,ама има калциум кој ете прочепкајте по нетов го забрзува слабеењето,заедно со магнезиумот и слично,има и други придобивки.А овие демек растителниве замени за млечни производи повеќекратно е докажано дека не се здрави затоа што во голем дел се празни калории богати со маснотии.Ја сфаќате разликата сега?!Плус,млечната урда е протеин,растителната не е,млечната подолго ќе ве држи сити.Што ако изедете поголема количина,неквалитетни калории,богати со масти кога за еден час пак ќе ви се пријаде и па ќе изедете дупло лажејќи се дека има малце калории.Не е тоа цаката...јадете помалку,ама квалитетнто со избројани калории,а не охохо еве ми замена малце калории и тоа во голем дел припаѓаат на масти кои најтешко се трошат и се лепат одма.Не е само калориската вредност,туку многу важен е и составот на производот.
     
    На melanie27, LivingGlam и ludoto19 им се допаѓа ова.
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Вака, може и некој друг го интересира апликацијата. Calorie Counter (My fitness Pal) се вика. Само впишуваш што си јадела и ти ги дава калориите и ти ги собира.
    Еве ја
    https://rapidshare.com/files/322011395/MyFitnessPal_3.1.ipa


    Инаку само за iphone е оваа, ама гарант има некоја алтернатива за андроид и другите ос. Побарајте, ич не е замарачко, 10секунди работа после секој оброк. Ама многу помага. Не мери само калории, туку и масти, шеќери, протеини, јаглехидрати....ептен добра работа, си имаш претстава

    Еве како изгледа

    [​IMG]

    Тука на првата слика пишува уште колку калории ти преостануваат, со секое впишување се намалуваат и е прегледно уште колку ти се останати. На почеток ти сам си ја внесуваш целта колку калории сакаш да внесуваш. Горе кај што пишува dialy, ако кликнеш на nutrients ти ги дава сите податоци, калории, масти, се вкупно...
    На втората слика ти е листа што си внесувала преку ден, за доручек, ручек...

    [​IMG]
    И еве за секоја храна посебно како ги дава сите информации, не само калории
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  15. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    потполно се согласувам со тебе лилит...подобро млечни масти и киселини отколку овие растителните, којзнае од што добиени.
    Него поентата со заменава ми беше што денес на мени спанак, а неможам без сирење да го јадам....али го јадев во комбинација со кисело млеко....а и тоа не ми го разбива баш вкусот на спанакот, па едно топче од оваа заменава е само заради вкус, па затоа гледав да е со помалку калории. :$
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.630
    Пол:
    Женски
    Зошто мислите дека урдата е богата со калциум? Урдата нема ништо хранливо, се прави од солилото на сирењето, како сув остаток е. Похранлива, покалорична и богата со калциум е изварката - таа се прави од кисело млеко. Мислам дека за ова имам пишувано и во друга тема. Изварката не сум ја забележала по маркетиве, мајка ми ја купува од познати, проверени луѓе. Помрсна е од урдата, не е како да ставаш песок во устата (како што јас се чувствувам кога јадам урда).
     
  17. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Се решив за ручек и вечера.
    Во 11 ч. доручкував мало геврече [ах мало, мислам како и секое друго] па во 3 ч. ме чека порција оризче со малце месо&пола краставичка. Вечера нормално како и секогаш таратор [цело кисело млеко&цела краставица].
    PS:Вчера купив Баланс+ кисело млеко, да ви кажам дека на 100 гр. има 67 калории а Јока има 51 а Бимилк 61 така да не е корисно како јогуртот да е со помалку калории. Сепак велам во однос на калории, а за хранителните состојки незнам.
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    мислам дека поубаво ти е да не мешаш ориз и месо!
    или-или :)
     
  19. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Поради скробот ли? Инаку ајде ќе те послушам, ќе зедам ориз.
     
  20. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Girls, can I join in the club? :( Yep I'm desperate...
    Ги гледам датумите и си викам еве го ќе дојде и десетти јуни, ќе одам на плажа секој ден па зарем ваква да ме гледаат?! Гледам сум се здебелила каде ако не на бутовите?! :doh: Па од денес планот на денот ќе ми биде:
    -Се враќам од на училиште,
    -Ручам ( салата, малку месо )
    -Вежбам,
    -Си ги вршам обврските
    -Вечерам (нешто полесно овошје или зеленчук)
    -Вежбам
    Се надевам дека ќе добијам некаков резултат. So wish me luck... :)
    Исто така ќе пијам многу вода слушнав дека тоа е добро.. :^)